Извештајот Special 301 е резултат на годишен преглед за состојбата на правата на интелектуална сопственост (ПИС), односно заштита и спроведување од страна на трговски партнери на САД во светот, којшто Канцеларијата на Трговските претставители го врши во согласнот со Дел 182 на трговскиот акт од 1974г., како што е изменето од страна на Омнибус-законот за трговија и конкурентност од 1988г., и Законот за Уругвајскиот круг од договори.
Овој извештај идентификува широк спектар од проблеми, вклучувајки:
- Влошување на заштитата на интелектуална сопственост, спроведување на законот и пристап на пазар на лица протпирајки се на интелктуална сопственот во голем број трговски партнери;
- Недостатоци во заштитата на трговска тајна во Кина, Индија и други земји;
- Продолжување на предизвиците со приратеријата преку интернет на авторски права во Бразил, Кина, Индија и Русија;
- Бариери за пристап на пазарот, вклучувајки нетранпарентни, дискриматорски или други рестриктивни мерки
USTR со нетрапение очекува да работат со владите на трговските партнери кои се идентификувани во Special 301 од овојгодишниот извештај, за решавање на проблемите и изградба на позитивни резултати.
За да се подготви извештајот необходно е точна и полна анализа за заштитата на правата врз интелектуална сопственост кај трговските партнери на САД, извршен од Трговскиот претсавник (USTR) и од Подкомитетот на Special 301, земјаки во предвид нивото на развој на соодветната држава, меѓународнте обврски итн.
Постојат две основни листи , по коишто се класифицираат дражавите во впишувањето им во Special 301, според тоа дали една држава треба да се дефинира како Приоритена странска земја( Priority Foregin Country), да биде поставена во Списокот за приоритетно набљудување ( Priority watch list) или во списокот за Набљудување (Watch list), или воопшто нема да фигурира во извештајот.
Така на пример за 2014 г., Трговските партнери на САД, кои се поставени во Списокот за приоритетно набљудување и Списокот за набљудување се следниве:
Список за приоритено набљудување ги вклучува: Алжир, Аргентина, Чиле, Индија, Индонезија, Пакистан, Русија, Тајланд и Венецуела. Тоа се се држави за коишто е необходно приеритено внимание и мониторинг односно нивниот развој во заштитата на интелектуалната сопственост.
Списокот за Набљудување ги вклучува: Белорусија, Барбадоса, Боливија, Бугарија, Бразил, Канада, Колумбија, Коста Рика, Доминиканската Република, Еквадор, Египет, Финска, Грција, Гватемала, Јамајка, Кувајт, Ливан, Мексико, Паргвај, Перу, Романија, Таџикистан, Тринидад, Тобаго, Турција, Туркемистан, Узбекистан, Виетнам. Ако дадена држава покаќе напредок таа може да биде извадена од листата за приоритено набљудување и да биде преместена во листата за Набљудување.
Друг важен компонент од Special 301 се оценките Out-of-cycle Reviews , дефиниција на USTR за Out-of-cycle Reviews “Инструмент којшто USTR го користи за да поттикне напредок на проблемни прашање сврзани со права на интелектуална сопственост”. Оваа година, Out-of-cycle Reviews ќе бидат направени за земја од Списокот за приоритено набљудување –Индија, како и за земјите од Списокот за набљудување-Кувајт и Парагвај. Тоа е голема можност за овие држави да го променат својот статус во Special 301 и да искорисат соработка и подкрепа во решавањето на проблемите во областа на интелектуалната сопственост.
Автор: Христина Трајчевска
Извор: USTR