Со низа активности од страна на координативното тело за заштита на ИС и одделението за издаваштво на Државниот Завод за индустриска сопственост, во Македонија беше одбележан меѓународниот ден на заштита на интелектуалната сопственост.
По тој повод координативното тело за ИС изврши јавно уништување на производи кои ги повредуваат правата од интелектуална сопственост, кои биле запленети во текот на многубројните акции кои ги координирало ова тело.
Државниот завод за индустриска сопственост на свеченоста по повод овој празник на ИС, промовираше неколку наслови од текстови на регулативи и класификации, со кои се збогатува достапната литература од оваа област.
ПОВЕЌЕ НА: WWW.KAPITAL.MK