Недела на дизајнот во Скопје, 2014

SDW2014-240x88Од 23 до 28 Септември 2014г., за четврти пат ќе биде одражан настанот Недела на дизајнот во Скопје (Skopje desing week), под мотото “Четврта смена”.

Во текот на настанот по отворањето ќе бидат одржани повеќе активности: дизајнерски бизнис и едукативни презентации; конференција на Балканската дизајнерска мрежа; Експо-зона; некомрецијални изложби; работилници и панел-дискусии.

Конференцијата на Балканската дизајнерска мрежа ќе се одржи на 24 и 25 септември, чија цел ќе биде да се дефинира идентитетот ма балканскиот дизајн со заеднички сили да се настапи на светскиот пазар.

Презентации ќе имаат Никола Радељковиќод “Numen/for use”, Рикардо Капузо, основач и сопственик на платформата “Design42day” во Италија и др.

Оваа година земја на фокус е Франција, која што ќе биде претставена со 10 најистакнати дизајнери и студија кои ќе ја донесат автентичнаа современа дизајнерска сцена во Скопје. “ Франција-земја на фокус” е организиран во соработка со Амбасадата на Република Франција во Македонија и Францускиот институт во Скопје.

По време на Неделата на дизајн во Скопје ќе има можност да се стекнат пркатични вештини во повеќе области на продукт-дизајнот. Од 24-28 септември ќе се одржат 5 работилници на “Lotus desing store” за дизајн на поп-ап столици од рециклиран материјал, фузија на стакло, дизајн на керамички чаши, работлнициа “ Моден круг” и работилница за 3Д-декорации.

Во забавниот сегмент ќе настапат познати македонски и србски диџеи.

За Skopje desing week

Зад идејата на SDW стои дека Скопје во рок од 6 дена ги обединува највпечатливите дизајнери и иноватори на годишна база и им дава можност да комуницираат со широката публика, бизнис секторот и образовните институции.

Како едно неутрално место, каде што постои силна култура градот Скопје е совршено место  за различни концепции особено за креативни умови. SDW  е мултикултурно ориентирана платформа, која има за цел да се стимулира креативната економија на Балканот.

Целокупната програма на SDW е амбициозна мешавина на иновативни дисциплини што се движат од производ, мода, накит, бизнис и еколошки решенија и технолошки решенија.

    • November 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       123
      45678910
      11121314151617
      18192021222324
      252627282930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®