На 23 февруари 2011 година, Собранието на Република Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за индустриска сопственост, кој стапи на сила на 5 март 2011 година.
Главната причина за изменување на Законот за индустриска сопственост беше донесувањето на новиот закон за квалитет на земјоделските производи кој гo регулира користењето на ознаките за потекло и заштитените географски називи за млекото и земјоделските производи.
Од таа причина беше потребно одредбите за заштита на овие производи да се отстранат од Законот за ИС додека останатите производи кои се штитат со овие права останаа во рамките на законот.
Друга значајна промена се однесува на државниот пазарен инспекторат и негово дејствување во спроведување на законот. Додека старата одредба од законот за ИС јасно не одредуваше како да се постапува со фалсификатите на пазарот, новиот Закон за ИС сега го обврзува државниот пазарен инспекторат времено да ги отстрани фалсификуваните производи на пазарот.
Со настанатите измени се воведе и можноста за решавање на споровите и надвор од судот.
Паричните казни за прекршители се намалени, а сега се движат од 700 евра до 6.000 евра, додека максимално определената казна пред измените на законот изнесуваше 8.000 евра.
Измените на законот за ИС исто така влијаат и врз патентните прописи. Националните патентни пријави сега имаат рок од 12 месеци одкако била поднесена апликацијата да го известат заводот како ќе се одвива потпополното испитување. Пред да се измени законот, истата постапка беше ограничена на 6 месеци. Исто така е продолжен и периодот за известување, да кореспондира со периодот на известување кога се пријавува интернационален патент по Patent Cooperation Treaty (PCT).