Ко Ун е добитник на наградата "Златен венец", на меѓународниот фестивал "Струшки вечери на поезијата " за 2014 година

220px-Svět_knihy_2011_-_Ko_Un-180x240 Jужнокорејскиот поет Ко Ун  е добитник на „Златниот венец“ на 53-то издание на светски реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ за 2014 година.

Во одлуката на одборот стои дека наградата му се доделува за “Високите уметнички остварувања на Ко Ун, особениот поетскиот израз и силината на поетскиот сензибилитет преку кој човекувањето е преточено во поетско творештво.“

Ко Ун е роден е во 1933 во градот Гунсан, во северната корејската провинција Чола, во време кога земјата е под окупација на Јапонија. Поетскиот опус на Ко Ун е огромен, тој напишал повеќе од било кој корејски поет. Издал 140 книги од кои 50 се книги поезија. Комплетното творештво објавено пред неколку години е собрано во 40 томови од суштинска вредност.

Повеќето од песните кои ги пишувал во најраниот период , од 1952 до 1962, додека е монах подвигнат на екстремна зен пракса, сакаат да ја прикажат јаловата и менлива природа на животот. Во неговата поезија од тој период доминира болеста, психичките нарушувања, смртта, вградени во стихот со суптилна естетика и симболика. Во периодот пак од 1962 до 1972, во неговото творештво се чувството на природност и спонтаност. Во овој период неговиот поглед кон нештата е темен и нихилистички, полн со очај и себеотфрлање. Не е за изненадување што овој период кулминираше со речиси успешен обид за самоубиство. Во годините на социјалните немири, помеѓу 1973 и 1983, со самото интензивирање на продемократското движење, поетиката на Ко Ун добива нова трансформација. Таа почна да ја одразува трагичната димензија на Корејската историја, која е длабоко вградена во поетовото чувство за мизерните околности во кои се наоѓа корејскиот народ во дваесеттиот век. После годините во затвор, од 1983, Ко Ун станува многу продуктивен, ќе напише многу поетски збирки, меѓу кои и неколкутомните „Десет илјади животи„ и „Планината Паекту“. Овие дела се последица на случувањата поврзани со Движењето за демократија во мај 1980, кога стотици граѓани беа убиени од корејската војска, како и поетовото апсење, затворање и соочување со смртта. Од тогаш поетот издава преку 40 книги. Критиката овој феномен го нарекува „голема поетска експлозија„

  • Поезија 

Сензибилитет од Друг Свет (1960), Крајморски Поеми (1966), Бог, Последното Село на  Јазикот (1967), Сеноја, Сеноја: Кратки Песни (1970),  На Пат кон Селото Минуи (1977), Влегување во Планинска Осаменост (1977), Ран Утрински Пат (1978), Домашни Ѕвезди (1984), Пасторални Поеми (1986), Летајте Високо, Поеми! (1986), Личноста што треба да Замине (1986), Твоите очи (1988), Моите Ноќи (1988), Големиот Марш на Тој Ден (1988), Утринска Роса (1990), За Солзи (1991), Илјада Години Плач и Љубов : Лирски Поеми од Планината Паекту (1990), Планината Морски Дијамант (1991), Што?—Зен Поеми(1991), Песни од Улицата (1991), Песни на Утрешнината (1992) Неодениот Пат (1993), Песни за ЧаРуонг (1997), Островот Докдо (1995), Десет Илјади Животи, 20 Тома (1986-1997), Планината Паекту: Еп, 7 Тома (1987-94), Меморијален Камен (1997), Шепотења (1998), Далечно, Далечно Патување (1999), Југ и Север  (2000), Хималаите (2000), Цвеќиња на Моментот (2001), Поеми Заборавени Назад (2002).

  • Романи

Црешово Дрво во Друг Свет (1961), Еклипса (1974), Малечкиот патник (1974), Ноќна Таверна: Збирка на Кратки Раскази (1977), Скршено Име (1977), Лутачките Души: Хансан и Сеупдук (1978), Одредено Момче : Збирка на Кратки Раскази (1984), Гарланд Сутра  (Малечкиот Аџија) (1991), Нивното Поле (1992) Пустината што ја Направив (1992), Чонгсунг Ариранг (1995), Патувачкиот поет Ким, 3 тома (1995), Зен: Роман, 2 Тома (1995), Планината Суми, 2 тома(1999).

  • Збирки на есеи

Роден да Тагува (1967), Зајдисонце на Г-Линијата (1968), Работите кои не Растажуваат (1968), Каде и Што ќе се Сретнеме Повторно? – Порака од Очај (1969), Една Ера Заминува (1971), 1950s(1973), За Разочарување (1976), Интелектуалците во Кореја (1976), Зајдисонцето на Гандите (1976), Пат Одвоен (1977) Со Историја, Со Тага (1977), За љубов (1978), За Вистина (1978), За Сиромавите (1978), Покајаните на Полунебјето (1979),  Неименуваното Духовно (1979), Цвеќиња од Страдание (1986), Течи, Водо (1987), Кореспонденцијата на Ко Ун (1989), Лисјата Стануваат Сината Планина (1989), Лутање и Шетање со Полна Брзина (1989), Историјата е Сонување (1990), Како Лутав од Поле в Поле (1991), Дијамантската Сутра и Искуството (1993), Медитации во Дивината (1993), Вистино-Трагач (1993), Нема да Бидам Пробуден (1993), Во Живата Плаза (1997), Утро со Поезијата (1999).

  • Прирачници

Стари Храмови: Мојот Аџилак, Мојата Земја (1974), Островот Џеџу (1975) Патување во Индија (1993), Планини и Реки, Моите Планини и Реки (1999).

  • Дела за книжевна критика

Литературата и Луѓето (1986), Поезијата и Реалноста (1986), Самракот и Авангардата (1990).

  • Биографија

Критичка Биографија на Ји Јунг-Суп (1973), Критичка Биографија на поетот Ји Санг (1973), Критичка Биографија на Хан Јонг-Ун (1975)

  • Автобиографија

Син на Жолта Почва: Моето детство (1986), Јас, Ко Ун, 3 Тома (1993).

  • Преводи

Избрани Поеми од Династијата Танг (1974), ИЗбрани Поеми од Туфу (1974),
Кхоса: Избрани Поеми од Кулвон(1975).

  • Изданија

Неколку дела со стара Корејска поезија и песни.

Да не ги спомнуваме некои од Книгите за Деца

  • Награди

Корејска Награда за Литература (1974)
Корејска Награда за Литература (1987)
Манхајска Награда за Литература (1989)
Јун-Анг Награда за Литература (1991)
Даесанг Награда за Литература (1994)
Почесен Жител на на Јеонг Сеон Округот, Провинција КангВон (1997)
Големата Надграда Манхае (1998)
Будистичка Награда за Литература (1999)
Сребрен Медал за Заслуги во Културата на Република Кореја (2002)
Данџае Награда (2004)
Наградата Унификација (2005)
Бјорнсон Редот за Литература, Единствениот Норвешки Ред за Литературни Заслуги (2005)
Шведска Награда за Литература „Наградата Чикада” (2006)
Јунг-Ранг Наградата за Поезија (2007)
Јусум (Ум) Книжевна Наградата (2008)
Награда за Животно Достигнување (Фондот Грифин за Одличност во Поезијата 2008)
Наградата на Корејската Академија за Уметности (2008)
Почесен докторат од Универзитетот Данкок (2010)
Добитник на Американската Награда за Животен Придонес кон Меѓународното Пишување (2011)
Почесен докторат од Универзитетот Јонбук (2011)
Почесен Граѓанин на Специјалната Автономна Провинција Џеџу (2011)
Членство во Почесниот Комитет на Светската Поетска Академија (2011) Почесен Граѓанин на Градот Гванџу Метрополитен (2012)
Уважен да биде Човечко Зимзелено Дрво (2012)
Почесен Член на Универзитетскиот Колегиум на Ка’ Фоскари Универзитетот во Венеција, Италија (2013)

Извор: Struga poetry evenings

    • December 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       1
      2345678
      9101112131415
      16171819202122
      23242526272829
      3031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®