Македонски автори ќе претстават во Велико Трново колективна изложба. Изложбата наречена “КОНЕКЦИЈА” II, ќе биде отворена вечерва од 19,00 часот во клуб “Таралеж”.
Своето творештво ќе го претстават младите и истакнати уметници Соња Димитрова, Зоран Мише, Иван Стоименов, Павел Целкоски, Зоран Георгиев, Горан Тричковски и Иво Пецов.
Изложбата се реализира со поддршка на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Извор: Културно-информативен центар на Р.Македонија во Софија