Темата на глобалните иновации 2014 е „ Човечкиот фактор во иновациите“, студија за улогата на човечкиот фактор во иновациите, забележува зголемен интерес кој покажале фирми и влади во идентификувањето на креативни личности и тимови.
Оваа година на почетокот на GII (Global Innovation Index), Министерот на индустријата на Австралија Иан Макферлејн се придружи кон авторите на извештајот во Сиднеј при средбата на светските бизнес лидери позната како ( Б-20 ), која е дел од подготовките за овогодинешната Г-20, на која Австралија ќе биде домаќин.
“Лансирањето на GII во пресрет на Г-20 во Австралија, и како прв ваков во Азиско-тихоокенаския регион ја одразува посебноста на GII, како алатка за мерење и подобрување на ефикасноста на иновациите”, изјави Френсис Гари (генерален директор на СОИС). Тој додаде: “Ова ја признава централната улога на иновации за одржлив и балансиран раст и зголемување на работните места. – Како што се предвидува од раководството на Г-20”.
“За мене е чест GII да започне во Австралија и сум многу горд да ја видам Австралија водечка во трговијата и конкуренцијата. Австралија е инвестициска дестинација која нуди виско квалификувана работна сила. Ние разбираме дека напорите за зголемување на просперитетот зависат од иновациите, креативноста и фокусот врз новите глобални пазари, како и силен систем за интелектуална собственсот-клучен дел од програмата за раст, која ќе се дискутира од Г-20 “, рече г-дин Макфарлејн.
GII 2014, проучува 143 економии во целиот свет, како користи 81 показатели-за да ги процени можностите за иновации во мерливи резултати. Од 2007 наваму годишно објавува компаративна анализа за бизнис раководители, политичари и други лица кои бараат поглед врз состојбата на иновациите во целиот свет.
Топ Рангирањето
За GII 2014 година, Швајцарија останува лидер за четврта година по ред. Велика Британија се движи нагоре на второ место, следена од Шведска. Нова држава која влезе во топ 10 оваа година е Луксембург, на 9-то место.
Лидерите на GII создале добро поврзани иновативни екоситеми каде инвестициите во човечкиот капитал, комбинирани со силни иновативни инфраструктури, придонесуваат за високите нивоа на креативност.
Особено првите 25 земји во рангирањето на GII постојано даваат високи резултати во повеќето индикатори и имаат силни страни во области како иновација, инфраструктура, иноформационни технологии; сложеност на бизнисот, како на пример вештини на работниците, апсорпција на знаење и онлајн креативност.
Квалитетот на иновациите се оценува како добар. Во однос на квалитетот на иновациите, САД поседува најдобро место во групата со високи приходи, следени од Јапонија, Германија и Швајцарија. Во рангирањето на економиите со среден приход во квалитетот на иновации прва е Кина, проследена со Бразил и Индија.
Рангирање по региони
- Централна и Јужна Азија
- Индија
- Казахстан
- Бутан
- Супсахарска Африка
- Маурициус
- Сејшели
- Јужна Африка
- Југоисточна Азија и Океанија
- Сингапур
- Хонг Конг (Кина)
- Република Кореа
- Јужна Америка и Карибите
- Барбадос
- Чиле
- Панама
- Северна Африка и Источна Азија
- Израел
- Кипар
- ОАЕ
- Европа
- Швајцарија
- Велика Британија
- Шведска
- Северна Америка
- САД
- Канада
Човечкиот фактор-суштинска искра во иновациите
Во однос на образованието, како фактор за формирање на човечкиот капитал, најдобрите изведувачи во групата со високи приходи се: Република Кореа, Финска и Велика Британија. Кина, Аргентина и Унгарија ги заземаат првите места меѓу земјите со среден приход.
Сите овие земји презеле сериозни напори за одржување или подобрување на квалитетот на нивните човечки ресурси, преку едукација и доживотно учење.
GII покажува дека подобро образованите граѓани се поуспешни во промовирањето на иновации. Овие земји се движат нагоре во своите иновации, квалитет на таленти во науката, инженерството, исто така и во бизнис и менаџмент.
Подготвил: Христина Трајчевска
Извор: СОИС