На 10 септември 2014 година Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), во партнерство со Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и Општата управа за патентирање и трговски марки на Република Албанија, одржа свечено отворање на Инфо Поинт Центар во Тетово, кој ќе функционира во рамки на Проектот „Заштита на трговската марка на производите од прекуграничната соработка„, имплементиран во рамки на 3-тиот повик за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, во рамки на Програмата ИПА 2007-2013, финансирана од Европската Унија.
На свеченото отворање од страна на Државниот Завод за Индустриска Сопственост на РМ учестуваше пето члена делегација, предводена од страна на државниот советник за индустриска сопственост, г-динот Али Асани. Истотака, на свеченоста учествуваа и претставници од компаниите членки на СКСЗМ, невладини организации, универзитети, Градоначалниците на општините Тетово и Теарце, како и претставници од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Со поздравните говори, на учесниците на овој настан се обратија Претседателот на СКСЗМ, г-динот Мендерес Кучи и г-ѓа Теута Арифи, градоначалничка на општина Тетово,
Овој Проект ќе се реализира во полошкиот и југозападниот регион на Македонија, каде ќе се опфатат градовите: Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Охрид, додека од страна на Албанија, градовите од регионите на Корча и Дибра. Проектот започна да се имплементира на 2-ри јуни 2014 година, и ќе трае до 2-ри декември 2015 година, односно вкупно 18 месеци.
Општата цел на овој проект е придонес кон зголемувањето на конкуренцијата на бизнисот од прекуграничниот регион преку промоција и заштита на трговски марки и патенти во Македонија и Албанија. Целта на овој проект е и да се подигне свеста кај домашните компаниите за значајот на заштита на нивните иновации како и заштита на трговските марки за нивните производи.
Отворањето заврши со свечено сечење на лентата за отварање на Инфо Поинт Центар во Тетово.
Извор: ДЗСИ