Benoît Battistelli: IP прослава во Прага

Benoît Battistelli: IP прослава во ПрагаПо летниот одмор, јас сум исклучиво задоволен да започнам со читање за прославата од 95-годишнина на Чешкиот завод за патенти, што се одража минатата недела во Прага во присуство на многу личности, вклучувајќи ги  потпретседателот, министерот за трговија и индустрија, раководителите на WIPO (Светската организација за интелектуална сопственост) OHIM (Ведмоство за хармонизација на внатрешниот пазар), и неколку патенти заводи од Европа, како и претставници од светот на бизнисот и академијата. Овој собир ја покажува динамиката на овој добро поврзан и активен завод.

Впрочем, Република Чешка има доста голема традиција во индустријата и производството. Доста неверојатно е дека подводното  витло за чамци е измислено од чешки шумски надзорник, M.Josef Ressel, кој поднел барање за патент во 1826 година, и му бил доставен патент една година подоцна. Тоа зборува многу за креативноста на оваа држава ! Не е толку чудно што Заводот за патебти е основан во 1919 година, што покажува дека тоа е приоритет за новата држава составена од  Чехословачка по Првата светска војна.

Чешкиот завод за патенти  се приклучува на EPO во 2002 година, и постојано е како сигурен партнер во рамките на Европската патентна мрежа. За околу 6 години, неговиот претседател M.Josef Kratochvil, ефикасно предводи специјализирани комисии на Административниот совет до EPO (Европскиот патентен завод), кој ги советува АУ за сите основни IP проекти. Неговиот мандат е обновен во јули минатата година за уште 3 години. Освен тоа барањата за европски патенти од чешки фирми скокна 26,5% во 2013 година, во споредба со претходната година.

Една од најактуелните теми за дискусија во Чешка, поврзана со патенти, се однесува на Пакетот за Унифициран патент, а особено ратификација на меѓународниот договор за воспоставување на Единствен патентен суд. Сум забележал дека националните  дебати често се фокусираат  на економската проценка во врска со примена на Унифициран патент и Унифициран патентен суд, што секогаш е тешка задача.

Важен елемент за почетокот на Унифицираниот патент, е ратификацијата од страна на Германија и Велика Британија. Нивната ратификација сигурно ќе стимулира други држави, со цел да се достигне кворум од 13 земји-членки во наредните месеци.

Посакувам на Чешкиот завод за патенти да го продолжи своето активно учество во Европската патентна мрежа.

Benoît Battistelli- Претседател на Европскиот патентен завод

    • December 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       1
      2345678
      9101112131415
      16171819202122
      23242526272829
      3031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®