По летниот одмор, јас сум исклучиво задоволен да започнам со читање за прославата од 95-годишнина на Чешкиот завод за патенти, што се одража минатата недела во Прага во присуство на многу личности, вклучувајќи ги потпретседателот, министерот за трговија и индустрија, раководителите на WIPO (Светската организација за интелектуална сопственост) OHIM (Ведмоство за хармонизација на внатрешниот пазар), и неколку патенти заводи од Европа, како и претставници од светот на бизнисот и академијата. Овој собир ја покажува динамиката на овој добро поврзан и активен завод.
Впрочем, Република Чешка има доста голема традиција во индустријата и производството. Доста неверојатно е дека подводното витло за чамци е измислено од чешки шумски надзорник, M.Josef Ressel, кој поднел барање за патент во 1826 година, и му бил доставен патент една година подоцна. Тоа зборува многу за креативноста на оваа држава ! Не е толку чудно што Заводот за патебти е основан во 1919 година, што покажува дека тоа е приоритет за новата држава составена од Чехословачка по Првата светска војна.
Чешкиот завод за патенти се приклучува на EPO во 2002 година, и постојано е како сигурен партнер во рамките на Европската патентна мрежа. За околу 6 години, неговиот претседател M.Josef Kratochvil, ефикасно предводи специјализирани комисии на Административниот совет до EPO (Европскиот патентен завод), кој ги советува АУ за сите основни IP проекти. Неговиот мандат е обновен во јули минатата година за уште 3 години. Освен тоа барањата за европски патенти од чешки фирми скокна 26,5% во 2013 година, во споредба со претходната година.
Една од најактуелните теми за дискусија во Чешка, поврзана со патенти, се однесува на Пакетот за Унифициран патент, а особено ратификација на меѓународниот договор за воспоставување на Единствен патентен суд. Сум забележал дека националните дебати често се фокусираат на економската проценка во врска со примена на Унифициран патент и Унифициран патентен суд, што секогаш е тешка задача.
Важен елемент за почетокот на Унифицираниот патент, е ратификацијата од страна на Германија и Велика Британија. Нивната ратификација сигурно ќе стимулира други држави, со цел да се достигне кворум од 13 земји-членки во наредните месеци.
Посакувам на Чешкиот завод за патенти да го продолжи своето активно учество во Европската патентна мрежа.
Benoît Battistelli- Претседател на Европскиот патентен завод