Глобален иновациски индекс 2014: Швајцарија, Велика Британија и Шведска ја водат листата со охрабрувачки знаци од Супсахарска Африка

global-inovtion-index-240x111Темата на глобалните иновации 2014 е „ Човечкиот фактор во иновациите“, студија за улогата на човечкиот фактор во иновациите, забележува зголемен интерес кој покажале фирми и влади во идентификувањето на креативни личности и тимови.

Оваа година на почетокот на GII (Global Innovation Index), Министерот на индустријата на Австралија Иан Макферлејн  се придружи кон авторите на извештајот во Сиднеј при средбата на светските бизнес лидери позната како ( Б-20 ), која е дел од подготовките за овогодинешната Г-20, на која Австралија ќе биде домаќин.

Лансирањето на GII во пресрет на Г-20 во Австралија, и како прв ваков во Азиско-тихоокенаския регион ја одразува посебноста на GII, како алатка за мерење и подобрување на ефикасноста на иновациите”, изјави Френсис Гари (генерален директор на СОИС). Тој додаде: “Ова ја  признава централната улога на иновации за одржлив и балансиран раст и зголемување на работните места. – Како што се предвидува од раководството на Г-20”.

“За мене е чест GII да започне во Австралија и сум многу горд да ја видам Австралија водечка во трговијата и конкуренцијата. Австралија е инвестициска дестинација која нуди виско квалификувана работна сила. Ние разбираме дека напорите за зголемување на просперитетот зависат  од иновациите, креативноста и фокусот врз новите глобални пазари, како и силен систем за интелектуална собственсот-клучен дел од програмата за раст, која ќе се дискутира од Г-20 “, рече г-дин Макфарлејн.

GII 2014, проучува 143 економии во целиот свет, како користи 81 показатели-за да ги процени можностите за иновации во мерливи резултати. Од 2007 наваму годишно објавува компаративна анализа за бизнис раководители, политичари и други лица кои бараат поглед врз состојбата на иновациите во целиот свет.

Топ Рангирањето

За GII 2014 година, Швајцарија останува лидер за четврта година по ред. Велика Британија се движи нагоре на второ место, следена од Шведска. Нова држава која влезе во топ 10 оваа година е Луксембург, на 9-то место.

Лидерите на GII создале добро поврзани иновативни екоситеми каде инвестициите во човечкиот капитал, комбинирани со силни иновативни инфраструктури, придонесуваат за високите нивоа на креативност.

Особено првите 25 земји во рангирањето на GII постојано даваат високи резултати во повеќето индикатори и имаат силни страни во области како иновација, инфраструктура, иноформационни технологии; сложеност на бизнисот, како на пример вештини на работниците, апсорпција на знаење и онлајн креативност.

Квалитетот на иновациите се оценува како добар. Во однос на квалитетот на иновациите, САД поседува најдобро место во групата со високи приходи, следени од Јапонија, Германија и Швајцарија. Во рангирањето на економиите со среден приход во квалитетот на иновации прва е  Кина, проследена  со Бразил и Индија.

Рангирање по региони

  • Централна и Јужна Азија 
  1. Индија
  2. Казахстан
  3. Бутан
  • Супсахарска Африка 
  1. Маурициус
  2. Сејшели
  3. Јужна Африка
  • Југоисточна Азија и Океанија 
  1. Сингапур
  2. Хонг Конг (Кина)
  3. Република Кореа
  • Јужна Америка и Карибите 
  1. Барбадос
  2. Чиле
  3. Панама
  • Северна Африка и Источна Азија
  1. Израел
  2. Кипар
  3. ОАЕ
  • Европа
  1. Швајцарија
  2. Велика Британија
  3. Шведска
  • Северна Америка
  1. САД
  2. Канада

Човечкиот фактор-суштинска искра во иновациите

Во однос на образованието, како фактор за формирање на човечкиот капитал, најдобрите изведувачи во групата со високи приходи се: Република Кореа, Финска и Велика Британија. Кина, Аргентина и Унгарија ги  заземаат првите места меѓу земјите со среден приход.

Сите овие земји презеле сериозни напори за одржување или подобрување на квалитетот на нивните човечки ресурси, преку едукација и доживотно учење.

GII покажува дека подобро образованите граѓани се поуспешни во промовирањето на иновации. Овие земји се движат нагоре во  своите иновации, квалитет на таленти во науката, инженерството, исто така и во бизнис и менаџмент.

Подготвил: Христина Трајчевска

Извор: СОИС

 

    • November 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       123
      45678910
      11121314151617
      18192021222324
      252627282930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®