ДОНЕСЕН Е ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ОД НАЈРОБИ ЗА ЗАШТИТА НА ОЛИМПИСКИОТ СИМБОЛ

games_olympic-240x169На седумдесет и седмата седница, одржана на 21.11.2013 година, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за ратификација на Договорот од Најроби за заштита на олимпискиот симбол.  Законот е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.165/2013.

Договорот од Најроби за заштита на олимпискиот симбол е склучен во Најроби на 26 септември 1981 година. Договорот го администрира Светската организација за интелектуална сопственост, а досега го имаат ратификувано 50 земји. Сите држави членки на договорот се обврзани да го штитат олимпискиот симбол (петте испреплетени кругови) против употреба во комерцијални цели (при рекламирање, како трговска марка и сл.), без овластување на Меѓународниот олимписки комитет.

Битен ефект на Договорот е тоа што ако Меѓународниот олимписки комитет даде дозвола за користење на олимпискиот симбол во држава членка на Договорот, Националниот олимписки комитет на таа држава има право на дел од надоместот што Меѓународниот олимписки комитет ќе го добие за даденото овластување.

Извор: ДЗСИ

    • November 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       123
      45678910
      11121314151617
      18192021222324
      252627282930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®