Регионална TAIEX работилница за криминалот во областта на интелектуалната собственост

Во рамките на TAIEX инструментот за поддршка на Европската комисија, во соработка со Државниот завод за индустриска сопственост, на 30 и 31 мај 2013 година, во Скопје, се одржа Регионална TAIEX работилница на тема “Криминалот во областа на интелектуалната сопственост”. На работилницата учествуваа вкупно 111 претставници од институциите во регионот, вклучени во системот на заштитата на правата на интелектуална сопственост, од кои 75 претставници од Република Македонија и 36 претставници од странство.

За работилницата беа ангажирани еминентни експерти од ИНТЕРПОЛ, ЕУРОПОЛ, Заводот за патенти и трговски марки на Данска, Инстиутот за безбедност на фармацевтските производи, Институтот за трговија на Велика Британија, Финансиската полиција на Италија и Царинската управа на Холандија.

Целта на работилницата беше разгледување на проблемот со организираниот криминал во областа на интелектуалната сопственост во меѓународен контекст и поттикнување на соработката помеѓу надлежните институции во регионот и пошироко. Посебен акцент беше ставен на следењето на каналите за фалсификување и пиратерија, справувањето со “пирамида за фалсификување”, трговијата со фалсификувани лекови преку Интернет, меѓународната соработка и подигнувањето на свеста на потрошувачите за здравствените ризици и заканите за нивната безбедност.

Одржувањето на работилницата ќе придонесе за унапредување на меѓусебната соработка на институциите во регионот и за подигнување на степенот на заштита на правата на интелектуална сопственост во согласност со европските и меѓународните стандарди.

Извор: Дрвжавен завод за индустриска собственост
http://www.ippo.gov.mk/IPPOWEBNew.nsf/Dis_Novosti_Doc.xsp?documentId=0813083FD959C5AFC1257B860028FBC5

Автор: Христина Трајчевска – Администратор IP Македонија

    • December 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       1
      2345678
      9101112131415
      16171819202122
      23242526272829
      3031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®