На 10 јули 2014 година во Минхен, потпишан Билатералниот договор за соработка помеѓу д-р Сафет Емрули, директор на Државниот завод за индустриска сопственост и г-динот Франсоа Режис Ханар, Директор на одделот за европска и меѓународна соработка во Европскиот завод за патенти.
Билатералниот договор за соработка е заснован на стратешкиот документ за Соработката со државите членки на Европската патентна организација за 2012-2015, одобрен со одлука на Административниот совет содржана во документот CA/85/11.
Соработката помеѓу двата Завода ќе се одвива и е заснована на три основни столба кои се однесуваат на:
- јакнење на капацитетот на Заводот преку обуки, семинари и работилници;
- подигање на нивото на размена на податоци помеѓу Заводите и
- подготовка на материјали за обука и прмоција на патентите и иновациите.
Соработката на Државниот завод за индустриска сопственост со Европскиот завод за патенти ќе продолжи да се одвива и на извршно ниво во телата и органите на Организацијата.
Извор: ДЗИС