Активностите во врска со пријавите на интернационални трговски марки се подобрија во 2010 година. Светската организација за заштита на индустриска сопственост (WIPO) примила 39,687 пријави на интернационални трговски марки преку „Мадритскиот систем„ во 2010, што претставува раст од 12,8% од предходната година.
Најголем пораст беше регистриран кај земјите членки: Република Кореја (42,2%), Кина(42%), Италија (38,7%), САД (29,6%), Европската унија (26,9%) и Јапонија (20,2%).
ПОВЕЌЕ НА: WWW.WIPO.INT