По објавувањето на првичните неофицијални резултати во Април, деновиве ЕПО на својот интернет сајт ги објави деталните податоци за поднесени пријави и доделени патенти за 2010 година.
Минатата, 2010, година Европскиот завод прими 235 000 нови пријави што значи зголемување за 11% во однос на предходната година и постигнат е рекорден број на нови пријави во 34-годишната историја на заводот. Трендот на пораст беше стабилен се до 2008 година кога настана промена во трендот кој се должење на глобалната рецесија.
“Бројките се јасни: Растот се врати” ” изјави претседателот на ЕПО Бенои Батистели