Лиценцна политика на Меѓународен центар за генетски инжинеринг и биотехнологија

images-192x2401.     Вовед

Добрата на интелектуална собственост може да бидат комерцијално експолтирани од страна на носителот или со негова дозвола од други лица.

За да може интелектуалните продукти да достигнат до поширок круг од луѓе и на повеќе територии се отстапуваат лиценци за користење од страна на други лица.

Во следниот реферат ќе разгледаме лиценцната политика на една меѓународна организација и ќе откриеме каков е нeјзиниот  став односно давањето на лиценци како и моитивите за отстапувањето на лиценци за своите права од интелектуална собственост.

Центарот е посветен во помагањето на земјите во развој во борбата со болести како ХИВ, Туберкулоза итн.

2.     За центарот

МЦГИБ( Меѓународен центар за генетски ижинеринг и биотехнологија) е непрофитана изтражувачка организација.

Центарот е создаден во 1994 г. и денес во него членуваат 60 држави.

Центарот обезбедува  научна и образовна средина од највисоко ниво. Тој го зајкнува истражувачкиот потенцијал на своите членови преку обука, програми за финансирање ,  консултантски услуги и представува еден целостен начин за унапредување биотехнологијата на меѓународно ниво.

Центарот е посветен на истажувањето во областта на молекуларната биологија и биотехнологија. МЦГИБ има седишта во Трст, Италија; Њуделхи Индија и Кејпт Таун , Јужна Африка.

Во моментот во центарот работат повеќе од 400 луѓе од 38 држави, како лаборанти , докторанти , специјалисти и административен персонал.

3.     Лиценцна политика на МЦГИБ

Правата од интелектуална собственост играле и продолжуваат да играат важна улога за појавата, развојот и примената на модерната биотехнологија.

Прифатено е дека патентниот систем е основен механизам за пренесување на пронајдоците од институциите  со јавно финансирање кон приватниот сектор.

Успешниот федерален закон на САД усвоен во 1986 г. , се базира на следната идеја: Лиценцирањето на  патенти кои што се собственост на Јавни организации , ја подобрува широката им примена во трговијата и индустријата и во истото време обезбедува дополнителни финансиски средства за овие институции.

Ефектите на патенти и други права на интелектуална собственост се ограничени на територијата на државата , за кои се издадени , регистрирани или стекнати. Во земјите  каде што нема заштита , не е поднесена пријава за патент или воопшто нема издадени патенти , пронајодците може слободно да се користат.

Трошоците поврзани со стекнување, одражување , лиценцирање и заштита на патентите и другите права од интелектуална собственост се значителни. Статистички податоци објавени за американските универзитети , кои успешно ги лиценцираат своите технологии  откриваат дека во 1992 година , на пример универзитетот Стенфорд има потрошено 1,8 милиони долари; Масачусетс 2,88 милиои долари и Универзитетот Хардвард 0,91 милиони долари  за соодветните судски трошоци.

Затоа МЦГИБ во донесувањето на одлука дали и каде да се подесе патентна пријава , сосема одделно од патентибилноста, разгледува , помеѓу другото и следниве аспекти:

  • Потенцијлна општа  трговска  вредност на пронајдокот;
  • Потенцијлната трговска вредност на пронајдокот во земјите во развој.

Потенцијлната општа комерцијлна вредност е решавачки аспект во генерирањето на дополнителни приходи за центарот, кое ќе се постигне со заштитата на пронајдокот и неговото понатамошно лиценцирање.

За пронајдоци со потенцијлна трговска вредност патентни пријави се поднесуваат во сите држави , каде што би можело да бидат успешно реализирани.

МЦГИБ ги користи сите возможности што ги нудат меѓународните договори , како :Париска Унија , PCT итн.,  со цел максимално да ги намалт трошоците за меѓународна заштита.

Времето од поденсувањето на патентната пријава до конечна одлука се искористува за барање трговски партнери , на кои што може да им отстапат лиценци за користење на заштитениот пронајдок.

МЦГИБ стриктно ги почитува националните, меѓународните и регионалните закони . Особено одредбите на Конвенцијата за биолошка разновидност, како и  Будимпешткиот Договрот за меѓународното признавање на депонирањето на микроорганизми за целите на патентната постапка.

4.     Носител на правата од интелектуална собственост

Правилникот на центарот предвидува сите членови на пресоналот да ги отастапат своите права, вклучително авторски и патентни на ценатрот .

5.     Технолошки  трансфер и лиценцирање

Преносот на технологија е една од најважните дејности на центарот. Од 2001 година до денес се склучени повеќе од 70 договори за лиценца во држави како : Аргентина, Бразил, Кина, Куба, Индија, Иран, Пакистан, Шри Ланка, Јужна Африка, ОАЕ, САД и Венецуела.

Поголемиот дел од компанииите коишто се стекнуваат со лиценци се работат во областта на биотехнологијата. Нивните продукти не се продаваат само на местниот пазар, туку успешно се кокурираат и на меѓународна сцена.

Процесот за пренос на технологија се резализира преку склучување на договор  в кој што најчесто се предвидува: обука во лабарториите на МЦГИБ на работниците и служителите на стекнувачот на лиценцата, испорка на генетски модифицирани материјали, контрола на квалитетот итн.

Директорот на МЦГИБ одговара за трговската реализација на патентот за даден пронајдок. Тој определува дали еден пронајдок е патентибилен, решава дали и каде да се поднесе пријава за патент и следи за евентуален прекрашок од страна на други лица. Тој е одговорен и за склучувањето на договор за лиценца.

Трошоците за заштита на интелектуална собственост се покриваат од буџетот на центарот, по правило не треба да преминуваат 0.5 % од годишниот буџет.

Една од најважните дејности на центарот е отстапувањето на лиценци и на тој начин осигурување на финансиски средства за истиот.

За оставрување целите на центарот необходно е да се отстапат лиценци, да се инвестира во разработка на нови интелектуални добра, посебно во земјите во развој.

Центарот преферира отстапување на неисклучиви лиценци , но има возможност и да отстапи исклучива на пример за:

сертификат за нов сорт растение или ноу-хау.

Кај преговорите на лиценцниот договор се земаат под внимание следните расходи: расходи направени за истражувачки дејности за создавање на пронајдокот, расходи за патентната заштита на пронајдокот. Полното или делумно возвраќање на тие расходи преку давањето на лиценца зависи од : видот на лиценцата (исклучива; неисклучива), држава на потекло на стекнувачот ( членка или не на центарот), економската состојба  на државата развиена земја или земја во развој.

  • Распоредување на тантиемите

1)    Една третина од тантиемите за пронајдувачот , но максимум 200 000 долари годишно.

2)    Една третина на изтражувачкиот фонд во кој што е учествувал пронајдувачот.

3)    Една третина за општиот фонд на центарот плус сумите коишто се над максимумот,

6.     Заклучок

Од направента анализа на центарот за генетски инжинеринг и биотехнологија , за политиката во однос на правата од интелектуална собственост и нејзиното лиценцирање стигнав до заклучок дека тоа е една од основните дејности на центарот.

Треба да се има во предвид дека станува збор за истражувачка установа  и е нормална нејзината блиска врска со правата од интелектуална собственост, бидејки создавањето на нови интелтуални добра е нејзината основна цел.

За успешното реализирање и комерцијализација на интелектуалните добра , центарот ги користи методите на технолошки трансфер и лиценцирање. Се забележува дека МЦГИБ има висока лиценцна активност и за последните 10 години има склучено над 70 договори за лиценцирање.

7.     Користена литература

  1. Официјалната страница на МЦГИБ ., http://www.icgeb.org/home.html
  2. Патентна политика на МЦГИБ.,  http://www.icgeb.org/tl_files/hq/pdf/PolicyGuidelines.pdf

Автор: Христина Трајчевска

    • December 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       1
      2345678
      9101112131415
      16171819202122
      23242526272829
      3031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®