И покрај кризата: Пораст на апликациите за заштита и регистрација на права од индустриска сопственост во 2012

growthwipo-240x180Во 2012 година, меѓународните пријави за патент поднесени во рамките на Договорот за соработка во областа на Патентите(ДСП) забележа раст од 6,6% во однос 2011. Уделот на Јапонија и Соединетите Американски Држави (САД) изнесува 48,8% од 194.400 ДСП апликации поднесени во 2012 година. Додека, Кинеската телекомуникациска компанија ZTE, со своите 3906 пријавени апликации, беше најголемиот подносител во 2012.

Меѓународните пријави на трговски марки поднесена во рамките на Мадридскиот систем се зголеми за 4,1% во 2012. Уделот на Франција, Германија и САД во вкупниот број од 44.018  пријави во 2012 година, изнесува 36,5%. Швајцарската фармацевтска компанија Новартис беше најактивен подносител во 2012 година, со 176 пријави по мадридски систем.

Меѓународните индустриски дизајни поднесени во рамките на Хашкиот систем за меѓународна регистрација на индустриските дизајни се зголеми за 3,3% во однос на 2011. Во 2.604 пријави поднесени во 2012 година содржани се 12.454 индивидуални дизајни, што претставува 3,5% раст во текот 2011. Уделот на Франција, Германија и Швајцарија изнесува 62,8% од вкупниот број на пријавени дизајни. Swatch АГ од Швајцарија со 81 апликации беше најголемиот подносител во 2012 година.

“Како и во претходните години, интересот за меѓународни пријави во системите администрирани од СОИС е зголемен и покрај слабата економска клима”, истакна генералниот директор на СОИС Френсис Гури. “Како што почнуваат да се наѕираат знаци на закрепнување, оние компании кои за времето на кризата изградија силни портфолија на нематерјални права  ќе имаат највеќе корист од новите можности на пазарот.”

Извор : Берин

    • December 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       1
      2345678
      9101112131415
      16171819202122
      23242526272829
      3031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®