Испит за застапници за индустриска сопственост

Врз основа на членовите 279 и 280 од Законот за индустриската сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр.21/09 и 24/2011) и членовите 2 и 3 од Правилникот за стручниот испит за застапници за индустриска сопственост и за регистарот на застапници (“Службен весник на Република Македонија” бр.92/09) Државниот завод за индустриска сопственост на 04.12.2013 година организира полагање стручен испит за застапници за индустриска сопственост.

Во врска со испитот ќе се одржат предавања во траење од пет работни денови и тоа од 04.11.2013 до 08.11.2013 година од 17.00 до 20.00 часот, во седиштето на Заводот.

Стручниот испит за застапници за индустриска сопственост може да го полага физичко лице со завршен правен, еден од техничките факултети и фармацевтски факултет и платени трошоци за полагање на испитот во износ од 6.250,00 денари, согласно Тарифната ставка 7.1 од Тарифата на Државниот завод за индустриска сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр.115/07) и тоа: назив на примачот – Државен завод за индустриска сопственост; банка на примачот – НБРМ, сметка 100000000063095; сметка на буџетски корисник 1100200213 787 13; приходна сметка 724149 20; начин 1.

Лицата што се заинтересирани за полагање на испитот, потребно е да поднесат писмена пријава до Заводот најдоцна до 25.10.2013 година.

Пријавата за испит треба да содржи:

1. податоци за кандидатот: име, презиме, адреса, телефон, факс, е-маил;

2. доказ за стручната подготовка (заверена копија);

3. доказ за платени трошоци за испитот (оригинал).

За соодветен доказ за стручната подготовка се смета универзитетска диплома од циклус со 240 ЕКТС-кредити или соодветна диплома од четригодишни студии издадена од Република Македонија односно нострифицирана диплома од странство.

Извор: http://www.ippo.gov.mk/IPPOWEBNew.nsf/Dis_Novosti_Doc.xsp?documentId=A79C45D5682F438DC1257C08004726D8

    • December 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       1
      2345678
      9101112131415
      16171819202122
      23242526272829
      3031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®