 Македонски автори ќе претстават во Велико Трново колективна изложба. Изложбата  наречена “КОНЕКЦИЈА” II, ќе биде отворена вечерва од 19,00 часот во клуб “Таралеж”.
Македонски автори ќе претстават во Велико Трново колективна изложба. Изложбата  наречена “КОНЕКЦИЈА” II, ќе биде отворена вечерва од 19,00 часот во клуб “Таралеж”.
Своето творештво ќе го претстават младите и истакнати уметници Соња Димитрова, Зоран Мише, Иван Стоименов, Павел Целкоски, Зоран Георгиев, Горан Тричковски и Иво Пецов.
Изложбата се реализира со поддршка на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Извор: Културно-информативен центар на Р.Македонија во Софија


















