Заштита на селекционерски права во Македонија- прашања и одговори

Hristina_Macedonia-182x240Со оглед на тоа што нема многу стручна литература во областа на новите сорти растенија како дел од интелектуалната сопственост, во следната статија ќе се обидеме да дадеме кратка информација за тоа што претставува сорта, селекционерско право и како истото може да биде заштитено.

Законот за селекционерските права е донесен од собранието на Република Македонија на 16 април 2009 година.

 

  1. Што е сорта

 

Според законот за селекционерски права:

  • “Сорта” е група растенија во рамките на единствена ботаничка класификација на растенија од најнизок познат ранг чиешто групирање, без оглед на тоа дали условите за доделување на селекционерско право се целосно изполнети и:
  • е дефинирана од особините кои произлегуваат од дадениот генотип или комбинација на генотипови;
  • се разликува од која било друга група растенија најмалку по едно од споментатите својства и
  • претставува истородна група што се однесува на нејзината можност за размножување без промени.

 

 

 2. Кој може да биде селекционер?

 

  • лице кое создава, одгледува и оддржува сорта,
  • лицето кое е работодавач на лицето од ал.1 чл.4 од законот за селекционерски права,
  • законски наследник на лицата од алинеите 1 и 2.

 

3. Услови за доделување селекционерско право

 

За да добите селекционерско право, Вашата сорта треба да ги исполнува условите предвидени во чл.5 од законот.

Селекционерското право се доделува кога сортата е:

 

  • нова
  • Сортата се смета за нова од датумот на поднесување на пријавата за доделување селекционерско право, доколку репродуктивниот материјал на таа сорта не епродаден или на друг начин не е откриен пред трети лица, со или без согласност на селекционерот, за територијата на Република Македонија не подолго од 1 година од датумот на поднесување на пријавата и надвор од територијата на Македонија не подолго од 4 години, а за винова лозја и дрвја не подолго од шест години од датумот на поднесување на пријавата.

 

  • различна;
  • Сортата се смета за различна ако јасно се разликува од која било друга сорта чиешто постоење е општо познато во времето на поднесување на пријавата. При поднесувањето на пријава за доделување на селекционерско право или за запишување на некоја сорта во регистар на сорти, во која било земја, таа сорта се смета за општо позната почнувајќи од датумот на поднесувањето на пријавата, доколку врз основа на таа пријава е доделено селекционерско право, односно ако е одобрен упис на таа сорта во регистар на сорти.

 

  • еднообразна
  • Сортата ќе се смета за еднообразна доколку остане доволно еднообразна во нејзините суштински својства и покрај промените што може да се очекуваат од начинот на нејзиното размножување.

 

  • стабилна
  • Сортата ќе се смета за стабилна доколку нејзините суштински својства остануваат непроменети и после повторено размножување или во случај на посебен циклус на одгледување на крајот на секој од тие циклуси.

4. Постапка за доделување на селекционерското право

  • поднесување на пријавата
  • Селекционерот поднесува пријава за доделување на селекционерското право до Управата за семе и саден материјал.
  • За датум на поднесување на пријавата за доделување селекционерско право ќе се смета датумот на приемот на пријавата.
  • При поднесување на пријавата селекционерот плаќа трошоци за доделување на селекционерското право во висина на стварно направените трошоци потребни за нејзино поднесување.
  • Формата, содржината и постапката на поднесување на пријавата, како и висината на трошоците за доделување на селекционерското право ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
  • Проверка на пријавата
  • Со цел да се изврши проверка на пријавата, Управата за семе и саден материјал може да ја одгледува сортата или да изврши други потребни тестови, да предизвика одгледувањето на сортата и извршувањето на други потребни тестови, или да ги земе предвид добиените резултати од претходните испитувања или другите опити што биле направени. Заради извршување на проверката, Управата за семе и саден материјал, може да побара од селекционерот да ги достави сите потребни информации, документи или материјал.
  • Потребните информации, документи или материјал од ставот , како и висината на трошоците поблиску ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
  • Решение за доделување на селекционерско право
  • Врз основа на извршената проверка на пријавата и доставените резултати од Управата за семе и саден материјал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение за доделување или одбивање на селекционрско право.

5. Опфат на правото на селекционерот

Дејствија поврзани со материјалот за размножување се:

  • производство или размножување;
  • определување на условите под кои се одгледува сортата;
  • понуда заради продажба;
  • продажба или друг вид на промет;
  • извоз;
  • увоз и
  • складирање .

6. Исклучоци во однос на селекционерското право

Селекционерското право не се однесува на:

  • активности извршени за сопствени и некомерцијални цели;
  • активности извршени за експериментални цели.

7. Времетраење на селекционерското право 

Според чл. 21 на законот селекционерското право се доделува за период од 20 години, а за виновата лоза и дрвја 25 години од датумот на доделување на селекционерското право.

8. Именување на сортата

  • Име на сортата
  • Сортата ќе се именува со име кое ќе претставува нејзино генеричко име. Генеричкото име на сортата може да се користи и по истекот на селекционерското право.
  • Името на сортата мора да овозможи нејзина идентификација и не мора исклучиво да се состои од броеви, освен при востановена пракса за означување на сорти. Името на сортата не смее да доведе до забуна или да предизвика конфузија во врска со особините, вредноста или идентитетот на сортата и идентитетот на селекционерот. Особено името мора да биде различно од кое било друго име дадено на територијата на која било членка на УПОВ, на постоечка сорта од ист растителен вид или од близок вид.
  • Селекционерот името на сортата го пријавува до Управата за семе и саден материјал.
  • Со употреба на името не смее да се повредат претходни селекционерски права на трети лица.

Автор: Христина Трајчевска

 

 

 

 

    • December 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       1
      2345678
      9101112131415
      16171819202122
      23242526272829
      3031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®