Едно интервју за убавина, фотографија и авторски права…..

milan3-161x240Милан Цветановиќ е естет и фотограф аматер од Војводина, Србија. Го сретнав порано оваа година, за време на танцов турнир во Хасково. Тој беше официјалниот фотограф на настанот и за разлика од други фотографи по слични настани, тој ги предоставува на учесниците СИТЕ фотографии БЕСПЛАТНО, со еден единствен услов-кадрите да бидат споделени директно од неговиот профил во Facebook. Во секој друг случај, лицето што користи негови слики, треба да го посочи како автор, по можност со линк до оргиналната локација на сликата во мрежата.

Сличен манир на работа е доста невообичаен во денешниот комерцијализиран свет, па решив да  го исконтактирам Милан, за да го сподели своето искуство, поврзано со авторското право.

Здраво, Милан! Како си помина летото, дали беше многу зафатен?

Здраво, Надежда! Благодарам на прашањето- ова ми беше најдинамичното лето за последните неколку години, присуствував на три фестивала- како официјален фотограф на Magic World Festival во Хасково ( Благодарен сум на организаторот Милена Налбантова за поканата, која ми даде можност да отворам пат и за други слично обврски во Бугарија), наскоро потоа на Plovdiv Dreven i Vechen и на SUN Festival во Унгарија. Направив вкупно 25 000 слики, па немав време за какви и да било други актиности во текот на летото- бев зафатен да ги одредам најдобрите и потоа да ги обработувам.

Ти благодарам што се поврза со мене, па да ме ставиш “во центарот на вниманието” и ми даваш шанса да го споделам своето искуство во однос на авторските права! Си ја пронашла вистинската личност, бидејки во моментот сум соочен со повеќе од 50 случаи на повреда на авторски права врз мои слики.

Разкажи, како влезе во светот на фотографијата ?

Иако од раното детсво се восхитувам на уметноста, особено на визуелните, за прв пат си зедов професионален фотоапарат едвај во 2006 година, за време на една пракса во Германија. Мојата цел беше едноставно да го документирам престојот, но малку помалку, мојата уметничка суштина како да се разбуди од дремката. Бидејки тогаш мојата финансиска состојба беше добра ( предвав во универзитет) , во 2009 си купив DLSR фотоапарат и во тој момент се запали искрата. Овие прекрасни денови одамна се минато- од април 2011 сум без работа и стабилен приход, се обидувам да заработувам како фотограф но досега не успевам да ги

соберам парчињата од сложувалката.

Во почетокот никој не занел за тебе, како му се покажа на светот?

Сеуште многу малку луѓе знајат за мене…иако после насаните од летово, полека започнувам да излегувам од анонимност. Во почетокот ги публикував сликите во Deviantart, но потоа преминав кон Flickr пред 3 години. Во април годинава се приклучив кон Facebook, што доведе до значајно подобрување на мојата познатост.

Како би го опишал својот  фотографски стил, како се насочи кон фотографија на танци?milan1

Сакам да сликам спонатни и искрени емоиции, да ја фискирам динамиката во една секунда. Сликите треба да разкажуваат приказна, секогаш сум склонен да впелтувам одредена  дозау метност. Фотографирањето на настани е дефинитивно местото кај што се чувствувам како дома.  Пред да навлезам во царството на танците, како дел од публиката имам направено неколку добри фотографии за време на Exit Festival. Trenchtown Festival, Dombos Fest ( Vlatko Stefanovski- за мене е чест што моја фотографија е користена за неговата слика во Wikipedia). Мојата прва средба со фотографирање на танци беше во 2012 г., во Нови Сад. Благодарен сум на организаторите што ми отворија врата кон волшебниот свет на танците! Се повразав со нив со молба да ми дадат шанса да го одразам настанот. Тие ми дадоа зелена светлина! Им се одблагодарив со 1300 фотографии направени во рамките на 1 ден.

Во почетокот знаеше ли како да ги штитиш своите авторски права?

Бидејки фотографијата беше само мое хоби, не обрнував особено внимание на евентуална повреда на авторските права за мои слики. Потписот ми беше на секоја слика, а плус тоа поставив “ “© Milan Cvetanovic All rights reserved!” во секцијата со описот на моите албуми. Од време навреме проверував дали некоја моја сликла е публикувана на други страници, кога си напишував името во Google images, но бидејки се појавуваа само неколку резултати не им придавав големо значење.

Што те натера да бидеш повнимателен во однос со авторските права ?

До оваа пролет не знаев за постоењето на софтвер, што следи фотографии во интернет. Гледајки фотографски блогови, од тема на тема, нешто ми го привлече вниманието – Google Reverse Image Search. Иако за извесен период тој инструмент беше дел од Google image search, никогаш го немав користено и дури се немам запрашано што претставува.

Ставив URL адресите на неколку мои фотографии, качени во Flickr и останав шокиран. Излегоа десетина резултати со сајтови на кои што е корисетна секоја слика. Иако ми одзема доста време поставив URL  адреса за сите мои слики (над илјада) и отктив огромен број слуачи во кои што ралични луѓе ги користат моите фотогафии на различен начин. Сигурен сум дека овој инструмет на ги открива сите случаи на повреда на авторски права во мрежата, како што би напрабил платен таков..но барем ми ги отвори очите за вистинската ситуација.

Тоа звучи доста страшно. Каков  беше твојот нареден чекор?

 Да страшно е! Одма преземав мерки-направив скриншот како за доказ за злоуппотреба. Никаде не бев посочен како автор, потписот ми беше исечен , а некои лица дури ги измениле фотографиите (со додаток на различна боја, текст или лого). Побарав информација во интернет, читав што е споделувано во форумите од колеги фотографи и оформив едно типично писмо “собрано” од неколку извори на информација. Испратив писма до повеќе од 50 нарушители на моите авторски права во Facebook, Blogspot, и други веб страници. Ми одзема повеќе време да ги проселедам сите што користиле или споделиле мои слики во Pinterest, Tumblr, We Heart It и VKontakte.

Ти одговори ли некој од прекрашувачите ?

Всушност, повеќето ми одговорија, но само во 3 случаи ( што значи под 10 %), признаа за својата незаконска и неморална постапка ( електронска продавница во САД, австралијска компанија и едно девојче од Германија, што беше користила моја слика за основна тема на нејзиниот портал за споделување на музика). Тие беа коректни и ми исплатија награда.

Те молам разкажи ни на кој начин ги користат твоите фотогрфии?

Прекрашувачите на моите права се од цел свет- Австралија, Јапонија, Италија, Шпанија, Германија, Холандија, Велика Британија, Бразил, Мексико, САД…моите слики често се користат и на руски страници, највеќе во VKontakte, сеуште се немам поврзано со нив. Начините на кои што се користат мојте слики, варираат од публикација од лица, што собираат естетски фотографии и така привлекуваат внимание без да споменуваат чија интелектуална сопственост се, преку случаи на индиректна реклама ( моја слика на девојче, кое што танцува за време на летен фестивал се појави на продавница за алишта во Facebook), до безкрупулно користење на моја слика за директна промоција и добивање на печалба – во сиѕте случаи луѓето ставаат лого врз моја слика, или текст, за реклама на стоки или услуги ( на пример организатори на фетивали, портал за онлајн продажба на билети , барови, ресторанти и др. ).

Станав сведок на многу оправдувања и измислени аргументи, ќе ги избројам само најчестите: “ Сликата ви беше публикувана од лице, што не работи веќе за нас, така да не се сметаме за одговорни” ; “Мислевме, дека сликата е за бесплатно користење” ; “Сликата не е користена со трговска”  итн.

На крајот на краиштата твоите обиди, да ги натераш луѓето доброволно да си платат за користењето не твоите слики, изгледа немаат многу голем успех. Како ќе процедираш понатаму?

Трвдо решен сум сите случаи, во кој што сум бил игнориран да стигнат до суд. Сеуште немам измислено како ќе се оставри тоа глобално, не разполагам со финансиски средства да земам адвокат за авторски права. Отворен сум за поддрашка од страна Copyrights.bg и на сите што го читаат ова интервју!

milan2Ти благодарам за интервјуто, Милан! Искрено ти поскаувам успех во заштитата на твоите авторски права. Сигурна сум дека ќе уловиш уште многу неверојатни моменти со објективот. Можеш да сметаш на нас!

Задоволството е мое, Надежда! Ти благодарам за можноста да се претсавам како фотограф и да ве запознаам со мојата битка со безсовестни луѓе од целиот свет, кои што си мислат дека сликите во интернет се сервирани, и секој може да си земе без последици.

Може да се поврзате со Милан Цветановиќ на следната email адрса moc.liamgnull@porhtnalim,  и да се запознаете со неговото творчество на следните линкове:

 

2014 г.

пред 2014 г.

    • April 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Jan    
      1234567
      891011121314
      15161718192021
      22232425262728
      2930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®