Европскиот патетен завод на 17ти Декември ја додаде новата и последната група на јазици во услугата машински превод со наслов “Patent Translate” меѓу кои и албански, естонски, летонски, литвански, македонски, српски, турски и хрватски. “Patent Translate” сега ги опфаќа сите 28 официјални јазици на земјите членки на Европската патентна Организација , како и руски, кинески, јапонски и корејски јазик. Оваа услуга на машински превод може да се користи на Espacenet, како и на европскиот публикациски сервер.
Претседателот на Европската Патентна Организација, Беноа Батистели, по тој повод истакна дека Patent Translate ги отстранува јазичните бариери и на тој начин им помага не само на патентните заводи, туку и на пронајдувачите и менаџерите во нивните настојувања да остварат полесен пристап на информации за современата технологија. Покрај предодот од и на англиски јазик , ЕПО креираше јазични парови за француски и германски, со што овозможи директен превод и од овие два јазика на 17 јазици на членките на Европската ПАтентна Организација: албански, бугарски, естонски, исландски, летонски, литвански, унгарски, македонски, полски, романски, српски, словачки, словеначки, турски, фински, хрватски и чешки јазик.
Извор: Агенција Берин