ДЗСИ Со нова веб страна

fe99f080-0c29-4227-8870-a6a4d41318af-240x166ДЗИС ја стави на функција новата веб страна која има освежувачки нов дизајн и изглед. Исто така, го стави новиот мотор за пребарување за патенти, трговски марки и индустриски дизајн.

Нови карактеристики на страната

Во новата веб страна се инкорпорирани најнови технологии и модели за развивање на софтвер, како што се:

Responsive web design, оваа техника ви дава можност да креирате веб старана која се прилагодува кон секој компјутерски екран, како што се персонални компјутери, лаптоп, таблет, паметен телефон итн, што значи содржината се подредува согласно со било која големина на екран.Дизајнот е едноставен и многу интуитивен. Главното мену е на врвот страната, на левата страна се ставени филтри на содржината, за полесно прелистување, на десната страна се ставени линкови кои се почесто користени, а во средината оди главната содржина. Интеграција на социјални мрежи – под главното мени на десната страна се поставени копчиња кои овозможуваат споделување на страницата со повеќето социјални мрежи на интернет, по пошта или печатење на документот.

Google Maps интеграција – Google Maps се интегрирани во случај кога ние сме во потрага за некоја адреса во Google Maps, преведени со x и y координати и наоѓање на таа локација на мапата. Пример во конкретниот случај така се прикажуваат податоците за Застапниците регистрирарани во заводот.

RSS канали – RSS канали се интегрирани, во моментов само за делот за новости.

Новиот пребарувач за патенти, трговски марки и индустриски дизајн, има инкорпорирани математички оператори , како што се =, >, <,> = < =, LIKE, AND, OR кои му помагаат на корисникот да гради по-комплексни и по-прецизни пребарувања. Пронајдените резултати сега можат да се зачувуваат во Excel, Word документи, или да се печатат преку копчето принт.Деталниот преглед на предметите сега има почист излгед и е почитлив, податоците се прикажани во табеларна форма, сликите се поголеми и времето за отварање е доста побрзо од предходното. Деталните преглед сега може да се сподели преку електронска пошта или социјални мрежи. Администраторскиот панел е веб апликација премногу сега, која сега ви дава повеќе флексибилни можности за управување со содржините на веб страната.

Почитувани читатели ние ние го цениме премногу вашето мислење за новата веб страна, ако имате некаков коментар, или наоѓате грешки или споро се отвара ве молиме да ни пратеите feedback за било какво милсење.

Извор: Државен завод за индустриска сопственост

 

 

    • December 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       1
      2345678
      9101112131415
      16171819202122
      23242526272829
      3031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®