ДЗИС одбележа 20 години од своето постоење

vladaRMmk1-240x101

По повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето Државен завод за индустриска сопственост и донесување Закон за индустриска сопственост се одржа конференција на тема “Создравање пазари од резултатите од истражувањата”.

Конференцијата се одржа на 29 Ноември 2013 во Музејот на македонската борба во Скопје. На конфернцијата присуствуваa г-динот Стив Том, советник во кабинетот на г-динот Франсис Гари, генерален директор на WIPO и г-ѓица Силвија Трпковска, одговорна за соработката на Република Македонија со WIPO; г-динот Вим Ван дер Еијк, заменик претаедател на ЕПО и неговите соработници Георг Артелсмаир и Мина Николова-Кресодговорни за соработката на Република Македонија со ЕПО; и директори на заводите на: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Србија, Романија и Хрватска. Конференцијата ја отвори г-динот Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија кој ги запозна присутните со Владините програми и стратешки документи за поддршка на иновациите, претприемништвото и конкурентноста како и за политиките на Владата за поддршка на истражувачките капацитети на универзитетите во државата. Тој ги повика присутните држави да ја продлабочуваат соработката на планот на интелектуалната сопственост. Г-динот Сафет Емрули, директор на Заводот во своето обраќање кон присутните ја представи визијата за идниот раст и развој на Заводот. Тој укажа на предизвиците пред кои се наоѓаат Заводите во услови на хармонизирано наднационално признавање на правата од индустриска сопственост. Тој исто така се осврна на соработката со Заводите од регионот при што изрази спремност да иницира но и да даде поддршка на секоја иницијатива на државитеза афирмација и примена на резултатите од истражувањата на универзитетите.

Пригодно обраќање имаше и г-динот Стив Том од Светската организација за интелектуална сопственост кој се наврати на видео пораката на генералниот директор, г-динот Франсис Гари кој по овој повод ја упати до Заводот и до г-динот Сафет Емрули. Тој воедно изрази задоволство од соработката со Заводот истакнувајќи ги и посебните заслуги на Заводот во таа соработка.

Г-динот Вим Ван дер Еијк, заменик претседател на ЕПО ги запозна присутните за улогата на универзитетите во националните системи на иновациите, последните достигнувања на ЕПО, и соработката со Република Македонија. На крајот тој заклучи дека системот за интелектуална сопственост не е цел сам по себе туку дека тој треба да им служи на индустријата, научниците и истражувачите за да можат да се постигнат заеднички економски добра. Тој ги повика присутните да соработуваат за да можат да ја постигнат оваа цел. (говор)

Предавање на тема “Создравање пазари од резултатите од истражувањата” со прикажување на состојбата во Република Македонија одржа г-динот Атанас Кочов, декан на Машинскиот факултет во Скопје. Во својата презентација тој даде осврт на законската регулатива и поставеноста на центарите за истражувањево Македонија. Посебен акцент беше даден на поддршката која Машинскиот факултет во Скопје ја има остварено во рамките на проектите за поддршка на истражувањата на факултетот. Тој исто така се осврна на соработката со државите присутни на конференцијата.

Присутните представници од Заводите во регионот дадоа свој придонес за состојбата во нивните држави.

Извор: ДЗСИ

 

 

 

    • December 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       1
      2345678
      9101112131415
      16171819202122
      23242526272829
      3031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®