Авторско право врз имиња

Авторско право врз имињаИмето на компанијата има големо значење за идентитетот на компанијата што се појавува во главата на клиентот или корпоративната сфера. Имиња како Apple, Microsoft, Google имаат способност да создадат моментална слика за определен квалитет или услуги и тоа ги прави исклучиво важни за компанијата. Во повеќето случаи овие имиња се заштитени со трговска марка, но може ли името на една компанија да биде заштиетно со авторско право?

Случајот што се занимаваше со ова прашање беше Exxon Corporation v Exxon Insurance Consultants International Ltd во 1982 година. Случајот се однесува до името “Exxon”, користено од добро познатата нафтена компанија. Името било регистрирано како трговска марка од компанијата, што формално тргувала под името Standard Oil ( исто и Esso во некои земји).

Иако прашањето за злоупотребата е целосно во  врска со судскиот процес во случајот интерес претставува фактот дали името “Exxon” е или не е литературно дело според тогаш важечкиот Закон за авторски права од 1956. Exxon судат Exxon Insurance Consultants International за прекршување на авторски права и злоупотреба при користењето на зборот Exxon.

Зборот “Exxon” е целосно измислен од компанијата, тој не постоел во англискиот јазик пред своето основање. Изложени се докази за неговото внимателно и со грижа создавање и селекција во текот на процесот, продолжил долго време, за вложените средства и труд, потенцијално покажувајќи зборот како оригинална литературна творба во рамките на Законот. На прва инстанца судија Грем го отфрла аргументот на Exxon дека зборот е литературна творба врз основа на тоа дека “[i] t е збор кој, иако е измислен и затоа оригинален , нема значење и не имплицира ништо сам по себе . За да му  се предаде природа и значење, тој мора да биде придружен од други зборови или да биде користен во конкретен контекст или спротивставување “; мислење што Апелациониот суд целосно го поддржува.

Повисоката судска инстанца претпоставува дека зборот е оригинален  и произлегува од автор, благодарение на напорите и истражувањата, вклучени во создавањето. Пред судот се претставени неколку случаи во поддршка на секоја од страните; Судот користи токму случајот Hollinrake v Truswell во своите размислувања. За време на судењето судија Дејви наведува што според него претставува литературна творба: “… литературно  дело е наменетао да обезбеди информации или инструкции, или задоволство во форма на литературна радост”, како ги  споменува и можните придонеси кон пензионирани од човечки знаења. Судијата Стивенс, во овој случај, целосно ја  прифаќа оваа дефиниција за применливо согласно Законот за авторски права од 1956. Врз основа на ова, Судот одлучи дека зборот Exxon не дава информации или инструкции, ниту задоволство преку литературна радост; затоа тој  не претставува литературно дело според Законот од 1956 и нема кршење на авторските права.

Јасно е дека имињата не се штитат со  авторски заштита сами по себе, а можат да бидат заштитени, ако се дел од поголемо  дело, на пример ако се споменати во книга. Тоа не би било применливо за името како такво, а за него како дел од уметничко дело. Може да се каже дека вистинскиот начин да се заштитат имиња е тоа да се направи преку трговска марка или преку барање за злоупотреба, преку какво што н а Exxon е доделена отштета. Линијата на аргументација на Exxon е исклучително интересна и доаѓа да покаже колку флексибилно би можело да биде правото во областа на интелектуалната сопственост.

Автор на оригиналот: Jani Ihalainen

    • December 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       1
      2345678
      9101112131415
      16171819202122
      23242526272829
      3031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®