Австрија е првата земја членка на ЕУ, што ја ратификува Меѓународната конвенција за унифицирани патенет суд

auparlbig-240x180Првата земја членка на ЕУ, што ја ратификува Меѓународната конвенција за унифицирани патенет суд е Република Австрија. Во врска со ратификацијата МЕНР, д-р Михаел Шпинделегер изјави: “Европскиот патентен суд ќе претставува пресвртница за развојот на нови знаења и интензивирање на истражувањата на  просторот на Европа. Во 2011 година, САД додели 224.000 патенти, Кина 172.000, а Европа само 62.000. Тоа е така, зашто цената за поднесување, обработка, испитување и доделување на еден европски патент еогромна и претставува бариера за влез на внатрешниот пазар. Благодарение на оваа Спогодба за пакет-патент за унитарна патентна заштита, ваквата состојба ќе се промени во блиска иднина. Јас сум горд што Австрија игра водечка улога меѓу земјите кои се долучија за единствен патентен систем. Австрија го поднесе минатата седмица инструмент за ратификација  на Меѓународната конвенција за Унифициран патентен суд во Брисел

ЕУ патент пакетот” се состои од три дела: две регулативи за ЕУ патент (регулатива за материјално-правна заштита и Правилник за преводи и) и Меѓународна спогодба за создадање единствена судска надлежност за патентите. Унифицираниот патентен суд ќе биде одговорен за спорови во врска со идните единствени патенти, како и за постојните “класични” европски патенти. Ова ќе ја олесни заштитата на патентите .

Унифицираниот патентен суд, како единствен надлежен суд за патенти, ќе има свои претставници на локално и регионално ниво, во земјите членки на ЕУ. Наместо да се работи паралелно постапката пред домашните судови, странките сега ќе бидат во можност брзо да добијат квалификувани одлуки за сите држави во кои патентот е важечки.

Извор: Берин

 

    • December 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       1
      2345678
      9101112131415
      16171819202122
      23242526272829
      3031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®