Од 28.06.2011 година, започна да се применува Правилникот за измена на Правилникот за спроведување на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост (,,Службен весник на Република Македонија бр. 82 од 20.06 2011 год), со кој се укинуваат надоместокот за поднесување на барањето за преземање на царински дејства за заштита на права од интелектуална сопственост во износ од 5.000 денари и надоместокот за поднесување на барање за продолжување на царински дејства во износ од 2.000 денари.
Ова значи големо олеснување за носителите кои поседуваат голем број на трговски марки за кои предходно таксите се плаќаа а секое право за кое се бараше спроведување на овој превентивен начин на спречување на повреди на права од индустриска сопственост.