Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС), воведе нова функција за пребарување на трговски марки во базата, која овозможува корисниците да испраќаат слики за пребарување на визуелно слична марка.
Функцоналноста на пребарување преку сликата, која е прва ваква меѓу бесплатните бази на податоци за интелектуална сопственост, беше претставена на 10.05. 2014 година, на годишната средба на Меѓународната асоцијација на марките (INTA) во Хонх Конг.
Новата лесена за користење технологија на пребарување преку сликата вклучува и други критериуми за пребарување, како кодови по Виенската класификација, носителот на марката, земја на потекло и др. Со овој нов додаток може да го испратите планираното лого и брзо да најдете дали постои слична на вашата слика, меѓу повеќе од 4 милиони слики од 15 национални и меѓународни колекции.
Извор: СОИС