СКСЗМ го презентира Проектот: „Заштита на трговска марка на производите од прекугранична соработка„

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) оствари иницијативна средба за Проектот: „Заштита на трговска марка на производите од прекугранична соработка„, кој ќе го реализира во соработка со Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и со Генералната управа за патентирање на трговски марки на Република Албанија, во рамките на третиот повик за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, Програмата ИПА 2013, финансирана од Европската Унија.

Овој Проект ќе се реализира во полошкиот и југозападниот регион на Македонија, каде ќе се опфатат градовите: Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Охрид, додека од страна на Албанија, градовите: Корча и Дибра. Проектот започна да се имплементира на 2-ри јуни 2014 година, и ќе трае до 2-ри декември 2015 година, односно вкупно 18 месеци.

Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, г. Мендерес Кучи го отвори настанот со поздравен говор. Тој зборуваше околу Проектот и предностите кои им ги носи на компаниите заштитата на трговската марка.

“Наша цел е да се подигне свеста на компаниите за индустриска заштита во нивната долгорочна дејност и заштитата на производот преку сертифицирање на трговската марка, како можност за да ú се спротивстават на безмилосната глобална конкуренција”, изјави меѓу другото Претседателот на СКСЗМ.

Г. Али Асани, Државен советник во Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија зборуваше пред присутните претставници на компаниите и другите гости подетално околу податоците на Заводот, како и ги објасни постапките за заштита на трговската марка и патентирањето.

Презентацијата на проектот ја направи г-ца Мируше Џељадини, Координатор на Проектот. Таа подетално ги презентираше целите, активностите, целните групи и резултатите кои се очекуваат од Проектот.

Извор: Стопанска комора на Северозападна Македонија 

    • November 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       123
      45678910
      11121314151617
      18192021222324
      252627282930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®