Приговор спрема трговска марка во Бугарија-најчесто задавани прашања

 

Aglika_Ivanova_snimkaОд 2011 година во Бугарија се промени системот за регистрација на трговски марки. Промените во законот за трговските марки се во сила од 10.03.2011. Наредбата за прилог на законот односно процедурата за приговор е примена 2 месеци покасно на 30.05.2011 година.

Следниот материал има за цел да даде одговор на често задавани прашања на пријавувачите ̸сопствениците на трговски марки, кога спрема нивна марка е поднесен приговор или тие планираат да поднесат приговор спрема друга марка.

На прво место треба да одбележиме дека ако сопственикот на порано регистрирна марка не поднесе приговор , секое трето лице може да регистрира дури идентична на неговата марка. Т.е ако поседувате марка и сакате таа да стане ваш посебен знак треба да сте многу активни во поднесувањето на приговори.

1.      Кој може да поднесе приговор спрема трговска марка во Бугарија?

Според чл. 38б ЗМГО лицата коишто може да понесат приговор се:

-сопствениците на порано регистрираната марка

-лиценцопримачот кај исклучиви лиценци на трговски марки

-реалниот поседувач на предходната марка, што се користи за трговска дејност на територијата на Републик Бугарија и за неа има поднесено пријава за регистрација.

-сопственик на марка, којашто е пријавена на името на агент или засптапник без неогово согласие.

2. Каков е рокот за поднесување на приговор во Бугарија?

Законот за трговските марки определува срок за поднесување на приговор во чл. 38б, ал.2 и ал.3.

Приговор спрема објавена пријава за национална трговска марка поднесена директно пред Патентниот завод се поднесува во тримесечен рок  од публикувањето на барањето во гласникот на заводот за интелектуална сопственост.

Приговор спрема барање за регистрација на трговска марка поднесено по меѓународен ред  (преку СОИС) , каде што е наведена Бугарија се поднесува во рок од 6-тиот и 9-тиот месец од публикацијата на меѓународната регистрација во гласникот на државниот завод за интелектуална сопственост.

3.Колку е таксата за поденсување на приговор спрема трговска марка во Бугарија?

Таксата за поднесување на приговор е 400 лева, согласно тарифата за таксите на патентниот завод.

Посебно е одбележано дека приговорот се смета за поднесен , само ако има платена такса.

4.Какви може да бидат причините за поднесување на приговор спрема марка во Бугарија?

Причините за поднесување на приговор се дефирнирани во законот за трговски амрки под следниот наслов:

„Релативни причини за отказ на регистрација“ , а имено:

Ако има поднесено приговор не се регистрира марка, чијшто знак :

1.кој е идентичен со порано пријавена или регистрирана трговска марка на друго лице за ист вид стоки или услуги, и

2. кој е идентичен или сличен со порано пријавена или регистрирана трговска марка на друго лице за ист или сличен вид стоки, односно услуги, доколку таа сличност може да создаде забуна кај просечниот потрошувач, вклучително и можност од асоцијација со порано пријавената или порано регистрираната трговска марка.

-услуги кои не се идентични, ниту слични со стоките, односно услугите за кои знакот е пријавен, доколку порано регистрираната трговска марка има репутација во Република Бугарија и доколку употребата на тој знак без оправдана причина би претставувала нелојална конкуренција или би му наштетила на дистинктивниот карактер или на репутацијата на трговската марка.

4.1.Кога се смета дека има слична или идентична марка за слични или идентични стоки или услуги?

Првата причина за приговор е постоењето на порано право на идустриска сопственост .

За порана марка според законот се смета:

  1. Марка со порана дата на поднесување на пријавата или со право на порано првенство;
  2. Пријавена марка со порана дата или порано првенство, регистрирана според тој закон;
  3. Марка регистрирана според Мадридскиот договор или  протокол, со порана дата на регистрација или поранно првенство на територијата на Република Бугарија.
  4. Европска марка со порана дата или порано првенство Регламент (ЕО) No 207/2009 на Советот од 26 февруари 2009 г.;
  5. Пријавена европска марка со порана дата или порано првенство  според Регламент (ЕО) No 207/2009 на Советот од 26 февруари 2009 г.;
  6. Марка што е добро позната на територијата на Р.Бугарија.

Возможностите се четири:

-Пријавената марка е индентична со порано регистрираната и е за идентични стоки и услуги;

-Пријавента марка е слична со порано пријавента и е за идентични стоки и услуги;

-пријавената марка е слична на порано пријавента и се однесува за слични стоки и услуги;

-пријавента марка е идентична со порано пријавента и се однесува за слични стоки и услиги.

4.2 Кога се подразбира дека имаме марка што е добро позната?

Во чл. 12, ал. ЗМГО е одбележано дека пораната марка е онаа која што е  „добро позната“ .

Критериуми за дефинирање на марката дали е„ добро позната“ :

  1. Степен  на популарност во определен дел од обштеството, што опфаќа реални или потенциални потрошувачи на стоката или услугата, пресоналот во соодветната дистрибуцкиска мрежа.
  2. Време, степен и географска област на користење на марката.
  3. Време , степен и географска област на јавно користење на марката како: рекламирање, иложување на изложби на стоките и услугите и др.
  4. Вредност на марката.
  5. Друго

 

4.3 Кога се подразбира дека пријавата е поднесена од застапник?

По време на оценката на доказите , се проверува дали :

  1. Пријавата е поднесена од името на застапник на реланиот поседувач на марката;
  2. Дали пријавата е поднесена без согласнот на сопственикот;
  3. Дали пријавата е поднесена од засптаникот без да има право на тоа;
  4. Марката е идентична или слична со марката на вистинскиот сопственик.

4.4.Кога се подразбира дека има порана нерегистрирана марка?

По време на оценката на доказите се зема во предвид следното :

  1. Времето, обемот и начинот на употреба на нерегистрирана марка во врска со стоките и услугите, за кој што има приговор.
  2. Се определува дали датата на реалното користење на нерегистрираната марка на територијата на Р.Бугарија, е порана од датата на поденсување на пријавата.
  3. Се проверува дали има поднесено  барање  за регистрација на нерегистрираната марка.

5.      Каков е процесот на приговор?

По поднесувањето на пријавата се проверува формалноста. Ако во одделот за приговори се воспостави дека приговорот е во ред, се предоставува копија од приговорот на пријавителот на марката. На двете страни се дава рок од 3 месеци да постингат договор. Рокот може да биде продолжен два пати со молба од двете страни.

Ако не биде постогнат договор , на пријавувачот му се дава рок од 2 месеци за приговор спрема приговорот.

Приговорот се предоставува на опононетот и тој може да одгговори во рок од еден месец.

После тоа составот за приговори зема решение.

6.      Како и каде може да се обжалува решението?

 

Може да се поднесе жалба во рок од 3 месеци.

Жалбата се поднесува во Административен суд-Софија.

Решението на административниот суд може да се обжали во рок од 14 дена пред

Врховен административен суд.

 

Автор: адв. Аглика Иванова

За контакт и дополнителна информација:  ue.gnitlusnocpinull@eciffo

 

    • November 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       123
      45678910
      11121314151617
      18192021222324
      252627282930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®