Патент на годината 2012

Традиционално по деветнаесетти пат на 24 декември 2012 година во Хотел “Stone Bridge”, во организација на Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија, се одржа манифестацијата “Патент на годината -2012”.
На свечениот настан беа присутни пронајдувачи, претставници од стопанството, застапници и други еминентни гости кои директно и индиректно се вклучени во активностите на заштитата на правата од индустриска сопственост. Манифестацијата беше отворена со поздравниот говор од страна на директорот на Заводот г-динот Сафет Емрули.
Престижната Награда “ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА -2012” беше свечено доделена за пронајдокот “Интегрирана сопирачка за вртливи подвозки”, на пронајдувачите Смилески Стојче и Смилески Таско и свечено им ја врачи директорот на Заводот Сафет Емрули. Пронајдокот претставува значајно техничко усовршување на системот за сопирање кај шинските возила.
Целта од одржување на настанот е не само да се поттикне креативноста и творештвото на мекедонските пронајдувачи туку и да се искористи системот на заштита на правото со патент во нивното деловно работење.

Автор: Христина Трајчевска

    • November 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       123
      45678910
      11121314151617
      18192021222324
      252627282930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®