Патент на годината: Минерално ѓубре од комунални отпадни води

C1064C792E2A76C645C706767806DDB3-240x153 На 29.04.2014 беше избран овојгодишниот “Патент на годината”. Техничко-технолошкото решение за преработување талог од комунални отпадни води и добивање органско-минерално ѓубриво е Патент на годината за 2013 година. Признанието на 20-годишната манифестација го добија пронаоѓачите: Ресми Зиба, Момчула Јорданоски, Валентина Пеливанова и Ајро Валит.

Проектот го почнавме пред неколку години и на крајот успеавме да создадеме нов производ. Затворивме еден циклус во природата. Отпадот што го создава човекот го претворивме во минерално ѓубре што има голема употребна вредност и дава одлични резултати во земјоделството“. – изјави Пеливанова.

Иноваторите за својот пронајдок, освен Патент на годинта, добија и златен медал од стручмото жири, златен медал од Меѓународната федерација на здруженијата на инвентори, златен медал и диплома од Здружението на иноватори од Полска, а исто така и диплома од Здружението на жени-иноватори од Босна и Херцеговина.

Признанијата и наградите ги врачија директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули и неговиот заменик Мите Костов. Емрули во обраќањето најави изготвување стратегија за индустриска сопственост со цел соработка меѓу индустријата и науката во насока на изготвување нови иновативни проекти, како и објавување конкурс за европски патентни застапници на веб страницата на Заводот.

Автор: Христина Трајчевска

Извор: МИА

    • April 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Jan    
      1234567
      891011121314
      15161718192021
      22232425262728
      2930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®