На 19 ти октомври 2010 година во склоп насаемската манифестација ТЕХНОМА 2010 на Скопскиот саем е отворена за 30-ти пат, традиционалната изложба на пронајдоци и технички унапредувања МАКИНОВА 2010 како и меѓународната изложба за унапредувања од областа на екологијата и заштитата на животна средина ЕКОНОВА 2010.
Во текот на 4 изложбени дена ќе бидат презентирани експонатите на преку 50-тина учесници од 4 земји.
Во склоп на манифестацијата ќе бидат доделени и награди на најуспешните изложувачи. Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН доо ќе го награди најуспешниот млад пронаоѓач.