Од почетокот на септември, на територијата на Косово стапија во сила нови закони за трговските марки, патенти и индустриски дизајни. Новините воведени со овие закони најмногу се однесуваат на усогласувањето на регулативите со актуелната европска пракса.
Замената на системот за целосно испитување на трговските марки со системот на објавување е најзначајната измена која е воведена во новиот текст од законот за трговски марки.
Преостанува донесувањето на нови правилници и тарифи кои ќе го заокружат стапувањето во сила на новата регулатива.