Македонија ги усвои измените на Законот за индустриска сопственост

На 23 февруари 2011 година, Собранието на Република Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за индустриска сопственост, кој стапи на сила на 5 март 2011 година.

Главната причина за изменување на Законот за индустриска сопственост беше донесувањето на новиот закон за квалитет на земјоделските производи кој гo регулира користењето на ознаките за потекло и заштитените географски називи за млекото и земјоделските производи.

sl2-e1301687944510Од таа причина беше потребно одредбите за заштита на овие производи да се отстранат од Законот за ИС додека останатите производи кои се штитат со овие права останаа во рамките на законот.

Друга значајна промена се однесува на државниот пазарен инспекторат и негово дејствување во спроведување на законот. Додека старата одредба од законот за ИС јасно не одредуваше како да се постапува со фалсификатите на пазарот, новиот Закон за ИС сега го обврзува државниот пазарен инспекторат времено да ги отстрани фалсификуваните производи на пазарот.

Со настанатите измени се воведе и можноста за решавање на споровите и надвор од судот.

Паричните казни за прекршители се намалени, а сега се движат од 700 евра до 6.000 евра, додека максимално определената казна пред измените на законот изнесуваше 8.000 евра.

Измените на законот за ИС исто така влијаат и врз патентните прописи. Националните патентни пријави сега имаат рок од 12 месеци одкако била поднесена апликацијата да го известат заводот како ќе се одвива потпополното испитување. Пред да се измени законот, истата постапка беше ограничена на 6 месеци. Исто така е продолжен и периодот за известување, да кореспондира со периодот на известување кога се пријавува интернационален патент по Patent Cooperation Treaty (PCT).

    • November 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       123
      45678910
      11121314151617
      18192021222324
      252627282930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®