Генералниот директор на Светската организација за интелектуална сопственост( СОИС) Френсис Гари, ја поздрави Кина за ратификација на Договорот Пекинг за аудиовизуелните творби, за време на официјалната посета во Пекинг, во која учествуваше во свеченото отварање на новиот патентен завод на СОИС во Кина.
Инструментот за ратификација на Договорот беше претставен на г-н Гари, од Cai Fuchao —министер на Националниот институт за авторски права на Кина.
“ Кина не само покажа лидерство во преговорите кои доведоаа до склучувањето на Договорот Пекинг, но и е меѓу првите земји што го ратификуваа”, рече г-н Гари. “ Ова ја покажува посветеноста на Кина за обезбедување на правна заштита на изведувачите во аудиозвизуелните перформанси”.- Тој додаде.
Кина е петата договорна страна на Договорот Пекинг. Тој се однесува до правата на изведувачите во аудивизуелни творби, како што се филмови, ТВ серии или мјузикли. Договорот Пекинг ќе стапи во сила по 30 ратификации претставени во СОИС.
За време на постета во Пекинг од 9-11 јули 2014 г., Гари учествуваше во свеченото отварање на новиот патентен завод на СОИС во Кина. На отварањето пристутвуваа и претставници на Властите на Кина, градоначалникот, министери на држвната администрација и претсавникот на Државниот завод за индустриска сопстевност на Кина.
Г-дин Гари им се заблагодари на кинеските власти за големата поддрша во создавњето на патентена канцеларија во пекинг и истакна “ По успешното одражување на дипломатска конференција за да се склучи Договорот Пекинг, отварањето на канцеларија на СОИС во Кина е уште една пресвратница за тесна соработка меѓу СОИС и Кина”.
Канцеларијата исто така ќе им обезбеди правна и техничка помош за сите аспекти на индустриска сопственост и авторско право на различни државни институции. Таа исто така ќе го промоврира користењето на услугите на СОИС за поефикасно користење на Договорот за патентна соработка (PCT), Мадридскиот договор за меѓународна регистрација на трговски марки, Хашкиот и др.
Извор: СОИС
Подготвено од: Христина Трајчевска