Од 30 јуни-04 јули 2014 година, македонската делегација во рамките на Европската комисија TAIEX го посети Храватскиот завод за индустриска сопственост. За време на постетата експертите од храватскиот завод за индустриска сопственост, ги споделија со македонските колеги своите знаења и искуство од процесот на пристапување кон Европската Унија.
Како дел од студиската посета беа презентирани и методите на Информативниот центар на заводот и Катедрата за информатички технологии.
Посетата на заводот, даде придонес за понатамошна соработка со македонскиот Државен завод за индустриска сопственост, и на тој начин целокупно зајакнувње соработката во областа на интелектуалната сопственост на регионално ниво.
Извор: www.dziv.hr