Проф. д-р Ѓорѓи Филипов е избран за редовен член на Академијата , во КласатаV(општествени науки, право и економија. Академијата претставува европски форум на учени, кој, со неговите 1.500 членови, работи на истражувања на европски релевантни теми од интердисциплинарен и транснационален карактер. Овие 1.500 членови се поделени во 7 класи (филозофија, медицина, уметност, природни науки, општествени и економски науки, технички науки, заштита на човековата околина и светски религии).
Помеѓу 1.500те члена се и 29 носители на Нобеловата награда, како и Папата Бенедикт, кој беше избран за член 1992, како кардинал…Во состав на Академијата работи и Универзитетот Alma Mater Europ, чија цел е ставање на располагање на знаењето од членовите за натамошно дообразување на младите.
Проф. Филипов е признаен деец но полето на менаџментот со интелектуалната сопственост, творец на Модел за детерминација на насоките на технолошкиот развој во однос на бројот на патентните пријави во соодветните класи, поткласи, групи и подгрупи. Уште во 1998та предложи посебна класификација за пријавите во сферата на заштитата на човековата околина, што од неодамна е независен проект на две организации на ОН. Неговиот софтвер за технолошко набљудување се применува во пет земји. 2008та, д-р Филипов беше кандидат на Владата на Република Македонија при изборот на нов генерален директор на Светската организација за интелектуална сопственост воЖенева.
Извор: Агенција Берин