Д-р Филипов беше првиот директор на Македонскиот патентен завод со кого раководеше шест години и ги воспостави темелите на Македонскиот систем за заштита на индустриска сопственост. Под негово раководство се подготвуваше пристапувањето на Република Македонија кон Договорот за соработка во областа на патентите (PCT- Patent Cooperation Treaty), 1995 и Договорот за проширување на европските патенти на територијата на РМ, 1997. Овие два договори беа основа за пристапување на земјата кон Европската патентна конвенција, што се случи 2008 на седница на Административниот совет на ЕПО, на која Македонија ја претставуваше Филипов, како тогашен Амбасадор на РМ во Берлин… Тој беше пет години претседател на Сојузот на пронајдувачи и автори на технички унапредувања на Македонија. Поканата на прославата на јубилејот и средбата на Амб. Филипов со Претседателот на ЕПО , д-р Беноа Батистели и со Претседателот на Европскиот патентен институт, Тони Тангена., претставува признание на РМ и на д-р Филипов, за учеството во развојот на патентниот систем во Европа.
Извор: Берин