(ЕВРОПСКА ПАТЕНТНА КОНВЕНЦИЈА)
од 5 октомври 1973
како што е изменета и дополнета со Актот за изменување и дополнување на членот 63 од ЕПК од 17 декември 1991
и Актот за изменување и дополнување на ЕПК од 29 ноември 2000
Објавена во “Службен весник на Република Македонија” број 126/08
ПРЕАМБУЛА
Договорните страни,
САКАЈЌИ да ја зајакнат соработката помеѓу државите од Европа во областа на заштитата на пронајдоците,
САКАЈЌИ таквата заштита во тие држави да се обезбеди преку единствена постапка за признавање на патенти и преку востановување определени стандардни правила за патентите признаени во таквата постапка;
САКАЈЌИ за таа цел да ја склучат Конвенцијата за основање на Европската патентна организација, која претставува посебен договор во смисла на членот 19 од Конвенцијата за заштита на индустриската сопственост, потпишана во Париз на 20 март 1883 и последен пат изменета на 14 јули 1967 и регионалниот договор за патенти во смисла на членот 45 став 1 од Договорот за соработка во областа на патентите од 19 јуни 1970,
СЕ ДОГОВОРИЈА за следното:
Дел I
Општи и институционални одредби
Глава I
Општи одредби
Член 1
Европско право за признавање на патенти
Со оваa конвенција се утврдува заедничкиот правен систем на договорните страни за признавање патенти за пронајдоци.
Член 2
Европски патент
(1) Патентите издадени врз основа на оваa конвенција се нарекуваат европски патенти.
(2) Во секоја од договорните страни, за која е издаден, европскиот патент има исто дејство и за него важат истите прописи како и за национален патент издаден од договорна страна, освен ако со оваa конвенција не е поинаку предвидено.
Член 3
Територијално дејство
Признавањето на европски патент може да биде побарано за една или повеќе договорни страни.
(з) пријавата ги исполнува барањата од правилото 46 и правилото 49 ставови од 1 до 9 и став 12;
(ѕ) пријавата ги исполнува барањата од правилото 30 или правилото 163 став 3.
Правило 58
Отстранување на недостатоците во документите на пријавата
Ако европската патентна пријава не ги исполнува барањата од правилото 57 од (а) до (г), (ж) и (ѕ), Европскиот патентен завод соодветно го известува подносителот и го повикува, во рок од два месеца, да ги отстрани недостатоците. Описот, патентните барања и нацртите може да се изменат само во обем кој е доволен за отстранување на тие недостатоци.
Правило 59
Недостатоци во повикувањето на право на првенство
Ако бројот на претходната пријава според правилото 52 став 1 или копијата од таа пријава според правилото 53 став 1 не се поднесени во предвидениот рок, Европскиот патентен завод соодветно го известува подносителот и го повикува да ги поднесе истите во определен рок.
Правило 60
Дополнително назначување на пронајдувачот
(1) Ако назначувањето на пронајдувачот не е направено во согласност со правилото 19, Европскиот патентен завод го известува подносителот дека европската патентна пријава ќе се отфрли доколку пронајдувачот не биде назначен во рок од шеснаесет месеци од датумот на поднесување на пријавата или, ако е побарано право на првенство, од датумот на правото на првенство. Меѓутоа, ако податокот се достави пред завршувањето на техничките подготовки за објавување на европската патентна пријава се смета дека рокот е запазен.
(2) Доколку, во разделената пријава или во новата пријава според членот 61 став 1(б) не е извршено назначување на пронајдувачот во согласност со правилото 19, Европскиот патентен завод го повикува подносителот да го изврши назначувањето во определен рок.
Глава II
Европски извештај од пребарување
Правило 61
Содржина на европскиот извештај од пребарувањето
(1) Во европскиот извештај од пребарувањето се наведуваат оние документи што му биле достапни на Европскиот патентен завод во времето на подготвување на извештајот, а кои можат да се земат во предвид во одлучувањето дали пронајдокот на кој се однесува европската патентна пријава е нова и содржи инвентивен придонес.
(2) Секое наведување се поврзува со патентните барања на кои се однесува. Доколку е погодно, се назначуват соодветните делови од наведените документи.
(3) Во европскиот извештај од пребарувањето се прави разлика помеѓу документите што се објавени пред датумот на побараното право на првенство, помеѓу датумот на првенство и датумот на поднесување и на или после датумот на поднесување на пријавата.
(4) Секој документ којшто упатува на усно откривање или употреба, или кој било друг начин на откривање што се случило пред датумот на поднесување на европската патентна пријава, се наведува во европскиот извештај од пребарувањето заедно со назначување на датумот на објавувањето на документот, доколку го има, и датумот на откривање што не е направено по писмен пат.
(5) Европскиот извештај од пребарувањето се подготвува на јазикот на постапката.
(6) Европскиот извештај од пребарувањето содржи класификација на предметот на европската патентна пријава во согласност со меѓународнаата класификација.
Правило 62
Проширен европски извештај од пребарувањето
(1) Со европскиот извештај од пребарувањето се дава мислење дали пријавата и пронајдокот на којшто се однесува таа пријава се чини дека ги исполнуваат барањата од Конвенцијата, освен ако за тоа може да биде издадено известување според правилото 71 став 1 или 3.
(2) Мислењето од ставот 1 на ова правило не се објавува заедно со извештајот за пребарување.
Правило 63
Непотполно пребарување
Ако Европскиот патентен завод смета дека европската патентна пријава не е во согласност со Конвенцијата дотолку што не може да се направи разбирливо пребарување во состојбата на техниката на основа на сите или на некои од предметите за кои се бара заштита, издава образложено известување за тоа или, доколку е тоа изводливо, прави делумен извештај од пребарувањето. За потребите на понатамошната постапка, известувањето или делумниот извештај, се сметаат како европски извештај од пребарувањето.
Правило 64
Европски извештај од пребарувањето кога нема единство на пронајдокот
(1) Кога Европскиот патентен завод смета дека европската патентна пријава не ги исполнува барањата за единство на пронајдокот, подготвува делумен извештај од пребарувањето за оние делови од пријавата кои се однесуваат на пронајдок или на група пронајдоци кои, во смисла на членот 82, први се наведени во патентните барања. Тој го известува подносителот дека за да бидат опфатени и останатите делови со европскиот извештај од испитувањето, во пропишаниот рок кој не може да биде покус од две ниту подолг од шест недели, треба да се плати понатамошна такса за пребарување за секој вклучен пронајдок. Европскиот извештај од пребарувањето се подготвува за деловите од пријавата што се однесуваат на пронајдоците за кои се платени таксите за пребарување.
(2) Секоја такса платена во согласност со ставот 1 на ова правило ќе биде вратена ако за време на испитувањето на европската патентна пријава подносителот побара да биде вратена и ако Одделот за испитување утврди дека известувањето од ставот 1 на ова правило не било оправдано.
Правило 65
Доставување на европскиот извештај од пребарувањето
Веднаш по подготвувањето, европскиот извештај од пребарувањето се доставува до подносителот заедно со копии од сите наведени документи.
Правило 66
Конечна содржина на апстрактот
По подготвувањето на европскиот извештај од пребарувањето, Европскиот патентен завод ја утврдува конечната содржина на апстрактот и му ја доставува на подносителот заедно со извештајот од пребарувањето.
Глава III
Објавување на европската патентна пријава
Правило 67
Технички подготовки за објавување
(1) Претседателот на Европскиот патентен завод определува кога се смета дека се завршени техничките подготовки за објавување.
(2) Пријавата нема да се објави ако пред завршувањето на техничките подготовки за објавување била конечно отфрлена, повлечена или се смета дека била повлечена.
Правило 68
Форма на објавување на европската патентна пријава и европскиот извештај од пребарувањето
(1) Објавата на европската патентна пријава содржи опис, патентни барања и нацрти, така како што се поднесени, апстракт, ако овие поднесоци кои ја сочинуваат пријавата не биле поднесени на официјален јазик на Европскиот патентен завод, превод на јазикот на постапката и, во прилог, европски извештај од пребарувањето ако бил достапен пред завршувањето на техничките подготовки за објавување. Ако извештајот од пребарувањето или апстрактот не се објавени заедно со пријавата, тие се објавуваат одделно.
(2) Претседателот на Европскиот патентен завод ја определува формата на објавување и податоците кои се објавуваат. Истото се применува и кога извештајот од меѓународното пребарување се објавува одделно.
(3) Во објавената пријава ќе се наведат и назначените договорни страни.
(4) Ако патентните барање не биле поднесени на датумот на поднесување на пријавата, тоа се наведува при објавувањето на пријавата. Ако, пред завршувањето на техничките подготовки за објавување на пријавата, патентните барања биле изменети во согласност со правилото 137 став 2, кон патентните барања такви како што се поднесени, во објавата се вклучуваат и новите или изменетите патентни барања.
Правило 69
Известување за објавата
(1) Европскиот патентен завод го известува подносителот за датумот на кој во Европскиот патентен билтен ќе се објави пријавата и европскиот извештај од пребарувањето и му нагласува да посвети внимение на правилото 70 став 1 и на членот 94 став 2.
(2) Подносителот не може да се повикува на пропуштање на известувањето од ставот 1 на ова правило. Ако во известувањето е наведен подоцнежен датум на објавување, тој подоцнежен датум е одлучувачки во однос на периодот за поднесување барање за испитување, освен ако не се работи за очевидна грешка.
Правило 70
Барање за испитување
(1) Подносителот може да побара испитување на европската патентна пријава во рок од шест месеци од датумот на кој во европскиот патентен билтен е објавен европскиот извештај од пребарувањето. Барањето не може да се повлече.
(2) Ако барањето за испитување било поднесено пред европскиот извештај од пребарувањето да биде доставен до подносителот, Европскиот патентен завод го повикува подносителот, во определен рок, да се изјасни дали сака да продолжи постапката по пријавата и му дава можност да достави забелешки на извештајот од пребарувањето и, доколку е можно, да ги измени описот, патентните барања и нацртите.
(3) Ако подносителот не одговори во рокот од ставот 2 на ова правило, се смета дека пријавата е повлечена.
Глава IV
Испитување од Одделот за испитување
Правило 71
Постапка на испитување
(1) Во секое известување во согласност со членот 94 став 3, доколку е тоа соодветно, Европскиот патентен завод го повикува подносителот, во определен рок да ги отстрани забележаните недостатоци и да ги замени описот, патентните барања и нацртите.
(2) Секое известување во согласност со членот 94 став 3, доколку е тоа соодветно, содржи образложение за причините поради кои не може да се признае европски патент.
(3) Секторот за испитување, пред да одлучи да го признае европскиот патент, го известува подносителот за текстот според кој планира да го признае и го повикува во рок од четири месеци да ги плати таксите за признавање и за печатење и да достави превод на патентните барања на останатите два официјални јазика на Европскиот патентен завод кои се различни од јазикот на постапката. Ако подносителот, во предвидениот рок ги плати таксите и ги достави преводите, се смета дека го одобрил текстот според кој ќе се признае патентот.
(4) Ако во периодот од ставот 3 на ова правило, подносителит бара измени според правилото 137 став 3 или исправање на грешки според Правилото 139, тогаш тој, ако патентните барања се изменети или исправени, треба да достави превод на патентните барања како што се изменети или исправени. Ако подносителот ги плати таксите и ги достави преводите во тој период, се смета дека го одобрил признавањето на патентот како што е изменет или исправен.
(5) Ако Одделот за испитување не се согласува со измените или исправките побарани во согласност со ставот 4 на ова правило, тој, пред донесувањето на решението му дава можност на подносителот, во определен рок, да ги достави своите забелешки и некои измени кои Одделот за испитување смета дека се неопходни и, ако се изменети патентните барања, превод на патентните барања како што се изменети. Ако подносителот достави такви измени, се смета дека го одобрил признавањето на патентот како што е изменет. Ако европската патентна пријава е одбиена, повлечена или се смета дека е повлечена, таксите за признавање, печатење и која било такса платена според ставот 6 на ова правило, ќе бидат вратени.
(6) Ако текстот на европската патентна пријава кој се планира да се признае содржи повеќе од десет патентни барања, Одделот за испитување го повикува подносителот, во рокот од ставот 3 на ова правило или ако е тоа сооветно од ставот 5 на ова правило, да плати такса за патентни барања за секое дополнително патентно барање, освен ако тие такси не биле веќе платени според правилото 45 или правилото 162.
(7) Ако таксите за признавање и печатење или таксите за патентни барања не се платени во предвидениот рок или преводот не е доставен во предвидениот рок, се смета дека европската патентна пријава е повлечена.
(8) Ако рокот за таксите за назначување е после доставувањето на известувањето од ставот 3 на ова правило, признавањето европски патент нема да се објави сé додека таксите за назначување не бидат платени. Подносителот соодветно ќе биде известен за тоа.
(9) Ако рокот за таксата за одржување е после доставувањето на известувањето од ставот 3 на ова правило, но пред наредниот можен рок за објавување на признавањето европски патент, тоа нема да се објави сé додека таксата за одржување не биде платена. Подносителот ќе биде соодветно известен за тоа.
(10) Во известувањето од ставот 3 на ова правило се наведуваат назначените договорни страни кои бараат да се достави превод во согласност со членот 65 став 1.
(11) Во решението за признавање европски патент се наведува кој текст од европската патентна пријава претставува основа за донесување на решението.
Правило 72
Признавање европски патент на различни подносители
Кога во европскиот регистер на патенти, различни лица се запишани како подносители за различни назначени договорни страни, Европскиот патентен завод го признава европскиот патент за секоја земја соодветно.
Глава V
Европска патентна спецификација
Правило 73
Содржина и форма на спецификацијата
(1) Спецификацијата на европскиот патент содржи опис, патентни барања и нацрти. Во неа се наведува и периодот во кој може да се поднесе приговор на европскиот патент.
(2) Претседателот на Европскиот патентен завод ја определува формата, на објавување на спецификацијата и податоците кои треба да бидат вклучени.
(3) Во спецификацијата се наведуваат и назначените договорни страни.
Правило 74
Исправа за европски патент
Колку што е можно побрзо по објавувањето на спецификацијата на европскиот патент, Европскиот патентен завод му издава на носителот на патент исправа за европски патент. Претседателот на Европскиот патентен завод ја пропишува содржината, формата и начинот на доставување на исправата и ги определува околностите под кои се плаќа административна такса.
ДЕЛ V
ПРАВИЛНИК КОН ДЕЛОТ V НА КОНВЕНЦИЈАТА
Глава I
Постапка по приговор
Правило 75
Откажување или истекување на патент
Приговор може да се поднесе дури и ако европскиот патент бил откажан во сите назначени договорни страни или истекол во сите тие држави.
Правило 76
Форма и содржина на приговорот
(1) Пригоговорот се доставува писмено со образложение.
(2) Приговорот треба да содржи:
(а) податоци за подносителот на приговорот како што е предвидено во правилото 26 став 2(в);
(б) бројот на европскиот патент против кој е поднесен приговорот, името на носителот на патентот и називот на пронајдокот;
(в) назначување на обемот во кој се побива европскиот патент и причините на кои се заснова приговорот, како и назначување на фактите и доказите што ги поткрепуваат тие причини;
(г) Ако подносителот на приговорот има овластено застапник, податоците за застапникот, како што е предвидено во правилото 41 став 2(г);
(д) Делот III од Правилникот се применува на приговорот mutatis mutandis.
Правило 77
Одбивање на неуреден приговор
(1) Ако Одделот за приговор утврди дека приговорот не е во согласност со одредбите од членот 99 став 1 или правило 76 став 2(в), или недоволно го идентификува патентот против кој е поднесен приговорот, го отфрла приговорот како неуреден, освен ако недостатоците се отстранат пред истекување на рокот за приговор.
(2) Ако Одделот за приговор утврди дека приговорот не е во согласност со други одредби освен оние наведени во ставот 1 на ова правило, го известува подносителот на приговорот за тоа и го повикува, во определен рок, да ги отстрани утврдените недостатоци. Ако недостатоците не се отстранат во утврдениот рок, Одделот за приговор го отфрла приговорот како неуреден.
(3) Решението, приговорот да се отфрли како неуреден, се доставува до носителот на патентот заедно со копија од приговорот.
Правило 78
Постапка кога носителот на патент не е овластено лице
(1) Ако, во текот на постапката по приговор или во периодот за поднесување приговор, трета страна достави доказ дека покренала постапка против носителот на Европски патент со барање да се донесе одлука во смисла на членот 61 став 1, постапката по приговор се запира сé додека третата страна писмено не го извести Европскиот патентен завод дека е согласна постапката да се продолжи. Согласноста не може да се отповика. Сепак, постапката нема да се запре сé додека Одделот за приговор смета дека приговорот е основан. Правилото 14, ставови од 2 до 4 се применуваат mutatis mutandis.
(2) Ако трета страна, во согласност со членот 99 став 4, го заменува претходниот носител за една или неколку назначени договорни страни, за тие држави патентот, така како што е одржан во постапката по приговор, може да содржи патентни барања, опис и нацрти кои се различни од оние во другите држави.
Правило 79
Подготовки за испитување на приговорот
(1) Одделот за приговор го доставува приговорот до носителот на патент и му дава можност да достави забелешки и, ако е соодветно, во определен период да ги измени описот, патентните барања и нацртите.
(2) Ако се поднесени повеќе приговори, Одделот за приговор ги доставува истите до останатите подносители на приговор во исто време како и доставата од ставот 1 на ова правило.
(3) Одделот за приговор ги доставува сите забелешки и измени доставени од носителот на патент на другите страни и ги повикува, ако тие сметаат дека им е од корист, во определен рок да одговорат.
(4) Во случај на вклучување на можен вршител на повреда во согласност со членот 105, Одделот за приговор може да не ги примени ставовите од 1 до 3 на ова правило.
Правило 80
Измена на европски патент
Без оглед на правилото 138, описот, патентните барања и нацртите може да се изменат доколку тие измени произлегуваат од причините за приговор според членот 100, иако подносителот на приговорот не се повикува на тие причини.
Правило 81
Испитување на приговорот
(1) Одделот за приговор, во согласност со правилото 76 став 2(в), ги испитува оние причини за приговор на кои во поднесокот се повикува подносителот на приговорот. Причините за приговор на кои не се повикува подносителот на приговорот, Одделот за приговор може да ги испитува по службена должност ако тоа може да има последици врз одржувањето на европскиот патент.
(2) Известувањата во согласност со членот 101 став 1, втора реченица, и сите одговори на истите им се доставуваат на сите страни. Ако Одделот за приговор смета дека тоа е од полза, ги повикува страните да одговорат во определен рок.
(3) Со секое известување од членот 101, став 1, втора реченица, на носителот на европски патент, ако тоа е потребно, му се дава можност да ги измени описот, патентните барања и нацртите. Кога е потребно, известувањето содржи и образложение за причините поради кои европскиот патент не може да се одржи во важност.
Правило 82
Одржување на европскиот патент во изменета форма
(1) Одделот за приговор, пред да донесе одлука за одржување на европскиот патент како што е изменет, ги известува страните за текстот според кој смета да го одржи патентот и ги повикува, ако не се согласуваат со тој текст, во рок од два месеца да ги достават своите забелешки.
(2) Ако страните не се согласуваат со текстот доставен од Одделот за приговор, испитувањето на приговорот може да продолжи. Во спротивно, Одделот за приговор, по истекот на рокот од ставот 1 на ова правило, го повикува носителот на патент, во рок од три месеци, да ги плати пропишаните такси и да достави превод на секое патентно барање на официјалните јазици на Европскиот патентен завод различни од јазикот на постапката. Во известувањето се наведедуваат договорните страни кои бараат превод во согласност со членот 65 став 1.
(3) Ако бараните дејствија според ставот 2 на ова правило не се извршат во предвидениот рок, тие сé уште може да се исполнат во рок од два месеца од доставување на известувањето дека рокот не е запазен, доколку во истиот период се плати дополнителна такса. Во спротивно, патентот ќе биде отповикан.
(4) Во одлуката за одржување на патентот како што е изменет, се наведува текстот кој претставува основа за таа одлука.
Правило 83
Барање документи
Документите на кои се повикуваат странките во постапката по приговор се доставуваат заедно со приговорот. Ако овие документи не се вклучени ниту поднесени во рокот по повикувањето од страна на Европскиот патентен завод, тој може да одлучи да не ги земе во предвид аргументите засновани на нив.
Правило 84
Продолжување на постапката по приговор по службена должност на Европскиот патентен завод
(1) Ако европскиот патент бил повлечен во сите договорни страни или престанал да важи во сите тие земји, постапката по приговор може да продолжи на барање на подносителот на приговорот во рок од два месеца од известувањето од Европскиот патентен завод за повлекувањето или престанувањето.
(2) Во случај на смрт или правна неспособност на подносителот на приговорот, постапката по приговор Европскиот патентен завод може да ја продолжи по службена должност, дури и без учество на наследниците или законските застапници. Истото се применува и кога приговорот е повлечен.
Правило 85
Пренос на европски патент
Правилото 22 се применува на секој пренос на европски патент направен во рокот за приговор или за време на постапката по приговор.
Правило 86
Документи во постапката по приговор
Делот III од Правилникот се применува mutatis mutandis на документите поднесени во постапката по приговор.
Правило 87
Содржина и форма на новата спецификација на европски патент
Новата спецификација на eвропски патент ги содржи описот, патентните барања и нацртите како што се изменети. Правилото 76, ставови 2 и 3 и правилото 74 исто така се применуваат.
Правило 88
Трошоци
(1) Распределбата на трошоците се утврдува во одлуката по приговорот. Во распределбата се земаат во предвид само трошоците неопходни за обезбедување соодветна заштита на инволвираните права. Во трошоците се вклучува и надоместокот за застапниците на странките.
(2) Одделот за приговор, на барање, ја определува височината на трошоците што треба да се платат според конечната одлука и ги прераспределува истите. Кон барањето треба да се достави сметка за трошоците со соодветни докази. Трошоците се дефинираат кога ќе се утврди нивната веродостојност.
(3) Барање за одлучување на Одделот за приговор може да се поднесе во рок од еден месец од известувањето за дефинирање на трошоците според ставот 2 на ова правило. Барањето се поднесува во писмена форма и ги содржи причините на кои е засновано. Тоа нема да се смета дека е поднесено додека не се платат пропишаните такси.
(4) Одделот за приговор одлучува по барањето од ставот 3 на ова правило без усна расправа.
Правило 89
Вклучување на можен вршител на повреда
(1) Известување за вклучување на можен вршител на повреда може да се достави во рок од три месеци од датумот на кој е започната постапката според членот 105.
(2) Известувањето за вклучување на можен вршител на повреда се поднесува писмено со образложение. Правилата 76 и 77 се применуваат mutatis mutandis. Известувањето за вклучување на можен вршител на повреда нема да се смета дека е поднесено додека не се плати таксата за приговорот.
Глава II
Постапка за ограничување или отповикување
Правило 90
Предмет на постапката
Предмет на постапката за ограничување или отповикување во согласност со членот 105(а) ќе биде европски патент каков што е признаен или каков што е изменет во постапката за приговор или ограничување пред Европскиот патентен завод.
Правило 91
Надлежност за постапката
По барањето за ограничување или отповикување на европскиот патент согласно членот 105а одлучува Одделот за испитување. Членот 18 став 2 се применува mutatis mutandis.
Правило 92
Услови за барањето
(1) Барањето за ограничување или отповикување на Европскиот патент се поднесува во писмена форма. Делот II се применува mutatis mutandis на документите поднесени во постапката за ограничување или отповикување.
(2) Барањето треба да содржи:
(а) податоци за носителот на Европски патент кој го поднел барањето (барателот), како што е предвидено во правилото 41 став 2(в) и назначување на договорните страни за кои барателот е носител на патентот;
(б) бројот на патентот за кој се бара ограничување или отповикување и список на државите за кои патентот има ефект;
(в) ако тоа е соодветно, имињата и адресите на носителите на патентот за оние договорни страни во кои барателот не е носител на патентот и доказ дека барателот е овластен да делува во нивно име во постапката;
(г) кога се бара ограничување на патентот, целосна содржина на изменетите патентни барања и, ако ги има, и изменетите опис и нацрти; и
(д) ако барателот има овластен застапник, податоци за него во согласност со правилото 41 став 2(г).
Правило 93
Приоритет на постапката по приговор
(1) Барањето за ограничување или отповикување се смета дека не е поднесено доколку во времето на поднесување на барањето била во тек постапка по приговор.
(2) Ако во времето на поднесување приговор на европски патент во тек е постапка за ограничување на патентот, Одделот за испитување ја прекинува постапката за ограничување и дава налог да се врати таксата за ограничување. Налог за враќање на таксата се дава и за таксата наведена во правилото 95, став 3, прва реченица, доколку барателот веќе ја платил таа такса.
Правило 94
Отфрлање на барањето како неуредно
Ако Одделот за испитување утврди дека барањето за ограничување или отповикување не е во согласност со барањата од правилото 92б го повикува барателот во определен рок да ги отстарани утврдените недостатоци. Ако недостатоците не се отстранат во утврдениот рок, Одделот за испитување го отфрла барањето како неуредно.
Правило 95
Одлучување по барањето
(1) Ако барањето за отповикување е прифатливо, Одделот за испитување го отповикува патентот и го известува подносителот за тоа.
(2) Ако барањето за ограничување е прифатливо, Одделот за испитување испитува дали изменетите патентни барања претставуваат огранучување во однос на барањата како што биле признаени или изменети во постапката по приговор или ограничување и дали се во согласност со членот 84, членот 123, ставови 2 и 3. Ако барањето не е во согласност со овие барања, Одделот за испитување му дава можност на барателот, во определен рок, да ги отстрани утврдените недостатоци и да ги измени патентните барања и, ако е тоа потребно да ги измени описот и нацртите.
(3) Ако ограничувањето е прифатливо во согласност со ставот 2 на ова правило, Одделот за испитување го известува барателот и го повикува, во рок од три месеци, да ги плати пропишаните такси и да достави превод на официјалните јазици на Европскиот патентен завод различни од јазикот на постапката. Правилото 82 став 3, прва реченица, се применува mutatis mutandis. Aко барателот постапи во определениот рок, Одделот за испитување го ограничува патентот.
(а) Ако барателот не одговори во рокот наведен во известувањето од ставот 2 на ова правило или барањето за ограничување е неприфатливо, или ако барателот не постапи според ставот 3 на ова правило во предвидениот рок, Одделот за испитување го отфрла барањето.
Правило 96
Содржина и форма на изменетата спецификација на европски патент
Изменетата спецификација на европски патент содржи опис, патентни барања и нацрти како што се изменети. Правилото 73 ставови 2 и 3 и правилото 74 исто така се применуваат соодветно.
Дел VI
ПРАВИЛНИК КОН ДЕЛОТ VI НА КОНВЕНЦИЈАТА
Глава I
Постапка по жалба
Правило 97
Жалба против прераспределбата и утврдувањето на трошоците
(1) Жалба не може да се поднесе само во однос на распределбата на трошоците во постапката по приговор.
(2) Жалба на утврдувањето на височината на трошоците во постапката по приговор не може да се поднесе освен ако таа не ја надминува височината на таксата за жалба.
Правило 98
Повлекување или престанок на патент
Против решението на Одделот за приговор може да се поднесе жалба дури и ако патентот е повлечен во сите назначени договорни страни или престанал да важи за сите тие држави.
Правило 99
Содржина на жалбата и причините за жалба
(1) Жалбата треба да содржи:
(а) име и адреса на подносителот на жалбата како што е предвидено во правилото 41 став 2(в);
(б) назначување на одлуката која се оспорува; и
(в) барање во кое е дефиниран предметот на жалбата.
(2) Во образложението на жалбата, подносителот на жалбата ги наведува причините за укинување на оспореното решение или обемот до кој тоа треба да се измени и фактите и доказите на кои е заснована жалбата.
(3) Делот II од Правилникот се применува mutatis mutandis на жалбата, образложението кон жалбата и документите поднесени во постапката по жалба.
Правило 100
Испитување на жалбата
(1) Освен ако не е предвидено поинаку, одредбите кои се однесуваат на постапката пред одделот кој ја донел оспорената одлука, се применуваат и во постапката по жалба.
(2) При испитувањето на жалбата, Апелациониот совет, во определен рок ги повикува страните онолку пати колку што е неопходно, да ги достават своите забелешки на известувањата доставени од него или на забелешките доставени од другата страна.
(3) Ако подносителот не одговори на повикот од ставот 2 на ова правило во предвидениот рок, се смета дека европската патентна пријава е повлечена, освен ако оспорената одлука била донесена од Правниот оддел.
Правило 101
Отфрлање на жалбата како неуредна
(1) Ако жалбата не е во согласност со членовите од 106 до 108, правилото 97 или правилото 99 став 1(б) или (в) или став 2, Апелациониот совет ја отфрла како неуредна, освен ако кој било недостаток бил отстранет пред истекување на соодветниот рок од членот 108.
(2) Ако Апелациониот совет утврди дека жалбата не ги исполнува условите од правилото 99, став 1(а) го известува за тоа подносителот на жалбата и го повикува, во определен рок да ги отстрани утврдените недостатоци. Ако недостатоците не се отстранат во определениот рок, Апелациониот совет ја отфрла жалбата како неуредна.
Правило 102
Форма на одлуката на Апелациониот совет
Одлуката ја одобруваат претседателот на Апелациониот совет и службеникот надлежен за регистарот на Апелациониот совет или со нивниот потпис или на друг соодветен начин. Одлуката содржи:
(а) изјава дека е издадена од Апелациониот совет;
(б) датум на кој е донесена одлуката;
(в) имињата на претседателот и другите членови учесници во Апелациониот совет;
(г) имињата на странките и нивните застапници;
(д) барањата на странките;
(ѓ) кус преглед на фактите;
(е) причините; и
(ж) налогот на Апелациониот совет вклучително, доколку е соодветно, и одлуката за трошоците.
Правило 103
Враќање на таксата за жалба
(1) Таксата за жалба се враќа:
(а) во случаите на привремена одлука за повторно разгледување или ако Апелациониот совет ја смета жалбата за допуштена, а враќањето е оправдано поради суштинска повреда на постапката; или
(б) ако жалбата е повлечена пред доставување на образложението за причините за жалбата и пред истекување на рокот за доставување на тоа образложение.
(2) Одделот чија одлука е оспорена наложува враќање ако ја измени својата одлука и смета дека враќањето е оправдано поради суштинска повреда на постапката. Во сите други случаи, по прашањето за враќањето на таксата одлучува Апелациониот совет.
Глава II
Барање за повторно разгледување од страна на Вишиот апелационен совет
Правило 104
Други суштински повреди на постапката
Суштинска повреда на постапката во согласност со членот 112(а) став 2(г) може да се појави кога Апелациониот совет:
(а) спротивно на членот 116 нема да организира одржување на усна расправа по барања од подносителот на барањето и
(б) одлучува по жалбата без да го земе во предвид барањето кое е релевантно за тоа одлучување.
Правило 105
Кривични дела
Барањето за повторно разгледување може да биде засновано на членот 112(а) став 2(д) ако надлежен суд или друг надлежен орган конечно утврдил постоење на кривично дело, но осуда не е неопходна. .
Правило 106
Обврска за поднесување забелешки
Барање за повторно разгледување во согласност со членот 112(а) ставови од (а) до (г) е дозволено само ако за време на постапката по жалба е поднесена забелешка во врска со недостатоци во постапката и била отфрлена од Апелациониот совет, освен ако таа забелешка не може да се покрене за време на постапката по жалба .
Правило 107
Содржина на барање за повторно разгледување
(1) барањето содржи:
(а) име и адреса на барателот како што е предвидено во правилото 41 став 2(в); и
(б) назначување на одлуката за која се бара повторно разгледување.
(2) Во барањето се назначуваат причините за укинување на одлуката на Апелациониот совет, како и фактите и доказите на кои се заснова барањето.
(3) Делот III од Правилникот се применува mutatis mutandis на барање за повторно разгледување и на документите поднесени во постапката.
Правило 108
Испитување на барањето
(1) Ако барањето не е во согласност со членот 112(а), ставови 1, 2 или 4, правилото 106 или 107, став 1(б) или 2, Вишиот апелационен совет го отфрла како неуредно, освен ако кој било недостаток е отстранет пред истекување на соодветниот рок од членот 112(а), став 4.
(2) Ако Вишиот апелационен совет утврди дека барањето не е во согласност со правилото 107, став 1(а), го известува подносителот на барањето и го повикува, во определен рок да ги отстрани утврдените недостатоци. Ако утврдените недостатоци не се отстранат во определениот рок, Вишиот апелационен совет го отфрла како неуредно.
(3) Ако барањето е оправдано Вишиот апелационен совет ја укинува одлуката на Апелациониот совет и наложува повторно отворање на постапката пред надлежниот Апелационен совет во согласност со правилото 12, став 4. Вишиот апелационен совет може да наложи да се заменат членовите на Апелациониот совет кои учествувале во донесувањето на укинатата одлука.
Правило 109
Постапка по барање за повторно разгледување
(1) Во постапката, во согласност со членот 112(а), се применуваат одредбите што се однесуваат на постапката пред Апелациониот совет, освен ако не е поинаку предвидено. Не се применуваат правилото 115, став 1, втора реченица, правилото 118, став 2, прва реченица и правилото 132, став 2. Вишиот апелационен совет може да го определи рокот од правилото 4, став 1, прва реченица.
(2) Вишиот апелационен совет
(а) во состав од два члена со правна квалификација и еден член со техничка квалификација, ги испитува сите барања за повторно разгледување и ги отфрла оние што очигледно се неуредни или недозволени. Ваквото решение се донесува едногласно;
(б) во состав од четири члена со правна квалификација и еден член со техничка квалификација, одлучува по барањата за повторно разгледување што не се отфрлени според точката (а);
(3) Вишиот апелационен совет составен во согласност на ставот 2(а) на ова правило одлучува на основа на барањето, без вклучување на други страни.
Правило 110
Враќање на таксата за барање повторно разгледување
Вишиот апелационен совет наложува враќање на таксата за барање повторно разгледување ако е постапката вратена на повторно одлучување пред Апелациониот совет.
Дел VII
ПРАВИЛНИК КОН ДЕЛОТ VII НА КОНВЕНЦИЈАТА
Глава I
Одлуки и известувања на Европскиот патентен завод
Правило 111
Форма на одлуки
(1) Кога е одржана усна расправа пред Европскиот патентен завод, одлуката може да биде изречена усно. Дополнително, одлуката се издава во писмена форма и им се доставува на странките.
(2) Одлуките на Европскиот патентен завод на кои може да се поднесе жалба се образложени и кон нив се доставува известување во кое се укажува на можноста за жалба и на можноста за повикување на членовите 106 и 108. Содржина на членовите се приложува. Странките не може да се повикуваат на пропуштање на известувањето.
Правило 112
Известување за губење на правото
(1) Ако Европскиот патентен завод утврди дека дошло до губење на правото, без каква било одлука за одбивање на европската пријава на патент или признавање на патентот, отповикување или одржување на европски патент или земање докази, ги известува за тоа заинтересираните страни .
(2) Ако заинтересираните страни сметаат дека наодот на Европскиот патентен завод не е точен, тие можат во рок од два месеца од доставување на известувањето од ставот 1 на ова правило, да поднесат барање да се одлучи за тоа. Европскиот патентен завод донесува такво решение само ако не се согласува со мислењето на странките, во спротивно ги известува странките.
Правило 113
Потпис, име, печат
(1) Секое решение, повик, забелешка или известување на Европскиот патентен завод мора да го содржи името на одговорниот вработен и да биде потпишано од него.
(2) Ако документот наведен во ставот 1 на ова правило е издаден од одговорен вработен кој користи компјутер, потписот може да биде заменет со печат. Кога документот автоматски се издава по компјутер и името на вработениот може исто да биде издадено со него. Истото се применува на претходно отпечатени забелешки или известувања.
Глава II
Забелешки од трета страна
Правило 114
Забелешки од трета страна
(1) Секоја забелешка од трета страна се поднесува во писмена форма на официјален јазик на Европскиот патентен завод и во неа се наведуваат причините на кои што е заснована. Правилото 3, став 3 исто така се применува.
(2) Секоја таква забелешка се доставува до подносителот или носителот на патент кој може да даде свои забелешки на неа.
Глава III
Усна расправа и земање докази
Правило 115
Повик за усна прасправа
(1) Странките се повикуваат на усна расправа во согласност со членот 16 при што им се обрнува внимание на ставот 2 на ова правило. Рокот кој се дава мора да биде најмалку два месеца од повикот, освен ако странките не се согласат на покус рок.
(2) Ако странките кои се уредно повикани на усна расправа пред Европскиот патентен завод не се појават како што се повикани, постапката може да продолжи без тие странки.
Правило 116
Подготовка на усната расправа
(1) По испраќање на поканата за усна расправа, Европскиот патентен завод ги разгледува точките кои според негово мислење треба да се дискутираат за да се донесе одлука. Во исто време се определува крајниот датум за доставување писмени поднесоци во подготовката на усната расправа. Правилото 132 нема да се применува. Нови факти и докази поднесени после тој датум нема да се земат предвид, освен ако не се дозволат на основа на тоа што е променет предметот на расправата.
(2) Ако подносителот или носителот на патент бил известен за причините кои може да му штетат на признавањето или одржувањето на патентот, тој може да биде повикан, до датумот од ставот 1 на ова правило, втора реченица, да достави документи што ги задоволуваат барањата од Конвенцијата. Третата и четвртата реченица од ставот 1 на ова правило се применуваат mutatis mutandis.
Правило 117
Решение за прибирање докази
Кога Европскиот патентен завод смета дека е неопходно да сослуша странка, сведок или стурчњак, или да спроведе истрага, за таа цел донесува решение кое се однесува на покренување истрага со намера да ги изнесе релевантните факти што треба да се докажат, како и датумот, времето и местото на истрагата. Ако сослушувањето на сведоци или стручњаци е на барање на странките, во решението се определува рокот во кој барателот мора да ги направи достапни името и адресата на секој сведок или стручак на кој се однесуваат.
Правило 118
Повик да се дадат докази пред Европскиот патентен завод
(1) Повикот да се дадат докази пред Европскиот патентен завод се доставува до странките, сведоците или стручњаците на кои се однесува.
(2) Рокот што се дава од датумот на повикот на странките, сведоците или стручњаците кои ќе сведочат мора да биде најмалку два месеца, освен ако тие не се согласат на покус рок. Повикот содржи:
(а) извод од решението според правилото 117 кој треба да ги содржи датумот, времето и местото на наложената истрага и наведување на фактите во однос на што странките, сведоците и стручњаците кои треба да бидат сослушани;
(б) имињата на странките и учесниците на чии права сведокот или стручњакот може да се повикува во согласност со правилото 122, ставови од 2 до 4; и
(в) назнака дека странката, сведокот или стручњакот може да бара да биде сослушан од надлежен суд во неговата држава на престој во согласност со правилото 120 и повикување, во определен период, да го извести Европскиот патентен завод дали е подготвен да истапи пред него.
Правило 119
Испитување на доказите пред Европскиот патентен завод
(1) Одделот за испитување, Одделот за приговор и Апелациониот совет може да ополномоштат еден од нивните членови да ги испита изнесените докази.
(2) Странките, сведоците или стручњаците, пред да бидат сослушани се известуваат дека Европскиот патентен завод може да бара надлежен суд во држава на престој на соодветното лице, повторно да го испита сведочењето под заклетва или на соодветен обврзувачки начин.
(3) Странките можат да ја следат истрагата и можат да им постават соодветни прашања на странката, сведокот или на стручњакот што сведочи.
Правило 120
Сослушување од надлежен национален суд
(1) Странка, сведок или стручњак кој е повикан пред Европскиот патентен завод може да бара да му се дозволи да биде сослушан од надлежен суд во неговата држава на престој. Ако тоа е побарано или, ако во рокот одреден во повикот не е доставен одговор, Европскиот патентен завод може, во согласност со членот 131, став 2, да бара надлежниот суд да го сослуша соодветното лице.
(2) Ако странка, сведок или стручњак биле сослушани од Европскиот патентен завод, Заводот може, доколку смета дека е корисно сведочењето да биде дадено под заклетва или на друг соодветен обврзувачки начин, доставува барање во согласност со членот 131, став 2 до надлежениот суд во државата на престој на соодветното лице, повторно да го испита сведочењето под тие услови.
(3) Ако Европскиот патентен завод бара од надлежниот суд да изведе докази, Заводот може да бара од судот да ги изведе доказите под заклетва или на друг соодветен обврзувачки начин и да му дозволи на член од соодветниот оддел да го следи сослушувањето и да ги испрашува странката, сведокот или стручњакот со посредство на судијата или директно.
Правило 121
Ополномоштување на стручњак
(1) Европскиот патентен завод одлучува во каква форма треба да биде доставено мислењето на стручњакот што го одредил.
(2) Референтните услови на стручњакот треба да содржат:
(а) прецизен опис на неговата задача;
(б) периодот определен за доставување на неговото мислење;
(в) имињата на странките во постапката;
(г) учесници на чии права тој може да се повикува во согласност со правилото 122, ставови од 2 до 4.
(3) Копија од секое писмено мислење се доставува до странките.
(4) Странките може да приговорат на мислењето на стручњакот. По приговорот одлучува соодветниот оддел на Европскиот патентен завод.
Правило 122
Трошоци за прибирање докази
(1) Прибирањето докази од страна на Европскиот патентен завод може да биде условено со депонирање определен износ од проценетите трошоци за тоа од страна на странката која бара да се изведат доказите.
(2) На сведок или стручњак кој е повикан од и се појави пред Европскиот патентен завод му следи надоместок на патните и дневните трошоци. За овие трошоци може да му се даде аванс. Истото може да се однесува и на лица кои се појавуваат пред Европскиот патентен завод и се сослушувани како сведоци или стручњаци, без да бидат повикани од него.
(3) Сведоците кои имаат право на надоместок во согласност со ставот 2 на ова правило, исто така имаат право и на соодветен надоместок на изгубената заработувачка, а стручњаците на наплата за нивната работа. Плаќањата на сведоците и стручњаците ќе се извршат откако тие ќе ги исполнат нивните обврски и задачи.
(4) Административниот совет ги определува деталите за примена на ставовите 2 и 3 на ова правило. Сумите што се обврска според овие одредби ги плаќа Европскиот патентен завод.
Правило 123
Обезбедување на доказите
(1) На барање, Европскиот патентен завод може веднаш да преземе мерки за да ги сочува доказите кои може да имаат влијание на решението што се бара да биде донесено во поглед на европска патентна пријава или европски патент, кога постојат причини за сомневање дека подоцна може да биде потешко, а дури и невозможно доказите да се обезбедат. За датумот на кој ќе биде преземена оваа мерка се известуваат подносителот или носителот на патент со давање доволно време за обезбедување нивно присуство. Тие може да поставуваат прашања.
(2) Барањето содржи:
(а) податоци за барателот како што е предвидено во правилото 41, став 2(в);
(б) соодветна идентификација за европската патентна пријава или европскиот патент на кој се однесува;
(в) наведување на фактите во однос на кои треба да се приберат доказите;
(г) поединости за начинот на давање или добивање на доказите;
(д) изјава која, на прв поглед, потврдува постоење на сомневање дека подоцна може да биде потешко, а дури и невозможно доказите да се приберат.
(3) Барањето нема да се смета дека е поднесено додека не се плати пропишаната такса.
(4) Решението по барањето и секој добиен изведен доказ се ставаат во надлежност на одделот на Европскиот патентен завод кој го донесува решението на кое може да имаат влијание фактите кои ќе се утврдат. Одредбите што се однесуваат на прибирање докази во постапката пред Европскиот патентен завод исто така се применуваат.
Правило 124
Записник од усната расправа и прибирање на доказите
(1) Од усната расправа и прибирањето докази се составува записник кој ги содржи суштинските работи од усната расправа или прибирањето докази, релевантните изјави дадени од странките, сведочењата на странките, сведоците или стручњаците и резултатите од која било инспекција.
(2) Записникот од сведочењето на сведоците или стручњаците ќе им биде прочитан и доставен така што тие можат да ги прегледаат или, ако се забележани со технички средства ќе бидат пуштени да ги преслушаат, освен ако се откажат од тоа право. Во записникот се наведува дека бил прописно направен и дека лицата кои сведочеле го потврдиле записникот. Ако нивно прифаќање не е дадено, се внесуват нивните забелешки. Нема потреба од преслушување на записникот и негово потврдување ако записникот е воден буквално и со директна употреба на технички средства.
(3) Записникот го потпишува вработениот кој е надлежен за негово водење и вработениот кој ја води усната расправа или ги изведува доказите.
(4) Копија од записникот им се доставува на странките.
Глава IV
Известувања
Правило 125
Општи одредби
(1) Во постапката пред Европскиот патентен завод, секое известување мора да биде направено во форма на оригинален документ, копија, заверена од него или која го има печатот на Европскиот патентен завод, или компјутерски отпечатена со таков печат. Копиите од документите кои потекнуваат од самите странки не мора да имаат таква заверка.
(2) Известувањето се доставува:
(а) по пошта во согласност со правилото 126;
(б) со технички уреди за комуникација во согласност со правилото 127;
(в) со врачување во просториите на Европскиот патентен завод во согласност со правилото 128 или
(г) со јавно известување во согласност со правилото 129.
(3) Известувањата преку централните заводи за индустриска сопственост на договорните страни се доставуваат во согласност со законот кој се применува во националната постапка на тој завод.
(4) Кога документот стасал до адресантот, ако Европскиот патентен завод не може да докаже дека тој бил уредно известен или ако за одредбите на кои се однесува известувањето нема забелешки, се смета дека документот бил доставен на датумот кој Европскиот патентен завод го утврдил како датум на прием.
Правило 126
Известување по пошта
(1) За одлуките кои содржат рок за жалба или барање за повторно разгледување, повик и други такви документи определени од претседателот на Европскиот патентен завод, известувањето се врши со препорачана пратка со потврда за приемот. Сите останати известувања се доставуваат со препорачана пратка.
(2) Кога известувањето е доставено со препорачана пратка, со или без потрврда за приемот, таквата пратка се смета дека му е доставена на адресантот на десеттиот ден од испраќањето, освен ако таа не стигнала до адресантот или стигнала на подоцнежен датум. Во случај на спор, Европскиот патентен завод, во зависност од случајот, е должен да утврди дали пратката стигнала на определеното место или да го утврди датумот на кој пратката му била доставена на адресантот.
(3) Известувањето доставено со препорачана пратка, со или без потврда за приемот, се смета дека е доставено и кога приемот на пратката е одбиен.
(4) За сé она што е поврзано со доставување на известувањето по пошта кое не е опфатено со ставовите од 1 до 3 на ова правило, се применува законот на државата во која е направено известувањето.
Правило 127
Известувања преку технички уреди за комуникација
Известувањето може да биде направено преку технички уреди за комуникација што се определени од претседателот на Европскиот патентен завод и под услови утврдени од него.
Правило 128
Известување кое е доставено лично
Известувањето може да биде направено во просториите на Европскиот патентен завод со врачување на документот на адресантот кој при врачувањето го потврдува приемот. Се смета дека известувањето е направено и кога адресантот одбил да го прими документот или да го потврди неговиот прием.
Правило 129
Јавно известување
(1) Ако не може да се утврди адресата на адресантот или, ако по известувањето направено во согласност со правило 126, став 1 се покаже дека и по вториот обид не може да се изврши известувањето, известувањето се прави со јавно известување.
(2) Претседателот на Европскиот патентен завод го утврдува начинот на јавното известување и го определува почетокот на рокот од еден месец по чие истекување се смета дека известувањето за документите е направено .
Правило 130
Известување до застапниците
(1) Ако е назначен застапник, известувањето се адресира до него.
(2) Ако од една странка се назначени повеќе застапници, доволно е известувањето да му се достави на кој било од нив.
(3) Ако неколку странки имаат заеднички застапник доволно е известувањето да му се достави на заедничкиот застапник.
Глава V
Рокови
Правило 131
Пресметување на роковите
(1) Роковите се одредуваат во периоди од години, месеци, недели или денови.
(2) Пресметувањето почнува наредниот ден од денот на кој се случил настанот, кога настанот е дел од постапката или истекување на друг рок. Кога делот од постапката е известување, соодветен настан е приемот на документот со известувањето, доколку поинаку не е предвидено.
(3) Кога рокот што истекува е една година или одреден број години, тој истекува во соодветната наредна година, во истиот месец и на истиот датум како што е месецот и датумот на кој се случил тој настан. Ако соодветниот нареден месец нема ден со тој датум, рокот истекува на последниот ден од тој месец.
(4) Кога рокот што истекува е еден месец или одреден број на месеци, тој истекува во соодветниот нареден месец на истиот датум како што е и датумот на кој се случил тој настан. Ако соодветниот нареден месец нема ден со тој датум, рокот истекува на последниот ден од тој месец.
(5) Кога рокот што истекува е една недела или одреден број недели, тој истекува во соодветната наредна недела на истиот ден како и денот на кој се случил тој настан.
Правило 132
Рокови определени од Европскиот патентен завод
(1) Кога Конвенцијата или Правилникот кон Конвенцијата се повикуваат на “определен рок“, тој рок го определува Европскиот патентен завод.
(2) Доколку не е поинаку предвидено, рокот определен од Европскиот патентен завод нема да биде покус од два месеца ниту подолг од четири месеци, а во определени околности тој може да биде до шест месеци. Во посебни случаи, рокот може да биде продолжен на барање доставено пред истекот на тој рок.
Правило 133
Задоцнет прием на поднесоци
(1) Поднесоците кои подоцна се примени во Европскиот патентен завод се смета дека се примени на време доколку биле пратени навреме по пошта или доставени до овластен сервис за доставување пред истекот на рокот во согласност со условите донесени од претседателот на Европскиот патентен завод, освен ако поднесоците се примени подоцна од три месеци од истекот на тој рок.
(2) Ставот 1 на ова правило се применува mutatis mutandis на роковите кога дејствието е извршено од надлежен орган во согласност со членот 75, став 1(б) или 2(б).
Правило 134
Продолжување на роковите
(1) Ако рокот истекува на ден на кој еден од приемните заводи на Европскиот патентен завод, во согласност со правилото 35 став 1, не е отворен за прием на поднесоци или ако поштата не е доставена во Заводот од причини различни од оние наведени во ставот 2 на ова правило, рокот се продолжува до наредниот ден на кој се отворени сите приемни заводи за прием на поднесоци и на кој поштата може да се доставува. Првата реченица се применува mutatis mutandis и кога не можеле да бидат примени поднесоци кои се доставени преку некое од средствата за комуникација дозволени од претседателот на Европскиот патентен завод според правилото 2 став 1.
(2) Ако рокот истекува на ден на кој има целосно попречување во доставувањето или преносот на поштата во договорна страна, рокот се продолжува за странките кои се жители на таа држава или имаат назначено застапник со седиште во таа држава до првиот нареден ден кој следи по завршувањето на перидот на попречувањето. Ако соодветната држава е држава каде што се наоѓа Европскиот патентен завод, оваа одредба се применува за сите странки и нивните застапници. Овој став се применува mutatis mutandis и на рокот наведен во правилото 37 став 2.
(3) Ставовите 1 и 2 на ова правило се применуваат mutatis mutandis и кога дејствието е извршено од надлежен орган во согласност со членот 75, став 1(б) или 2(б).
(4) Европскиот патентен завод ги објавува датумите на почетокот и завршувањето на попречување според ставот 2 на ова правило.
(5) Без оглед на одредбите од ставовите од 1 до 4 на ова правило, заинтересираните странки може да достават докази дека во некој од десетте дена коишто му претходат на денот на истекувањето на рокот, доставувањето или преносот на поштата е попречено како резултат на посебни околности како што се, природни несреќи, војна, граѓански нереди, целосен пад на некое од средствата за техничка комуникација дозволени од претседателот на Европскиот патентен завод според правилото 2 став 1 или некоја слична причина што се однесува на местото на живеење на странката или седиштето на застапникот. Ако доставените докази се прифатливи за Европскиот патентен завод, се смета дека подоцна доставените поднесоци се доставени навреме доколку доставувањето или преносот се направени најдоцна на петтиот ден по завршувањето на попречувањето.
Правило 135
Понатамошно продолжување на постапката
(1) Понатамошно продолжување на постапката во согласност со членот 121, став 1 се бара со плаќање на пропишаната такса во рок од два месеца од доставувањето на известувањето кое се однесува или на пропуштање да се одговори на рокот или на губење на правата. Пропуштеното дејствие треба да се изврши во рокот даден за поднесување на барањето.
(2) Понатамошно продолжување на постапката не се остварува кога се однесува на роковите наведени во членот 121, став 4 и во однос на роковите според правилото 6, став 1, правилото 16, став1(а), правилото 31, став 2, правилото 40, став 3, правилото 51, ставови од 2 до 5, правилото 52, ставови 2 и 3, правилата 55, 56, 58, 59,64 и правилото 112, став 2.
(3) Одделот кој е надлежен да одлучува за пропуштеното дејствие одлучува и по барањето за понатамошно продолжување на постапката.
Правило 136
Враќање во поранешна состојба
(1) Барање за враќање во поранешна состојба во согласност со членот, 122 став 1, се поднесува во писмена форма, во рок од два месеца од отстранување на причините за пропуштањето на рокот, но најдоцна во рок од една година од пропуштањето на рокот. Меѓутоа, барањето за враќање во поранешна состојба во однос на кој било од роковите наведени во членот 87, став 1 и членот 112а, став 4 се поднесуваат во рок од два месеца од истекувањето на тој рок. Барањето за враќање во поранешна состојба нема да се смета дека било поднесено додека не се платат пропишаните такси.
(2) Во барањето се наведуваат причините на кои се заснова и се изнесуваат фактите на кои тоа се поткрепува. Пропуштеното дејствие треба да се изврши во рокот кој е даден за поднесување на барањето во согласност со ставот 1 на ова правило.
(3) Враќање во поранешна состојба не се спроведува во однос на кој било рок за кој е дозволено продолжување на постапката според членот 121 и во однос на роковите за барање враќање во поранешна состојба.
(4) Одделот надлежен да одлучува за пропуштеното дејствие одлучува и по барањето за враќање во поранешна состојба.
Глава VI
Измени и исправки
Правило 137
Измена на Европската патентна пријава
(1) Подносителот не може да ги измени описот, патентните барања или нацртите на европската патентна пријава пред добивањето на европскиот извештај од пребарувањето, освен ако не е поинаку предвидено.
(2) По добивањето на европскиот извештај од пребарувањето, подносителот може, по сопствена одлука, да ги измени описот, патентните барања и нацртите.
(3) По добивањето на првото известување од Одделот за испитување, подносителот може, по сопствена одлука, да ги измени описот, патентните барања и нацртите, доколку измените ги поднесе во исто време со одговорот на известувањето. Понатамошни измени не може да се направат без согласност на Одделот за испитување.
(4) Измените на патентните барања не може да се однесуваат на предметот кој не е опфатен со пребарувањето и кој во комбинација со првобитно доставениот пронајдок или група на пронајдоци не формира единствена пронајдувачка замисла.
Правило 138
Различни патентни барања, опис и нацрти за разни држави
Ако Европскиот патентен завод е известен за постоење претходно право во согласност со членот 139, став 2, европската патентна пријава или европскиот патент може за таа држава или држави да содржи патентни барања и, ако е соодветно, опис и нацрти различни од оние во другите назначени држави.
Правило 139
Исправка на грешките во поднесоците доставени во Европскиот патентен завод
Јазичните грешки, грешките во транскрипцијата и која било грешка во поднесоците доставени во Европскиот патентен завод, на барање може да бидат исправени. Меѓутоа, ако барањето за исправка се однесува на описот, патентните барања или нацртите, исправката мора да биде очигледна, во смисла дека веднаш е воочливо дека се нема намера за ништо друго освен она што е предложено за исправка.
Правило 140
Исправка на грешките во одлуките
Во одлуките на Европскиот патентен завод може да се исправат само јазични грешки, грешки во транскрипцијата и очигледни грешки.
Глава VII
Информации за претходната состојба на техниката
Правило 141
Информации за претходната состојба на техниката
Европскиот патентен завод може да го повика подносителот на пријавата во определен рок да достави информации за претходната состојба на техниката која била земена во предвид во испитувањето на националната или регионалната патентна пријава во однос на пронајдокот на кој се однесува европската патентна пријава.
Глава VIII
Прекинување на постапката
Правило 142
Прекинување на постапката
(1) Постапката пред Европскиот патентен завод се прекинува:
(а) во случај на смрт или правна неспособност на подносителот или носителот на европски патент или на лицето овластено во согласност со националниот закон да делува во нивно име. Сé додека горенаведените случаи немаат дејство на застапникот назначен во согласност со членот 134, постапката се прекинува само на барање на застапникот;
(б) во случај кога подносителот или носителот на патент се спречени да ја продолжат постапката од правни причини, како резултат на дејствие преземено против нивната сопственост;
(в) во случај на смрт или правна неспособност на застапникот на подносителот или носителот на патент или ако тој е спречен да ја продолжи постапката од правни причини кои се резултат на дејствие преземено против нивната сопственост.
(2) Кога, во случаите наведени во ставот 1 од (а) до (в) на ова правило, Европскиот патентен завод ќе биде известен за лицето кое е овластено да ја продолжи постапката, тој го известува тоа лице и, ако е потребно, секоја трета страна, за датумот определен за продолжување на постапката.
(3) Во случајот од ставот 1(в) на ова правило постапката продолжува кога Европскиот патентен завод ќе биде известен за назначување нов застапник на подносителот на пријавата или кога Заводот ги известил другите страни за назначувањето нов застапник на носителот на патентот. Ако Европскиот патентен завод во рок од три месеци од почетокот на запирањето на постапката не е известен за назначувањето нов застапник, тој го известува подносителот или носителот на патент:
(а) тогаш кога може да се примени членот 133, став 2, се смета дека европската патентна пријава е повлечена или дека европскиот патент е отповикан доколку назначувањето нов застапник не биде доставено во рок од два месеца од известувањето;
(б) во другите случаи, дека постапката ќе продолжи со подносителот или носителот на патент од доставувањето на известувањето.
(4) Сите рокови коишто важеле на датумот на запирање на постапката, освен оние што се однесуваат на барање испитување и плаќање на таксите за одржување, почнуваат да течат од датумот на кој е продолжена постапката. Ако тој датум е во рок кој е помалку од два месеца пред завршување на рокот во кој мора да се поднесе барањето за испитување, тоа барање може да се поднесе во рок од два месеца од тој датум.
Глава IX
Информирање на јавноста
Правило 143
Впишување во европскиот патентен регистар
(1) Европскиот патентен регистар ги содржи следните податоци:
(а) број на Европската патентна пријава;
(б) датум на поднесување на пријавата;
(в) назив на пронајдокот;
(г) класификацијата во која е распоредена пријавата;
(д) назначените договорни страни;
(ѓ) податоци за подносителот или носителот на патент, како што е предвидено во правилото 41, став 2(в);
(е) презиме, име и адреса на пронајдувачот наведен од подносителот или носителот на патент, освен ако, во согласност со правилото 20, став 1, тој се откажал од своето право да биде наведен;
(ж) податоци за застапникот на подносителот или носителот на патент во согласност со правилото 41, став 2(г). Ако има повеќе застапници, податоци само за застапникот кој е прв наведен и зборовите “и други“ и во случај на здружение наведено во правилото 152, став 11, само име и адреса на здружението;
(з) датум на првенство (датум, држава и број на поднесување на претходната пријава);
(ѕ) во случај на разделување на пријава, броевите на сите разделени пријави;
(и) во случај на разделена пријава или нова пријава во согласност со членот 61, став 1(б), податоците за претходната пријава наведени во точките (а), (б) и (з) на овој став;
(ј) датум на објавување на пријавата и, ако е соодветно, датум на издвоеното објавување на европскиот извештај од пребарувањето;
(к) датум на поднесување на барањето за испитување;
(л) датум на кој пријавата е одбиена, повлечена или се смета за повлечена;
(љ) датум на објавување на признавањето на европски патент;
(м) датум на престанок на патентот во договорна страна за време на периодот на постапка по приговор и, ако е соодветно, сé уште недонесена конечна одлука по приговорот;
(н) датум на приговорот;
(њ) датумот и суштината на одлуката по приговорот;
(о) датумите на запирање и продолжување на постапката во случаите наведени во правилата 14 и 78;
(п) датумите на прекинување и продолжување на постапката во случајот наведен во правилото 142;
(р) датумот на враќање во поранешна состојба кога се внесени податоци според точките (л) или (њ);
(с) за поднесено барање за конверзија во согласност со членот 135, став 3;
(т) стекнатите права и преносот на тие права на пријава или европски патент кога со овој правилник е предвидено нивно впишување ;
(ќ) датумот и суштината на одлуката по барањето за ограничување или отповикување на европски патент;
(у) датумот и суштината на одлуката на Вишиот апелационен совет по барање за повторно разгледување.
(2) Претседателот на Европскиот патентен завод може да одлучи, во Европскиот патентен регистар да се внесат и други податоци, освен оние наведени во ставот 1 на ова правило.
Правило 144
Делови од документи во кои не е можен увид
Делови од документите во кои не е можен увид во согласност со членот 128, став 4 се:
(а) документите кои се однесуваат на барање за исклучување или приговарање на работата на членови на Апелациониот совет или Вишиот апелационен совет;
(б) нацрт одлуките и забелешките и сите други документи кои се користени при подготвување на одлуките и забелешките и кои не се доставени до странките;
(в) назначувањето на пронајдувачот ако тој се откажал од своето право да биде наведен во согласност со правилото 20, став 1;
(г) секој друг документ кој од претседателот на Европскиот патентен завод е исклучен од можноста за увид на основа дека таквиот увид не служи на потребата за информирање на јавноста во врска со европската патентна пријава или европскиот патент.
Правило 145
Постапка за увид во документите
(1) Увидот во документите на европската патентна пријава или европскиот патент може да биде во оригиналните документи или во нивна копија или техничкото средство за сочувување на документите, ако тие се сочувани на тој начин.
(2) Претседателот на Европскиот патентен завод ги определува сите начини на разгледување на документите, вклучително и околностите под кои се плаќа административна такса.
Правило 146
Известување за податоците соджани во документите
Освен ограничувањата од правилото 128, ставови од 1 до 4 и правилото 144, Европскиот патентен завод, на барање и со плаќање на административна такса, ги доставува информациите што се однесуваат на кој било документ во врска со европска патентна пријава или европски патент. Европскиот патентен завод може да укаже дека постои можност за разгледување на документот, ако смета дека тоа е посоодветно во поглед на квалитетот на информациите кои треба да се достават.
Правило 147
Составување, одржување и чување на документите
(1) Европскиот патентен завод ги формира, одржува и чува документите кои се однесуваат на европска патентна пријава и европски патент.
(2) Претседателот на Европскиот патентен завод го утврдува начинот на кој овие документи се формираат, одржуваат и чуваат.
(3) Документите што се во електронски облик се смета дека се оригинални.
(4) Сите документи се чуваат најмалку пет години по завршувањето на годината во која:
(а) пријавата е отфрлена, повлечена или се смета за повлечена;
(б) патентот е поништен од Европскиот патентен завод; или
(в) патентот или соодветната заштита според членот 63, став 2 престанал во последната од назначените држави.
(5) Без оглед на одредбите од ставот 4 на ова правило, документите што се однесуваат на пријавите од кои произлегле разделени пријави во согласност со членот 76 или нови пријави во согласност со членот 61, став 1(б) се чуваат најмалку до периодот што се однесува на последната пријава. Истото се применува на документите на секој патент кој произлегол од нив.
Глава Х
Правна и административна соработка
Правило 148
Комуникација помеѓу Европскиот патентен завод и надлежните органи на договорните страни
(1) Комуникација помеѓу Европскиот патентен завод и централните заводи за индустриска осптвеност на договорните страни што произлегува од примената на Конвенцијата, се остварува директно помеѓу тие надлежни овластени институции. Комуникацијата помеѓу Европскиот патентен завод и судовите или други надлежни органи во договорните страни може да се остварува со посредство на централните заводи за индустриска соптвеност.
(2) Трошоците за комуникацијата од ставот 1 на ова правило се на товар на надлежниот орган кој ја прави комуникацијата, но истиот се иззема од плаќање такси.
Правило 149
Разледување на документите од страна на суд, преку суд или од надлежен орган на договорните страни
(1) Разледување на документите на европска патентна пријава или европски патент од страна на суд или од надлежен орган на договорните страни се врши во оригиналните документи или нивни копии. Правилото 145 нема да се применува.
(2) Судовите или јавните обвинителстава на договорните страни можат, за време на нивната постапка, да ги достават до трети лица документите што им биле доставени од Европскиот патентен завод или копии од нив. Доставувањето треба да биде направено во согласност со членот 128 и нема да подлежи на плаќање такса.
(3) При доставување на документите Европскиот патентен завод им обрнува внимание на ограничувањата кои во согласност со членот 128, ставови од 1 до 4 може да се однесуваат за трети лица.
Правило 150
Постапка по барање истрага
(1) Секоја договорна страна назначува централен надлежен орган за прием на барања за истрага издадени од Европскиот патентен завод и нивно доставување до судот или надлежните органи за извршување.
(2) Европскиот патентен завод го составува барањето за истрага на јазикот на надлежниот суд или надлежните органи или со барањето за истрага доставува превод на тој јазик.
(3) Земајќи ги во предвид ставовите 5 и 6 на ова правило, надлежниот суд или органите го применуваат националниот закон во однос на постапката што треба да следи за извршување на таквото барање, а особено за соодветните мерки на принуда.
(4) Ако судот или органот до кој е доставено барањето не се надлежни за негово извршување, барањето веднаш се доставува до централниот надлежен орган од ставот 1 на ова правило. Тие го доставуваат барањето до надлежниот суд или до надлежните органи на таа држава, или до Европскиот патентен завод ако нема надлежен суд или орган во таа држава.
(5) Европскиот патентен завод мора да биде известен за времето кога и за местото на кое ќе се изврши распитот или други правни мерки кои ќе бидат преземени и за тоа ги известува засегнатите странки, сведоци и стручњаци.
(6) Ако тоа го побара Европскиот патентен завод, надлежниот суд или органите мора да дозволат присуство на членови од соодветниот оддел и да им допуштат да му поставуваат прашања на секое лице кое сведочи директно или преку надлежниот суд или надлежниот орган.
(7) Извршувањето на барањето за истрага нема да предизвика враќање на какви било такси или трошоци од која било природа. Сепак, државата во која се извршува барањето за истрага има право да бара од Организацијата да и ги надоканади таксите платени за стручњаците, преведувачите и трошоците што произлегуваат од постапката според ставот 6 на ова правило.
(8) Ако законот кој го применува надлежниот суд или орган ги обврзува странките да обезбедат докази и надлежниот суд или органот не можат самите да го извршат барањето за истрага, тогаш судот или органот можат, со согласност на Европскиот патентен завод, да овластат друго лице да го направи тоа. При барање на таквата согласност надлежниот суд или орган треба ги наведе приближните трошоци што може да произлезат од постапката. Ако Европскиот патентен завод даде согласност, Организацијата ги надоместува сите направени трошоци, во спротивно Организацијата не е одговорна за таквите трошоци.
Глава XI
Застапување
Правило 151
Поставување заеднички претставник
(1) Ако има повеќе од еден подносител, а во барањето за признавање на европски патент не е назначен заеднички претставник, подносителот кој прв е наведен во барањето се смета за заеднички претставник. Сепак, ако некој од подносителите е обврзан да назначи регистриран застапник, неговиот застапник се смета како заеднички претставник, освен ако подносителот кој е прв наведен во барањето има назначено регистриран застапник. Истото се применува и на трети лица кои дејствуваат заедно во доставувањето приговор или интервенции и на заедничките носители на европски патент.
(2) Ако европската патентна пријава е пренесена на повеќе од едно лице и тие лица не определиле заеднички претставник, ставот 1 на ова правило се приемнува mutatis mutandis. Ако ваквата примена не е можна, Европскиот патентен завод ги повикува тие лица во определен рок да назначат заеднички претставник.
Правило 152
Овластувања
(1) Претседателот на Европскиот патентен завод ги определува случаите во кои застапниците кои постапуваат пред Европскиот патентен завод треба да достават потпишано овластување.
(2) Кога застапникот пропуштил да достави такво овластување, Европскиот патентен завод го повикува да го достави во определен рок. Овластувањето може да се однесува на една или повеќе европски патентни пријави или европски патенти и треба да се поднесе во соодветен број на копии.
(3) Кога не се исполнети барањата во членот 133, став 2, еден ист рок се определува за назначување на застапник и за доставување на овластувањето.
(4) Може да се достави генерално овластување кое му овозможува на застапникот да постапува во сите дејствија на странката за што е доволна една копија.
(5) Претседателот на Европскиот патентен завод може да ја определи формата и содржината на :
(а) овластувањето кое се однесува на застапување на лицата според членот 133, став 2; и
(б) генералното овластување.
(6) Ако бараното овластување не е доставено во определениот рок, без оглед на другите правни последици пропишани со Конвенцијата, секоја административна постапка преземена од застапникот, освен онаа која се однесува на поднесување европска патентна пријава, се смета дека не била преземена.
(7) Ставовите од 2 до 4 на ова правило се однесуваат и на повлекување на овластувањето.
(8) Застапникот се смета дека е овластен сé додека до Европскиот патентен завод не биде доставено известување за престанок на неговото овластување.
(9) Овластувањето во однос на Европскиот патентен завод нема да престане по смртта на лицето кое го дало, освен ако изрично не е предвидено поинаку.
(10) Ако странката назначила повеќе застапници, тие може да дејствуваат заедно или поединечно и покрај постоењето на некои одредби за спротивното во известувањето за нивното назначување или во овластувањето.
(11) Овластување на здружение на застапници се смета како овластување на кој било застапник што може да докаже дека работи со тоа здружение.
Правило 153
Доверливост на застапникот
(1) Кога се бараат совети од регистриран застапник во такво негово својство, сите комуникации помеѓу регистрираниот застапник и неговиот клиент или некое друго лице што се остваруваат за таа намена, а потпаѓаат под членот 2 од Правилникот за однесување на регистрираните застапници, се трајно заштитени и не смеат да се откријат во постапката пред Европскиот патентен завод, освен ако клиентот изрично не се откажал од доверливоста.
(2) Доверливост за откривање се однесува на која било комуникација или документи што се однесуваат особено на:
(а) проценување дали се исполнети условите за признавање на патент за пронајдокот;
(б) подготовка на европската патентна пријава или на постапката што се однесува на европската патентна пријава ;
(в) кое било мислење што се однесува на важноста, обемот на заштита или повредата на европската патентна пријава или европскиот патент.
Правило 154
Промени во листата на професионални застапници
(1) Уписот на регистрираниот застапник се брише од листата на регистрирани застапници ако тој го побара тоа или ако, и покрај повеќекратно потсетување, не му ја плати годишната претплата на Институтот пред крајот на септември за годината за која ја должи претплатата.
(2) Без оглед на кои било дисциплински мерки во согласност со членот 134а, став 1(в), уписот на регистрираниот застапник може да се избрише по службена должност само:
(а) во случај на негова смрт или правна неспособност;
(б) кога тој повеќе не е државјанин на една од договорните страни , освен ако му се признаваат изземањата во согласност со членот 137, став 7(а);
(в) кога тој повеќе нема седиште или вработување во една од договорните страни .
(3) Секое лице впишано во листата на професионални застапници во согласност со членот 134, ставови 2 или 3 чиј упис бил избришан, на барање повторно се внесува во таа листа, ако повеќе не постојат причините за бришењето.
ДЕЛ VIII
ПРАВИЛНИК КОН ДЕЛОТ VIII НА КОНВЕНЦИЈАТА
Правило 155
Поднесување и пренос на барање за конверзија
(1) Барањето за конверзија во согласност со членот 135, став 1(а) или (б) се поднесува во рок од три месеци од повлекувањето на Европската патентна пријава, од известувањето дека пријавата се смета за повлечена, од решението за одбивање на пријавата, или отповикување на европскиот патент. Ефектот на европската патентна пријава во согласност со членот 166 престанува ако барањето не е навремено поднесено.
(2) Кога барањето за конверзија се пренесува до централниот завод за индустриска сопственост на договорната страна наведена во барањето, централниот завод за индустриска сопственост на договорната страна на која тоа се однесува или Европскиот патентен завод, кон барањето го приклучуват и предметот кој се однесува на европската патентна пријава или европскиот патент.
(3) Ако барањето за конверзија во согласност со членот 135, став 1(а) или 2 не е пренесено во периодот пред истекот на рокот од дванаесет месеци од датумот на поднесување или, ако е побарано право на првенство, од датумот на првенството, се применува членот 135, став 4.
Правило 156
Известување на јавноста во случај на конверзија
(1) Документите доставени со барањето за конверзија во согласност со правилото 155, став 2, централниот завод за индустриска сопственост на договорната страна ќе и ги направи достапни на јавноста под истите услови и до истиот опсег како и документите што се однесуваат на националната постапка.
(2) Во отпечатената спецификација на националниот патент кој произлегол од конверзијата на европската патентна пријава се наведува таа пријава.
ДЕЛ IX
ПРАВИЛНИК КОН ДЕЛОТ IX НА КОНВЕНЦИЈАТА
Правило 157
Европскиот патентен завод како приемен завод
(1) Европскиот патентен завод е надлежен да дејствува како приемен завод во смисла на ДСП ако подносителот е жител или државјанин на договорна страна на оваа конвенција и на ДСП. Без оглед на ставот 3 на ова правило, ако подносителот го избере Европскиот патентен завод како приемен завод, меѓународната пријава се поднесува директно во Европскиот патентен завод. Членот 75, став 2 се применува mutatis mutandis.
(2) Кога Европскиот патентен завод дејствува како приемен завод според ДСП, меѓународната пријава се поднесува на англиски, француски или германски јазик. Претседателот на Европскиот патентен завод може да определи дали меѓународната пријава и кои било други делови се поднесуваат во повеќе од една копија.
(3) Ако меѓународната пријава е поднесена до надлежен орган на договорна страна за да биде пренесена до Европскиот патентен завод како приемен завод, договорната страна обезбедува пријавата да биде доставена во Европскиот патентен завод не подоцна од две недели пред завршувањето на тринаесетиот месец од нејзиното поднесување или, ако е побарано право на првенство, од датумот на првенство.
(4) Таксата за пренесување на меѓународната пријава треба да се плати во рок од еден месец од поднесување на пријавата.
Правило 158
Европскиот патентен завод како институција овластена за меѓународно пребарување или меѓународно прелиминарно испитување
(1) Во случаите од членот 17, став 3(а) на ДСП, треба да се плати дополнителна такса за меѓународно пребарување за секој понатамошен пронајдок за кој треба да се направи меѓународно пребарување.
(2) Во случаите од членот 34, став 3(а) на ДСП, треба да се плати дополнителна такса за меѓународно прелиминарно испитување за секој понатамошен пронајдок за кој треба да се направи меѓународно прелиминарно испитување.
(3) Кога има приговор за платената дополнителна такса и доколку е платена пропишаната такса за приговорот, Европскиот патентен завод го испитува приговорот во согласност со правилото 40.2 од (в) до (д) или правилото 68.3 од (в) до (д) од ДСП. Другите детали што се однесуваат на постапката ги определува претседателот на Европскиот патентен завод.
Правило 159
Европскиот патентен завод како назначен или избран завод – Барања за влегување во европска фаза
(1) Во однос на меѓународната патентна пријава, во согласност со членот 153, подносителот треба да ги изврши следните дејствија во период од тринаесет месеци од датумот на поднесување на пријавата или, ако е побарано право на првенство, од датумот на првенството:
(а) ако е потребно, да достави превод на меѓународната пријава во согласност со членот 163, став 4;
(б) да ги наведе поднесоците во пријавата на кои треба да се засновува европската постапка за признавање, онака како што се оригинално поднесени или изменети;
(в) да ја плати таксата за поднесување во согласност со членот 78, став 2;
(г) да плати такси за назначување ако рокот според правилото 139 истекол порано;
(д) да плати такса за пребарување ако треба да се направи извештај од дополнително европско пребарување;
(ѓ) да поднесе барање за испитување во согласност со членот 94, ако рокот според правилото 70, став 1 истекол порано;
(е) да ја плати таксата за одржување за третата година во согласност со членот 86, став 1, ако требала да биде платена во согласност со правилото 51,став 1;
(ж) ако е соодветно, да поднесе сертификат од изложување како што е наведено во членот 155, став 2 и во правилото 25.
(2) Одделот за испитување е надлежен да ги донесува одлуките на Европскиот патентен завод во согласност со членот 25, став 2(а) на ДСП.
Правило 160
Последици од неисполнување на определени барања
(1) Ако преводот на меѓународната пријава или барањето за испитување не се поднесени навреме или не е платена навреме таксата за поднесување или таксата за пребарување, или не е платена навреме таксата за назначување, се смета дека европската пријава на патент е повлечена.
(2) Назначувањето на која било договорна страна за која таксата за назначување не е платена навреме, се смета дека е повлечено.
(3) Кога Европскиот патентен завод утврдил дека пријавата или назначувањето на договорна страна се смета за повлечено во согласност со ставoт 1 или 2 на ова правило, го известува подносителот за тоа. Правилото 112, став 2 се применува mutatis mutandis.
Правило 161
Измени на пријавата
Без оглед на правилото 137 ставови од 2 до 4, пријавата може еднаш да се измени во рок од еден месец од дописот со кој подносителот е известен за тоа. Изменетата пријава претставува основа за кое било дополнително пребарување што се извршува во согласност со членот 153 став 7.
Правило 162
Патентни барања за кои се плаќаат такси
(1) Ако поднесоците на пријавата на кои се засновува постапката за признавање европски патент содржат повеќе од десет патентни барања, треба да се плати такса за патентни барања за единаесеттото и за сите понатамошни барања во рокот во согласност со правилото 159 став 1.
(2) Ако таксите за патентни барања не се платени навреме, тие сепак може да се платат во рок од еден месец од известувањето дека бил пропуштен рокот за нивно плаќање. Ако во тој период биле доставени изменети патентни барања, таксата што треба да се плати се пресметува на основа на изменетите патентни барања.
(3) Ќе биде вратена секоја такса за патентни барања која е платена во рокот од ставот 2 на ова правило и која ја надминува онаа што требало да се плати во согласност со ставот 2 на ова правило, втора реченица.
(4) Ако таксата за патентни барања не се плати во предвидениот рок, се смета дека подносителот се откажал од тие патентни барања.
Правило 163
Испитување на некои формални барања од страна на Европскиот патентен завод
(1) Кога назначувањето на пронајдувачот во согласност со правилото 19 став 1 не е направено во рокот определен во правилото 159 став 1, Европскиот патентен завод го повикува подносителот да го изврши назначувањето во рок од два месеца.
(2) Кога е побарано право на првенство од претходна пријава и ако, во рокот во согласност со правилото 159 став 1 не бил доставен бројот на поднесување на претходната пријава или копија од неа како што е предвидено во правилото 52 став 1 и правилото 53, Европскиот патентен завод го повикува подносителот во рок од два месеца да ги достави бројот и копијата. Правилото 53 ставови 2 и 3 исто така се применува.
(3) Кога истекува рокот во согласност со правилото 159 став 1, а листите на секвенци во согласност со стандардите предвидени во Административните напатствија според ДСП сé уште не се достапни во Европскиот патентен завод, се повикува подносителот, во рок од два месеца да ги достави листите на секвенци во согласност со правилата определени од претседателот на Европскиот патентен завод. Правилото 30 ставови 2 и 3 се применуваат mutatis mutandis.
(4) Кога истекува рокот во согласност со правилото 159 став 1, а во пријавата недостасува адресата, државјанството или државата во која е живеалиштето или главното седиште на работа на подносителот, Европскиот патентен завод го повикува подносителот во рок од два месеца да ги пополни тие податоци.
(5) Кога истекува рокот во согласност со правилото 159 став 1, а не се исполнети барањата од членот 133 став 2, Европскиот патентен завод го повикува подносителот, во рок од два месеца да назначи регистриран застапник.
(6) Ако недостатоците утврдени во согласност со ставовите 1, 4 или 5 на ова правило не се отстранети навреме, европската патентна пријава се одбива. Ако недостатоците утврдени во согласност со ставот 3 на ова правило не се отстранети навреме, пријавата го губи правото на првенство.
Правило 164
Проценување на единството на пронајдокот од страна на Европскиот патентен завод
(1) Кога Европскиот патентен завод смета дека поднесоците од пријавата кои служат како основа за дополнително пребарување, не ги исполнуваат барањата за единство на пронајдокот, дополнителниот извештај од пребарувањето го подготвува за оние делови од пријавата што се однесуваат на пронајдокот или на група пронајдоци во смисла на членот 82 кои први се наведени во патентните барања.
(2) Кога Одделот за испитување смета дека поднесоците од пријавата на која се засновува постапката за признавање не ги исполнуваат барањата за единство на пронајдокот или е побарана заштита за пронајдок кој не е опфатен со извештајот од меѓународното пребарување или пак со извештајот за дополнително пребарување, го повикува подносителот да ја ограничи пријавата на пронајдокот опфатен со извештајот од меѓународното пребарување или со извештајот за дополнително пребарување.
Правило 165
Еуро-ДСП пријава како конфликтна пријава
во согласност со членот 54 став 3
Еуро-ДСП пријава се смета дека е опфатена со состојбата на техниката во согласност со членот 54 став 3, ако, покрај исполнување на условите дадени во членот 153 ставови 3 и 4, за неа е платена и такса за поднесување во согласност со правилото 159 став 1(в).
***
ПРОТОКОЛ ЗА ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 69 ОД ЕПК
од 5 октомври 1973
како што е изменет и дополнет со Актот за изменување и дополнување на ЕПК од 29 ноември 2000
Член 1
Основни начела
Членот 69 нема да се толкува на начин што би подразбирал дека обемот на заштитата на признатиот европски патент е дефиниран со чисто буквално толкување на зборовите содржани во патентните барања, а описот и нацртите да се користат само за појаснување на нејаснотиите кои можат да се јават во патентните барања. Толкувањето исто така нема да биде во насока што значи дека патентните барања служат само како водич и дека обемот на остварената заштита може да се прошири на она што стручњак од областа смета дека произлегува од описот и нацртите како и на она што носителот на патентот сметал дека побарал да биде заштитено. Напротив, толкувањето треба да дефинира позиција помеѓу овие два екстрема со која се овозможува фер заштита за носителот на патентот и разумен степен на правна сигурност за трети лица.
Член 2
Еквиваленти
За целите на определување на обемот на заштитаа остварена со европскиот патент, особено внимание треба да се обрне на секој елемент кој е еквивалентен на елементот даден во патентните барања.
***
ПРОТОКОЛ ЗА ЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН СИСТЕМ И НА НЕГОВОТО ВОВЕДУВАЊЕ
(ПРОТОКОЛ ЗА ЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА)
од 5 октомври 1973 година
како што е изменет и дополнет со Актот за изменување и дополнување на ЕПК од 29 ноември 2000
Глава 1
(1)(а) По стапувањето на сила на Конвенцијата, договорните страни кои исто така се членки на Меѓународниот патентен институт основан врз основа на Хашкиот договор од 6 јуни 1947 година треба да ги преземат сите неопходни чекори за обезбедување трансфер кон Европскиот патентен завод, но не подоцна од датумот од членот 162 став 1 на Конвенцијата за целиот имот и законските надлежности и сите вработени на Меѓународниот патентен институт. Таквиот трансфер се спроведува со договор помеѓу Меѓународниот патентен институт и Европската патентна организација. Овие држави и другите договорни страни на Конвенцијата ги преземаат сите неопходни чекори кои овозможуваат примена на договорот, но не подоцна од датумот наведен во членот 162 став 1 на Конвенцијата. По примената на договорот, договорните страни на Меѓународниот патентен институт кои исто така се и договорни страни на Конвенцијата, преземаат чекори за престанок на нивното членство во Хашкиот договор.
(б) Земјите членки на Конвенцијата ги преземаат сите неопходни чекори со кои се обезбедува целиот имот, законските надлежности и вработените во Меѓународниот патентен институт да се пренесат на Европскиот патентен завод во согласност со договорот од ставот (а) на оваа глава. По примената на договорот сите преземени задачи од Меѓународниот патентен институт на датумот на кој Конвенцијата е отворена за потпишување и особено оние кои се преземаат во име на неговите земји членки, без оглед дали тие стануваат членки на Конвенцијата и задачите кои се преземени во времето на стапување на сила на Конвенцијата, а кои се спроведуваат во име на државите кои на тој датум се во исто време членки на Меѓународниот патентен институт и на Конвенцијата, се преземаат од страна на Европскиот патентен завод. Административниот совет на Европската патентна организација може да додели и други задолженија од областа на пребарувањето на Европскиот патентен завод.
(в) Горенаведените обврски соодветно се применуваат и на истурените канцеларии формирани со Хашкиот договор под услови наведени во Договорот склучен помеѓу Меѓународниот патентен институт и Владата на таа договорна страна. Со ова се обврзува Владата на таа држава да направи нов договор со Европската патентна организација наместо веќе склучениот договор со Меѓународниот патентен институт за да се усогласат одредбите кои се однесуваат на Организацијата, примената и финансирањето на истурените канцеларии со одредбите на овој протокол.
(2) Во врска со одредбите од Главата III на овој протокол, земјите членки на Конвенцијата во име на централните заводи за индустриска сопственост престануваат со сите активности како институции за меѓународно пребарување во согласност со Договорот за соработка во областа на патентите во корист на Европскиот патентен завод од датумот наведен во членот 162 став 1 на Конвенцијата.
(3)(а) Истурена канцеларија на Европскиот патентен завод во Берлин се основа од датумот наведен во членот 162 параграф 1 на Конвенцијата. Истурената канцеларија работи според насоките на огранокот во Хаг.
(б) Административниот совет ги определува задачите кои ú се доверени за извршување на истурената канцеларија во Берлин во однос на општите надлежности и на барањата на Европскиот патентен завод.
(в) Во почетниот период кој го следи зголемувањето на активностите на Европскиот патентен завод, обемот на работата кој и е доделен на истурената канцеларија треба да биде доволен за да им овозможи на вработените во Берлин во анексот на Германскиот патентен завод, онаков каков што е на датумот на кој Конвенцијата е отворена за потпишување, да бидат ангажирани во целост.
(г) Сојузна Република Германија ги покрива сите дополнителни трошоци на Европската патентна организација за основањето и одржувањето на истурената канцеларија во Берлин.
Глава II
Согласно одредбите од Глава III и IV, договорните страни на Конвенцијата во име на своите централни заводи за индустриска сопственост ги отповикуваат во корист на Европскиот патентен завод сите активности како институции за меѓународно пребарување во согласност со Договорот за соработка во област на патентите. Оваа обврска се применува онаму каде што Европскиот патентен завод може да врши испитување на европските патентни пријави во согласност со членот 162 став 2 на Конвенцијата и нема да се применува две години по датумот на кој Европскиот патентен завод ги започнал активностите околу испитувањето на полето на технологијата на која се однесуваат, а врз основа на петгодишниот план кој прогресивно се проширува на активностите на Европскиот патентен завод на сите полиња на технологијата и кои можат да бидат дополнети единствено со одлука на Административниот совет. Постапката за спроведување на оваа одлука се определува со одлука на Административниот совет.
Глава III
(1) Централните заводи за индустриска сопственост на која било договорна страна на Конвенцијата во која официјалниот јазик е различен од официјалните јазици на Европскиот патентен завод, имаат можност да дејствуваат како институции за меѓународно пребарување и како институции за прелиминарно меѓународно испитување во согласност со Договорот за соработка во област на патентите. Таквата можност е предмет на определбата на државата да ги ограничи таквите активности само на меѓународните пријави поднесени од државјаните или жителите на таа држава и на државјаните или жителите на договорните страни на Конвенцијата кои се соседи со таа држава. Административниот совет може да одлучи да го овласти централниот завод за индустриска сопственост на која било договорна страна на Конвенцијата да ја прошири таквата активност за да ги опфати таквите меѓународни пријави кои можат да бидат поднесени од државјани или жители на која било држава иако не е договорничка, а има ист службен јазик како и договорната страна, кои се напишани на тој јазик.
(2) За потребите на хармонизација на постапката на пребарување во согласност со Договорот за соработка во областа на патентите во рамките на европскиот патентен систем за признавање на патентите, се воспоставува соработка помеѓу Европскиот патентен завод и кој било централен завод за индустриска сопственост кој има овластување во согласност со Главата III на овој протокол. Таквата соработка е заснована на посебен договор кој ги опфаќа, на пример, постапките за пребарување и методите, потребните критериуми за вработување и обука на испитувачите, водичот за размена на пребарувањето и другите услуги помеѓу заводите како и други мерки потребни за воспоставување на бараната контрола и надзор.
Глава IV
(1)(а) За целите на олеснувањето при прилагодувањето на националните патентни заводи на договорните страни на Конвенцијата кон европскиот патентен систем, Адмистративниот совет може, доколку смета дека е потребно и под условите дадени подолу, да му довери на централниот завод за индустриска сопственост на таа држава во која постапките можат да се водат на еден од официјалните јазици на Европскиот патентен завод, задачи кои се однесуваат на постапката на испитување на европските патентни пријави поднесени на тој јазик кој во согласност со членот 18 став 2 на Конвенцијата може како општо правило да му биде доверено на член на Одделот за испитување. Таквата задача се спроведува во рамките на постапката за признавање утврдена со Конвенцијата; решението за таквата пријава го донесува Одделот за испитување составен во согласност со членот 18, став 2.
(б) Задачите доверени во согласност со ставот 1(а) на овој член нема да преминат 40% од вкупно поднесените европски патентни пријави; задачите доверени на која било држава нема да бидат поголеми од една третина од вкупниот број на поднесените европски патентни пријави. Овие задачи се доверуваат за период од 15 години од отворањето на Европскиот патентен завод и се намалуваат (во принцип по 20% годишно) до нула за време на последните 5 години од периодот.
(в) Административниот совет одлучува, земајќи ги во предвид одредбите од ставот (б) на овој член, врз основа на природата, потеклото и бројот на европските патентни пријави во однос на кои задачите на испитувањето им се доверуваат на сите погоре споменати централни заводи за индустриска сопственост.
(г) Гореспоменатите постапки што се применуваат се содржани во посебни договори помеѓу централните заводи за индустриска сопственост на договорната страна на која се однесуваат и Европската патентна организација.
(д) Заводот со кој е склучен посебен договор може да дејствува како овластена институција за меѓународно испитување во согласност со Договорот за соработка во област на патентите, до истекот на периодот од 15 години.
(2)(а) Доколку Административниот совет смета дека е соодветно за доброто функционирање на Европскиот патентен завод, за да ги олесни тешкотиите што може да се јават за определени договорни страни од примената на главата I, став 2, може пребарувањето да му го довери на централниот завод за индустриска сопственост на таа држава во која официјален јазик е еден од официјалните јазици на Европскиот патентен завод доколку тие заводи ги имаат неопходните квалификации за назначување како институција овластена за меѓународно пребарување во согласност со условите предвидени во Договорот за соработка во областа на патентите.
(б) Во извршувањето на работата преземена од и на одговорност на Европскиот патентен завод, централниот завод за индустриска сопственост се придржува до водичот кој се применува на составувањето на европскиот извештај од пребарувањето.
(в) Одредбите од ставот 1(б), реченица втора и ставот (г) на оваа глава се применуваат на ставот 2(а).
Глава V
(1) Истурените канцеларии од Главата I став 1(в) се овластени да вршат пребарување, врз основа на документацијата која им е на располагање и која е на официјалниот јазик на таа држава во која се наоѓа истурената канцеларија, за европските патентни пријави поднесени од страна на државјани или жители на таа држава. Ваквото овластување подразбира дека постапката за признавање на европски патент нема да биде задоцнета и дека дополнителните трошоци нема да бидат покриени од Европската патентна организација.
(2) Истурената канцеларија од ставот 1 на оваа глава ќе биде овластена, на барање на подносителот на европскиот патент, на негов трошок, да врши пребарување за неговата патентна пријава врз основа на документацијата од ставот 1 на оваа глава. Ова овластување важи доколу пребарувањето од членот 92 на Конвенцијата е проширено, во согласност со Главата VI, да ја опфати таквата документација и да подразбира дека постапката за признавање на европски патент нема да доцни.
(3) Административниот совет може да го прошири овластувањето од ставовите 1 и 2 на оваа глава, под услови предвидени во тие ставови, врз централните заводи за индустриска сопственостна на договорните страни кои немаат официјален јазик еден од официјалите јазици на Европскиот патентен завод.
Глава VI
Пребарувањето во согласност со членот 92 од Конвенцијата може во основа да биде проширено, во однос на сите европски патентни пријави, врз објавените патенти, објавените патентни пријави и други соодветни документи од договорните страни кои не се опфатени во документацијата од пребарувањето на Европскиот патентен завод на датумот од членот 162 став 1 на Конвенцијата. Проширувањето, условите и роковите на кое било проширување се определуваат од Административниот совет врз основа на студија која се однесува особено на техничките и финансиските аспекти.
Глава VII
Одредбите од овој протокол се применуваат во случај на контрадикторност со одредбите на Конвенцијата.
***
ПРОТОКОЛ ЗА ЈУРИСДИКЦИЈА И ПРИЗНАВАЊЕ НА РЕШЕНИЈАТА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ПРАВОТО НА ПРИЗНАВАЊЕ НА ЕВРОПСКИ ПАТЕНТ (ПРОТОКОЛ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ)
од 5 октомври 1973
Глава I
Јурисдикција
Член 1
(1) Судовите на договорната страна можат во согласност со членовите од 2 до 6 да имаат јурисдикција да одлучат за барањата, против подносителот, кои се однесуваат за правото на признавање на европски патент во однос на една или повеќе договорни страни назначени во европската патентна пријава.
(2) За целите на овој протокол, поимот “судови” ги вклучува институциите кои во согласност со националниот закон на договорната страна имаат јурисдикција да одлучуваат за барањата од ставот 1 на овој член. Секоја договорна страна го известува Европскиот патентен завод за идентитетот на секоја институција на која ú е доверена таква јурисдикција, а Европскиот патентен завод соодветно ги известува договорните страни.
(3) За целите на овој протокол, поимот “договорна страна” се однесува на договорна страна која не ја исклучила примената на овој протокол во согласност со членот 167 од Конвенцијата.
Член 2
Во согласност со членовите 1 и 5, доколку подносителот на европски патент има свое живеалиште или седиште во една од договорните страни, постапките против него се поведуваат во судовите на таа договорна страна.
Член 3
Во согласност со членовите 4 и 5, доколку подносителот на европски патент има свое живеалиште или седиште надвор од договорните страни и доколку странката која се повикува на правото на признавање на европски патент има свое живеалиште или седиште во една од договорните страни, судовите во таа договорна страна имаат ексклузивна јурисдикција.
Член 4
Во согласност со члент 5, доколку предмет на европската патентна пријава е пронајдок на вработен, судовите на договорната страна чии закони го определуваат правото на европскиот патент во согласност со членот 60 став 1, реченица втора на Конвенцијата, имаат ексклузивна јурисдикција врз постапките помеѓу вработениот и работодавачот.
Член 5
(1) Ако страните во спорот кој се однесува на правото на признавање на европски патент склучиле договор, било писмен или усмен, со писмена потврда со назначување дека судот или судовите на определена договорна страна решаваат во случај на тој спор, судот или судовите на таа држава имаат ексклузивна јурисдикција.
(2) Ако страни во спорот се вработениот и неговиот работодавач, ставот 1 на овој член се применува доколку националниот закон на кој се заснова договорот за вработување го дозволува склучувањето на таквиот договор.
Член 6
Во случаите кога ниту членовите од 2 до 4 ниту членот 5 став 1 можат да се применат, судовите на Сојузна Република Германија ја имаат ексклузивната јурисдикција.
Член 7
Судовите на договорните страни пред кои се поднесени барањата од членот 1, по свое лично убедување можат да одлучат дали имаат јурисдикција во согласност со членовите од 2 до 6.
Член 8
(1) Во случај на постапки за исто барање и помеѓу исти страни кои се поднесени пред судовите на различни договорни страни, судот во кој е направена подоцнежната пријава одлучува врз основа на свое убедување да изјави јурисдикција во корист на судот во кој е направена пријава со поран датум.
(2) Во случај да биде доведена во прашање јурисдикцијата на судот до кој е поднесена пријавата со поранешен датум, судот до кој е поднесена подоцнежната пријава останува во постапките до донесување на конечна одлука од другиот суд.
Член 9
(1) Во согласност со одредбите од членот 11, став 2, конечната одлука на која било договорна страна за признавањето на правото на европски патент во однос на една или повеќе договорни страни назначени во европската патентна пријава се прифаќа без барање за посебна постапка во друга договорна страна.
(2) Јурисдикцијата на судот чија одлука се прифаќа и валидноста на таквата одлука не се преиспитуваат.
Член 10
Членот 9 став 1 не се применува доколку:
(1) подносителот на европски патент до кој е поднесено барањето докаже дека документот со кој се поведува постапката не му е уредно и навремено доставена за да се изјасни за барањето; или
(2) подносителот докаже дека одлуката не соодветствува со друга одлука донесена во друга договорна страна во постапките помеѓу исти страни кои започнале пред оние во кои е донесена одлуката за признавање.
Член 11
(1) Во односите помеѓу договорните страни одредбите на овој протокол се применуваат во случај на несогласување на одредбите од други договори за јурисдикција или признавање на одлуки.
(2) Овој протокол не се однесува на примената на кој било договор помеѓу договорните страни и државата која не е обврзана со овој протокол.
***
ПРОТОКОЛ ЗА ПРИВИЛЕГИИ И ИМУНИТЕТ НА ЕВРОПСКАТА ПАТЕНТНА ОРГАНИЗАЦИЈА
(ПРОТОКОЛ ЗА ПРИВИЛЕГИИ И ИМУНИТЕТ)
од 5 октомври 1973
Член 1
(1) Просториите на Организацијата се неповредливи.
(2) Властите на државите во кои Организацијата има свои простории, нема да можат да влезат во тие простории освен кога за тоа имаат согласност од претседателот на Европскиот патентен завод. Согласноста се подразбира во случај на пожар или друга непогода која бара брзи мерки на заштита.
(3) Службените процеси во просториите на Организацијата и било кои процедурални инструменти што се користат за дејствување против Организацијата, нема да се сметаат за прекршување на неповредливоста.
Член 2
Архивите на Организацијата и кои било документи кои и припаѓаат или кои се чуваат кај неа се неповредливи.
Член 3
(1) За целите на своите службени активности Организацијата има имунитет од јурисдикција и извршување, освен:
(а) доколку во дадениот случај, Организацијата изрично не се откажала од таквиот имунитет;
(б) во случај на граѓанска тужба поднесена од трето лице за штета предизвикана од несреќа со моторно возило кое и припаѓа или е управувано во име на Организацијата или за сообраќаен прекршок во кој учествува таквото возило;
(в) во случај на спроведување на арбитражна одлука во согласност со членот 23 на овој протокол.
(2) Сопственоста и имотот на Организацијата каде и да се наоѓа има имунитет во однос на која било форма на присвојување, конфискација, експропријација или секвестрација.
(3) Сопственоста и имотот на Организацијата исто така имаат имунитет од која било форма на привремена судска принуда, освен ако е тоа во моментот неопходно во смисла на спречување и на истрага за несреќа со моторно возило кое и припаѓа или е управувано во име на Организацијата.
(4) Службените активности на Организацијата за целите на овој протокол се однесуваат исклучиво на неопходните административни и технички операции содржани во Конвенцијата.
Член 4
(1) Во рамките на своите службени активности Организацијата, нејзиниот имот и приход се изземени од плаќање данок.
(2) Кога основните набавки за извршување на службените активности се направени од Организацијата и кога во нивната цена се вклучени такси и даноци, се преземаат неопходни мерки онаму каде што е тоа можно истите да се вратат или да се надоместат од страна на договорните страни.
(3) Исклучок не е предвиден во однос на таксите и даноците кои не се јавни комунални услуги.
Член 5
Увезените или извезените стоки од страна на Организацијата за извршување на нејзините службени активности се изземаат од обврската за плаќање даноци и такси на увоз или извоз освен од такси за побарани услуги и за сите забрани и ограничувања на увоз и извоз.
Член 6
Исклучоци не се предвидуваат за членовите 4 и 5 за купените или увезените стоки за лични потреби на вработените во Европскиот патентен завод.
Член 7
(1) Стоките кои ú припаѓаат на Организацијата што се набавени или увезени во согласност со членот 4 или членот 5 нема да се продаваат или оттуѓуваат освен ако тоа не е во согласност со условите на договорните страни кои ги предвидуваат исклучоците.
(2) На трансферот на стоки и на обезбедувањето на услугите меѓу зградите на Организацијата не се применуваат ограничувања од кој било вид; онаму каде што е тоа соодветно договорните страни ги преземаат сите неопходни мерки за плаќање или враќање на износите на тие трошоци или за ставање на таквите ограничувања.
Член 8
Емитувањето објави и друг информативен материјал од страна на или во Организацијата нема да биде ограничено на ниту еден начин.
Член 9
Договорните страни ú одобруваат монетарни исклучоци на Организацијата кои се неопходни за вршење на нејзините службени активности.
Член 10
(1) Во смисла на службената комуникација и размена на сите нејзини документи Организацијата во сите договорни страни има најпривилегирана положба како и која било друга меѓународна организација во таа држава.
(2) Цензура не се применува врз службената комуникација без оглед на видот на комуникацијата.
Член 11
Договорните страни ги преземаат сите неопходни мерки за да го олеснат влезот, престојот и заминувањето на вработените во Европскиот патентен завод.
Член 12
(1) Претставниците на договорните страни, замениците, советниците и експертите, доколку ги има, за време на присуството на состаноците на Административниот совет и на кое било тело основано од него и за време на нивното патување до и од местото на состанокот, ги имаат следните привилегии и имунитет:
(a) имунитет од апсење или притворање и од одземање на нивниот личен багаж, освен ако е утврдено извршување, обид за извршување или штотуку е извршен напад;
(б) имунитет од јурисдикција, дури и по завршувањето на нивната мисија, во случај на дело кое вклучува пишани или искажани зборови од нивна страна во вршењето на нивните задачи; имунитет не се применува во случај на прекршок при управување со моторно возило сторен од страна на лицата од ставот 1 на овој член, ниту во случаите на штета предизвикана од моторно возило кое на нив им припаѓа или е управувано од нивна стана;
(в) недоверливост на нивните службени материјали и документи;
(г) право на користење кодови и прием на документи или комуникација по пат на посебна достава или запечатена пратка;
(д) исклучување за нив и нивните сопружници од мерките со кои се ограничува влезот и мерките со кои се бараат формалности за регистрирање на странци; и
(ѓ) истите поволности во врска со монетарната и контролата на монетарната размена каква што имаат и претставниците на странските влади на времените службени мисии.
(2) Привилегиите и имунитетот им се даваат на лицата од ставот (1) на овој член, не за нивна лична корист туку исклучиво за да обезбедат целосна независност во извршувањето на своите задачи со Организацијата. Последователно, договорната страна е должна да даде таков имунитет за сите случаеви, по мислење на државата, со кој се забрзува текот на правдата и кој се дава без да му се наштети на процесот за кој е даден.
Член 13
(а) Во согласност со одредбите од членот 6, претседателот на Европскиот патентен завод има привилегии и имунитет кој им се дава на дипломатските службеници во согласност со Виенската конвенција за дипломатските односи од 18 април 1961.
(б) Сепак, имунитетот од јурисдикција нема да се применува во случаите на сообраќаен прекршок направен од страна на Претседателот на Европскиот патентен завод или штета предизвикана од моторно возило кое му припаѓа нему или е управувано од негова страна.
Член 14
Вработените на Европскиот патентен завод:
(а) дури и по престанокот на вработувањето имаат имунитет од јурисдикција во однос на делата кои вклучуваат напишани или искажани зборови, сторени за време на извршувањето на нивната функција; овој имунитет нема да се применува во случај на прекршок при управување со моторно возило сторен од страна на вработен во Европскиот патентен завод, ниту во случаите на штета предизвикана од моторно возило кое му припаѓа нему или е управувано од негова стана;
(б) се изземаат од обврската која се однесува на воена служба;
(в) уживаат неповредливост на нивните службени материјали и документи;
(г) имаат исти привилегии кои се однесуваат на исклучокот од сите рестриктивни имиграциони мерки и постапките за регистрација на странци кои вообичаено се применуваат на вработените во меѓународните организации, како и за членовите на нивните семејства кои ја сочинуваат нивната семејната заедница;
(д) уживаат исти привилегии во однос на размената на правилата кои вообичаено се применуваат на вработените во меѓународните организации;
(ѓ) уживаат исти привилегии кои се однесуваат на репатријација како дипломатски службеници во време на меѓународни кризи, како и членовите на нивните семејства кои ја сочинуваат нивната семејна заедница;
(е) имаат право да ги увезат ослободени од даноци, својот мебел и личен имот во времето на првото преземање на нивната должност во таа држава и право при престанокот на должноста во таа држава да ги извезат ослободени од даноци својот мебел и имот според условите на владата на државата на чија територија се користи правото, а кои се сметаат за неопходни, сметајќи ги и исклучоците од имотот остварен во таа земја што е предмет на забрана за извоз.
Член 15
Експертите кои извршуваат функции во име на, или спроведуваат мисии за Организацијата ги имаат следните привилегии и имунитет, до степен до кој истите се неопходни за извршување на нивните функции, вклучително и за време на патувањата заради извршување на тие функции и за времетраењето на таквите мисии:
(а) имунитет од јурисдиксија во однос на актите сторени од нивна страна во извршувањето на нивните функции, вклучително и зборовите, во пишана форма или изречени, освен во случаите на сообраќаен прекршок сторен од страна на експертот или штета предизвикана од моторно возило кое му припаѓа нему или е управувано од негова страна; експертот продолжува да го ужива овој имунитет и откако престанува да биде вработен од Организацијата;
(б) неповредливост на нивните службени материјали и документи;
(в) размена на просториите неопходни за пренос на нивните надоместоци.
Член 16
(1) Лицата од членовите 13 и 14 се предмет на оданочување (такса) во корист на Организацијата за плата и надоместоци исплатени од Организацијата, во согласност со условите и правилата дадени од страна на Административниот совет во период од една година од датумот на стапување на сила на Конвенцијата. Од датумот на примена на ова оданочување, платите и надоместоците се изземаат од националниот данок од добивка. Договорните страни можат и покрај тоа да ги земат во предвид платите и надоместоците и да ги изземат при наплатата на износот на таксите кој се применува врз приходите од други извори.
(2) Ставот 1 на овој член нема да се применува на пензиите и ануитетите кои им ги плаќа Организацијата на поранешните вработени на Европскиот патентен завод.
Член 17
Административниот совет одлучува на која категорија вработени се применуваат одредбите од членот 14, делумно или во целост, и членот 16 и категориите на експерти на кои се применуваат одредбите од членот 15. Имињата, звањата и адресите на вработените и експертите опфатени со таквите категории, одвреме навреме им се доставувуваат на договорните страни.
Член 18
Во случај Организацијата да основа своја социјално осигурителна шема, Организацијата и вработените во Европскиот патентен завод се изземаат од сите задолжителни придонеси во националната социјална осигурителна шема, во согласност со договорите склучени со договорните страни во согласност со одредбите од членот 25.
Член 19
(1) Привилегиите и имунитетот утврдени со овој протокол немаат за цел да им дадат на вработените на Европскиот патентен завод или на експертите кои извршуваат функции за или во име на Организацијата лична корист. Тие се даваат исклучиво за да обезбедат, во сите околности, непречено функционирање на Организацијата и целосна незвисност на лицата на кои им се даваат.
(2) Претседателот на Европскиот патентен завод има должност да го одземе имунитетот онаму каде што смета дека таквиот имунитет го попречува нормалниот пат на правдата, без при тоа да им наштети на интересите на Организацијата. Административниот совет може да му го одземе имунитетот на претседателот од истите причини.
Член 20
(1) Организацијата во секое време соработува со надлежните институции на договорните страни за да овозможи правилнo администрирање на правдата, да гарантира почитување на правилата на полицијата и правилата што се однесуваат на јавното здравје, трудовата инспекција или слични национални закони и да спречи злоупотреба на привилегиите и имунитетот и на средствата обезбедени со овој протокол.
(2) Процедурата за соработка од ставот 1 на овој член може да биде дадена во соодветните договори од членот 25.
Член 21
Секоја договорна страна го задржува правото да ги преземе сите мерки на претпазливост неопходни за потребите на својата безбедност.
Член 22
Ниедна договорна страна не е обврзана да ги прошири привилегиите и имунитетот од членот 12, членот 13, членот 14 став (б), (д) и (е), и членот 15 став (в), на:
(a) своите државјани;
(б) лица кои во времето на преземање на своите функции со Оганизацијата имаат свое постојано живеалиште во таа држава и не се вработени во некоја внатре-владина организација чии вработени се инкорпорирани во Организацијата.
Член 23
(1) Секоја договорна страна може да достави до Меѓународниот арбитражен суд каков било спор кој се однесува на Организацијата или на вработен во Европскиот патентен завод или на експерт кој извршува функција за нив или лично за себе, доколку Организацијата или вработените и експертите бараат привилегија или имунитет во согласност со овој протокол во случаите кога имунитетот не им е даден.
(2) Ако договорната страна има намера да го достави спорот на арбитража, го известува претседавачот на Административниот совет, кој веднаш ги известува договорните страни за таквата намера.
(3) Постапката од ставот 1 на овој член не се применува на споровите помеѓу Организацијата и вработените или експертите утврдени со правилникот за работни односи и условите за вработување или на споровите помеѓу вработените утврдени со правилникот за пензиските шеми.
(4) Одлуката на Арбитражниот суд е конечна и жалба против истата не е допуштена; таа е обврзувачка за страните во спорот. Во случај на несогласување околу значењето или обемот на одлуката, арбитражниот суд е надлежен да ја толкува истата на барање на која било од страните во постапката.
Член 24
(1) Арбитражниот суд од членот 23 се состои од три члена, арбитар именуван од државата или државите во спорот, арбитар именуван од Административниот совет и арбитар претседавач кој е именуван од првите двајца арбитри.
(2) Арбитрите се именуваат од комисија составена од не повеќе од шест арбитри назначени од секоја договорна страна и од шест арбитри назначени од Административниот совет. Оваа комисија се формира веднаш по влегувањето во сила на овој протокол и се ревидира секогаш кога тоа е неопходно.
(3) Доколку во рок од три месеци од датумот на известувањето од членот 23 став 2 ниту една од страните не направи именување од ставот (1) на овој член, на барање на другата страна арбитарот го избира претседателот на Меѓународниот суд на правдата од редот на лицата од Комисијата. Ова се применува, врз основа на барање на која било од страните, и во случај кога првите двајца арбитри во рок од еден месец од датумот на именување на третиот арбитар не можат да се согласат за именувањето на третиот арбитар. Доколку, во овие два случаи претседателот на Меѓународниот суд на правдата е спречен да направи избор или е државјанин на една од државите кои се страни во спорот, заменик претседателот на Меѓународниот суд на правдата ги именува арбитрите, доколку и самиот не е државјанин на една од државите кои се страни во спорот; ако е тоа случај, член на Меѓународниот суд на правдата кој не е државјанин на една од државите кои се страни во спорот и кој е избран од претседателот и заменик претседателот ги именува арбитрите. Државјанин на државата што поведува арбитража не може да биде избран за местото арбитар кој го именува Административниот совет ниту член од Комисијата кој е именуван од Административниот совет може да биде избран за арбитар кој го именува државата што го поведува спорот. Ниту едно од овие лица не може да биде избрано за претседавач на Судот.
(4) Арбитражниот суд го донесува Правилникот за постапката.
Член 25
Врз основа на одлука на Административниот совет, Организацијата може да склучи договори со една или повеќе договорни страни за спроведување на одредбите од овој протокол во таа држава или држави или други договори со кои се обезбедува ефикасно функционирање на Организацијата и се чуваат нејзините интереси.
***
ПРОТОКОЛ ЗА ЗАСТАПЕНОСТ НА СЛУЖБЕНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН ЗАВОД ВО ХАГ (ПРОТОКОЛ ЗА ЗАСТАПЕНОСТ НА СЛУЖБЕНИЦИ)
од 29 ноември 2000
Европската патентна организација се грижи, соодветната застапеност на работните места во Европскиот патентен завод распределени на работната единица во Хаг како што е определено во согласност со планот и шемата за основање 2000, да останат суштински непроменети. За секоја промена во бројот на работни места во работната единица во Хаг, која резултира со девијација поголема од десет проценти од соодносот што е неопходен за работењето на Европскиот патентен завод, потребна е одлука на Административниот совет на Организацијата која се носи врз основа на предлог на претседателот на Европскиот патентен завод по консултации со Владата на Сојузна Република Германија и Кралството Холандија.
***
ПРАВИЛА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ТАКСИТЕ
од 20 октомври 1977
усвоени со одлука на Административниот совет на Европската патентна организација
од 7 декември 2006
АДМИНИСТРАТИВНИОТ СОВЕТ НА ЕВРОПСКАТА ПАТЕНТНА ОРГАНИЗАЦИЈА,
ИМАЈЌИ ЈА ВО ПРЕВИД Европската патента конвенција, а особено член 33, ставот 2(д) од оваа Конвенција
ги прифати следниве правила кои се однесуваат на таксите:
Член 1
Општо
Следното се применува согласно одредбите содржани во овие правила:
(а) таксите се плаќаат на Европскиот патентен завод (во натамошниот текст Завод) како што е предвидено во Конвенцијата и Правилникот и таксите и трошоците кои Претседателот на Заводот ги има предвидено согласно членот 3 став 1;
(б) таксите и трошоците согласно Договорот за соработка на полето на патентите (во натамошниот текст ДСП) чии износи можат да бидат утврдени од Заводот.
Член 2
Такси предвидени во Конвенцијата и Правилникот
Таксите што се плаќаат на Заводот,
согласно членот 1 од овој правилник, се следниве: ЕУР
1.Такси за поднесување (член 78, став 2) кога:
– Европската патентна пријава или во
случај на меѓународна пријава, во форма
за влегување во Европска фаза (ЕПО образец
1200) и е поднесена во електронска форма 95
– Европската патентна пријава за или во
случај на меѓународна пријава, во форма
за влегување во Европска фаза (ЕПО образец
1200) која не е поднесена во електронска форма 170
2. Такси за пребарување на:
– eвропско или дополнително eвропско
пребарување за пријава поднесена на или после
1 јули 2005 (член 78, став 2, правило 62, правило
64, став1, член 153, став 7) 1000
– eвропско или дополнително eвропско
пребарување за пријава поднесена на
или пред 1 јули 2005 (член 78, став 2,
правило 64, став1, член 153, став 7) 720
-меѓународно пребарување (правило 16.1 ДСП и
правило 158, став 1) 1615
3. Такси за назначување за секоја назначена
договорна страна (член 79, став 2),
Таксите за назначување се сметаат платени
за сите договорни страни со седумкратно
плаќање на износот на таксата 80
3а. Такси за заедничко назначување на
Швајцарската Конфедерација и Кнежеството
Лихтенштајн 80
4. Такси за одржување на европските патентни
пријави (член 86, став 1) пресметани за секоја одделно
од датумот на поднесување на пријавата
– за третата година 400
– за четвртата година 425
– за петтата година 450
– за шесттата година 745
– за седмата година 770
– за осмата година 800
– за деветтата година 1010
– за десеттата година и секоја наредна година 1065
5. Дополнителните такси за задоцнето плаќање
на таксите за одржување за Европската патентна
пријава (Правило 51, став 2) 10% од
задоцнетите такси за одржување
6. Такси за испитување(член 94, став 1)
– за пријава поднесена пред 01 јули 2005 1490
– за пријава поднесена по 01 јули 2005 1335
– за меѓународна пријава поднесена на или по
01 јули 2005 за која дополнителнениот
извештај од европското пребарување не
е направен (член 153, став 7) 1490
7. Такси за признавање, вклучително такси за
печатење на Европска патентна
спецификација (Правило 71, став 3), кога
документите што се печатат содржат:
7.1 не повеќе од 35 страни 750
7.2 повеќе од 35 страни 750
плус 11 ЕУР за 36-тата и за секоја наредна страна
8. За печатење на нова спецификација
на европскиот патент (Правило 82, став 2,
Правило 95, став 3)
– фиксна такса 55
9. Доплата за подоцнежно извршување на
барањата на одржување на
европскиот патент во променета форма
(Правило 82, став 3, Правило 95, став 3)
– фиксна такса 100
10. Такса за приговор ( член 99, став 1 и
член 105, став 2) 635
10.a Такса за ограничување или поништување
(член 105а став 1)
– барање за ограничување 1000
– барање за поништување 450
11. Такса за жалба (член 108) 1065
11а. Такси за барање за повторно
испитување (член 112 а, став 4) 2500
12. Такси за понатамошно постапување
(Правило 135, став 1)
– во случај на подоцнежно плаќање на таксите 50%од основната такса
– во случај на подоцнежно извршување на бараното
дејствие според Правило 71, став 3 210
– во други случаи 210
13. Такси за враќање во поранешна состојба/
такси за барање за враќање во поранешна состојба
(Правило 136, став 1, Правило 26bis. 3(г) ДСП,
Правило 49-ter.2 (г) ДСП) 550
14. Такси за конверзија ( член 135, став 3 и
член 140) 55
14 а. Такси за подоцнежно доставување на листа
на секвенци (Правило 30, став 3) 200
15. Такси за единаесетото барање и секое наредно барање
(Правило 45, став 1, Правило 71, став 7 и
Правило 162, став 1) 45
16. Такса за барање за определување на трошоци
(Правило 88 став 3) 55
17. Такси за обезбедување на доказите
(Правило 123, став 3) 55
18. Такси за пренесување на меѓународната
пријава (Правило 157, став 4) 105
19. Такси за прелиминарно испитување на
меѓународната пријава (Правило 58 ДСП и
Правило 158, став 2) 1595
20. Такси за техничко мислење (член 25) 3185
21. Протестни такси (Правило 40.2(д) и
68.3(д) ДСП)
– за меѓународните пријави кои сé уште не се решени
[на датумот на влегување во сила на ЕПК 2000] 1065
– за меѓународни пријави поднесени на или по
[датумот на влегување во сила на ЕПК 2000]
(Правило 158, став 3) 750
Член 3
Такси, трошоци и цени пропишани од претседателот на Заводот
(1) Претседателот на Заводот ја пропишува височината на административните такси предвидени со Правилникот како и височината на таксите и трошоците за услугите што ги дава Заводот, а кои не се предвидени во членот 2.
(2) Претседателот исто така ги пропишува и цените на публикациите од членовите 93, 98, 103 и 129 на Kонвенцијата.
(3) Височината на таксите предвидени во членот 2 и другите такси и трошоци пропишани во ставот 1 на овој член се објавуваат во службеното гласило и на web страницата на Европскиот патентен завод.
Член 4
Рок за плаќање на таксите
(1) Таксите за кои рокот за плаќање не е специфициран со одредбите на Конвенцијата, со ДСП, или со Правилникот, стасуваат за плаќање на датумот на приемот на барањето за услугата за која се плаќа таксата.
(2) Претседателот на Заводот може да одлучи да не се извршат услугите во смисла на одредбата од ставот 1 на овој член, ако претходно не е платена соодветната такса.
Член 5
Плаќање на таксите
(1) Таксите на Заводот се плаќаат во евра:
(а) со плаќање или трансфер на банкарска сметка на Заводот,
(б) со плаќање или трансфер на жиро сметка на Заводот, или
(в) со испорака или парична дознака на чекови кои се исплаќаат на Заводот.
(2) Претседателот на Заводот може да дозволи поинакви начини на плаќање на таксите од оние што се пропишани во ставот 1 на овој член.
Член 6
Особености што се однесуваат на плаќањето
(1) Секое плаќање мора да го содржи името на лицето што го извршило плаќањето, како и потребните податоци кои му овозможуваат на Заводот веднаш да ја утврди целта заради која е извршено плаќањето.
(2) Ако целта на плаќањето не може веднаш да се утврди, Заводот бара од лицето што го извршило плаќањето писмено да го извести за целта, во рок што тој го определува. Доколку лицето не постапи според барањето во предвидениот рок, се смета дека плаќањето не е извршено.
Член 7
Датум кој се смета како датум на плаќање
(1) Датумот кој се смета како датум на плаќање во Заводот е:
(a) во случаите од членот 5 ставови 1(а) и (б): датумот на кој износот или трансферот на платениот износ се појавува на сметката на банката или на жиро сметката на Заводот;
(б) во случајот од членот 5 ставот 1(в): датумот на прием на чекот во Заводот ако чекот е валиден.
(2) Кога претседателот на Заводот допушта, согласно одредбите од членот 5, став 2 и други начини на плаќање на такси од оние од членот 5, став 1, тој ги пропишува и датумите на кои таквите плаќања се сметаат за извршени.
(3) Во согласност со одредбите од ставовите 1 и 2 на овој член, плаќањето на таксите се смета за невалидно само по истекот на рокот во кој тоа требало да биде направено од страна на лицето кое го врши плаќањето. Се смета дека овој рок е запазен ако доказот кој се доставува до Заводот
(а) исполнува еден од следните услови во договорната страна во периодот во кој се врши плаќањето:
(и) плаќањето е направено преку уплата во банка или во пошта;
(ии) навремено е даден налог за трансфер на висината на плаќањето во банка или во пошта;
(иии) препратил во пошта писмо кое ја содржи адресата на Заводот и содржи чек во смисол на членот 5 став 1(в) под услов чекот да е валиден, и
(б) содржи казна од 10% од таксата или таксите, но не го надминува износот од 150 евра; казна не се наплаќа ако се исполнети условите и ако е запазен рокот од точката (а) на овој член не подоцна од 10 дена од истекот на рокот за плаќање.
(4) Заводот може да бара од лицето кое го врши плаќањето да достави доказ во рокот и под условите од ставот 3(а) и ако е потребно да ја плати казната од ставот 3(б) во предвидениот рок. Ако лицето не постапи во согласност со барањето или ако доказот не е соодветен или казната не е платена во рок, се смета дека плаќањето не е извршено.
Член 8
Недостаток на висината на уплатениот износ
(1) Рокот за плаќање се смета за запазен само ако е платен целиот износ на таксата во тој рок. Ако таксата не е платена во целост, уплатениот износ се враќа по истекот на рокот за плаќање. Заводот може доколку е тоа можно во периодот пред истекот на рокот да му даде можност на лицето што го врши плаќањето да го плати целиот износ. Исто така, ако е тоа законски и кога недостасува мал износ тој може да се занемари за да не му се наштети на правото на лицето кое го врши плаќањето.
(2) Кога износот на такста за назначување не е платена во целост за сите договорни страни, платениот износ се смета врз основа на спецификацијата направена од подносителот најдоцна до датумот на уплатата. Ако подносителот не направил таква спецификација, таксата се смета за платена само за онолку назначувања колку што можат да се покријат со уплатениот износ и по редослед по кој договорните страни се дадени на листата на барањето за признавање.
Член 9
Враќање на таксата за пребарување
(1) Таксата за европското или дополнителното европско пребарување се враќа во целост ако европската патентна пријава е повлечена или одбиена или се смета за повлечена во моментот пред почетокот на изготвувањето на извештајот од пребарување.
(2) Ако европскиот извештај од пребарувањето е направен врз основа на претходен извештај од пребарување во согласност со членот 76 од Конвенцијата или членот 17 од Правилникот, Заводот му го враќа износот на подносителот во согласност со одлуката на претседателот, кој зависи од видот на претходниот извештај и користа што Заводот ја има од него.
Член 10
Враќање на такси за техничко мислење
Во висина од 75% од таксите за техничкото мислење во согласност со членот 25, од Конвенцијата се враќаат, ако барањето за техничкото мислење е повлечено во време кога Заводот сé уште не започнал да го составува.
Член 11
Враќање на таксите за испитување
Таксите за испитување предвидени во членот 94, став 1 од Конвенцијата се враќаат:
(а) во полн износ ако европската патентна пријава е повлечена, одбиена или се смета дека е повлечена пред да е преземено некое дејствие од страна на Одделот за испитување;
(б) во височина од 75% ако европската патентна пријава е повлечена, одбиена или се смета дека е повлечена по преземена некоја работа од Одделот за испитување, но до пред започнување на потполното испитување.
Член 12
Враќање на незначителните износи
Кога за покривање на таксите е платена поголема сума, вишокот нема да биде вратен ако износот е незначителен и ако странката изрично не го бара тоа. Претседателот на Заводот определува кои се незначителни износи.
Член 13
Одлуки за утврдување на трошоци кои се предмет на жалба
Во согласност со членот 97 став 2 од Конвенцијата, одлуките за утврдување на износот на трошоците на постапките за приговор може да се обжалат ако износот е повисок од таксите за жалба.
Член 14
Намалување на таксите
(1) Намалувањето во согласност со членот 6, став 3, од оваа конвенција, е 20% од таксата за поднесување, таксата за испитување, таксата за приговор, таксата за жалба, таксата за барањето за повторно разгледување или ограничување или поништување.
(2) Кога Европскиот патентен завод составува извештај од меѓународно прелиминарно испитување, таксата за испитувањето се намалува за 50%. Ако извештајот е изготвен за определени делови од меѓународна пријава согласно членот 34, став 3(в) од ДСП, таксите нема да бидат намалени ако се испитува предметот што не е опфатен со извештајот.
Член 15
Влегување во сила
Овие правила влегуваат во сила на 20 октомври 1977.*
Составен во Минхен, 20 октомври 1977
За Административниот совет
Претседавачот
* Изменет со одлука на Административниот совет на 7 декември 2006 (CA/ D 11/06)