Објавен во “Службен весник на РМ.” бр.33/05
Содржина
Воведни одредби:
Член 1: Скратени изрази
Член 2: Применливоста на останатите заштити согласно законите кај Договорните страни и постоечките меѓународни договори
Оддел I: Меѓународна пријава и меѓуиародна регистрациjа
Член 3: Правo за поднесување меѓународна пријава
Член 4: Постапка за пополнување меѓународната пријава
Член 5: Сoдржина на меѓународната пријава
Член 6: Приоритет
Член 7: Такса за назначување
Член 8: Исправка на грешки
Член 9: Дата на поднесување на меѓународната пријава
Член10: Меѓународна регистрација, дата на меѓународната регистрација, објавување и доверливи копии на меѓународната регистрација
Член 11: Одлагање на објавувањето
Член 12: Одбивање
Член 13: Посебни барања кои се однесуваат на единството на дизајнот
Член 14: Важност на меѓународната регистрација
Член 15: Поништување
Член 16: Запишување на промените и другите работи кои се однесуваат на меѓународната регистрација
Член17: Почетен период и обновување на меѓународната регистрација и време траење на заштитата
Член18: Информација во врска со објавените меѓународни регистрации
Оддел II: Административни одредби
Член19: Заеднички завод за неколку држави
Член 20: Членство во Хашката унија
Член 21: Собрание
Член 22: Меѓународно биро
Член 23: Финансии
Член 24: Правилници
Оддел III: Ревизија и дополнување
Член 25: Ревизија на овој Акт
Член 26: Дополнување на постоечките членови од страна на Србранието
Оддел IV: Завршни одредби
Член 27: Станување член на овој Акт
Член 28: Дата на влегување во сила на ратификации и пристапувања
Член 29: Забрана на резервации
Член 30: Изјави направени од Договорните страни
Член 31: Применливост на Актите од 1934 и 1960 година
Член 32: Откажување од овој Акт
Член ЗЗ: Јазици на оврј Акт; Потпис
Член З4: Депозитар
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Скратени изрази
За целите на овој Акт:
(i) “Хашкиот договор” значи Хашкиот договор кој се однесува на меѓународен депозит на индустриски дизајн, подоцна преименуван во Хашки договор кој се однесува на меѓународната регистрација на индустрискиот дизајн;
(ii) “Овој Акт” значи Хашкиот договор донесен според постоечкиот Акт;
(iii) “Правилник” значи правилник според овој Акт;
(iv) “Пропишано” значи пропишано според Правилникот;
(v) “Париска конвенција” значи Париска конвенција за заштита на индсутриската сопственост, потпишана на 20 март 1883, ревидирана и дополнета;
(vi) “Меѓународна регистрација” значи меѓународна регистрација на индустрискиот дизајн согласно овој Акт;
(vii) “Меѓународна пријава” значи пријава за меѓународна регистрација;
(viii) “Меѓународен регистар” значи службено собирање на податоците во врска со меѓународната регистрација кое го води Меѓународното биро, кои ги бара или ги одобрува за архивирање овој Акт или Правилникот, без оглед на медиумот на кој тие податоци се чуваат;
(ix) “Лице” значи физичко или правнр лице;
(х) “Пријавувач” значи лице во чие име е поднесена меѓународната пријава;
(хi) “Носител” значи лице во чие име е запишана меѓународната регистрација во Меѓародниот регистар
(xii) “Меѓувладини организации” значи меѓувладини организации кои можат да станат страни на овој Акт согласно членот
(xiii) “Договорни страни” значи земји или меѓувладини организации членки на овој Акт;
(xiv) “Дoговорна страна на пријавувачот” значи договорна страна или една од Договорните страни од која пријавувачот го добива правото да поднесува меѓународна пријава по пат на задоволување, во врска ро таа Договорна страна, на најмалку еден од условите специфицирани во Членот 3; во случај кога има две или повеќе Договорни страни од кои пријавувачот може, согласно членот 3, да се здобива со право да поднесува меѓународна пријава,
(хv) “Територија на Договорната страна” значи, во случај кога Договорната страна е држава, територија на таа држава и, кога Договорната страна е меѓувладина организација, територија на која се однесува договорот за работа на меѓувладината организација;
(xvi) “Завод” значи агенција на која Договорната страна и ја доверува работата за заштита на индустрискиот дизајн која е на територија на Договорната страна;
(хvii) “Испитувачки завод” значи завод кој ех officio ги испитува однесените пријави за заштита на индустриски дизајн со цел да определи дали индустрискиот дизајн ги задоволува условите за новост;
(хviii) “Означување” значи барање меѓународната регистрација да има важност во Договорната страна; тоа исто така значи и запишување на тоа барање во Меѓународниот регистар;
(xix) “Означена Договорна страна” и “означен Завод” значи Договорната страна или Заводот кај Договорната страна на кои се однесува означувањето;
(хх) “Акт од 1934 година” значи Актот на Хашкиот договор потпишан во Лондон на 2 јуни 1934 година;
(ххi) “Акт од 1960 година” значи Акт на Хашкиот договор потпишан во Хаг на 28 ноември 1960 година;
(ххii) “Дополнителен акт од 1961 година” значи Актот кој е дополнение на Актот од 1934 година, потпишан во Монако на 18 ноември 1961 година;
(ххiii) “Дополнителен акт од 1967 година” значи Дополнителниот акт на Хашкиот договор потпишан во Стокхолм на 14 јули 1967 година;
(ххiv) “Унија” значи Хашката унија основана согласно Хашкиот договор на 6 ноември 1925, потврден со Актот од 1934 и 1960 година, со Дололнителниот акт од 1961 година, со Дополнителниот акт од 1967 година и со овој Акт;
(ххv) “Собрание” значи Собранието од членот 21(1)(а) или друго тело кое го заменува;
(ххvi) “Организација” значи Светска организација за заштита на интелектуалната сопственост;
(xxvii) “Генерален директор” значи Генералниот директор на Организацијата;
(ххviii) “Меѓународно биро” значи Меѓународното биро на Организацијата;
(ххix) “Инструмент за ратификација” значи доставени инструменти за прифаќање или одобрување.
Член 2
Применливоста на останатите заштити согласно законите кај Договорните страни и постоечките меѓународни договори
(1) [Закони кај Договорните страни и постоечки меѓународни договори) Одредбите од овој Акт нема да имаат влијание врз применување на поголема заштита која може да биде признаена според законот на договорната страна, ниту ќе има влијание врз заштитата на уметничките дела или делата од применетата уметност кои се заштитени согласно договорите и конвенциите за заштита на авторското право, или врз заштитата на индустрискиот дизајн согласно ТРИПС Договорот како дополнување на Договорот за основање на Светската трговска организација.
(2) [Обврска за усогласување со Париската конвенција]. Секоја Договорна страна ќе се усргласи со одредбите од Париската конвенција кои се однесуваат на индустрискиот дизајн.
ОДДЕЛ I:
МЕЃУНАРОДНА ПРИЈАВА И МЕЃУНАРОДНА РЕГИСТРАЦИЈА
Член 3
Право за поднесување меѓународна пријава
Секое лице кое е државјанин на земјата која е Договорна страна или Држава членка на меѓувладина организација која е Договорна страна, или е домицил, кое е резидент или има вистинско и ефективно индустриско или комерцијално претпријатие на територијата на Договорната страна, има право да поднесе меѓународна пријава.
Член 4
Постапка за поднесување на меѓународна пријава
(1) [Директно или индиректно поднесување] (а) Меѓународната пријава може да биде поднесена, согласно изборот на пријавувачот, директно кај Меѓународното биро или преку Заводот на Договорната страна на пријавувачот.
(б) Не негирајќи го ставот (а), секоја Договорна страна може, со изјава, да го извести Генералниот директор дека меѓународната пријава не може да се поднесува преку нејзиниот Завод.
(2) [Такса за пренесување во случај на индиректно поднесување] Заводот на секоја Договорна страна може да бара од пријавувачот плаќање на такса за пренесување, за сопствени потреби, во врска со секоја меѓународна пријава поднесена кај него.
Член 5
Содржина на меѓународната пријава
(1} [Задолжителна содржина на меѓународната пријава] Меѓународната пријава треба да биде поднесена на пропишаниот јазик или на еден од пропишаните јазици и треба да биде проследена со:
(i) барање за меѓународна регистрација согласно овој Акт;
(ii) пропишани податоци во врска со пријавувачот;
(iii) пропишан број на копии на репродукција или, по избор на пријавувачот, неколку различни репродукции на индустрискиот дизајн кој е предмет на меѓународната пријава, претставен на пропишаниот начин; доколку индустрискиот дизајн е дво-димензионален и кога барањето за одлагање на објавувањето е поднесено согласно ставот (5), меѓународната пријава може, наместо репродукција, да биде проследена со пропишаниот број примероци на индустрискиот дизајн;
(iv) назначување на производот или производите кои се составен дел на индустрискиот дизајн или се во врска со индустрискиот дизај, како што е пропишано;
(v) ознaчување на Договорните страни;
(VI) пропишана такса;
(vii)] сите други пропишани работи.
(2) [Дополнителни задолжителни содржини на меѓународната пријава] (а) Секоја Договорна страна чиј завод е Испитувачки завод и чиј закон, во времето кога таа станала страна на овој Акт, бара пријавата за признавање на заштита на индустрискиот дизајн да содржи некој од елементите специфицирани во точката (6) со цел пријавата да биде поднесена според тој закон, со изјава, го известува Генералниот директор за тие елементи.
(б) Елементите кои можат да бидат доставени како известување согласно точката (а) се следните:
(i) означувања кои се однесуваат на идентификација на креатoрoт на индустрискиот дизајн кoј е предмет на пријавата;
(ii) краток опис на репродукциjaта или на карактеристичните претставувања на индустрискиот дизајн кој е предмет на пријавата;
(iii) барање
в) Кога меѓународната пријава содржи назначување на Договорна страна која го дала известувањето согласно точката 9(а), таа исто така го содржи, на пропишаниот начин, секој елемент кој е предмет на тоа известување.
(3) [Други можни содржини на меѓународната пријава] Меѓународната пријава може да содржи или да биде придружена со други елементи кои се специфицирани во Правилникот.
(4) [Неколку индустриски дизајни во иста меѓународна пријава]
Согласно предметот на вакви одредби како што може да биде пропишано, меѓународната пријава може да вклучува два или повеќе индустриски дизајни.
(5) [Барање за одложување на објавувањето] Меѓународната пријава може да содржи барање за одлагање на објавување.
Член 6
Приоритет
(1) [Барање за приоритет] (а) Меѓународната пријава може да содржи изјава за барање согласно членот 4 од Париската конвенција за приоритет на една или повеќе порано поднесени пријави или за некоја страна од Конвенцијата или некоја членка на Светската трговска организација.
(б) Правилникот може да предвиди изјавата наведена во точката (а) дабиде направена по поднесување на меѓународната пријава. Во таков случај, Правилникот ќе го пропише периодот кога таквата изјава за барање може најдоцна да биде поднесена.
(2) [Меѓународна пријава како основ за барање на приоритет] Меѓународната пријава, од датата на нејзино поднесување или од секоја друга можна последователна дата ќе биде еквивалентна со регуларното поднесување во смисла на членот 4 од Париската конвенција.
Член 7
Такса за назначување
(1) [Пропишана такса за назначување] Пропишаните такси вклучуваат доколку се предмет на ставот (2), таксата за назначување за секоја назначена Догрворнастрана.
(2) [Индивидуална такса за назначување] Секоја Договорна страна чиј завод е Испитувачки завод и секоја Договорна страна која е меѓувладина организација може, со изјава, да го извести Генералниот директор дека, во врска со секоја меѓународна пријава во која е назначена и во врска со обновување на меѓународната регистрација е резултат на таа меѓународна пријава, пропишаната такса за назначување согласно ставот (1) ќе биде заменета со индивидуална такса за назначување, чиј износ ќе биде означен во изјавата и може да изменет во следните изјави. Предметниот износ може да биде определен од предметната Договорна страна за иницијалниот период на заштита и за секој, период за обновување или за максималниот период за заштита дозволен од Договорната страна за која станува збор. Како и да е, таа не може да биде повисока од еквивалентот на износот кој Заводот на таа Договорна страна би бил овластен да го прими од пријавувачот за регистираната заштита за еквивалентниот период за истиот број индустриски дизајни, тој износ може да се намалува по пат на заштедата која е резултат на меѓународната постапка.
(3) [Трансфер на таксата за назначување] Таксите за назначување, согласно ставовите (1) и (2), ќе бидат пренесени од Меѓународното биро до Договорната страна за која тие такси се платени.
Член 8
Исправка на грешки
(1) [Испитување на меѓународна пријава] Доколку Меѓународното биро открие дека меѓународната пријава, во време на нејзиниот прием од страна на Меѓународното биро, не ги исполнува барањата на овој Акт и на Правилникот, тоа ќе го покани пријавувачот да ги направи бараните исправки во пропишаниот определен временски период.
(2) [Неисправени грешки] (а) Доколку пријавувачот не се јави на поканата во пропишаниот временски период, меѓународната пријава, предмет на ставот (б) ќе се смета за откажана.
(б) Во случај на грешка која се однесува на членот 5(2) или на посебното барање со кое се известува Генералниот директор од страна на Договорната страна во врска со Правилникот, доколку пријавувачот не се јави на поканата во пропишаниот временски период, ќе се смета дека меѓународната пријава не содржи назнака за таа Договорна страна.
Член 9
Дата на поднесување на меѓународната пријава
(1) [Директно поднесување на меѓународна пријава] Кога меѓународната е поднесена директно во Меѓународното биро, датата на поднесување, согласно ставот (3), ќе биде онаа дата на која Меѓународното биро ја примило меѓународната пријава.
(2) [Индиректно поднесување на меѓународна пријава] Кога меѓународната пријава е поднесена преку Заводот на Договорната страна на пријавувачот, датата на поднесување се определува како што е пропишано.
(3) [Меѓународна пријава со извесни грешки] Кога меѓународната пријава има, на датата кога е примена во Меѓународното биро, грешка која е пропишана како грешка која предизвикува одлагање на датата на лоднесување на меѓународната пријава, дата на пријавување ќе биде датата на која исправката на таа грешка е примена во Меѓународното биро.
Член 10
Меѓународна регистрација, дата на меѓународна регистрација, објавување и доверливи копии од меѓународната регистрација
(1) [Меѓународна регистрација] Меѓународното биро ќе го регистрира секој индустриски дизајн кој е предмет на меѓународна пријава веднаш по приемот на меѓународната пријава, или кога се бараат измени согласно членот 8, веднаш по приемот на бараните измени. Регистрацијата влегува во сила без оглед на тоа дали се бара објавување или необјавување согласно членот 11.
(2) [Дата на меѓународна регистрација] (а) Предмет на точката (б), за дата на меѓународна регистрација се смета датата на поднесување на меѓународната пријава.
(б) Кога меѓународната пријава има, на датата кога е примена во Меѓународното биро, неправилност која е во врска со членот 5(2), дата на меѓународна регистрација ќе биде датата на која исправката на таа неправилност е примена од страна на Меѓународното биро или датата на поднесување на меѓународната пријава во зависност која од двете е подоцнежна.
(3) [Објавување] (а) Меѓународната регистрација ќе биде објавена од Меѓународното биро. Тоа објавување ќе биде доставено на знаење до сите Договорни страни и ниту, еден друг вид на јавност не се бара за носителот.
(б) Меѓународното биро ќе испрати копија од објавата за Меѓународна регистрација до секој од назначените Заводи.
(4) [Одржување на доверливост пред објавување] Според ставот (5) и членот 11(4)(6), Меѓународното биро ќе ги чува во тајност секоја меѓународна пријава и секоја меѓународна регистрација до нивното објавување.
(5) [Доверливи копии] (а) Меѓународното биро, веднаш откако регистрацијата ќе влезе во сила, ќе испрати копија од меѓународната регистрација, заедно со сите релевантни изјави, документи или мостри кои ја следат меѓународанта пријава, до секој од Заводите кој го известил Меѓународното биро дека сака да прима таква копија и кој е назначен во меѓународната пријава.
(б) Заводот, до објаување на меѓународната регстрација од страна на Меѓународното биро, ќе ја чува во тајност секоја меѓународна регистрација за која му е испратена копија од Меѓународното биро и предметната копија може да ја употребува само за цел на испитување на меѓународната регистрација и на пријавите за заштита на индустрискиот дизајн доставени во или за Договорната страна чи|а компонента е Заводот. Всушност тој не може да ја открие содржината на некоја меѓународна регистрација на некое лице надвор од Заводот кој не е носител на меѓународна регистрација, освен за цели на административна или законска постапка во врска со конфликт кој се однесува на поднесување на меѓународна пријава на која се заснова меѓународна регистрација. Во случај на таква административна или законска постапка, содржината на меѓународната регистрација може да им биде откриена на страните вклучени во постапката доверливо, и тие ќе бидат обврзани на доверливост на тоа откривање.
Член 11
Одлагање на објавување
(1) [Законски одредби кај Договорните страни кои се однесуваат на одлагање, на објавување] (а) Кога законот на Договорната страна обезбедува за одлагање на објавување на индустрискиот дизајн период кој е покус од пропишаниот, Договорната страна, со изјава до Генералниот директор, ќе извести за дозволениот период на одлагање. (б) Кога законот на Договорната страна не предвидува одлагање на објавувањето на индустрискиот дизајн, Договорната страна со изјава, ќе го извести Генералниот директор за тоа.
(2) [Одлагање на објавување] Кога меѓународната пријава содржи барање за одлагање на објавувањето, објавувањето ќе се изврши,
(i) кога ниту една од Договорните страни назначени во меѓунарoдната пријава не доставиле изјава согласно ставот (1), за истек на пропишаниот период, или
(јј) кoга некоја од Договорните страни назначени во меѓународната
пријава доставиле изјава согласно ставот 14 (1)(а), по истек на периодот наведен во таквата изјава или, кога има повеќе од една назначена Договорна страна, по истек на најкусиот период наведен во нивните изјави.
(3) [Третман на барањата за одлагање кога одлагањето не е возможно согласно применливото право] Кога е побарано одлагање на објавувањето и кога некоја од Договорните страни назначени во меѓународната пријава доставиле изјава согласно ставот (1)(6) дека одлагање на објавувањето не е возможно според нејзиниот закон,
(I) согласно подточката (јј), Меѓународното биро веднаш ќе го извести пријавувачот; доколку, во пропишаниот период пријавувачот, со писмено известување упатено до Меѓународното биро, не го повлече назначувањето за предметната Договорна страна, Меѓународното биро ќе го изостави барањето за одлагање на објавување;
(II) кога, наместо репродукции на индустриски дизајн, меѓународната пријава содржи мостри на индустриски дизајн, Меѓународното биро ќе го изостави барањето за предметната Договорна страна и веднаш за тоа ќе го извести пријавувачот.
(4) [Барање за предвремено објавување или за посебен приод кон меѓународната регистрација] (а) Во секое време во тек на периодот на одлагање согласно ставот (2), носителот може да бара објавување на дел или на сите индустирски дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација, при што периодот на одлагање во врска со тој индустриски дизајн или дизајни ќе се смета за истечен на датата на прием на тоа барање кај Меѓународното биро.
(б) Носителот може, исто така, во секое време во периодот на одлагање применето според ставот (2), да бара од Меѓународното биро да и достави на трета страна специфицирана од него извадок од формуларот, или да и овозможи на таа страна приод кон некој или кон сите индустриски дизајни кои се предмет на меѓнародната рестрикција.
(5) [Одрекување и ограничување] (а) Доколку, во кое и да е време од на одлагање применет според ставот (2), носителот се одрече од меѓународната регистрација кај сите назначени Договорни страни, индустрискиот дизајн или дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација нема да бидат објавени.
(б) Доколку, во кое и да е време од периодот на одлагање применет според ставот (2), носителот ја ограничи меѓународната регистрација сите назначени Договорни страни, на еден или неколку дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација, останатиот индустриски дизајн или дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација нема да бидат објавени.
(6) [Објавување и комплетирање на репродукции] (а) По истек на секој период на одлагање применет според одредбите на овој член, Меѓународното биро, по извршеното плаќање на пропишаната такса, ќе ја објави меѓународната регистрација, Ако тие такси не се платени како што е пропишано, меѓународната регистрација ќе биде поништена и нема да се објави.
(б) Кога меѓународната пријава е придружена со една или повеќе мустри на индустрискиот дизајн согласно членот 5(1)(iii), носителот ќе го достави пропишаниот број копии на репродукција на секој индустриски дизајн кој е предмет на пријавата, до Меѓународното биро во пропишаниот временски период. Доколку носителот не го нарпави тоа, меѓународната региртрација ќе биде поништена и нема да се објави.
Член 12
Одбивање
(1) [Право на одбивање] Заводот на секоја од назначените Договорни страни може, таму каде услови за признавање на заштита според законот на Договорната страна на постојат во врска со некој или сите индустриски дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација да го одбие, делумно или целосно, меѓународното регистрирање на територијата на предметната Договорна страна, дека ниту еден Завод не може да одбие делумно или целосно, некоја меѓународна регистрација врз основа на барањета кои се однесуваат на формата или содржината на меѓународната пријава предвидена со овој Акт, или со Правилникот или се додадени или се различни од оние барања кои не биле задоволени според законот на Договорната страна на која се однесува.
(2) [Известување за одбивање] (а) Одбивање на важност на меѓународната регистрација ќе се изврши со комуникација од Заводот до Меѓународното биро по пат на известување за одбивање во пропишаниот период.
(б) Секое известување за одбивање ќе ги содржи сите основи на кои тоа одбивање се засновува.
(3) [Доставување на известување за одбивање; правни лекови] (а) Меѓународното биро, без одлагање, ќе достави копија од известувањето за одбивање до носителот.
(б) Носителот ќе ги ужива сите правни лекови како да секој индустриски дизајн кој е предмет на меѓународна регистрација бил предмет на пријава за признавање на заштита поднесен според законот применлив во Заводот кој доставил одбивање. Овие правни лекови најмногу се состојат од можноста за реиспитување или повторно разгледување на одбивањето или на жалбата против одбивањето.
(4) [Повлекување на одбивање] Секое одбивање може да биде повлечено, делумно или целосно, во секое време од страна на Заводот кој го доставил.
Член 13
Посебни барања кои се однесуваат на единство на дизајнот
(1) [Известување за посебни барања] Секоја Договорна страна чиј закон, кога таа станала страна на овој Акт, бара дизајните кои се на иста пријава да го исполнат барањето за единство на дизајн, на производство или единство на употреба, или припаѓа на ист комплет или композиција на предмети, или дека само еден независен и дисинктивен дизајн може да биде баран во една пријава, може, со изјава да го извести Генералниот директор. Како и да е, таква изјава нема да има важнот за правото на пријавувачот да вклучи два или повеќе индустриски дизајни во меѓународната пријава согласно членот 5(4), дури и ако пријавата ја назначува Договорната страна која ја дала изјавата.
(2) [Важност на изјавата] Секоја таква изјава му дава за право на Заводот на Договорната страна која ја доставила, да ја одбие важноста на меѓународната регистрација согласно членот 12(1) согласно со барањето доставено од таа Договорна страна.
(3) [Понатамошни такси за плаќање на дел од регистрацијата] Кога, следејќи го известувањето за одбивање согласно ставот (2); меѓародната регистрација е поделена пред Заводот со цел да се премавне основот за одбивање наведен во известувањето, тој Завод ќе овластен да прими такса во врска со секоја дополнителна меѓународна пријава, што би било неопходно со цел да се избегне основот за одбивање.
Член 14
Важност на меѓународната регистрација
(1) [Важност како пријџва според применливото право] Меѓународната регистрација од датата на меѓународното регистрирање, ќе ја има истата важност кај секоја назначена Договорна страна како редовно доставената пријава за признавање на заштита на индустрискиот дизајн според законот на Договорната страна.
(2) [Важност како признавање на заштита според применливото право] (а) Во секоја од назначените Договорни страни, каде што Заводот не доставил известување за одбивање согласно членот 12, меѓународната регистрација ќе има иста важност како и признаената заштита за индустрискиот дизајн според законот на Договорната страна најдоцна на датата по истек на периодот дозволен за доставување на одбивање или кога Договорната страна веќе доставила изјава според Правилникот, најдоцна во моментот специфициран во таа изјава.
(б) Кога Заводот на назначената Договорна страна доставил одбивање и последователно го отфрлил, делумно или целосно, тоа одбивање, меѓународната регистрација, во случај кога одбивањето е отфрлено, ќе ја има истата важност за таа Договорна страна како и признаената за индустриски дизајн според законот на предметната Договорна страна најдоцна на датата на која одбивањето е отфрлено.
(в) Важноста на меѓународната регистрација според овој став ќе се применува на индустрискиот дизајн, или дизајни кои се предмет на регистрација како што е примено од Меѓународното биро од назначениот Завод или, каде што е применливо, како што е дополнето во процедурата пред тој Завод.
(3) [Изјава која се однесува на важноста од назначување на Договорната страна на пријавувачот] (а) Секоја Договорна страна чиј завод е Испитувачки завод може, со изјава доставена до Генералниот директор, да го извести дека, доколку таа е Договорна страна на пријавувачот, назначувањето на таа Договорна страна во меѓународна регистрација да не биде во важност.
(б) Кога Договорната страна која доставила изјава согласно точката (а) е назначена во меѓународната пријава и како Договорна страна на пријавувачот и како назначена Договорна страна, Меѓународното биро ќе го изостави назначувањето на таа Договорна страна.
Член 15
Поништување
(1) [Барање за можност за одбрана] (а) Поништување на важноста на меѓународната регистрација од компетентни власти на назначената Договорна страна, делумно или целосно, на територијата на таа страна, не може да биде изречено без можност носителот, во добро определено време, да ги брани своите права.
(2) [Известување за поништување] Заводот на Договорната страна на чија територија важноста на меѓународната регистрација била поништена, за поништувањето го известува Меѓународното биро.
Член 16
Запишување на измени и други работи во врска со
меѓународните регистрации
(1) [Запишување на измени и други работи] Мегународното биро, како што е пропишано ќе врши запишување во Меѓународниот регистар на:
(i) секоја промена на сопственоста на меѓународната регистрација, во врска со некоја или во врска со сите Договорни страни и во врска со некој или во врска со сите индустриски дизајни кои се предмет на меѓународна регистрација, предвидувајќи дека новиот сопственик е овластен да поднесе меѓународна пријава согласно членот 3,
(ii) секоја промена во името и адресата на носителот,
(iii) овластувањето на застапник на подносителот или на носителот и секој друг релевантен факт кој се однесува на тој застапник;
(iv) секоe одрекување oд носителот на ме]ународната регистрација во врска со некоја или со сите назначени Договорни страни,
(V) секое ограничување од носителот на меѓународната регистрација во врска со некоја или во врска со сите Договорни страни за еден или за сите индустриски дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација,
(vi) секое поништување од овластените органи на назначената Договорна страна кое е во или на територијата на таа Договорна страна, на меѓународната регистрација во врска се некој или во врска со сите индустриски дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација,
(vii) секој друг релевантен факт, наведен во Правилникот, кој се однесува на правата на некој или на сите индустриски дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација.
(2) [Важност на запишувањето во Меѓународниот регистар] Секое запишување кое се однесува на точките (i), (ii), (v), (vi) и (vii) од ставот (1) ќе има иста важност како да е запишано во регистарот на Заводите на секоја Договорна страна за која станува збор, освен ако Договорната страна, со изјава, го извести Генералниот директор дека запишувањетр наведено во точката (i) од ставот (1) нема важност во таа Договорна страна додека Заводот на таа Договорна страна не ги прими изјавите или документите кои се наведени во таа изјава.
(3) [Такси] Секое запишување согласно ставот (1) може да биде предмет на плаќање на такси.
(4) [Обjавување] Меѓународнот биро ќе објави известување кое се однесува на секое запишување направено согласно ставот (1). Тоа ќе испрати копија од публикацијата до секој Завод на Договорната страна за која станува збор.
Член 17
Почетен период и обновување на меѓународната регистрација и време траење на заштитата
(1) [Почеток на меѓунардната регистрација] Меѓународната регистрација ќе има важност во првите пет години пресметано од датата на меѓународната регистрација.
(2) [Обновување на меѓународната регистрација] Меѓународната регистрација може да биде обновена за дополнителен период од пет години, во согласност со пропишаната процедура и уплатата на пропишаните такси.
(3) [Времетраење на заштитата во назначената Договорна страна] (а) Во случај меѓународната регистрација да биде обновена за дополнителниот период од пет години и во случај на примена на подставот (б), времетраењето на заштитата во секоја од назначените Договорни страни ќе биде 15 години пресметано од датата на меѓународната регистрација.
(б) Кога со законот на назначената Договорна страна се предвидува времетраење на заштитата на индустрискиот дизајн да изнесува повеќе 15 години согласно тој закон, времетраењето на заштитата, во случај на обновување на меѓународната регистрација ќе биде истото како она што е предвидено со законот на таа Договорна страна.
(в) Секоја Договорна страна, со изјава, ќе го извести Генералниот директор за максималниот рок на траење на заштитата предвиден според нејзиниот закон.
(4) [Можности за ограничено обновување] Обновувањето на меѓународната регисграција мрже да биде во важност за една или за сите назначени Договорни страни и за еден или за сите индустриски дизајни кои се предмет на таа меѓународна регистрација.
(5) [Запишување и објавување на обновувањет] Меѓународното биро ќе ги запише обновувањата во меѓународниот регистар и за тоа ќе изврши објавување. Тоа ќе му испрати копија од објавувањето на тоа известување до заводот на секоја од Договорните страни за која станува збор.
Член 18
Информации во врска со објавените меѓународни регистрации
(1) [Пристап до информациите] Меѓународното биро ќе му достави на секое лице кое доставило барање и по прием на пропишаната такса, извадок меѓнародниот регистар или информација која се однесува на содржината на Меѓународниот регистар во врска со секоја објавена меѓународна регистрација.
(2) [Исклучок од легализација] Извадоците од Меѓународниот регистар доставени од Меѓународното биро ќе бидат исклучени од обврската да се легализираат во некоја од Договорните страни.
ОДДЕЛ II
АДМИНИСТРАТИВНИ ОДРЕДБИ
Член 19
Заеднички завод за неколку држави
(1) [Известување за заеднички завод] Доколку неколку држави кои имаат намера да станат членки во овој Акт, или доколку неколку држави на овој Акт се согласиле, унификацијата на нивната домашна легислатива за индустрискиот дизајн тие можат да го известат Генералниот директор:
(ј) дека заеднички Завод ќе биде субститут на национален Завод за секоја од нив, и
(ii) нивните територии во целина, на кои се однесува унифицираната легислатива, ќе се сметаат за една Договорна страна за цели на примена на членовите 1, 3 до 18 и 31 од овој Акт.
(2) [Време на изготвување на известувањето] Известувањето кое е предмет на ставот (1) ќе биде изготвено
(i) во случај државите кои имаат намера да станат страни во овој Акт, во време на депонирање на инструментите наведени во членот 27(2);
(ii) во случај државите страни во овој Акт, во секое време по унификацијата на нивната домашна легислатива.
(3) [Дата на влегување во сила на известувањето] Известувањето наведено во ставрвите (1) и (2) ќе влезе во сила:
(i) во случај на државите кои имаат намера да станат страна во овој Акт, во времето кога тие страни се обврзани со овој Акт;
(ii) вo случај државите да се страни во овој Акт, три месеци по датата на комуникиција на Генералниот директор со Договорните страни или на некоја прдоцнежна дата наведена во нотификацијата.
Член 20
Членство во Хашката Унија
Договорните страни ќе станат членки на иста Унија како и државите страни на Актот од 1934 и Актот од 1960 година.
Член 21
Собрание
(1) [Состав] (а) Договорните страни ќе станат членки на истото Собрание на државите пропишано со членот 2 од Дополнителниот Акт од 1967 година.
(б) Секоја членка на Собранието ќе биде претставувана во Собранието од еден делегат, кому можат да му помагаат и други делегати, советници и експерти, и секој делегат може да претставува само една Договорна страна.
(в) Членките на Унијата кои не се членки на Собранието ќе бидат поканети на состаноците на Собранието како набљудувачи.
(2) [Работа] (а) Србранието ќе:
(i) работи со сите работи кои се однесуваат на одржување и развој на Унијата и на примената на ово| Акт;
(ii) ги исполнува тие права и работи кои особено се однесуваат на него или се наведени во овој Акт или во Дополнителниот Акт од 1967 година;
(iii) му дава насоки на Генералниот директор кои се однесуваат на подготовки на конференциите за ревизија и ќе одлучува за свикување на тие конференции;
(iv) го дополнува Правилникот;
(v) ги разгледува и ќе ги одобрува извештаите на Генералниот директор во врска со Унијата, и ќе му ги дава на Генералниот директор сите неопходни инструкции во врска со работите кои се во надлежост на Унијата;
(vi) ја определува програмата и ќе го усвојува двегодишниот буџет на Унијата, и ќе ги одобрува завршните сметки;
(vii) ги усвојува финансиските правилници на Унијата;
(viii) основа комитети и работни групи со цел да се постигнат целите на Унијата;
(ix) определува кои држави, меѓувладини организации и невладини организации, согласно ставот (1)(в), ќе бидат поканети на состаноците како набљудувачи;
(x) ги превзема сите неопходни активности за да се исполнат целите на Унијата и ќе ги извршува сите други функции кои се зададени со овој Акт.
(б) Во врска со прашањата кои се исто така од интерес на другите Униии администрирани од Организацијата, Собранието ќе донесува одлуки по добиените совети од Координативниот комитет на Организацијата.
(3) [Кворум] (а) Една половина од членките на Собранието кои се држави и имаат право да гласаат по прашањата го конституираат кворумот за цели на гласање по одредено прашање.
(б) Не негирајќи ги одредбите од подставот (а), доколку на некоја сесија бројот на членките на Собранието кои се држави и имаат право да гласаат по одредено прашање и се претставени, е помал од една половина, но еднаков или поголем од една третина од членките на Собранието кои се држави и имаат право да гласаат по одредено прашање, Собранието може да донесува одлуки, но, со исклучок на одлуките кои се однесуваат на неговата сопствена процедура, сите такви одлуки ќе влезат во сила само доколку се исполнети условите кои се овде наведени. Меѓународното биро ќе ги достави предметните одлуки до членките на Собранието кои се држави кои имат право да гласаат по определени прашања и кои не биле присутни и ќе ги покани да го дадат својот глас во писмена форма или да апстинираат во период од три месеци од датата на доставувањето. Доколку, по истек на тој период, бројот на таквите членки кои го доставиле својот глас или кои апстинирале го достигне бројот кој недостигал за да се утврди квроум на предметната сесија, тие одлуки ќе влезат во сила предвидувајќи дека бараното мнозинство постоело во дадениот момент.
(4) [Донесување на одлуки во Собранието] (а) Собранието ќе ги донесува своите одлуки со консензус.
(б) Кога одлуката не може да биде донесена со консензус, одлуката по прашањето ќе се донесе со гласање:
(i) секоја Договорна страна која е држава има еден глас и таа ќе гласа само во свое име, и
(ii) секоја Договорна страна која е меѓувладина организација може да гласа на место на нејзините земји членки, со број на гласови еднаков на бројот на нејзините земји членки кои се страни на овој Акт и ниту една меѓувладина организација нема да партиципира во гласањето доколку некоја од земјите членки го користи своето право да гласа, и обратно.
(в) За прашања кои се однесуваат само на државите кои се обврзани со членот 2 од Дополнителниот Акт од 1967 година, Договорните страни кои не се обврзани со тој член нема да имаат право да гласаат, а за прашањата кои се однесуваат на Договорните страни само овие вториве ќе имаат право да гласаат. .
(5) [Мнозинство] (а) Предмет на членот 24(2) и 26(2), одлуките на Собранието се донесуваат со дво-третинско мнозинство од гласовите.
(б) Апстинирањето не се смета за гласање.
(6) [Сесии] (а) Собранието ќе се состанува еднаш во секоја втора календарска година на редовни сесии на повик од Генералниот директор и, доколку нема некои вонредни услови, во ист период и на исто место како Генералното Собрание на Организацијата.
(б) Собранието ќе се состанува на вонредни сесии на повик од Генералниот директор, или по барање на една-четвртина од Членките на Собранието или по иницијатива на Генералнирт директор.
(в) Дневниот ред на секоја сесија го подготвува Генералииот директор.
(7)[Правила на процедурата] Собранието ќе усвои сопствени правила на процедурата.
Член 22
Меѓународно биро
(1) [Административни работи] (а) Меѓународната регистрација и сродните активности, исто како и другата административна работа во врска со Унијата ќе биде извршувана од Меѓународното биро.
(б) Всушност, Меѓународното биро ќе ги подготвува состаноците и ќе ги опслужува секретаријатот на Собранието и останатите комитети на експерти и работни групи кои можат да бидат основани од Собранието.
(2) [Генерален директор] Генералниот директор ќе биде извршен шеф на Унијата и ќе ја претставува Унијата.
(3) [Состаноци кои не се сесии на Собранието] Генералниот директор ќе ги свикува сите комитети и работни групи основани од Собранието и сите други состаноци кои се однесуваат на работата на Унијата.
(4) [Улогата на Меѓународното биро во Собранието и другите состаноци] (а) Генералниоt директор и лицата назначени од Генералниот директор ќе учествуваат, без право на глас, на сите состаноци на Собранието, на комитетите и на работните групи основани од Собранието, и на секој друг состанок свикан од Генералниот директор, а во врска со Унијата.
(б) Генералниот директор или член од персоналот овластен од Генерлниот директор ќе биде ex officio секретар на Собранието, на комитетите, на работните групи и другите состаноци согласно подточката (а).
(5) [Конференции] (а) Меѓународното биро, согласно со насоките од Собранието, ќе изврши подготовки за секоја ревизиона конференција.
(б) Меѓународното биро може да се консултира со меѓувладините организации и меѓународните и невладини организации во врска со предметните подготовки.
(в) Генералниот директор и лицата назначени од него ќе учествуваат, без право на глас, во дискусиите на ревизионите конференции.
(6) [Други работи] Меѓународното биро ќе ги работи и другите работи назначени во врска со овој Акт.
Член 23
Финансии
(1)[Буџет] (а) Унијата има буџет.
(б) Буџетот на Унијата ги вклучува приходите и трошоците во врска со Унијата и нејзиниот придонес кон заедничките буџети на тошоците на Униите администрирани од Организацијата.
(в) Трошоците кои не и припаѓаат само на Унијата, туку на една или повеќе Униии администрирани од Организацијата, ќе се сметаат за заеднички трошоци на Униите. Делот кој и припаѓа на Унијата во тие заеднички трошоци е во пропорција со интересот кој Унијата го има од нив.
(2)[Координација со буџетите на другите Унии] Буџетот на Унијата ќе биде формиран согласно барањата за координација со буџетите на другите Унии администрирани од Организацијата.
(3) [Ресурси за финансирање на буџетот] Буџетот на Унијата ќе биде финансиран од следните ресурси.
(i) таксите од меѓународните регистрации;
(ii) давачките за останати услуги добиени од Меѓународното биро а во врска со Унијата;
(iii) продажба или надоместоци за публикациите на меѓународното биро во врска со Унијата;
(iv) подароци, оставштини и субвенции;
(v) кирии, камати и други видови приходи.
(4) [Утврдување на таксите и давачките; ниво на буџетот] (а) Износот на таксите наведени во точката (3)(i) ќе биде утврден од Собранието по предлог на Генералниот директор. Давачките наведени во ставот (3)(i) ќе бидат оформени од Генералниот директор и ќе бидат предмет на одобрување на Собранието на неговата следна сесија.
(б) Износот на таксите наведени во ставот (3)(i) ќе биде утврден на тој начин што приходите на Унијата од такси и други ресурси ќе биде најмалку доволен за да ги покрие сите други трошоци на Меѓународното биро кои се однесуваат на Унијата:
(в) Доколку буџетот не се усвои пред почетокот на новиот фискален период, тој ќе биде на исто ниво како и буџетот од претходната година, како што е предвидено со финансиските лравилници.
(5) [Фонд за обртен капитал] Унијата ќе има фонд за обртен калитал кој се состои од вишокот од приходите и ако тој вишок не е доволен, од поединечни плаќања од секоја членка на Унијата. Доколку фондот стане недоволен, Собранието одлучува за неговото зголемување. Односот и условите за плаќање ќе бидат утврдени од Собранието, по предлог на Генералниот директор.
(6) [Аванси од земјата домаќин] (а) Во договорот за седишта склучен со земјата на чија територија Организацијата ги има своите седишта ќе биде предвидено дека, доколку фондот за обртен капитал е недоволен таа земја ќе гарантира аванси. Износот на тие аванси и условите под кои тие се даваат се предмет на посебен договор, во секој случај, помеѓу земјата и Организацијата.
(б) Земјата наведена во подставот (а) и Организацијата секоја од своја страна, имаат право да ја одбијат обврската за гарантиран аванс, со писмено известување. Одбивањето влегува во сила три години по истек на годината во која известувањето било испратено.
(7) [Контрола на сметките] Контролата на сметките ќе биде извршена од една или повеќе земји членки на Унијата или од надворешни контролори, како што е предвидено во финансиските правилници. Тие ќе бидат назначени, со нивните договори, од страна на Собранието.
Член 24
Правилник
(1) [Предмет] Правилникот ги покрива деталите на примената на овој Акт. Тој содржи, главно, одредби кои се однесуваа на:
(i) работите кои овој Акт јасно предвидува да бидат пропишани;
(ii) понатамошни детали кои се однесуваат, или детали употребливи во имплементација на одредбите на овој Акт;
(iii) сите административни барања, работи или процедури.
(2) [Дополнување на постоечките одредби од Правилникот] (а) Правилникот може да специфицира определени одредби кои можат да бидат дополнети или изменети само едногласно или со мнозинство одчетири петини.
(б) Со цел за барањето за едногласно одлучување или одлучување со четири-петинско мнозинство да се применува на секое идно дополнување на одредбите на Правилникот, ќе се бара едногласно одлучување.
(в) Со цел за барањето за едногласно одлучување или одлучување со четри-петинско мнозинство да се применува на секое идно дополнување на одредбите на Правилникот, ќе се бара мнозинство од четири-петинско одлучување.
(3) [Конфликт помеѓу овој Акт и Правилникот] Во случај на конфликт помеѓу одредбите од овој Акт и оние од Правилникот, првиот има предност.
ОДДЕЛ III
РЕВИЗИЈА И ДOПОЛНУВАЊЕ
Член 25
Ревизија на овој Акт
(1) [Ревизиони конференции] Овој Акт може да биде ревидиран со конференција на Договорните страни.
(2) [Ревизија или дополнување на одредени членови] Членовите 21, 22, 23 и 26 можат да бидат дополнети со ревизиона конференција или од Собаранието согласно одредбите содржани во членот 26.
Член 26
Дополнување на постоечките членови од страна на Собранието
(1) [Предлози за дополнување] (а) Предлозите за дополнување од страна на Собранието на членовите 21, 22, 23 и на овој член можат да бидат инцирани од која и да е Договорна или од Генералниот директор.
(б) Таквите предлози ќе им бидат доставени на Договорните страни од Генералниот директор најдоцна шест месеци пред затоа да расправа Собранието.
(2) [Мнозинство] За усвојување на секоја измена и дополнување на членовите наведени во ставот (1) потребно е мнозинство од три-четвртини, освенусвојувањето на секое дополнување и измена на членот 21 или на овој член, за што е потребно четири-петинско мнозинство.
(3) [Влегување во сила] (а) Освен во случаите кога се применува потставот (6), секое дополнување и измена на членовите наведени во ставот (1) влегува во сила еден месец по писменото известување за прифаќање, се применува согласно соодветните констутивни процедури, по прием од страна на Генералниот директор од три-четвртини од оние Договорни страни кои, во времето на усвојување на дополнувањата и измените, биле членки на Собранието и имал право, да гласаат за тоа дополнување и изменување.
(б) Секое дополнување и измена на членот 21(3) или (4) или на овој подстав нема да влезе во сила доколку, во рок од шест месеци од нивното усвојување од Собранието, некоја од Договорните страни го извести Генералниот директор дека не ги прифаќа тие дополнувања и измени.
(в) Секое дополнување и измена кои влегуваат во сила согласно одредбите од овој став ќе бидат обврзувачки за сите држави и меѓувладини организации кои се Договорни страни во времето кога дополнувањата и измените влегле во сила, или кои станале Договорни страни до таа дата.
ОДДЕЛ IV
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 27
Станување на Страна во овој Акт
(1) [Подобност] Предмет на ставoвите (2) и (3) и членoт 28, се;
(i) секоја земја членка на Организацијата може да потпише и да станестрана во овој Акт;
(ii) секоја меѓувладина организација која одржува Заводот во кој заштитата на индустрискиот дизајн, се извршува со важноста на територијата на која се применува договорот за основање на таа меѓувладина организација, може да потпише и да стане страна во овој Акт, предвидувајќи дека најмалку една од земјите членки во таа меѓувладина организација е членка на Организацијата и предвидувајќи дека тој Завод не е предмет на известување согласно членот 19.
(2)[Ратификација или прифаќање] Секоја земја или меѓувладина организација наведена во ставот (1) може да депонира:
(i) инструмeнт за ратификација, доколку го потпишал овој Акт, или
(ii) инструмент за прифаќање, доколку не го потпишал овој Акт.
(3)[дата на влегување во сила на депонирањето] (а) Предмет на подставовите (б) и (г), датата на влегување во сила на депонираниот инструмент на ратификација или прифаќање ќе биде онаа дата на која тој инструмент е депонира.
(б) Датата на влегување во сила на депонираниот инструмент на ратификација или прифаќање на некоја од земјите кои заштитата на индустрискиот дизајн ја вршат само преку Заводот основан од меѓувладина организација чија членка е и земјата, ќе биде датата на која инструментот на таа меѓувладина организација е депониран, доколку таа дата е подоцнежна од датата на која инструментот на предметната земја бил депониран.
(в) Датата на влегување во сила на секој инструмент на ратификација или прифаќање, кој содржи или е придружен од известување наведено во членот 19, ќе биде онаа дата на која последниот од инструментите на земјите, членки на групата земји кои доставиле известување, бил депониран.
(г) Секој инструмент на ратификација или прифаќање на една земја може да содржи или да биде придружен со декларација која содржи услови за да биде третирана како да е депонирана, дека инструментот на некоја друга земја или една меѓувладина организација, или инструменти на две други земји, или инструменти на една друга земја и една меѓувладина организација, специфицирана со името и подобноста да стане страна на овој Акт, е или се, исто така депонирани. Инструментот што содржи или е придружен со таква декларација ќе се смета дека бил поднесен на денот на кој условот што е назначен во декларацијата е исполент. Како и да е, кога инструментот специфициран во декларацијата содржи, или е придружен со декларација од овој вид, тој инструмент ќе се смета дека е депониран на денот на кој условот специфициран во него во подоцнежна декларација е исполнет.
(д) Секоја декларација направена според ставот (г) може да биде повлечена во целост или делумно во било кое време. Секое такво првлекување ќе влезе во сила на денот на кој известувањето за повлекувањето е примено од Генералниот директор.
Член 28
Дата на влегување во сила на ратификации и пристапувања
(1) [Инструменти што ќе бидат земени во разгледување] За целите на овој член само инструментите на ратификација или пристапување што се депонирани од земјите или меѓвладините организации наведени во член 27 (1) и што влегуваат во сила согласно член 27(3) ќе бидат земени во разгледување.
(2) [Влегување во сила на овој Акт] Овој Акт ќе влезе во сила три месеци откако шест држави ќе ги депонираат нивните инстументи за ратификација или пристапување, обезбедувајќи дека согласно последните годишни статитстички извештаи собрани од Меѓународното биро, најмалку три од тие држави исполнуваат најмалку еден од следните услови:
(i) најмалку 3.000 пријави за заштита на индустриски дизајн биле поднесени во или за земјата за која станува збор
(ii) најмалку 1.000 пријави за заштита на индустриски дизајн биле поднесени во или за земјата за која станува збор од резиденти на други земји.
(3) [Влегување во сила на ратификациите и пристапувањето] (а) Секоја земја или меѓувладина организација која има депонирано свој инструмент на ратификација или пристапување три месеци или повеќе пред денот на влегување во сила на овој Акт, ќе биде врзана со овој Акт на денот на влегувањето во сила на овој Акт.
(б) Секоја земја или меѓувладина организација ќе биде врзана со овој Акт три месеци по денот на кој го депонирала инструментот на ратификација или пристапување или на било која подоцнежна дата назначена во тој инструмент.
Член 29
Забрана за резерви
Не се дозволени резерви за овој Акт.
Член 30
Изјави направени од Договорните страни
(1) [Време во кое декларациите можат да бидат направени] Секоја декларација според членовите 4(1)(б), 5(2)(а), 7(2), 11(1), 13(1), 14(3), 16(20) или 17(3)(в) може да биде направена:
(i) во време на депонирање на инструментот наведeн во член 27(2), во кој случај ќе влезе во сила на датата на кoја земјата или меѓувладината организација ја направила декларацијата со кojа ќе стане обврзана со овој Акт, или
(ii) по депонирањето на инструментот наведен во член 27(2), во кој случај ќе влезе во сила три месеци по денот на неговиот прием од Генералниот директор или на било која подоцнежна дата наведена во декларацијата но, ќе се применува само за било која меѓународна регистрација чија дата на меѓународна регистрација е иста, или подоцнежна од датата на влегувањто во сила на декларацијата.
(2) [Декларации од земјите кои имаат заеднички Завод] Неоповргнувајќи го ставот (1), било која декларација наведена во тој став што била направена од земја која со друга земја или други земји, го известиле Генералниот директор согласно член 19(1) за замена на заедничкиот Завод на место на нивните национални заводи, ќе влезе во сила само ако таа земја или други земји направи или направат известувачка декларација или известувачки декларации.
(3) [Повлекување на декларации] Секоја декларација наведена во ставот (1) може да биде повлечена во било кое време со известување адресирано до Генералниот директор. Таквото повлекување ќе влезе во сила три месеци по датата на која Генералниот директор го примилизвестувањето или на било која подоцнежна дата наведена во известувањето. Во случај на известување направено според член 7(2), повлекувањето нема да влијае на меѓународните пријави поднесени пред да влезе во сила означеното повлекување.
Член 31
Применливост на Актите од 1934 и 1960 година
(1) [Однос помеѓу земјите членки на овој Акт и на Актите од 1934 или 1960 година] Овој Акт самостојно ќе се применува на ист начин како односите на земјитге членки на двата, овој Акт и Актите од 1934 или 1960 година. Како и да е, таквите земји, во нивните меѓусебни односи ќе ги применуваат Актот од 1934 година или Актот од 1960 година, што може да биде случај, за индустриските дизајни депонирани кај Меѓународното биро пред датата на која овој Акт бил применлив во однос на нивните меѓусебни односи.
(2) [Односи помеѓу земјите членки на овој Акт и Актите од 1934 или 1960 година и земјите членки на Актите од 1934 или 1960 година кои не се членки на овој Акт] (а) Секоја земја која е членка на овој Акт и Актот од 1934 година, ќе продолжи да го применува Актот од 1934 година во нејзините односи со земјите кои се членки на Актот од 1934 година, а не се членки на Актот од 1960 година или овој Акт.
(б) Секоја земја која е членка на овој Акт и на Актот од 1960 година ќе продолжи да го применува Актот од 1960 година во односите, со државите кои се членки на Актот од 1960 грдина, а не се членки на овој Акт.
Член 32
Откажување од овој Акт
(1) [Известување] Секоја дрговорна страна може да се откаже од овој Акт со известување адресирано до Генералниот директор.
(2) [Влегување во сила] Откажувањето ќе влезе во сила една година по датата на која Генералниот директор го примил известувањето или на било која подоцнежна дата назначена во известувањето. Тоа нема да влијае на применувањето на овој Акт на било која меѓународна пријава која е во постапка или било која меѓународна регистрација која е во сила за Договорната страна која се откажува во времето во кое откажувањето влегува во сила.
Член 33
Јазици на овој Акт; Потпишување
(1) [Оригинални текстови; званични текстови] (а) Овој Акт ќе биде потпишан во еден оригинален примерок на англиски, арапски, кинески, француски, руски и шпански јазик и сите текстови ќебидат еднакво автентични.
(б) Званичните текстови ќе бидат востановени од Генералниот директор, по консултации со заинтересираните влади, на други јазици кои ќе бидат назначени рд Собранието.
(2) [Временско ограничување за потпишување] Овој Акт ќе остане отворен за потпишување во седиштето на Организацијата една година по неговото усвојување.
Член 34
Депозитар
Генералниот директор ќе биде депозитар на овој Акт.
ПРАВИЛНИК
согласно Женевекиот акт од 1999, Актот од1960 и Актот од 1934 година на Хашкиот договор (во сила од 1 април 2004 година)
СОДРЖИНА
Оддел 1: Општи одредби
Правило 1: Дефиниции
Правило 2: Комуникација со Меѓународното биро
Правило 3: Застапување пред Меѓународното биро
Правило 4: Пресметување на временските ограничувања
Правило 5: Неправилности во поштенските услуги и во испораките
Правило 6: Јазици
Оддел 2: Меѓународна пријава и меѓународна регистрација
Правило 7: Барања кои се однесуваат на меѓународна пријава
Правило 8: Посебни барања кои се однесуваат на пријавувачот
Правило 9:.Репродукции на индустрискиот дизајн
Правило 10: Мустри на индустрискиот дизајн кога се бара одлагање на
објавувањето
Правило 11: Идентитет на креаторот; опис; барање
Правило 12: Такси кои се однесуваат на меѓународната пријава
Правило 13: Меѓународна пријава поднесена преку Завод
Правило 14: Испитување од Меѓународното биро
Правило 15: Регистрација на индустрискиот дизајн во Меѓународниотрегистар
Правило 16: Одлагање на објавување
Правило 17: Објавување на меѓународна регистрација
Оддел 3: Одбивања и поништувања
Правило 18: Известување за одбивање
Правило 19: Неправилно одбивање
Правило 20: Поништување
Оддел 4: Промени и корекции
Правило 21: Запишување на промени
Правило 22: Корекции во Меѓународниот регистар
Оддел 5: Обновување
Правило 23: Неофицијално известување за истек
Правило 24: Детали кои се однесуваат на обновувње
Правило 25: Запишување на обновувањето, решение
Оддел 6: Билтен
Правило 26: Билтен
Оддел 7: Такси
Правило 27: Износи и плаќање на такси
Правило 28: Валута за плаќање
Правило 29: Кредитирање на таксите од сметките на Договорните страни за кои станува збор
Оддел 8: Меѓународни пријави направени целосно или делумно според Актот од 1934 и меѓународните регистрации кои произлегуваат од таквата пријава
Правило 30: Применливост на регулативите за меѓународната регистрација направени целосно согласно Актот од 1934 година и меѓународните регистрации кои произлегуваат од таквата пријава
Правило 31: Применливост на регулативите за меѓународната регистрација направени делумно согласно Актот од 1934 година и меѓународните регистрации кои произлегуваат од таквата пријава
Оддвл 9: Разно
Правило 32: Изводи, копии и информации кои се однесуваат на објавените меѓународни регистрации
Правило 33: Дополнување на поетоечките Правила
Правило 34: Административни инструкции
Правило 35: Изјави направени од Договорните страни на Актот од 1999 година
Правило 36: Изјави направени од Договорните страни на Актот од 1960 година
ОДДЕЛ 1
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Правило 1
Дефиниции
(1) [Скратени изрази] За целите на овој правилник,
(i) “Актот од 1999” го подразбира актот, од Хашкиот договор, потпишан во Женева, 2 Јули, 1999 година;
(ii) “Актот од 1960” го подразбира актот, од Хашкиот договор, потпишан на 28 Ноември 1960 година во Хаг
(iii) “Актот од 1934” се однесува на актот од Хашкиот договор, потпишан во Лондон на 2 Јуни 1934 година
(iv) израз кој што се користи во овој правилник и кој што се повикува на член 1 од Актот од 1999 го има истото значење како и во самиот Акт
(v) Под “Административни инструкции” се подразбираат административните инструкции наведени во Правилото 34;
(vi) “комуникација” подразбира секоја меѓународна пријава или секое барање, декларација, покана, известување или информација која што се однесува на, или ја придружува меѓународната пријава или меѓународната регистрација, која е адресирана до Бирото на земја/држава (страна) потписничка; до Меѓународното Биро, до поднесувачот или носителот и која е поднесена на начин дозволен со овој правилник или со Административните инструкции
(vii) “официјален формулар” подразбира формулар воспоставен од Меѓународното Биро или секој друг формулар кој ги има истата содржина и формат
(viii) “Меѓународна класификација” ја подразбира класификацијата воспоставена според Локарнскиот договор за воспоставување на Меѓународна класификација за индустрискиот дизајн;
(ix) ” пропишана такса” се однесува на секоја применлива такса изложена во Распоредот на Такси
(x) “Билтен” се однесува на периодичен билтен во кој Меѓународното Биро ги ефектуира публикациите предвидени со Актот од 1999, Актот од 1960, Актот од 1934 или со овој Правилник, без разлика на медиумот кој што се користи;
(xi) “Назначена потписничка страна/држава според Актот од 1999” означува назначена потписничка страна на која што Актот 1999 е применлив, или како единствен заеднички акт, на кој што се обврзани потписничката страна на подносителот и назначената потписничка страна, или по пат на член 31(1), реченица прва, од Актот од 1999;
(xii) “Назначена потписничка страна според Акотот од 1960 означува назначена потписничка страна на која што Актот од 1960 е применлив, или како единствен заеднички акт, на кој што се обврзани иста назначена потписничка страна и Земјата на потекло според член 2 од Актот од 1960, или по пат на член 31(1), реченица прва, од Актот рд 1960;
(xiii) “Назначена потписничка страна според Актот од 1934 означува назначена потписничка страна на која што Актот од 1934 применлив, како единствен заеднички акт на кој што таа назначена потпирничка страна и Земјата потписничка дефинирана со член 1 од Актот од 1934 се обврзани;
(xiv) “меѓународна апликација која припаѓа ексклузивно под Актот од 1999” означува меѓународна пријава во однос на која сите назначени страни потписнички се страни потписнички назначени спор Актот од 1999;
(xv) “меѓународна апликација која припаѓа ексклузивно под Актот од 1960” означува меѓународна пријава во однос на која сите назначени страни потписнички се страни потпирнички назначени според Актот од 1960
(xvi) “меѓународна апликација која подпаѓа ексклузивно под Актот од 1934” означува меѓунаррдна пријава во однос на која сите назначени страни потписнички се страни назначени според Актот од 1934;
(xvii) “меѓународна апликација која подпаѓа под двата акта од 1999 и од 1960″ подразбира меѓународна апликација во однос на која
– најмалку една страна потписничка е назначена сооред Актот од 1999;
– најмалку една страна потписничка е назначена според Актот од 1960, и
– ниту една страна потписничка не е назначена според Актот од 1934,
(xviii) “меѓународна апликација која подпаѓа под двата акта од 1999 и од 1934” подразбира меѓународна апликација во однос на која
– најмалку една страна потписничка е назначена според Актот од 1999,
– најмалку една страна потписничка е назначена според Актот од 1934, и
– ниту една страна потписничка не е назначена според Актот од 1960;
(хiх) “меѓународна апликација која подпаѓа под двата акта од 1960 и од 1934” подразбира меѓународна апликација во односна која
– најмалку една страна потписничка е назначена според Актот од 1960,
– најмалку една страна потписничка е назначена според Актот од 1934, и
– ниту една страна потписничка не е назначена според Актот од 1999;
(хх) “меѓународна апликација која подпаѓа под Актот од 1999, под Актот од 1960 и под Актот од 1934″ подразбира меѓународна апликација во однос на која
– најмалку една страна потписничка е назначена според Актот од 1999,
– најмалку една страна потписничка е назначена според Актот од 1960, и
– најмалку една страна потписничка е назначена според Актот од 1934.
(3) [Кореспонденција помеѓу некои изрази користени во Актот од 1999, 1960 и Актот од 1934] За целите на овој правилник,
(i) референцата ”меѓународна апликација” или “меѓународна регистрација” ќе подразбира дека вклучува и (онаму каде што тоа е соодветно) референца кон “меѓународен депозит” како што е спомнато во Актот од 1960 иАктот од 1934;
(ii) референцата “подносител” или “носител” ќе подразбира дека вклучува (онаму каде што е соодветно) и референца кон “депозитор” односно “сопственик” соодветно, како што е спомнато во Актот од 1960 и Актот од 1934,
(iii) референцата “Страна потписничка” ќе подразбира дека вклучува (онаму каде што тоа е соодветно) рефенца кон Држава потписничка на Актот од 1960 или Земја потписничка на Актот од 1934,
(iv) референцара “Страна потписничка чие што биро врши испитување” ќе подразбира дека вклучува (онаму каде што тоа е соодветно) и референца кон “Држава која врши испитување за иновативност* како што тоа е дефинирано во Член 2 од Актот од 1960;
(v) референцата “поединечна такса за назнака” ќе подразбира дека вклучува (онаму каде што тоа е соодветно) референца кон таксата спомната во Член 15(1)2(б) од Актот од 1960;
(vi) референцата “обнова” ќе подразбира дека вкпучува (онаму каде што тоа е соодветно) и референца кон “продолжување” како што е спомнато во Актот од 1934
Правило 2
Комуникација со Меѓународното биро
Комуникацијата адресирана до Меѓународното биро ќе се спроведува како што е предвидено во Административните инструкции.
Правило З
Застапување пред Меѓународното биро
(1) (Застапник; број на застапници) (а) Пријавувачот или носителот може да има застапник пред Меѓународното биро.
(б) Само еден засталник може да биде имемуван во врска со определена меѓународна пријава или, меѓународна регистрација. Кога именувањето индицира неколкумина застапници, само оној што е наведен прв ќе се смета за застапник и ќе биде запишан како таков.
(в) Кога партнерство или фирма составени од адвокати или патентни агенти или агенти на жигови се сведени како застапник во Меѓународното биро, тие ќе се сметаат како еден застапник.
(2) (Именување на застапник) (а) Именувањето на застапникот може да биде направено во меѓнародната пријава, предвидувајќи дека пријавата е потпишана од пријавувачот.
(б) Именувањето на застапникот може истот така да биденаправено во одделна комуникација која може да се однесува на една или повеќе специфицирани меѓународни пријави или меѓународни регистрации на ист пријавувач или носител. Предметната комуникација ќе биде потпишана од пријавувачот или носителот.
(в) Кога Меѓународното биро утврдило дека именувањето на застапникот е извршено погрешно, тоа ќе ги извести веднаш пријавувачот или носитеот и божемниот застапник.
(3) (Запишување на известувањето за именување на застапник; дата на влегување во сила на именувањето) (а) Кога Меѓународното биро ќе угврди дека именувањето на застапникот ги исполнува барањата, тоа ќе го запише фактот дека пријавувачот или носителот имаат застапник, исто како и името и адресата на застапникот, во Меѓународниот регистар. Во тој случај за дата на влегување во сила на именувањето ќе се смета датата на која Меѓународното биро ја примило меѓународната пријава или посебната комуникација во која е именуван застапникот.
(б) Меѓународното биро ќе ги извести за запишувањето направено согласно подставот (а) и пријавувачот или носителот и застапникот.
(4) (Важност на именување на застапник) (а) Освен ако Правилникот јасно не предвидува друго, потписот на застапникот запишан согласно ставот (3) (а) ќе го замени потписот на пријавувачот или на носителот.
(б) Освен кога Правилникот јасно бара комуникацијата да биде адресирана и до пријавувачот или носителот и до застапникот, Меѓународното биро ќе ја адресира до застапникот запишан согласно ставот (3) (а) целокупната комуникација која, во случај на отсуство на застапник, би требало да му биде испратена на пријавувачот или на носителот; целокупната комуникација, вака адресирана до предметниот застапник, ќе ја има истата важност како и да била адресирана до пријавувачот или носителот.
(в) Целокупната комуникација адресирана до Меѓународното биро од страна на застапникот запишан согласно ставот (3) (а) ќе ја има истата важност како да била адресирана до предметното Биро од страна на пријавувачот или носителот.
(5) (Отповикување на запишувањето; дата на влегување во сила на отповикувањето) (а) Секое запишување согласно ставот 3(а) ќе биде отповикано кога се бара отповикување во комуникација потпишана од пријавувачот, носителот или застапникот. Запишувањето ќе биде отповикано ех officio. Од Меѓународното Биро кога се именува нов застапник или се запишува промена на сопственоста и кога не е именуван нов застапник од новиот носител на меѓународната регистрација.
(б) Отповикувањето ќе стапи во сила на датата на која Меѓународното биро ќе ја прими коресподентната комуникација.
(в) Меѓународното биро ќе ги извести за отповикувањето и за датата на влегување во сила на истото застапникот чие именување е отповикано и пријавувачот или носителот.
Правило 4
Пресметување на временските ограничувања
(1) (Периоди изразени во години) Секој период изразен во години ќе истече во релевантната последователна година, во месецот кој го има истото име и на денот кој го има истиот број како и месецот и денот на настанот од кој започнува да се брои периодот, освен во случај кога настанот се случил на 29 февруари и кога во релевантната последователна година месецот февруари завршува на 28-ми, периодот истекува на 26 февруари.
(2) (Периоди изразени во месеци) Секој период изразен во месеци ќе истече, во релевантниот последователен месец, на денот кој го има истиот број како и денот од кога настанот се брои, освен доколку, релевантниот последователен месец нема ден со истиот број, периодот ќе истече на последниот ден од месецот.
(3) (Периоди изразени во денови) Пресметувањето на секој период изразен во денови ќе започне со денот кој го следи денот на кој се случил релевантниот настан и ќе истече согласно тоа.
(4) (Истек на ден на кој Меѓународното биро или Завод не се отворени за јавноста). Доколку периодот истекува на ден на кој Меѓународното биро или Заводот не се отворени за јавност, периодот ќе истече, не негирајќи ги ставовите од (1) до (3), првиот последователен ден на кој Меѓународното биро или Заводот се отворени за јавноста.
Правило 5
Неправилности во поштенските услуги или во испораките
(1) (Комуникации испратени преку пошта) Секоја грешка на заинтересираната страна во однос на исполнување на временските ограничувања за комуникација адрерирана до Меѓународното биро и испратена преку пошта ќе биде оправдана доколку заинтересираната страна достави доказ со кој му докажува на Меѓународното биро.
(i) дека комуникацијата била испратена преку пошта најмалку пет дена пред истекот на временското ограничување или, во случај поштенските услуги, во текот на еден од претходните десет дена од денот на истекот на временското ограничување, да биле прекинати од војна, револуција, граѓански немири, штрајк, природни непогоди или слични причини, таа комуникација да била испратена не подоцна од пет дена откако повторно се воспоставиле поштенските услуги;
(ii) дека испраќањето на комуникацијата по пошта било препорчано, или дека деталите на поштенското, испраќање биле запишани од страна на поштата во време на испраќањето; и
(iii) во случаи кога сите класи на пошта не пристигнуваат нормално во Меѓународното биро во рок од два дена, дека таа комуникација била испратена со таква поштенска класа која нормално би пристигнала во Меѓународното биро во рок од два дена или со авионска пошта.
(2) (Комуникација испратена по пат на сервис за испорака) Секоја грешка на заинтересираната страна во однос на исполнување на временските ограничувања за комуникација адресирана до Меѓународното биро и испратена преку сервис за испорака ќе биде оправдана доколку заинтересираната страна достави доказ со кој му докажува на Меѓународното биро.
(I) дека кoмуникацијата била испратена најмалку пет дена пред истекот на временскoтo oграничување или, во случај услугите на сервисот за испорака, во тек на еден од претходните десет дена од денот на истекот на временското ограничување, да биле прекинати од војна, револуција, граѓански немири, штрајк, природни непогоди или слични причини, таа комуникација да била испратена не подоцна од пет дена откако повторно се воспоставиле услугите на сервисот за испорака.
(II) дека деталите на испраќање биле запишани од страна на сервисот за испорака во време на испрашањето.
(2) (Ограничување на оправдувањето) Грешката во исполнување на временските ограничувања ќе биде оправдана согласно ова Правило само доколку доказот наведен во ставот (1) или (2) и комуникацијата или нејзиниот дупликат се примени од Меѓународното биро не подоцна од шест месеци по истекотна временското ограничување.
Правило 6
Јазици
(1) (Меѓународна пријава) Меѓународната пријава е на англиски или француски јазик.
(2) (Запишување и објавување) Запишувањето во Меѓународниот регистар и објавувањето во Билтенот на меѓународните регистрации и секој податок во претходните се запишуваат и објавуваат согласно овој Правилник, а зависно од тоа дали меѓународната регистрација ќе биде на англиски или на француски јазик. Запишувањето и објавувањето на меѓународната регистрација ќе го одразува јазикот на кој меѓународната пријава била примена од Меѓународнотр биро.
(3) (Комуникации) Секоја комуникација која се однесува на меѓународната пријава или на меѓународната регистрација која резултира од неа ќе биде
(I) на англиски или на француски јазик кога таа комуникација е адресирана до Меѓународното биро од пријавувачот или носителот или од Завод;
(II) на јазикот на меѓународната пријава кога комуникацијата е адресирана од Меѓународното биро до Завод, освен ако Заводот не го извести Меѓународното биро дека целокупната комуникација треба да биде на англиски или на француски јазик;
(III) на јазикот на меѓународната пријава кога комуникацијата е адресирана од Меѓунаррдното биро до пријавувачот или до носителот освен ако пријавувачот или носителот ја изразат својата желба целокупната комуникација да биде на англиски јазик иако меѓународната пријава била на француски јазик и обратно.
(4) (Превод) Потребните преводи за запишување и за објавување согласно ставот (2) ќе бидат направени од Меѓународното биро. Пријавувачот може да ја дополни меѓународната пријава со предлог превод на секој текст кој е содржан во меѓународната пријава. Доколку Меѓународното биро смета дека тој текст не е исправен, тој ќе биде исправен од страна на Меѓународното биро по поканата испратена до пријавувачот да направи, во рок од еден месец по прием на поканата, опсервација на предложените измени.
ОДДЕЛ 2
МЕЃУНАРОДНИ ПРИЈАВИ И МЕЃУНАРОДНИ РЕГИСТРАЦИИ
Правило 7
Барања кои се однесуваат на меѓународната пријава
(1) (Формулар и потпис) Меѓунаордната пријава се презентира на службен формулар. Меѓународната пријава е потпишана од пријавувачот.
(2) (Такси) Пропишаните такси кои се однесуваат на меѓународната пријава ќе се плаќаат согласно предвиденото во Правилата 27 и 28.
(3) (Обврзана содржина на меѓународната пријава) Меѓународната пријава содржи или ќе ги наведува
(I) името на пријавувачот, дадено согласно Административните инструкции;
(II) адреса на пријавувачот, дадена согласно Административните инструкции;
(III) Договорната страна на пријавувачот;
(IV) Производот или производите кои го содржат индустрискиот дизајн или во врска со кои индустрискиот дизајн треба да биде употребен, со индикација дали производот или производите го создаваат индустрискиот дизајн или се производи во врска со кои индустрискиот дизајн треба да биде употребен; производот или производите е пожелно да се идентифицираат со употреба на терминологијата која се појавува во листата на стоки во Меѓународната класификација;
(V) Бројот на репродукции или мустри од индустрискиот дизајн кои ја придружуваат меѓународната пријава согласно Правилата 9 или 10;
(VI) Назначените Договорни страни;
(VII) Износот на таксите кои се платени и начинот на плаќање, или инструмент за задолжуванзе на сметката отворена во Меѓународното биро во врска со износот на таксата, и идентификацијата на страната која го врши плаќањето или која ги дава инструкциите.
(4) (Дополнителни содржини на меѓународната пријава) (а) Кога меѓународната пријава срдржи назначување на Договориата страна која го известила Генералниот директор, согласно членот 5 (2)(а) дека нејзиното законодавство, бара еден или повеќе елементи наведени во членот 5 (2)(б), меѓународната пријава ќе го содржи тој елемент или елементи, како што е пропишано во Правилото 11.
(б) Елемент наведен во точката (I) или (II) од членот 5 (2)(б) може, по избор на пријавувачот, да биде вклучен во меѓународната лријава дури и кога тој елемент не се бара како последица на известување согласно членот 5 (2)(а).
(в) Кога се применува Правилото 8 меѓународната пријава треба да содржи индикации наведени во Правилото 8 (2), и каде што е применливо, да биде придружена со изјава или дркумент наведен во тоа Правило.
(г) Кога пријавувачот има застапник, меѓународната пријава треба да наведува име и адреса на застапникот, дадено согласно Административџите инструкции;
(д) Кога пријавувачот сака, согласно член 4 од Париската Конвенција, да бара приоритет на поранешно поднесување, меѓународната пријава ќе содржи и изјава со барање на приоритет за тоа поранешно поднесување, заедно со индикација за името на Заводот каде тоа поднесување е направено и датата и, каде е возможно, бројот на тоа поднесување и, кога барањето за приоритет не се однесува на сите индусрирки дизајни содржани во меѓународната пријава, индикација на оние индустриски дизајни за кои се однесува барањето за приоритет или за кои не се однесува.
(ѓ) Кога пријавувачот сака да ги користи предностите од член 11 од Париската конренција, меѓародната пријава ќе содржи изјава дека производот или производите кои го конституираат индустрискиот дизајн или во кои индустрискиот дизајн е инкорпориран се прикажани на званичен или званично се признаени на меѓународен саем, заедно со местото каде се одржувал саемот и датата на која производот, или производите биле прво изложени и, кога станува збор не за сите индустриски дизајни кои се содржани во меѓународната пријава, индикацијата на оние индустриски дизајни за кои изјавата се однесува или не се однесува.
(е) Кога пријавувачот сака објавување на индустрискиот дизајн да биде одложено согласно член 11, меѓународната пријава треба да содржи барање за одложување на објавувањето.
(ж) Меѓународната пријава може исто така, да содржи декларација, изјава или друга релевантна индикација специфицирана во Административните инструкции.
(з) Меѓународната пријава може да биде придружена со изјава која ја идентифицира информацијата позната на пријавувачот со што тоа станува материјал квалифициран за заштита на иидустрискиот дизајн за кој станува збор.
(5) (Без дополнителни нешта) Доколку меѓународната пријава содржи нешта кои не се бараат со Актот, овој Правилник или со Административните инструкции, меѓународното биро ќе ги избрише ex officio. Доколку меѓународната пријава е придружена со документ кој не се бара или е забранет, Меѓународното биро може да се ослободи од тој документ.
(6) (Сите производи од иста класа) Сите производи кои го конституираат индустрискиот дизајн на кој се однесува меѓународната пријава, или се во врска со употреба кај индустрискирт дизајн, ќе припаѓаат на иста класа од Меѓународната класификација.
Правило 8
Посебни барања кои се однесуваат на пријавувачот
(1) (Известување за посебни барања) (а) Кога законодавството на Договорната страна бара пријава за заштита на индустриска сопственост да биде поднесена во име на креаторот на индустрискиот дизајн, таа Договорна страна може, со изјава, да го извести Генерапниот директор за тој факт.
(б) Декларацијата наведена во подставот (а) ќе ја специфицира формата и обврзаната содржина на секоја изјава или документ кој се бара за целите на ставот (2).
(2) (Инцидент на креаторот и пренесување на Меѓународната пријава) Кога меѓународната пријава содржи назначување на Договорна страна која доставила декларација согласност ставот (1).
(I) таа исто така, ќе го содржи идентитетот на креаторот на индустрискиот дизајн заедно со изјава, со која се исполнуваат барањата специфицирани согласно ставот (1) (б), дека последниот верува дека тој е креаторот на индустрискиот дизајн; лицето кое е така идентифицирано како креатор ќе се смета да биде пријавувач за цели на назначувањето на таа Договорна страна, без оглед на лицето наведено како пријавувач согласно Правилото 7 (3) (I).
(II) таа исто така, ќе го содржи идентитетот на креаторот на индустрискиот дизајн, заедно со изјава, со која се исполнуваат барањата специфицираии согласно ставот (1) (6), дека последниот верува дека тој е креаторот на индустрискиот дизајн; лицето кое е така идентифицирано како креатор ќе се смета да биде пријавувач за целите на назначувањето на таа Договорна страна, без оглед на лицето наведено како пријавувач согласно Правилото 7 (3) (I);
(III) кога лицето идентифицирано како креатор, е лице кое не е лицето именувано во пријавата; согласно Правилото 7 (3) (I), меѓународната пријава ќе биде придружена со изјава или документ, кој ги исполнува барањата специфицирани со ставот.
(1) (б) со важност дека тој е пренесен од лицето идентифицирано како креатор на лицето именувано како пријавувач. Последниот ќе биде запишан како носител на меѓународната пријава.
Правило 9
Репродукции на индустрискиот дизајн
(1) (Реформа и број на репродукции на индустрискиот дизајн) (а) Репородукциите на индустрискиот дизајн, по избор на пријавувачот, ќе бидат во форма на фотографии или други графички презентации на индустрискиот дизајн или на производ или производи кои го содржат идустрискиот дизајн. Истиот производ може да биде вклучен во иста фотографија или друга графичка презентација или на различни фотографии или други графички презентации.
(2) (Барања кои се однесуваат на репродукциите) (а) Репродукциите ќе бидат со квалитет кој овозможува сите детапи на индустрискиот дизајн да бидат јасно разделени и да обезбедуваат објавување.
(б) Работите што се прикажани на репродукцијата, но за кои не е барана заштита, можат да бидат наведени како што е предвидено во Административните инструкцикии.
(3) (Барани изгледи) (а) Предмет на подставот (б), секоја Договорна страна која бара определени специфицирани изгледи на производот или на производите кои го содржат индустрискиот дизајн или кои се во релација со употребата на индустрискиот дизајн, со изјава, со која е известен Генералниот директор, ќе ги специфицираат изгледите кои се бараат и условите кои ги бараат.
(б) Ниту една Договорна страна не може да бара повеќе од еден изглед кога индустрискиот дизајн или производ се дводимензионални, или повеќе од шест изгледи кога производот е тродимензионлен.
(4) (Одбивање врз основа на сооднос со репродукциите на индустрискиот дизајн). Договорна страна не може да го одбие влегувањето во сила на меѓународната регистрација врз основа на тоа што барањата кои се однесуваат на формата на репродукциите на индустрискиот дизајн се дополнети или различни од назначените, при што кај таа Договорна страна во врска со ставот (3) (а) не се задоволени барањата според нејзиниот закон. Договорна страна може да го одбие важењето на меѓународната регистрација врз основа на тоа што репродукциите кои се содржани во меѓународната регистрација не се доволни целосно да го откријат дизајнот.
Правило 10
Мустри на индустрискиот дизајн кога се бара одлагање на објавување
(1) (Број на мустри) Кога меѓународната пријава содржи барање за ордлагање на одјавувањето во врска со дводимензионален дизјајн и наместо да е придружена со репродукции наведени во Правилото 9, таа е придружена со мустри од индустрискиот дизајн, следниот број на мустри ќе ја придружуваат меѓународната пријава:
(I) еден примерок за Меѓународното биро
(II) еден примерок за секој назначен завод кој го извести; Меѓународното биро согласно членот 10 (5) дека сака да прима копии од меѓународните регистрации.
(2) (Мустри) Сите мустри ќе бидат содржани во еден единствен пакет. Мустрите можат да бидат свиткани. Максималната димензија и тежина на пакетот е специфицирана во Административните инструкции.
Правило 11
Идентитет на креаторот; опис; барање
(1) (Идентитет на креаторот) Кога меѓународната пријава содржи индикации кои се однесуваат на идентитетот на креаторрт на индустрискиот дизајн, неговото име и адреса ќе бидат наведени согласно Административните инструкции.
(2) (Опис) Кога меѓународната пријава содржи опис, писмото ќе ги содржи оние слики кои се појавуваат на репродукциите на индустрискиот дизајн. Доколку описот надмине 100 зборови, ќе се плати дополнителна такса, како што е наведено во Распоредот на такси.
(3) (Барање) Изјава, согласно членот 5 (2)(а), дека законот на Договорната страна, бара барање со цел пријавата за признавање на заштитатата на индустрискиот дизајн да биде поднесена согласно тој закон, ќе ги специфицира јасно зборовите на бараното барање. Кога меѓународната пријава содржи барање, наведувањето на тоа барање ќе биде специфицирано како во предметната изјава.
Правило 12
Такси кои се однесувааг на меѓународната пријава
(1) (Пропишани такси) (а) Меѓународната пријава ќе биде предмет на плаќање на следните такси:
(i) основна такса,
(ii) стандарна такса за назначување, во врска со назначената Договорна страна која не поднела изјава согласно членот 7 (2);
(iii) индивидуална такса за назначување во врска со секоја назначена Договорна страна која поденла изјава согласно членот 7 (2);
(iv) такса за објавување;
(б) Износот на таксите наведени во точките (I), (II) и (IV) се наведени во распоредот на такси.
(2) (Кога се плаќаат таксите) Таксите наведени во ставот (1), предмет на ставот (3), се плаќаат во време на поднесување на меѓународната пријава освен ако, кога меѓународната пријава содржи барање за одложување на објавувањето, таксата за објавување може да биде платена подоцна, согласно Правилото 16(3).
(3) (Такса за индивидуално назначување кој се плаќа во два дела)(а) Изјава дадена согласно членот 7 (2) исто така може да специфицира дека таксата за индивидуално назначување треба да биде платена за Договорната страна во два дела, првиот дел да се плати во време на поднесување на меѓународната пријава, и вториот дел да се плати на подоцнежна дата која е определена согласно законот на Договорната страна.
(б) Кога се применува подставoт (а), референците од ставот 1 (III) за такса за индивидуално назначување ќе се однесуваат на првиот дел од таксата за индивидуално назначување.
(в) Вториот дел од таксата за индивидуално назначување може да биде платен или директно до Заводот за кој се работи или преку Меѓународното биро, по избор на носителот. Кога се плаќа директно во Заводот за кој се работи, Заводот ќе го извети Меѓународното биро веднаш и Меѓународното биро ќе го запише секое такво известување во Меѓународниот регистар. Кога се плаќа преку Меѓународното биро, Меѓународното биро ќе го запише секое такво плаќање во Меѓународниот регистар и веднаш ќе го извести Заводот за кој се работи.
(г) Кога вториот дел од таксата за индивидуалното назначување е платен во применливиот период, Заводот ќе го извести Меѓународното биро и ќе бара Меѓнародното биро да ја поништи меѓународната регистрација во меѓународниот регистар во врска со Догорорната страна за која станува збор. Меѓународното биро ќе постапи веднаш и ќе го извести за тоа носителот.
Правило 13
Меѓународна пријава поднесена преку Заводот
(1) (Дата за прием кај Заводот и пренос во Меѓународното биро) Кога меѓународната пријава е поднесена преку Заводот на Договорната страна на пријавувачот, тој Завод ќе го извести пријавувачот за датата на која ја примил пријавата. Во исто време кога ќе ја пренесе меѓународната пријава до меѓународното биро, Заводот ќе го извести Меѓународното биро за датата на која тој ја примил пријавата. Заводот ќе го извести пријавувачот за податокот дека ја испратил меѓународната пријава до Меѓународното биро.
(2) (Такса за пренос) Завод кој бара такса за пренос, како што е предвидено во членот4 (2), ќе го извести Меѓународното биро за износ на таа такса, чиј износ нема да ги надмине административните трошоци на прием и пренрс на меѓународната пријава,
(3) (Дата на поднесување на меѓународна пријава поднесена индиректно) Предмет на членот 9 (3), датата на поднесување на меѓународната пријава донесена преку Завод ќе биде:
(I) датата на која меѓународната пријава е примена од тој завод, предвидувајќи дека таа е примена во Меѓународното биро во рок од еден месец од таа дата;
(II) во секој друг случај, датата на која Меѓународното биро ја
примило меѓународната пријава.
(4) (Дата на поднесување кога Договорната страна на пријавувачот бара сигурносно расчистување) Не негирајќи го ставот 9 (3), Договорна страна чиј закон, во времето кога таа станала страна на овој Акт, бара сигурносно расчистување може, со изјава, да го извести генералниот директор дека периодот од еден месец наведен во тој став ќе биде заменет со период од шест месеци.
Правило 14
Испитување 6д Меѓународното биро
(1) (Временско ограничување за исправка на нерегуларностите) Предвиденото временско ограничување за исправка на нерегуларностите согласно членот 8 ќе биде три месеци од датата на испратената покана од Меѓународното биро.
(2) (Нерегуларности кои бараат одлагање на датата на поднесување на меѓународната пријава) Нерегуларностите кои, согласно членот 9 (3), се пропишани како такви кои бараат одлагање на датата на поднесување на меѓународната пријава се следните:
(а) меѓународната пријава не е на пропишаниот јазик или на еден од пропишаните јазици
(б) еден од следните елементи недостига во меѓународната пријава:
(I) јасна или имплицитна индикација дека се бара меѓународна регистрација според Актот;
(II) индикации кои овозмсжуваат идентитетот на пријавувачот да биде поставен;
(III) индикации недоволни да се распознае пријавувачот или застапникот, доколку го има, за да биде контактиран;
(IV) репродукција, или, согласно членот 5 (1) (III), примерок од секој индустриски дизајн кој е предмет на меѓународната пријава;
(V) назначување на најмлаку една Договорна страна.
(3) (Враќање на таксите) Кога, согласно членот 8 (2) (а), се смета дека меѓународната пријава е напуштена, Меѓународното биро ќе ги врати таксите кои се однесуваат на таа пријава, по одземањето на износот кој кореспондира со основната такса.
Правило 15
Регистрација на индустрискиот дизајн во
Меѓународниот регистар
(1) (Регистрација на индустрискиот дизајн во меѓународниот регистар) Кога Меѓународното биро наоѓа дека меѓународната пријава е во согласност со применливите барања, тоа ќе го регистрира индустрискиот дизајн во Меѓународниот регистар и ќе му испрати на носителот решение.
(2) (Содржина на региотрацијата) Меѓународната регистрација ќе содржи
(I) сите податоци кои се однесуваат на меѓународната пријава, освен барањето за приоритет согласно Правилото 7 (4) (д) кога датата на поранешно поднесување е повеќе од шест месеци пред датата на поднесување на меѓународната пријава;
(II) секоја репродукција на индустрискиот дизајн
(III) датата на меѓународната регистрација
(IV) бројот на меѓународната регистрација;
(V) релевантните класи од Меѓународната класификација како што е определено од Меѓународното биро.
Правило16
Одлагање на објавување
(1) (Максимален период на одлагање) Пропишаниот период за потребите на членот 11 (1)(1) и (2) (I) и ќе биде 30 месеци од датата на поднесување, или кога се бара приоритет, од датата на приоритетот на пријавата за која станува збор.
(2) (Период на повлекување на назначувањето кога одлагањето не е возможно според применливиот закон) Периодот наведен во членот 11 (3) (I) за пријавувачот да го повлече назначувањето на Договорната страна чиј закон не дозволува одлагање на објавувањето ќе биде еден месец од датата на известувањето ипратено од Меѓународното биро.
(3) (Период на плаќање на такса за објавување и доставување на репродукции) Таксата за објавување наведена во Правилото 12 (1)(а)(Iб) ќе биде платена и репродукциите наведени во членот 11 (6) (б) ќе бидат доставени, пред периодот на одлагање применлив согласно членот 11 (2) да истече, или пред периодот на одлагање согласно членот 11 (4)(а) да истече.
(4) (Регистрација на репродукциите) Меѓународното биро ќе ги запише во Меѓународниот регистар сите репродукции доставени согласно членот 11 (6) (6).
(5) (Некомплетирани барања) Доколку барањата наведени во ставот 9(3) не неисполнети, меѓународната регистрација ќе биде поништена и нема да биде објавена.
Правило 17
Објавување на Меѓународната реѓистрација
(1) (Време на објавување) Меѓународната регистрација ќе биде објавена
(I) кога пријавувачот тоа го бара, веднаш по регистрирањето;
(II) кога се бара одлагање на објавувањето и кога барањето не е дополнето, веднаш по датата на која истекува рокот за необјавување
(III) во секој друг случај, шест месеци по датата на меѓународната регистрација или колку што е можно побрзо потоа.
(2) (Содржина на објавувањето) Објавувањето на меѓународната регистрација во Билтенот, согласно членот 10 (3), ќе содржи:
(I) податоци запишани во Меѓународниот регистар;
(II) репродукцијата или репродукциите на индустрискиот дизајн;
(III) кога објавувањето е одложено, означување на датата на која периодот на одлагање истекува или се смета дека истекува.
Оддел 3
ОДБИВАЊА И ПОНИШТУВАЊА
Правило18
Известување за одбивање
(1) (Период за известување за одбивање) (а) Пропишаниот период за известување за одбивање на важноста на меѓународната регистрација согласно членот 12(2) ќе биде шест месеци од датата на која Меѓународното биро испраќа до Заводот копија од објавувањето на меѓународната регистрација.
(б) Не негирајќи го подставот (а), секоја Договорна страна чиј завод е Испитувачки завод, или чиј закон предвидува можност на спротивставување на признаената заштита, може со изјава, да го извести генералниот директор дека периодот од шест месеци што е наведен во тој подстав ќе биде заменет со период од 12 месеци.
(в) во изјавата наведена во точката (б) може да се изјави дека меѓународната регистрација ќе биде во важност како што е наведено во член 14(2)(а) најдоцна:
(I) во времето специфицирано во изјавата кое може да биде подоцнежна дата од датата наведена во тој член, но, која не може да биде подоцна од шест месеци по означената дата, или
(II) во време во кое заштитата е признаена согласно законот на Договорната страна кога одлуката која се однесува на признаената заштита не била доставена во периодот применлив согласно подставот (а) или (б); во таков случај Заводот на Договорната страна ќе го извести Мегународното биро веднаш и ќе му ја достави таквата одлука на носителот на меѓународната регистрација веднаш потоа.
(2) (Известување за одбивање) (а) Ивестување за какво и да е одбивање кое се однесува на меѓународна регистрација ќе беде датирано и потпишано од Заводот кој го дава известувањето.
(I) Заводот кој го дава известувањето;
(II) Бројот на меѓународната регистрација
(III) Сите основи врз кои одбивањето се засновува заедно со референца за кореспондентни законски одредби;
(IV) Кога основот врз кој се засновува одбивањето се однесува на сличност со индустриски дизајн кој бил предмет на поранешен национална, регионална или мегународна пријава, дата на поднесување и број, дата на приоритет (доколку ја има), дата на регистрација и број (доколку е расположив), копија на репродукцијата на поранешниот индустриски дизајн (доколку таа репродукција е пристапна за јавноста) и името и адресата на сопственикот на предметниот индустриски дизајн;
(V) Кога одбивањето не се однесува на сите индустриски дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација, оние на кои се однесува или не ое однесува;
(VI) Кога одбивањето може да биде предмет на разгледување или жалба и, доколку, временското ограничување, разумно согласно околностите, за секое барање за разгледување или жалба противодбивањето и органот до кого е поднесено ова барање за разгледување или жалба, со назнака, кога е применливо, дека барањето за разгледување или за жалба треба да се поднесе преку посредување на застапникот чија адрееа е на територијата на Договорната страна чиј завод го изрекол тоа добивање, и
(VII) Датата на која одбивањето е изречена.
(3) (Известување за дел од меѓународната регистрација) Кога, следејќи го известувањето за одбивање согласно членот 13(2), меѓународната регистрација е поделена пред Заводот на назначената Договорна страна со цел да се премавне основата за одбивање наведена во известувањето, тој Завод ќе го извести Меѓународното биро за таков податок кој се однесува на делење како што е специфицирано во Административните инструкции.
(4) (Известување за ловлекување на одбивањето) (а) Известувањето за секое повлекување на одбивањето кое се однесува на секоја меѓународна регистрација ќе биде датирано и потпишано од Заводот кој го дава тоа известување.
(б) Известувањето ќе содржи или ќе индицира:
(I) Заводот кој го дала известувањето
(II) Бројот на меѓународната регистрација
(III) Кога повлекувањето не се однесува на сите индустриски дизајни на кои се применува одбивањето, на оние на кои тоа се однесува или не се однесува, и
(IV) (Архивирање) Меѓународното биро ќе го запише секое известување согласно ставот (1)(в) (II), (2) или (4) во Меѓународниот регистар заедно со, во случај на известување за одбивање, индикација на датата на која известувањето за одбивање било испратено до Меѓународното биро.
(6) (Пренесување на копии од известувањата) Меѓународното Биро ќе ги пренесе копиите на известувањата примени според ставовите (1 )(в) (II), (2) или (4) до носителот.
Правило19
Неправилни одбивања
(1) (Известување кое не се смета за такво) (а) Известување за одбивање нема да биде земено за такво од Меѓународното биро и нема да биде архивирано во Меѓунродниот регистар
(I) доколку не го наведува бројот на меѓународната рeгистрација на која се однесува, освен, доколку другите индикации содржат до известувањето одобрување со кое предметната регистрација ќе биде идентифициран;
(II) доколку не ги иднетифицира основите за одбивање, или
(III) доколку е испратено до Меѓународото биро по истекот на периодот применлив согласно Правилото 18(1),
(б) Кога се преименува подставот (а), Меѓунраодното биро, освен ако не може да ја идентифицира меѓународната регистрација за која станува збор, ќе достави копија до известувањето до носителот, во исто време, ќе го информира носителот и Заводот кој го испратил известувањето дека известувањето за одбивање не се смета за такво од Меѓународното биро и нема да биде запишано во Меѓународниот регистар, и ќе ги наведе причините за тоа.
(2) (Неправилно известување) Доколку известувањето за одбивање
(I) не, е потпишано во име на Законот кој го испратил одбивањето, или не е во согласност со барањата поставени во Правилото 2,
(II) не е во согласност, таму каде што е применливо, со барањата на Правилото 18(2)(б)(iv),
(III) не го наведува, каде што е применливо, органот до кој барање за разгледување или жалба му е доставен и применливото временско ограничување, разумно согласно условите, за разгледување на тоа барање или жалба (Правило18(2)(6)(iv),
(IV) не ја наведува датата на која одбивањето било изречено (Правило 18(2)(б)(iv).
Меѓународното биро ќе го запише одбивањето во Меѓународниот регистар и ќе достави копија од тоа известување до носителот. Ако тоа се бара од носителот, Меѓународното биро ќе го покани Заводот кој го доставил одбивањето да го пречисти своето известување без одлагање.
Правило 20
Поништување во назначените Договорни страни
(1) (Содржина на известувањето за поништување) Кога важноста на меѓунаррдната регистрација се поништува во назначената Договорна страна и кога поништувањето не е повеќе предмет на разгледување или на жалба, Заводот на Договорната страна чиј овластен орган објавил поништување, веднаш ќе го извести за тоа Меѓународото биро. Известувањето ќе содржи:
(I) органот кој го објавил поништувањето,
(II) фактот дека понишувањето не е повеќе предмет на жалба
(III) бројот на меѓународната регистрација
(IV) кога понишувањето не се однесува на сите индустриски дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација, оние на кои се однесува или оние на кои не се однесува
(V) датата на која поништувањето било објавено и датата на влегување во сила.
(2) (Архивирање на поништување) Меѓународното биро ќе го архивира поништувањето во Меѓународниот регистар, заедно со податоците содржани во известувањето за поништување.
Оддел 4
ПРОМЕНИ И КОРЕКЦИИ
Правило 21
Запишување на промени
(1) (Представување на барање) (а) Барање за запитување ќе биде представено до Меѓународното биро на релевантен званичен формулар кога барањето се однесува на едно од следните:
(I) промена на сопственоста на меѓународната регистрација во врска со сите или со некој од индустриските дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација;
(II) промена на името и адресата на носителот;
(III) одрекување од меѓународната регистрација во врска со една или со сите назначени Договорни страни;
(IV) ограничување во врска со една или со сите назначени Договорни страни за еден или за сите индустриски дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација.
б) Барањето ќе биде представено од носителот и потпишано од носителот; како и да е, барање за запишување на промена во сопственоста може да биде представено и од новиот сопственик, предвидувајќи дека тоа е:
(I) потпишано од носителот, или
(II) потпишано од новиот сопственик и предружно со потврда од овластениот орган на Договорната страна на носителот дека новиот сопственик се појавува како сукцесор на насловот на носителот.
(2) (Содржина на барањето) Барањето за запишување на промена, во врска со бараната промена, ќе содржи или ќе го наведува:
(I) бројот на меѓународната регистрација за која станува збор
(II) името на носителот, освен ако промената не се однесува на името и адресата на застапникот,
(III) во случај на промена на сопственоста на меѓународната регистрација, името и адресата, дадени согласно Административните инструкции, на новиот сопственик на Меѓународната регистрација,
(IV) во случај на промена на сопственоста на меѓународната регистрација, Договорната страна или страни во врска со кои новиот сопственик ги исполнува условите согласно членот 3, за да биде носител на меѓународна регистрација,
(V) во случај на промена на сопственост на меѓународната регистрација која се однесува на сите индустриски дизајни и на сите Договорни страни, бројот на индустриските дизајни и назначените Договорни страни на кои се однесува промената во сопственоста, и
(VI) износот на таксата која, се плаќа и начинот на плаќање, или инструкциите за задолжување на бараниот износ на такси од сметката отворена во Меѓународното Биро и идентификација на страната која го врши плаќањето или која ги дава инструкциите.
(3) (Неправилно барање) Доколку барањето не е во согласност со примниливите барања, Меѓународното биро ќе го извести носителот за тоа и, доколку барањето е направено од лице кое бара да биде нов сопственик, и тоа лице.
(4) (Дозволен период за измена на неправилностите) Неправилностите можат да бидат изменети во период од три мереци од датата на извертувањето за неправилноста од Меѓунарадното биро. Доколку неправилноста не се измени во предметните три месеци, барањето ќе се смета за одбиено и Меѓународното биро ќе го извести веднаш носителот и, доколку барањето е поднесено од лице кое бара да стане нов сопственик, тоа лице, и ќе ја врати платената такса, по одбивање на износот кој кореспондира со една половина од релевантната такса.
(5) (Запишување на известување за промена) (а) Меѓународното биро, доколку барањето е уредно, веднаш ќе ја запише промената во Меѓународниот регистар и ќе го извести носителот. Во случај на запишување на промена во сопственоста, Меѓунароното биро ќе го информира новиот и стариот носител.
(б) Промената ќе биде запишана на датата на прием на барањето во Меѓународното биро. Во случај кога барањето наведена дека промената треба да биде запишана по друга промена, или по обновување на меѓународната регистрација, Меѓународното биро ќе постапи според тоа.
(6) (Запишување на делумни промени во сопственоста) Пренесување или друг трансфер на меѓународната регистрација во врска само со некои од индустриските дизајни или во врска само со некои од назначените Договорни страни ќе бидат запишани во Меѓународниот регистар под Договорни страни ќе бидат запишани во Меѓународниот регистар под бројот на меѓународната регистрација чиј дел се пренел или се трансферирал на поинаков начин; секој пренесен или на друг начин трансфериран дел ќе биде поништен под бројот на предметната меѓународна регистрација и ќе биде запишана како посебна меѓународна регистрација. Посебната меѓународна регистрација ќе го носи бројот на меѓународната регистрација чиј дел се пренел или трансферирал на друг начин, заедно со голема буква.
(7) (Запишување на спојување на меѓународни регистации) Кога исто лице станува носител на две или повеќе меѓународни регистрации што е делумно промена на сопственоста, регистрацијата ќе биде споена по барање на лицето наведено во ставот (1) до (6) mutatis mutandis. Меѓународната регистрација која е резултат од спројување ќе го носи бројот на меѓународната регистарција чиј дел бил пренесен или трансфериран на поинаков начин, заедно, кога е тоа применливо со голема буква.
Правило 22
Исправка во Меѓународниот регистар
(1) (Исправка) Кога Меѓународното биро, работејќи ех оfficio или по барање на носителот, сметајќи дека нема грешка во меѓународната регистрација во Меѓународниот регистар, ќе го модифицира Регистарот и веднаш ќе го извести носителот.
(2) (Одбивање на важноста на корекциите) Заводот на назначената Договорна страна, ќе има право да изјави со известување до Меѓународното биро дека одбива да ја признае важноста на корекциите Членот 12 и Правилата 18 и 19 ќе се применат mutatis mutandis.
Оддел 5
ОБНОВУВАЊЕ
Правило 23
Незванично известувањв за истек
Шест месеци пред истекот на рокот од пет години, Меѓународното биро ќе им испрати на норителот и на застапникот, доколку го има, известување во кое ја наведува датата на истек на меѓународната регистрација. Фактот дека предметното известување не е примено, нема да претставува оправдување за грешката да се исполнат барањата за временското ограничување наведени, во Правилото 24.
Правило 24
Детали кои се однесуваат на обновување
(1)(Такси) (а) Меѓународната регистрација ќе биде обновена по плаќање на следните такси:
(i) основна такса
(ii) стандардна такса за назначување во врска со секоја назначена Договорна страна која не доставила изјава согласно членот 7(2) и за која меѓународната регистрација треба да биде обновена;
(iii) индивидуална такса за назначување за секоја назначена Договорна страна која доставила изјава согласно членот 7(2) и за која меѓународната регистрација треба да биде обновена.
(б) Износот на таксите наведени во точките (I) и (II) на подставот (а) се наведени во распоредот на такси.
(в) Плаќањето на таксите наведени во подставот (а) ќе биде направено најдоцна на последната дата на која треба да се направи обновување на меѓународната регистрација. Како и да е, тоа може сепак да биде направено во следните шест месеци од датата на обновувањето на меѓународната регистрација, предивдувајќи дека наведениот однос за тоа предвиден во Распоредот на такси е платен во исто време.
(г) Доколку некое плаќање за цели на обновување на Меѓународната регистрација е примено во Меѓународното биро порано од три месеци од датата на обновување на меѓународната регистрација, тоа ќе се смета дека е примено три месеци пред таа дата.
(3) (Понатамошни детали) (а) Кога носителот не сака да изврши обновување на меѓународната регистрација
(I) во врска со назначената Договорна страна, или
(II) во врска со некој од индустриските дизајни кои се предмет на меѓународната регистрација плаќањето на бараната такса ќе биде придружена со изјава во која се наведува Договорната страна или бројот на индустриските дизајни за кои обновувањето на меѓународната регистрација нема да биде извршено.
(б) Кога носителот сака да ја обнови меѓународната регистрација во врска со нанзачената Договорна страна, не негирајќи го фактот дека максималниот период на заштита за индустриските дизајни кај таа Договорна страна истекол, плаќањето на бараната такса, вклучувајќи ја стандардната такса за назначување или индивидуалната такса за назначување, зависно од случајот, за таа Договорна страна, ќе биде придружено со изјава дека обновувањето на меѓународната регистрација ќе биде запишано во Меѓународниот регистар во врска со таа Договорна страна.
(в) Кога носителот сака да ја обнови меѓународната регистрација во врска со нанзачената Договорна страна, не негирајќи го фактот дека одбивањето е запишано во Меѓународниот регистар за таа Договорна страна; плаќањето на бараната такса, вклучувајќи ја стандардната такса за назначување или индивидуалната такса за назначување, зависно од случајот, за таа Договорна страна, ќе биде придружено со изјава дека обновувањето на меѓународната регистрација ќе биде запишано во Меѓународниот регистар во врска со таа Договорна страна.
(г) Меѓународната регистрација може да не биде запишана во врска со некоја назначена Договорна страна доколку било запишано поништување за сите индустриски дизајни согласно Правилото 20 или во врска со запишано одбивање согласно Правилото 21. Меѓународната регистрација може да не биде запишана во врска со некоја назначена Договорна страна за оние идустриски дизајни за кои е запишано поништување во таа Догворна страна согласно Правилото 20 или во врска со ограничувањето запишано согласно Правилото 21.
(3) (Недозволени такси) (а) Доколку износот кој е примен на име на такси е помал од износот баран за обновување, Меѓународното биро веднаш ќе ги извести во иста време и двајцата, носителот и застапникот, доколку го има. Во известувањето ќе биде специфициран износот кој недостасува.
(б) Доколку износот во ставот (1) (в), е пмал од износот кој се бара за обновување, Меѓународното биро нема да го запише обновувањет, ќе ги врати примените износи и веднаш ќе ги извести носителот и застапникот, доколку го има.
Правило 25
Запишување на обновувавање; решение
(1) (Запишување на датата на влегување во сила на обновувањето) Обновувањето ќе биде запишано во Меѓународнот регистар на датата на која доспева, дури и ако бараните такси за обновување се платени во период наведен во правилото 24 (1)(в).
(2) (Решение) Меѓународното биро ќе испрати решение за обновување до носителот.
ОДДЕЛ 6
БИЛТЕН
Правило 26
Билтен
(1) (Информации кои се однесуваат на меѓународните регистрации) Меѓународното биро ќе ги објавува во Билтенот релевантните податоци:
(I) меѓународните регистрации, согласно Правилото 17;
(II) одбивањата запишани согласно 18(5), со назначување дали има можност за разгледување или жалба, но без основ за одбивањето;
(III) поништувањата запишани во Правилото 20(2);
(IV) промените на сопственост, промените на името или адресата на носителот, одбивањата и ограничувањата запишани согласно Правилото 21;
(V) внесените корекции согласно Правилното 22;
(VI) обновувањата запишани согласно Правнилото 25(1);
(VII) меѓународните регистрации кои нема да бидат обновени
(2) (Информации кои се однесуваат на изјавил други информации) Меѓународното биро ќе ги објави во Билтенот сите изјави направени од договорните страни согласно Актот и овој Правилник, исто како и листа на денови на кои Меѓународното биро не е отворено за јавноста во текот на тековната и следната календарска година.
(3) (Број на копии за Заводите на Договорните страни) (а) Меѓународното биро ќе му испрати на Заводот на секоја Договорна страна копии од Билтенот. Секој Завод ќе добие бесплатно по две копии и доколку во календарската година бројот на назначувањата за таа Договорна страна се наголеми на 500, во следната година уште една дополнителна копија и понатамошни копии за секои нови 500 назначувања кои го надминуваат бројот од 500. Секоја договорна страна може да купи секоја година, за половина од претплатената цена, ист број на копии кои ги добива бесплатно.
(б) Доколку билтенот е расположив во повеќе од една форма секој завод може да ја одбере формата на која сака да ги прима копиите.
ОДДЕЛ 7
ТАКСИ
Правило 27
Износи и плаќање на такси
(1) (Износи на такси) Износите на такси во врска со Актот и овој Правилник, кои не се индивидални такси за назначување наведени во Правилото 12(1)(а)(III), ќе бидат специфицирани во Распоредот на такси кои се анекс на овој Правилник и се во форма на негов интегрален дел.
(2) (Плаќање) (а) Предмет на подставот 9(6) и Правилото 12(3)(в), такси ќе бидат плаќани директно во Меѓународното биро.
(б) Кога меѓународната пријава е поднесена преку Заводот на Договорната страна на пријавувачот, таксите кои се плаќаат во врска со пријавата можат да бидат платени преку тој Завод доколку тој прифати да ги собира и да ги препраќа тие( такси и доколку пријавувачот или носителот тоа го сакаат. Секој Завод кој прифаќа да ги собира и да ги препраќа таксите ќе го извести Генералниот директор за то јфакт.
(3) (Начин на плаќање) Таксите ќе му бидат платени на Меѓународното биро согласно Административните инструкции.
(4) (Назначување што ќе го следат плаќањето) При уплата на секоја такса до Меѓународното биро, мораат да бидат дадени следните назначувања,
(I) пред меѓународната регистрација, името на пријавувачот, индустрискиот дизајн за кој станува збор и целта на плаќањето
(II) по меѓународната реистрација, името на носителот, бројот на меѓународната регистрација за која станува збор и целта на плаќањето.
(5) (Дата на плаќање) (а) Предмет на Правилото 24(1)(г) и подставот (б), ќе се смета дека секоја такса што е платена во Меѓународното биро е платена на датата кога Меѓународното биро го примило бараниот износ.
(б) Кога бараниот износ е расположив од сметка отворена кај Меѓународното биро и кога Бирото добило инструкции од носителот на сметката да ја задолжи, ќе се смета дека таксата му е платена на Меѓународното биро на денот на кој Меѓународнрто биро ја примило меѓународната пријава, барањето за запишувањв на примената или инструкцијата за обновување на меѓународната регистрација.
(6) (Промени во износот на таксите) (а) Кога меѓународна лријава е поднесена преку Заводот на Договорната страна на пријавувачот и кога во меѓувреме е променет износот на таксите кои треба да се платат за поднесување на меѓународна пријава, од една страна, датата на која меѓународната пријава била примена во заводот и, од друга страна, датата на прием на меѓународната пријава во Меѓународното биро, таксата која била во важноста на првата од датите ќе биде применлива.
(б) Кога износот на таксите кои треба да се платат во врска со обновување на меѓународна регистрација е променет помеѓу датата на плаќањето и датата на обновувањето, ќе се применува таксата која била во важност на датата на уплатата или на датата која се смета за дата на уплата според Правилото 24(1)(г). Кога уплатата е направена по таа дата, ќе се применува таксата која била во важност на предметната дата.
(в) Кога износот на такса која е поинаква од таксите наведени во подставовите (а) и (б) е променета, ќе се применува износот кој е воважност на датата на која таксата била примена во Меѓународното биро.
Правило 28
Валута на плаќање
(1) (Обврска за употреба на швајцарска валута) Сите плаќања кои се прават согласно овој Правилник во Меѓународното биро, ќе бидат во швајцарска валута, без поглед на фактот што, кога таквите се плаќаат преку Завод, тој Завод може да ги собира тие во друга валута.
(2) (Востановување на износот на индивдуалните такси за назначување во швајцарска валута) (а) Кога договорната страна поднесува изјава согласно членот 7(2) дека сака да ја прими таксата за индивидуално назначување, износот на таксата доставена до Меѓународното биро, ќе биде изразена во валутата која ја употребува нејзиниот Завод.
(б) Кога таксата која е наведена во изјавата, наведена во подставот (а) која е во швајцарска валута, Генералниот директор, по консултација со Заводот на Договрната страна за која станува збор, ќе го востанови износот на таксата во швајцарска валута врз основа на званичниот курс на Обединетите нации.
(в) Кога, за повеќе од три последователни месеци, званичниот курс на Обединетите нации помеѓу швајцарската валута и валутата во која износот на таксите за индивидуално назначување биле означени од Договорната страна, е повисок или понизок, но најмалку 5% од последнирт курс применлив на износот на таксата во швајцарската валута, Заводот на договорната страна може да бара Генералниот директор да востанови нов износ на такси во швајцарска валута, согласно официјалниот курс на Обединетите нации, при што се смета денот кој што претходи на денот на кој е доставено барањето Генералниот директор ќе постапи веднаш. Новиот износ ќе биде применлив на датата фиксира од Генералниот директор, предвидувајќи дека таа дата е помеѓу еден и два месеци по датата на објавување на предметниот износ во Билтенот.
(г) Кога за повеќе од три последователени месеци званичниот курс на Обединетите нации помеѓу швајцарската валута и валутата во која износот на таксите за индивидуално назначување биле означени од Договорната страна, е понизок, но најмалку 10% од последниот курс применлив на износот на таксата во швајцарската валута, Генералниот директор ќе востанови нов износ на таксата во швајцарска валута, согласно постоечкиот званичен курс на Обединетите нации. Новиот износ ќе биде применлив на датата фиксирана од Генералниот директор, предвидувајќи дека таа дата е помеѓу еден и два месеци по датата на објавување на предметниот износ во Билтенот.
Правило29
Кредитирање на такси од сметките на договорните страни
Секоја такса за стандардно или индивидуално назначување која треба да му се плати на Меѓународното биро, во врска со Договорна страна ќе биде кредитирано од сметката на таа Договорна страна кај Меѓународното биро во текот на месецот, кој следи по месецот во кој е запишана меѓународната регистрација или обновувањето за кои таа такса треба да биде платена или, во смисла на вториот дел од таксата за индивидулано назначување, веднаш по приемот до Меѓународното биро.
ОДДЕЛ 8
МЕЃУНАРОДНИ АПЛИКАЦИИ КОИ ПОДПАЃААТ ЕКСКЛУЗИВНО ИЛИ
ДЕЛУМНО ПОД АКТОТ ОД 1934 И СООДВЕТНИТЕМЕЃУНАРОДНИ РЕГИСТРАЦИИ КОИ
РЕЗУЛТИРААТ ОД НИВ
Правило 30
Применливост на овој правилник на теѓународно апликации кои подпаѓаат ексклузивно или делумно под Актот од 1934 и соодветните
меѓународни регистрации кои резултираат од нив
(1) [генерален принцип] Доколку не е поинаку специфицирано и е задоволен параграф (2), овој правиник ќе се применува врз меѓународни апликации кои ексклузивно подпаѓаат под Актот од 1934 и врз меѓународните регистрации кои резултираат од нив.
(2) [исклууоци] (а) Исклучувајќи го Правило 6, секоја меѓународна ацликација која подпаѓа ексклузивно под Актот од 1934 ќе биде на Француски јазик. Било која комуникација која се однесува на таа меѓународна апликација или на соодветната меѓународна регистрација ќе биде на француски јазик.
(b) Исклучувајќи го Правилото 7(5)(а), опис на репродукцијата или на карактеристичните својства на индустрискиот дизајн и на идентитетот на креаторот на индустрискиот дизајн не смее да бидат вкпучени во апликацијата која ексклузивно подпаѓа под Актот од 1934.
(c) Исклучувајки го Правилото 7(5)(е), одложување на публикација не може да биде побарано со апликации кои ексклузивно подпаѓаат под Актот од 1934.
(d) Исклучувајки го Правилото 7(7), индусстрискиот дизајн кој се содржи во меѓународната апликација која подпаѓа ексклузивно под Актот од 1934 може да припаѓа на различни кпаси од Меѓународната класификација.
(е) Искпучувајќи го Правилото 9(1), меѓународната апликација која
ексклузивно подпаѓа под Актот од 1934, наместо да содржи апликации може да содржи примероци.
(f) Исклучувајки го Правилото 12(1), за меѓународната апликација која ексклузивно подпаѓа под Актот од 1934, ќе се плаќа само основната такса спомената во Правилото 12 (1)(а)(i)
(g) Исклучувајки го Правилото 15(1), репродукциите на индустриските дизајни кои се содржат во меѓународната апликацика, која ексклузивно подпаѓа под Актот од 1934, нема да бидат регистрирани во Меѓународниот регистар.
(h) Исклучувајки го Правилото 17(1), меѓународна регистрација која произлегла од меѓународна апликација која ексклузивно подпаѓа под Актот од 1934, ќе биде објавена венаш по регистрацијата.
(i) Исклучувајќи го Правило 17(2)(ii), репродукциите од индустриски дизајни кои се содржат во меѓународна регистрација, која произлегува од меѓународна пријава која ексклузивно подпаѓа под Актот од 1934, нема да бидат објавено во Билтенот.
(j) Исклучувајки го Правилото 18, ефектите од меѓународна регистрација која произлегува од меѓународна пријава која екскпузивно подпаѓа под Актот од 1934 не може да подлежат на известување за одбивање и на заштита;
(к) Исклучувајќи го Правилото 21(3), промена на сопственик нема да може да се запише во врска со страна потписничка назначена според Актот од 1934, доколку врз база на индикациите спомнати во Правило 21(2)(iv), Актот од 1934 би престанал да важи во однос на таа страна подписничка.
(l) Исклучувајќи го Правилото 24(1)(а), меѓународната регистрација која е резултат на меѓународната апликација која потпаѓа под Актот 1934, ќе биде обновена по плаќање само на основната такса спомната во Правило 24(1)(i).
(m) Исклучувајќи го Правилото 24(1)(b), меѓународната регистрација која е резултат на меѓународната апликација која ексклузивно под Актот 1934 нема да биде продолжена онаму каде што периодот на меѓународна заиштита од 15 години, спомнат во Член 7 од Актот од 1934, е истечен.
(n) Обновата на меѓународната регистрација, која е резултат на меѓународна апликација која подпаѓа ексклузивно под Актот 1934, за вториот период на заштита од 10 години спомнат во Член 7 од Актот од 1934, може да биде побарана во време на поднесување на истата ,апликација. Во тој случај таксата наведена во Правилото 24(1)(а)(i) поднесување на меѓународна пријава и доколку тоа не се случи барањето за обнова ќе биде игнорирано од Меѓународното Биро.
(3) [Запечатени меѓународни пријави] (а) Меѓународна апликација која подпаѓа ексклузивно под Актот 1934 покрај индикациите наведени во Правило 7(3), ќе содржи и индикација дали таа апликација е поднесена како запечатена или како отворена. .
(b) По истекот на првиот период на меѓународна заштита од 5 години наведен во Членот 7 од Актот од 1934, секоја запечатена меѓунаррдна регистрација ќе биде отворена од Меѓународното биро во моментот на обнова на споменатата регистрација.
Правило 31
Применливост на овој правилник на Меѓународни пријави кои делумно подпаѓаат под Актот од 1934 како и на меѓународните
регистрации кои од нив произлегуваат
(1) [Генерален принцип] Овој правилник ќе се применува врз меѓународните апликации наведени во Правило 1 (1)(хviii) до (хх), и на меѓународните регистрации кои произлегуваат од нив доколку го задоволуваат и параграф (2).
(2) [Исклучоци] (а) Искпучувајќи го Правилото 7(5)(е), одложување на публикација неможе да биде побарано за меѓународна пријава спомената во парафаф (1). Онаму каде што тоа е побарано и една од назначените страни потписнички е назначена според Актот од 1934, Меѓународното биро ќе го; извести соодветниот подносител; доколку, во период од еден месец од датумот на испраќање на известувањето од страна на Меѓународното Биро подносителот, по пат на писмено барање до Меѓународното биро не ја повлече назнаката на споменатата страна потписничка, Меѓународното биро нема да го земе в предвид барањето за одложување на публикацијата.
(б) Искпучувајќи го Правилото 21(3), промената на сопственост не може да биде извршено во однос на назначена страна потписничка, доколку врз база на индикациите наведени во Правило 21(2)(iv), Актот од 1934 би престанал да важи во однос на таа потписничка страна.
в) 3а страни потписнички кои се назначени според Актот од 1934 во меѓународната пријава од параграфот (1) или во меѓународни регистрации кои се резултат на нив.
(i) таксите наведени во Правилото 12(1)(а)(ii) до (iv) нема да се наплатуваат,
(ii) ефектите од соодветна меѓународна регистрација нема да подлежат на нотификација за одбивање на заштита наведено во Правило 18;
(iii) таксите за обнова наведени во Правилото 24(1)(а)(ii) и (iii) нема да се наплатуваат;
(iv) соодветната Меѓународна регистрација нема да биде
продолжена онаму каде што периодот на меѓунаррдна заштита од 15 години, наведен во Член 7 од Актот од 1934, е истечен, со исклучок на Правило 24(2)(б).
ОДДЕЛ 9
РАЗНО
Правило 32
Екстракти, копии и информации кои се однесуваат на објавени Меѓународни регистрации
(1) [Модалитети] По уплата на такса чија сума ќе биде утврдена во Распоредот на такси, секој може да го добие од Меѓународното биро следновоза било која објавена меѓународна регисистрација;
(i) екстракти од Меѓународниот Регистер;
(ii) сертифицирани копии од записи направени во, Меѓународниот Регистер или од делови од досието на мегународната регистрација;
(iii) несертифицирани копии од записи направени во Меѓународниот Регистар или од делови од досието на меѓународната регистрација;
(iv) пишани информации за содржината на Меѓународниот Регистар или за досието на меѓународната регистрација;
(2) [Ослободување од автентикација, легализација или било која друга сертификација] Во однос на документ наведен во параграф (1)(i) и (ii). Кој што го носи печатот на Меѓународното биро и потписот на Генералниот директор или пак на личност која делува во негово име, ниту еден авторитет од било која страна потписничка несмее да бара, автентикација, легализација или било која друга сертификација на ваков документ, печат или потпис од било кое друго лице или авторитет. Овој параграф се применува mutatis mutandis врз сертификатот за меѓународна регистрација спомнат во Правилото 15(1).
Правило ЗЗ
Дополнување на постоечките правила
(1) (Барање за едногласност) Дополнувањето на следните одрдби од овој Правилниќ ќе се врши ендрогласно:
(I) Правило 13(4)
(I) Правило18(1)
(2) (Барање за четирипеттинско мнозинотво) Дополнувањето на следните одредби од овој Правилник и ставот (3) од ова Правило ќе се врши со четирипеттинско мнозинство:
(I) Правило 7(6);
(II) Правило 9(3)(б)
(III) Правило 16(1);
(IV) Правило 17(1)(III).
(3) (Постапка) Секој предлог за дополнување на одредба наведева во ставот (1) или (2) ќе им биде испратен на сите договорни страни најмалку два месеци пред сесијата на Собранието кој е свикан за донесување на Одлука по тој предлог.
Правило 34
Административни инструкции
(1) (Донесување на административни инструкции: Прашања покриени со нив) (а) Генералниот директор ќе ги донесе административните инструкции. Генералниот директор може да го модифицира истите Генералниот директор ќе ги консултира заводите кои имаат директен интерес во предложените административни инструкции или во нивните предложени модификации.
(б) Административните инструкции ќе се однесуваат на работите во врска со кои овој Правилник јасно се повикува и во врска со деталите за применување на овој правилник.
(2) (Контрола од Собранието) Собранието може да го повика Генералниот директор да измени која и да е одредба од административните инструкции и Генералниот директор ќе постапи веднаш.
(3) (Објавување на датата на влегување во сила) (а) Административните инструкции и секоја нивна измена ќе бидат објавени во Билтенот.
(б) Секое објавување ќе ја содржи датата на која објавените одредби влегуваат во сила. Датите можат да бидат различни за различни одредби, предвидувајќи дека ниту една одредба не може да влезе во сила нејзиното објавување во Билтенот.
(4) (Спор помеѓу Актот и овој Правилник) Во случај на спор помеѓу одредбите на административните инструкции и одредбите на Актот или на овој Правилник, последниве ќе се применуваат.
Правило 35
Декларации кон Актот од 1999 направени од Страните потписнички
(1) [Правење и стапување во сила на Декпарации] Членот 30(1) и (2) од Актот од 1999 ќе се применува mutatis mutandis на правењето на било каква декларација според правилата 8(1), 9(3)(а), 13(4) или 18(1)(5), како и кон нивното стапување на сила.
(2) [Повлекување на Декларации] Било која декларација од парагаф (1) може да биде повлчена во було кое време со известување адресирано до Генералниот Директор. Ова повлекување ќе стапи на сила по приемот на известувањето од страна на Генералниот Директор или пак од некој подоцнежен датум наведен во самото известување; Во случај на декларација направена по Правило Rule 18(1)(b), повлекувањето нема да има ефект врз меѓународна регистрација чиј што датум е порано од сггапувањето на сила на гореспоменатото повлекување.
Правило З6
Декларации кон Актот од 1960 направени од Страните потписнички
(1) [Поединечна такса за назнака] За целта на Член 15(1)2(b) Од Актот од 1960, било која Страна Потписничка на Актот од 1960, чие што Биро извршува испитување на иновативност може, со декларација да го извести Генералниот директор дека во врска со било која апликација во која таа е назначена според Актот од 1960, сгандардната такса за назначување, наведена во Правило 12(1)(а)(II) ќе биде заменета со индивидуална такса за назначување, чија сума ќе биде наведена во декларацијата и која што може да биде променета во понатамошните декларации. Наведената сума несмее да биде поголема од еквивалентот на она што Бирото на таа Страна Потписничка би била во позиција да го наллати за доделување право на заштита за еквивалентен период за ист број на индустриски дизајни, намалена за заштедите кои произлегуваат од меѓународната процедура.
(2) [Максимално, Времетраење на Заштита] Секоја страна потписничка за Актот од 1960, со декларација, ќе го извести Генералниот Директор за максималното времетраење на заштита кое го дозволува нејзиниот закон.
(3) [Време кога може да се поднесуваат Декларации] Било која декпарација по параграфите (1) и(2) може да се поднесе
(i) во време на депонирање на инструмент наведен во Член 26(2) од Актот од 1960, во кој случај ќе стапи на сила на датумот на кој што државата која ја донела оваа декларација ке стане обврзана од овој Акт, или
(ii) по депонирањето на инструмент назначен во Член 26(2) од Актот од 1960, вокој што случај таа ќе стапи на сила еден месец од датумот на прием од страна на Генералниот Директор или на било кој подоцнежен датум наведен во самата декларација но ќе се однесува на било која меѓунардона регистрација чиј што меѓународен датум на регистрација е ист или подоцнежен од ефективниот датум на декларацијата.