Виенски договор за меѓународна класификација на фигуративните елементи на трговските марки

Составен во Виена на 12 јуни 1973 како што е изменет и дополнет на 1 октомври 1985

Објавен во “Службен весник на Република Македонија” бр.19/10

Договорните  страни,

Имајќи го во предвид членот 19 од Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост од 20-ти март 1883 година, ревидирана во Брисел на 14-ти декември 1900 година, во Вашинтон на 2-ри јуни 1911 година во Хаг на 6-ти ноември 1925 година, во Лондон на 2-ри јуни 1934 година, во Лисабон на 31-ви октомври 1958 година и во Стокхлом на 14-ти јули 1967 година,

Се согласија за  следново:

Член 1

Воспоставување посебна унија;

 Прифаќање на Меѓународната класификација

 

Земјите во кои се применува овој договор ја формираат посебната унија и прифаќаат заедничка класификација за фигуративните елементи на трговските марки (во понатамошниот текст: “Класификација на фигуративните елементи”).

 Член 2

Дефиниција и депонирање на Класификацијата на фигуративните елементи

(1) Класификацијата на фигуративните елементи се состои од список на категории, класи и поткласи во кои се класифицираат фигуративните елементи на трговските марки, заедно со објаснување, доколку е тоа потребно.

(2) Класификацијата на фигуративните елементи е подготвена во еден оригинал на англиски и француски јазик, потпишан од и депониран кај генералниот директор на Светската организација за интелектуална сопственост (во понатамошниот текст  “Генерален директор” и “Организациjа”) во моментот кога овој договор бил отворен за потпишување.

(3) Измените и дополнувањата од членот 5 став (3)  (i) исто така ќе бидат подготвени во еден оригинал на англиски и француски јазик, потпишани од и депонирани кај генералниот директор.

Член 3

Јазици на Класификацијата на фигуративните елементи

(1) Класификацијата на фигуративните елементи е подготвена на  англиски и француски  јазик при што двата текста се подеднакво автентични.

(2) Меѓународното биро на Организацијата (во понатамошниот текст: ”Меѓународното биро“) во консултации со заинтересираните влади ќе востанови официјален текст на Класификацијата на фигуративните елементи на јазиците коишто може да ги назначи Собранието од членот 7 во согласност со ставот (2) (а) ( vi) од тој член.

 Член 4

Употреба на Класификацијата на фигуративните елементи

(1) Во согласност со условите предвидени со овој договор, обемот на класификацијата на фигуративните елементи е оној кој ќе го одреди секоја  земја на посебната унија. Поточно, Класификацијата на фигуративните елементи не ги обврзува земјите на посебната унија во поглед на обемот на заштитата на трговската марка.

(2) Надлежните заводи во земјите на посебната унија имаат право да ја користат Класификацијата на фигуративните елементи како главен или помошен систем.

(3) Надлежните заводи на земјите на посебната унија во службените документи и објавите кои се однесуваат на регистрирањето на трговските марки и нивното продолжување, ќе ги внесат броевите на категориите, класите и поткласите во кои треба да се распределат фигуративните елементи на таа трговска марка.

(4) Пред тие броеви мораат да стојат зборовите: “Класификација на фигуративните елементи“ или кратенката која ја определува Комитетот на експерти од членот 5.

(5) Секоја земја во времето на потпишувањето или депонирањето на  инструментот за ратификација или за пристапување може да изјави дека не се обврзува да ги вклучи броевите на сите или на некои класи во службените документи и објави што се однесуваат на регистрација на трговските марки и нивните продолжувања.

(6) Доколку некоја земја од посебната унија ја довери регистрацијата на трговската марка на некое меѓувладино тело, тоа ќе ги преземе сите мерки да обезбеди тоа тело да ја користи Класификацијата на фигуративните елементи во согласност со овој член.

 Член 5

Комитет на експерти

(1) Ќе се основа Комитет на експерти во кој ќе биде застапена секоја земја од Посебната унија.

(2)(а) Генералниот директор може, и ако тоа го побара Комитетот на експерти, да ги повика и земјите кои не се членки на Посебната унија, а се членки на Организацијата или на Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост, како набљудувачи да учествуваат на состаноците на Комитетот на експерти.

б) Генералниот директор ќе ги покани меѓувладините организации специјализирани на полето на трговските марки, од кои барем една од земјите членки е страна во Договорот, да учествуваат како набљудувачи на состанокот на Комитетот на експерти.

в) Генералниот директор може, и ако тоа го побара Комитетот на експерти, да ги повика и меѓувладините и меѓународните невладини организации да учествуваат во дискусиите од нивен интерес.

(3) Комитетот на експерти ќе:

(i) врши измени и дополнувања на Класификациијата на фигуративните елементи;

(ii) упатува до земјите на Посебната унија препораки заради олеснување на употребата на Класификацијата на фигуративните елементи и промовирање на воедначена примена;

(iii) ги презема сите други мерки кои без финансиски импликации на буџетот на Посебната унија или на Организацијата, ќе придонесат за олеснување на примената на Класификацијата на фигуративните елементи во земјите во развој;

(iv) има право да основа поткомитет  и работни групи.

(4) Комитетот на експерти  донесува свој правилник. Правилникот  предвидува можност за учество на меѓувладини организации на кои се однесува ставот (2)(б) на состаноците на поткомитетите и работните групи на Комитетот на експерти, кои можат значително да придонесат во развојот на Класификацијата на фигуративните елементи.

(5) Предлози за измени или дополнување на Класификацијата на фигуративните елементи може да даде надлежниот завод на секоја земја од Посебната унија, Меѓународното биро, секоја меѓувладина организација застапена во Комитетот за експерти во согласност со  ставот 2(б) и секоја земја или организација одделно поканета од Комитетот на експерти да поднесе такви предлози. Предлозите поднесени до Меѓународното биро се доставуваат до членовите на Комитетот на експерти и до набљудувачите, не подоцна од 2 месеца пред седницата на Комитетот на експерти на која тие предлози ќе бидат разгледани.

(6)(а) Секоја земја членка на Комитетот на експерти  има еден глас.

(б) Комитетот на експерти донесува одлука со просто мнозинство на гласови на земјите кои се застапени и гласаат.

(в) Секоја одлука која според мислењето на една петтина на застапените земји кои гласаат бара измени во основната структура на Класификацијата на фигуративните елементи или суштинска рекласификација, се донесува со тричетвртинско мнозинство на гласови на земјите кои се застапени и кои гласаат.

(г) воздржаноста не се смета за гласање.

Член 6

Известување,влегување во сила и објавување на измените и дополнувањата и другите одлуки

(1) За секоја одлука на Комитетот на експерти во врска со прифаќањето на измените и дополнувањата  на Класификацијата за фигуративни елементи како и препораките на Комитетот на експерти, Меѓународното биро ќе ги  извести надлежните заводи во земјите на Посебната унија. Измените и дополнувањата ќе влезат во сила 6 месеци од денот кога е испратено известувањето.

(2) По влегувањето во сила  на измените и дополнувањата,  Меѓународното биро ќе ги внесе во Класификацијата на фигуративни елементи. Измените и дополнувањата се објавуваат во публикациите кои ќе ги определи Собранието од членот 7.

 Член 7

Собрание на Посебната унија

(1)(а) Посебната унија има Собрание кое го сочинуваат земјите на Посебната унија.

(б) Владата на секоја земја од Посебната унија ќе биде претставена со еден делегат на кој можат да му помагаат делегати – советници и експерти.

(в) Секоја меѓувладина организација од членот 5 став (2)(б) на состаноците на Собранието  може да биде застапувана од набљудувач, и доколку Собранието така одлучи, во оние комитети и работни групи кои може да ги оснoва Собранието.

(г) Трошоците за секој делегат се на товар на владата која го назначила.

(2)(а) Во согласност со одредбите од членот 5, Собранието ќе:

(i) се занимава со сите работи поврзани со одржувањето и развојот на  Посебната унија и применувањето на овој договор;

(ii) дава насоки до Меѓународното биро во врска со подготовките на конференциите за ревизија;

(iii) ги преиспитува и потврдува извештаите и активностите на генералниот директор во врска со Посебната унија и ќе му ги дава сите неопходни инструкции во врска со работењето во рамките на надлежностите на Посебната унија;

(iv) ја одредува програмата и усвојува двогодишен буџет на Посебната унија и ја одобрува нејзината завршна пресметка;

(v) го усвојува Правилникот за финансиско работење на Посебната унија;

(vi) одлучува за донесување официјални текстови на Класификацијата на фигуративни елементи на јазик различен  од англиски и француски;

(vii) воспоставува такви комитети и работни групи кои оценува дека се соодветни за остварувањето на целите на Посебната унија;

(viii) определува, во согласност со ставот (1) (в),  на кои од земјите што не се членки на Посебната унија и на кои меѓувладини и меѓународни невладини организации ќе им биде дозволено да бидат набљудувачи на нивните состаноци  и на  други комитети или работни групи што таа ги основала;

(ix) презема други соодветни активности заради остварување на целите на Посебната унија;

(x) ги извршува сите други должности во согласност со овој договор.

(б) Во врска со прашањата кои се од интерес на другите унии со кои раководи Организацијата, Собранието ќе донесе одлука откако ќе се консултира со Координативното тело на Организацијата.

(3)(а) Секоја земја – членка има еден глас.

(б) Една половина од земјите членки на Собранието сочинуваат кворум.

(в) Во отсуство на кворум, Собранието може да донесе одлука,  со исклучок  на одлуките кои се однесуваат на неговата работа. Сите овие одлуки произведуваат ефект само ако се исполнети условите наведени во понатамошниот текст. Меѓународното биро ги доставува дадените одлуки до земјите членки на Собранието, кои не биле присутни  и  ги повикува писмено да се изјаснат во врска со нивното гласање или воздржаност, во рок од три месеци од денот на испраќањето. Доколку во овој рок поголем број од земјите се изјаснат за своето гласање или воздржување  и со тоа се постигне бројот на земјите којшто недостасувал за постигнување кворум на самата седница, таквите одлуки произведуваат ефект, под услов истовремено да е постигнато потребното мнозинство.

(г) Во согласност со одредбите од членот 11 став (2) Собранието донесува одлука со двотретинско мнозинство на дадените гласови.

(д) Воздржувањата  не се сметаат за гласови.

(ѓ) Еден делегат може да застапува и гласа во име само на една земја.

(4)(а) Собранието ќе се состане по еднаш секоја втора календарска година на редовна седница која ја свикува генералниот директор, и тоа, со исклучок на вонредни услови, во исто време и исто место како и Генералното собрание на Организацијата.

(б) Собранието ќе се состане на вонредна седница по свикување од генералниот директор, по барање на една четвртина од земјите членки на Собранието.

(в) Дневниот ред за секоја седница го подготвува генералниот директор.

(5) Собранието  го донесува својот правилник за работење.

 Член 8

Меѓународно биро

(1)(а) Административните работи на Посебната унија ги извршува Меѓународното биро.

(б) Поточно, Меѓународното биро подготвува состаноци и обезбедува сектретаријат на Собранието, Комитет на експерти и други тела или работни групи кои може да ги формира Собранието или Комитетот на експерти.

(в) Генералниот директор е претседател  на Посебната унија и ја претставува Посебната унија.

(2) Генералниот директор и кој било друг службеник назначен од него ќе учествува без право на глас на сите состаноци на Собранието, Комитетот на експерти и други  тела или работни групи кои може да ги формира Собранието  или Комитетот на експерти. Генералниот директор или кој било друг службеник кого тој ќе го назначи е секретар на тие тела по службена должност.

(3)(а) Меѓународното биро, во согласност со насоките на Собранието, ги извршува подготовките за ревизиските конференции.

(б) Меѓународното биро во врска со подготовката за ревизиските конференции може да се консултира со меѓувладините и меѓународните невладини организации.

(в) Генералниот директор и лицата назначени од него ќе земаат учество во дискусиите на ревизиските конференции, без право на глас.

(4) Меѓународното биро ќе ги извршува сите останати работи кои му се доверени.

Член 9

Финансии

(1)(а) Посебната унија има буџет.

(б) Буџетот на Посебната унија ги содржи сопствените приходи и расходи на Посебната унија, нејзиното учество во буџетот на заедничките расходи на Унијата со кои управува Организацијата, а по потреба и износот кој е на располагање на буџетот на Конференцијата на Организацијата.

(в) Расходите кои не можат да се препишат исклучиво на Посебната унија, туку на една или повеќе други унии со кои управува Организацијата, ќе се сметаат за заеднички расходи на униите. Учеството на Посебната унија во тие заеднички расходи  е сразмерен на нејзиниот  интерес кон нив.

(2) Буџетот на Посебната унија ќе се утврдува така што ќе се земат во предвид потребите за усогласеност со буџетот на другите унии управувани од Организацијата.

(3) Буџетот на  Посебната унија ќе биде финансиран од  следните извори:

(i) придонеси од земјите членки на Посебната унија;

(ii) трошоците и наплатите за услуги кои ги дава Меѓународното биро во врска со Посебната унија;

(iii) средства остварени со продажба или хонорари за публикации на Меѓународното биро кои се однесуваат на Посебната унија;

(iv) подароци, оставнини и субвенции;

(v) наемнини, камати и други разновидни приходи.

(4)(а)  За да се утврди нејзиното учество во согласно со ставот (3) (i), секоја земја од Посебната унија треба да припаѓа на иста класа на којашто припаѓа во Париската унија за заштита на индустриската сопственост и ќе го плати својот годишен придонес врз основа на истиот број единици кој е утврден за таа класа во таа унија.

(б) Годишниот придонес на секоја земја од Посебната унија е износот кој во однос на вкупниот износ на придонеси на сите земји во буџетот на Посебната унија е идентичен  како односот на бројот на нејзините единици  во однос на вкупниот број единици на сите земји кои плаќаат придонес.

(в) Придонесите стасуваат за наплата на 1 јануари секоја година.

(г) Земјата која доцни со плаќање на своите придонеси не може да го оствари своето право на глас во ниедно тело на Посебната унија, доколку достасаниот  износ е еднаков или поголем од износот на придонесот кој е должна да го плати за двете претходни години. Меѓутоа, секое тело на Посебната унија може на таа земја да и дозволи да продолжи да го остварува своето право на глас во тоа тело доколку и се додека е исполнет условот  дека до доцнење  во плаќањето е дојдено заради вонредни и неизбежни околности.

(д) Доколку буџетот не е усвоен пред почетокот на новиот финансиски период, останува на ниво на буџетот од претходната година, како што е предвидено со финансискиот правилник.

(5) Износот на трошоците и наплатите кои се плаќаат за услуги кои ги дава  Меѓународното биро на Посебната унија ги утврдува генералниот директор и за тоа го известува Собранието.

(6)(а) Посебната унија има фонд на обртен капитал кој е составен од поединечни уплати од секоја држава на Посебната унија. Доколку тој фонд стане недоволен, Собранието донесува одлука за негово зголемување.

(б) Износот на првата уплата во споменатиот фонд или учеството во неговото зголемување ќе биде во сооднос со придонесот на земјата за годината во која фондот е основан или во која е донесена одлука за негово зголемување.

(в) Соодносот и условите на плаќањето ги утврдува Собранието на предлог на генералниот директор по претходно советување со Координативниот комитет на Организацијата.

(7)(а) Договорот склучен во седиштето на земјата на чија територија има седиште Организацијата предвидува, кога фондот на обртниот капитал е недоволен, таа земја да дава аванси. Височината на тие аванси и услoвите врз основа на кои се одобрени се предмет за секој случај на одделни договори  помеѓу таа земја и Организацијата.

(б) Земјата наведена во точката (а) како и Организацијата имаат право да ја откажат обврската за давање аванс, со писмено известување.  Откажувањето произведува ефект три години од крајот на годината во која е дадено известувањето.

(8) Ревизијата на сметките ја извршуваат една или повеќе земји на Посебната унија или надворешен ревизор, како што е предвидено во Правилникот за финансиското работење. Тие, со нивна согласност, се назначени од Собранието.

Член 10

Ревизија на договорот

(1) Овој договор може периодично да се ревидира, на посебна конференција на земјите на Посебната унија.

(2) За свикување на секоја ревизиска конференција одлучува Собранието.

(3) Членовите 7, 8, 9 и 11 можат да се изменат и дополнат или на ревизиска конференција или во согласност со одредбите во членот 11.

 Член 11

 Измени и дополнувања  на определени одредби на договорот

(1) Предлог за изменување и дополнување на членовите 7, 8, 9 и овој член може да даде секоја земја на Посебната унија или генералниот директор. Ваквите предлози, генералниот директор ќе ги достави до земјите на Посебната унија, барем 6 месеци пред нивното разгледување на собрание.

(2) Измените и  дополнувањата на членовите од ставот (1) ги усвојува Собранието. За усвојување се потребни три-четвртини од дадените гласови, при што за секоја измена и дополнување на членот 7 како и на овој  став потребни се четири-петини од дадените гласови.

(3)(a) Секоја измена и дополнување кон споменатите членови наведени во ставот (1) ќе влезе во сила по истекот на еден месец од денот кога генералниот директор ќе ги прими писмените известувања за прифаќање на измените и дополнувањата од три четвртини земји членки на Посебната унија, составени во согласност на нивните соодветни уставни постапки.

(б) Секоја измена и дополнување така прифатена во наведените членови ги обврзува сите земји кои се членки на Посебната унија во моментот на нивното влегување во сила, при што секоја измена и дополнување која ги зголемува финансиските обврски на земјите на Посебната унија ги обврзува само оние земји кои се  изјасниле дека ги прифаќаат таквите измени и дополнувања.

(в) Секоја измена и дополнување прифатена во согласност со одредбите од потставот (а) ги обврзува сите земји  кои станале членки на Посебната унија по датумот на  кој измените и дополнувањата влегле во сила, во согласност со одредбите во потставот (а).

 Член 12

Станување страна на  Договорот

(1) Секоја земја членка на Париската конвенција може да стане страна на овој договор со:

(i) потпишување, по што следи депонирање на инструмент за ратификација, или

(ii) депонирање инструмент за пристапување.

(2) Инструментот за ратификација или за пристапување се депонира кај генералниот директор.

(3) Одредбите од членот 24 на Стокхломскиот акт на Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост се применуваат на овој договор.

(4) Ставот (3) во никој случај не треба да се сфати дека една земја на Посебната унија признава или премолчено ја  прифаќа фактичката состојба во врска со територијата на друга земја која го применува овој договор, врз основа на наведениот став.

Член 13

Влегување во сила на Договорот

(1) Во однос на првите пет земји кои депонирале свои инструменти за ратификација или пристапување, овој договор влегува во сила три месеци од депонирањето на петтиот инструмент за ратификација или пристапување.

(2)  Во однос на секоја земја, со исклучок на  оние во кои Договорот влегол во сила во согласност со ставот (1),  овој договор влегува во сила  три месеци од датумот на кој генералниот директор испратил известување за ратификација или пристапување на таа земја, со исклучок ако во инструментот за ратификација или пристапување е назначен подоцнежен  датум. Во тој случај, овој договор во однос на таа земја влегува во сила на датумот кој е назначен.

(3) Ратификувањето или пристапувањето подразбира прифаќање на сите клаузули  и стекнување на сите предности од овој договор.

Член 14

Траење на Договорот

Овој договор има исто траење како и Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост.

Член 15

Откажување

(1) Секоја земја на Посебната унија може да се откаже од овој договор со известување упатено до генералниот директор.

(2) Откажувањето влегува во сила една година од денот кога генералниот директор го примил известувањето.

(3) Правото на откажување предвидено со овој член не може да се применува од ниедна земја пред истекот на пет години од датумот од кој таа  станала членка на Посебната унија.

Член 16

Спорови

(1) Секој спор помеѓу две или повеќе земји на Посебната унија, кој се однесува на толкувањето или примената на овој договор, а кој не е решен со преговори, може од страна на која било засегната земја да се изнесе пред Меѓународен суд на правда во согласност со сатутот на судот да го решава тој спор, со исклучок ако земјите на кои тој се однесува се договорат за други методи. Земјата која излегува пред суд треба за тоа да го извести Меѓународното биро, а Меѓународното биро за тоа ќе ги информира другите земји на Посебната унија.

(2) Секоја земја може во моментот на потпишување на овој договор или депонирањето на инструмет за ратификација, или за пристапување, да изјави дека не се смета обврзана со одредбите од ставот (1) од  овој член. Одредбите од ставот (1) не се применуваат на спорови помеѓу која било земја која дала таква изјава и која било земја од Посебната унија.

(3) Секоја земја која дала изјава во согласност со одредбите од ставот (2) може во секој момент да ја повлече својата изјава со известување упатено до генералниот директор.

Член 17

Потпис, јазици, функции на депонирање, известувања

(1) (а) Овој договор се потпишува во еден оригинал на англиски и француски јазик  при што и двата текста се подеднакво веродостојни.

(б) Овој договор останува отворен за потпишување до 31 декември 1973 година во Виена.

(в) Оригиналот на овој договор, по истекот на рокот во кој е отворен за потпишување се поднесува кај генералниот директор.

(2) Службените текстови на други јазици кои може да ги определи Собранието, ги утврдува генералниот директор по извршеното советување со заинтересираните влади.

(3)(а) Генералниот директор заверува и доставува два примерока од потпишаниот текст на овој договор до владите на земјите кои го потпишале и по барање на влада на која било земја.

(б) Генералниот директор ги заверува и доставува двата примерока од секоја измена на овој договор до владите на сите земји на Посебната унија и по барање на владата на која било земја.

(в) Генералниот директор по барање доставува до владата на секоја земја која го потпишала овој договор или која му пристапила, два заверени примерока од Класификацијата на фигуративни елементи на англиски или на француски јазик.

(4) Генералниот директор го регистрира овој договор во Секретаријатот на Обединетите нации.

(5) Генералниот директор ги известува владите на сите земји, страни на Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост, за:

(i) потписите, во согласност со  ставот (1);

(ii) депонирањето исправи за ратификација или пристапување, во согласност со членот 12 став (2);

(iii) датумот на стапувањето во сила на овој договор, во согласност со членот 13 став (1);

(iv) дадените изјавите, во согласност со членот 4 став (5);

(v) изјавите во врска со известувањето, дадени во согласност со член 12 став (3);

(vi) дадените изјавите, во согласност со членот 16 став (2);

(vii) повлекувањето на какви било изјави дадени во согласност со членот 16 став (3);

(viii) прифаќањето на измените и дополнувањата на овој договор, во согласност со членот 11 став (3);

(ix) датумите на кои измените и дополнувањата влегуваат во сила;

(x) примени откажувања, во согласност со членот 15.

    • November 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       123
      45678910
      11121314151617
      18192021222324
      252627282930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®