ХАШКИ ДОГОВОР ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРИЈАВУВАЊЕ МОСТРИ И МОДЕЛИ (ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН)

(Хашки документ од 28 ноември 1960 год.)

Објавен во “Службен весник на РМ.” бр. 71/96 од 30 декември 1996 година

Член 1

1) Договорните држави формираат посебна унија за меѓународно пријавување на мостри и модели.
2) Странки во овој договор можат да бидат само државите членки на Меѓународната унија за заштита на индустриската сопственост.

Член 2

Во смисла на овој договор се смета како:
“Договор од 1925”, Хашкиот договор за меѓународно пријавување на меѓународни мостри и модели од 6 ноември 1925 година;
“Договор од 1934”, Хашкиот договор за меѓународно пријавување на меѓународни мостри и модели од 6 ноемви 1925 годијна, ревидиран во Лондон на 2 јуни 1934 година;
“Овој договор”, Хашкиот договор за меѓународно пријавување на меѓународни мостри и модели онаква како што произлегува од овој акт;
“Правилник”, Правилникот за извршување на овој договор;
“Меѓународно биро”, Бирото на Меѓународната унија за заштита на иднустриската сопственост;
“меѓународна пријава”, пријавата поднесена кај Меѓународното биро;
“национална пријава”, пријавата поднесена кај националната управа на договорната држава;
“повеќекратна пријава”, пријавата која содржи повеќе мостри или модели;
“држава на потекло на меѓународната пријава”, договорната држава во која пријавителот има вистинско индустриско или трговско претпријатие или, ако пријавителот има такви претпријатија во повеќе договорни држави, онаа договорна држава која тој ја назначил во својата пријава; ако нема такво претпријатие во една договорна држава, договорната држава во која тој има домицил; ако нема домицил во една од договорните држави, договорната држава чиј припадник е;
“држава која врши испитување на новоста”, државата чие национално законодавство предвидува систем кој содржи решерш и претходиа постапка по службеиа должност, што ги врши нејзината национална управа, а се однесува на новостите на сите пријавени мостри и модели.

Член 3

Припадниците на договорните држави или лицата кои, иако не се припадници на една од тие држави, се домицилирани или имаат вистинско индустриско или трговско претпријатие на територијата на една од тие држави, можат да поднесат пријави за мостри и модели кај Меѓународното биро.

Член 4

1) Поднесување на меѓународаната пријава може да биде извршено кај Меѓународното биро:
(1) директно, или
(2) со посредство на националната управа на државата членка, ако тоа го дозволува законодавството на таа држава.
2) Националното законодавство на секоја договорна држава може да бара секоја меѓународна пријава, за која таа држава се смета дека е држава на потекло, да биде извршена преку нејзината национална управа. Непочитувањето на тој пропис не влијае врз дејството на меѓународната пријава во другите договорни држави.

Член 5

1) Меѓународната пријава содржи барање, една или повеќе фотографии или други графички прикази на мострата или на моделот и такси предвидени со Правилникот.
2) Барањето содржи:
(1) список на договорните држави во кои пријавителот бара заштита врз основа на меѓународната пријава;
(2) означување на еден или повеќе предмети на кои мострата или моделот треба да бидат применети;
(3) ако пријавителот сака да користи право на првенство од членот 9, означување на датата, државата и бројот на пријавата врз кои се засновува правото иа првенство;
(4) останати известувања предвидени со Правилникот.
3) а) Пријавата, покрај другото, може да содржи:
(1) краток опис на карактеристичните елементи на мострата или моделот;
(2) изјава за вистинскиот автор на мострата или моделот со назначување на неговото име;
(3) барање, објавувањето да се одложи во смисла иа членот 6 став 4).
б) Со барањето можат да бидат приложени и примероци или макети на предметот на кој мострата или моделот се применети.
4) Повеќекратната пријава може да содржи повеќе мостри или модели наменети да се применуваат на предмети класифицирани во иста класа од Меѓународната класификација на мостри и модели од членот 21 став 2) број (4).

Член 6

1) Меѓународното биро води меѓународен регистар на мостри и модели и врши регистрирање на меѓународните пријави.
2) Се смета дека меѓународната пријава е поднесена на денот кога Меѓународното биро примило уредно барање, такси кои се плаќаат со барањето и една или повеќе фотографии или графички прикази на мострата или моделот или, ако не се примени во исто време, дента кога е извршена последната формална обврска. Регистрирањето ја носи истата дата.
3)а) Меѓународното биро објавува во своето повремено гласило за секоја меѓународна пријава:
(1) репродукција во црно/бела техника или, на барање од пријавителот, репродукција во боја, фотографија или друг поднесен графички приказ;
(2) дата на поднесувањето на меѓународната пријава;
(3) известувања предвидени со Правилникот.
б) Меѓународното биро е должно, во најкус рок, да го испрати своето повремено гласило до меѓународните управи.
4)а) Објавата назначена во ставот 3) под а), на барање од пријавителот може да биде одложена за период што овој го бара. Овој период не може да биде подолг од 12 месеци од датата на поденесувањето на меѓународаната пријава. Сепак, ако е барано право на првенство, датата од кога овој период се пресметува е датата на правото на првенство.
б) Во периодот од а) погоре, пријавителот може во секој момент да бара итна објава или да ја повлече својата пријава. Повлекување на пријавата може да биде ограничено само на една или на повеќе договорни држави и, во случај на повеќекратно пријавување, на еден број од мострата или моделот содржани во таа пријава,
в) Ако пријавителот не ги плати таксите во пропишаниот рок, кои е должен да ги плати пред истекот на периодот од а) погоре, Меѓународното биро ја брише пријавата и не врши објава од ставот 3) под а).
г) До истекот на периодот назначен под а), Меѓународното биро ја чува во тајност регистрацијата на пријавата за која е барано одлагање на објавувањето и јавноста не може да има увид во никаков документ или предмет кој се однесува на предметната пријава. Овие одредби се применуваат без ограничување во траењето, ако пријавителот ја повлекол својата пријава пред истекот на наведениот период.
5) Освен во случаите предвидени во ставот 4), јавноста може да се запознава со податоците во регистарот и со сите документи и предмети поднесени до Меѓународното биро.

Член 7

1)а) Секоја пријава регистрирана кај Меѓународното биро произведува, во секоја договорна држава што пријавителот ја назначил во таа пријава, исти дејства како пријавителот да ги задоволил сите формалности предвидени со националниот закон за добивање на заштита и како управата на таа држава да ги извршила сите односни пропишани управни дејствија.
б) Уважувајќи ги одредбите на членот 11, заштитата на мострите и моделите кои се предмет на пријавата регистрирана кај Меѓународното биро е регулирана во секоја договорна држава е одредбите на националното законодавство кое се применува во таа држава на мострите и моделите чија заштита се бара, со поднесување на национална пријава за која се исполенти сите формалности и за која се извршени сите управни дејства.
2) Меѓународната пријава не произведува дејства во државата на потекло, ако законодавството на таа држава така пропишува.

Член 8

1) И покрај одредбите на членот 7, националната управа на договорната држава чие законодавство предвидува одбивање на заштитата по спроведената управна постапка по службена должност или по основ на приговор од трето лице, должна е, во случај на одбивање, во рок од 6 месеци да му достави на Меѓународното биро известување дека мострата или моделот не ги исполнува условите пропишани со тоа законодавство покрај условите кои се однесуваат на формалностите и управните дејства назначени во членот 7 став 1). Ако одбивањето не е доставено во рок од 6 месеци, меѓународната пријава произведува дејства во таа држава, сметајќи од денот на поднесувањето. Сепак, во секоја договорна држава во која се вршат испитувања, ако одбивањето не е соопштено во рок од 6 месеци, меѓународната пријава со сочувано право на првенство, произведува свои дејства во таа држава сметајќи од истекот на наведениот рок, освен ако националното законодавство не предвидува поранешна дата за пријави поднесени кај неговата национална управа.
2) Рокот од 6 месеци од ставот 1) се смета од датата кога националната управа го примила бројот на повременото гласило во кое е објавено регистрирањето на меѓународната пријава. Нациоиалната управа е должна да запознае секое трето лице, на негово барање, за оваа дата.
3) Пријавителот ги има истите правни средства да оговори на одлуката за одбивање на националната управа од ставот 1), како да ја поднел својата мостра или модел кај таа управа, во секој случај мора да биде овозможено повторно испитување на одлуката за одбивање или подигање на тужба. Известувањето за одлуката мора да содржи:
(1) причини поради кои е решено дека мострата или моделот не ги исполнуваат условите за заштита по националниот закон;
(2) датата назначена во ставот 2);
(3) рок определен за пријавителот во кој може да бара повторно испитување или да поднесе тужба;
(4) орган до кој тоа барање или тужба треба да биде упатено.
4)а) Националната управа на договорната држава чие национално законодавство содржи одредби како што се предвидени со ставот 1) и која бара изјава за името на вистинскиот автор на мострата или моделот, може да бара, во рок, кој не може да биде помал од 60 дена, сметајќи од денот на испраќањето на резултатите на испитувањето, пријавителот да достави, на јазик на кој пријавата е поднесена кај Мсѓународното биро:
(1) изјава со означување на вистинскиот автор на мострата или моделот;
(2) кус опис со истакнување на битните карактеристични елементи на мострата или моделот, онакви како што изгледаат на фотографиите или на другите графички прикази.
б) За доставувате на таква изјава или на таков опис или за нивно евентуално објавување од страна на таа национална управа, на националната управа не и се плаќа никаква такса.
5)а) Секоја договорна држава чие национално законодавство содржи одредби како што се предвидени во ставот 1), должна е за тоа да го нзвести Меѓународното биро.
б) Ако законодавството на една договорна држава предвидува повеќе системи за заштита на мострите или моделите и ако еден од тие системи предвидува испитување на новината, одредбите од овој договор за државите во кои се врши такво испитување, се применуваат само на тој систем.

Член 9

Ако меѓународната пријава на мострата или моделот е поднесена во рамките иа рокот од 6 месеци сметајќи од првата пријава на истата мостра или модел во една од државите членки на Меѓународната унија за заштита на индустриската сопственост и ако е поднесено барање за признавање на правото на првенство за меѓународна пријава, како дата на правото на првенство се признава датата на првата пријава.

Член 10

1) Меѓународната пријава може да биде обновувана секои 5 години само врз основа на плаќање такси за обнова определени со Правилникот, во текот на последната година од секој период од 5 години.
2) Со плаќање на дополнителната такса определена со Правилникот, можно е продолжување на важноста на меѓународната пријава во дополнителен рок од шест месеци.
3) При плаќање на таксите за продолжување на важноста, обврзно се наведува бројот на меѓународната пријава, и доколку продолжувањето на пријавата не треба да биде извршено во сите договорни држави во кои наскоро истечува важноста на пријавата, државите за кои се бара продолжување на заштитата.
4) Продолжувањето на заштитата може да биде ограничено само на еден број мостри или модели од повеќекратната пријава.
5) Меѓународното биро го регистрира и го објавува продолжувањето на важноста.

Член 11

1) а) Траење на заштитата одобрена од договорните држави за мострите или моделите кои се предмет на меѓународната пријава не може да биде пократко од:
(1) десет години, сметајќи од датата на поднесувањето на меѓународната пријава, ако таа пријава била предмет на продолжување на важноста;
(2) пет години, сметајќи од датата на поднесуваљето на меѓународната пријава кога не се работи за продолжување на важноста.
б) Сепак, ако врз основа на одредбите од националното законодавство на договорната држава која предвидува испитување на новоста, заштитата започнува подоцна од датата на поднесување на меѓународната пријава, траењето на заштитата предвидено со ставот а) се смета од денот на ночетокот на заштитата во таа држава. Фактот дека заштитата на меѓународната пријава не е продолжена, или ако заштитата е продолжеиа само еднаш нема никакво дејство врз минималното траење на заштитата определена на таков начнн.
2) Ако законодавството на една догонорна држава предвидува за мострите или моделите кои се предмет на национална пријава заштита чие траење, со или без продолжена заштита, е подолго од десет години, заштитата во исто време траење се признава во таа држава врз основа на мсѓународна пријава и продолжување на заштитата на мострите или моделите кои се предмет на меѓународната пријава.
3) Секоја договорна држава може, во своето национално законодавство, да го ограничи траењето на заштитата на мострите или моделите кои се предмет на меѓународна пријава на рокови предвидени во ставот 1).
4) Уважувајќи ги одредбите од ставот 1)б) заштитата во договорните држави престанува со важноста на меѓународната пријава, освен ако националното закондавство на тие држави не определи заштитата да трае по истекот на денот на истекот на важноста на меѓународната пријава.

Член 12

1) Меѓународното биро е должно да ја регистрира и да ја објави секоја промена, која се однесува на правото на мострата или моделот кој е предмет на меѓународната пријава во важност. Преносот на правата може да биде ограничен на правата кои произлегуваат од меѓународната пријава само во една или повеќе договорни држави и, во случај иа повеќекратна пријава, само на еден број мостри или модели од таа пријава.
2) Регистрацијата од ставот 1) има исти дејства како и да е извршена од страна на националните управи на договорните држави.

Член 13

1) Носителот на правото од меѓународна пријава може со изјава упатена до Меѓународното биро да се откаже од своите права во сите договорни држави или само во некои од нив и, во случај на повеќекратна пријава, само на одреден број мостри или модели содржани во предметната пријава.
2) Меѓународното биро ја регистрира и ја објавува изјавата.

Член 14

1) Договорната држава не може да бара, за признавање на правата, предметот врз кој е применета мострата или моделот да го носи знакот или ознаката за пријавата за мострата или моделот.
2) Ако националното законодавство на договорната држава предвидува ставање на податоци на предметот од некоја друга причина, таа држава мора да смета дека тоа барање е задоволено ако сите предмети прикажани на јавноста со овластување на носителот.на правото за мострата или моделот, или етикетите ставени на тие предмети, ја носат забелешката за меѓународната пријава.
3) За забелешка во меѓународна пријава се смета симболот Д (голема буква Д во круг), заедно со:
(1) назнака на годината на поднесувањето на меѓународната пријава и името или вообичаеиата кратенка за името иа пријавителот, или
(2) бројот на меѓународната пријава.
4) Ставање само забелешката за меѓународна пријава на предметот или етикетата не може да се смета дека претставува одречување од заштитата врз основа на авторското право или по некој друг основ, кога без таа забелешка може да се добие таквата заштита.

Член 15

1) Таксите предвидени со Правилникот се состојат од:
(1) такси за Меѓународното биро;
(2) такси за назначување на договорната држава, т.е:
а) такси за секоја договорна држава;
б) такси за секоја договорна држава која врши испитување на новост и бара такса за таквото испитување.
2) За иста пријава, таксите платени за една договорна држава според одредбите на ставот 1) (2) а) се намалуваат за износот на таксата назначена во ставот 1) (2) б), кога се бара втора такса за таа држава.

Член 16

1) Таксите за договорните држави назначени во членот 15 1) (2) се уплатуваат на Меѓународното биро кое секоја година им ги доставува на договорните држави кои пријавителот ги назначил.
2)а) Секоја договорна држава може да му соопшти на Меѓународното биро дека се одречува од правото да бара дополнителии такси назначени во членот 15 став 1) (2) а), во врска со меѓународните пријави за кои другите договорни држави, кои го соопштиле истото одречување, се сметаат за држави на потекло.
б) Таа може да го соопшти истото одречување за меѓународната пријава за која се смета за држава на потекло.

Член 17

Прашалникот за извршување ја определува деталната примена на овој договор, а особено:
(1) јазиците и бројот на примероците во кои барањето за пријавување мора да биде составено, како и податоците кон барањето треба да ги содржи;
(2) износите, роковите и начинот па плаќање иа таксите во корист на Меѓународното биро и државите, вклучително и ограничувањата за таксите предвидени во корист на договорните држави кои вршат испитување на новоста;
(3) бројот, форматот и другите карактеристики на фотографиите и другите графички прикази на секоја мостра или модел кој е поднесен;
(4) должина на описот на карактеристичните елементи иа мострата или моделот;
(5) најголемите димензии и услови во кои примероците или макетите на предметите на кои мострата или моделот им е наменет можат да бидат доставени со барањето;
(6) бројот на мострите или моделите кои можат да бидат содржани во повеќекратната пријава и другите одредби што ја дефинираат повеќекратната пријава;
(7) сите прашања во врска со објавувањето и испаќањето на повременото гласило од членот 6 став 3) а), сметајќи го тука и бројот примероци од гласилото кој на националните управи им се доставува бесплатно, како и бројот на примероцитс кои можат да им бидат доставени на тие управи по пониска цена;
(8) постапка за доставување на одлуката за одбивање од страна на договорните држави, согласно членот 8 став 1) како и постапката за соопштување и објавување на тие одлуки од страна на Меѓународиото биро;
(9) условите под кои се врши регистрација и објава на промените во врска со правото за мостра или модел од член 12 став 1) како и одречувањето од членот 13, од страна на Меѓународното биро;
(10) постапката со документите и предметите кои се однесуваат на пријавите чија важност не може да се продолжи.

Член 18

Одредбите од овој договор не се пречка да се бара примена на прописите кои даваат поголеми права врз основа на националното законодавство на договорната држава и не влијаат врз одобрената заштита на уметничките дела и делата од применета уметност врз основа на меѓународни договори и спогодби за авторското право.

Член19

Таксите кои се плаќаат во корист на Меѓународното биро за услугите предвидеnи со овој договор се определуваат така:
а) што нивниот вкупен износ ги покрива сите трошоци на меѓународната служба за мостри и модели, како и оние кои се неопходни за подготовка и одржување на состаноците на Меѓународниот комитет за мостри и модели и конференции за ревизија на овој договор;
б) што овозможуваат зачувување на резервниот фонд од членот 20.

Член20

1) Се основа резервен фонд кој изнесува 250.000 швајцарски франци. Овој износ може да биде изменет со одлука на Меѓународниот комитет за мостри и модели од членот 21 кој следи.
2) Во резервниот фонд се сливаат средства преостанати од приходите на Меѓународниот сервис за мостри и модели!
3)а) Сепак, од стапување во сила на овој договор, резервниот фонд го чинат уплатите од секоја држава на име единствена котизација пресметана за секоја држава посебно според бројот на единиците кои и одговараат на класата на која таа и припаѓа според членот 13 став 8) од Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост.
б) Државите кои стануваат странки на овој договор, по нејзиното стапување по сила, исто така се должни да ја платат единствената котизација. Таа ќе биде пресметана на начин определен во претходниот став, така што сите држави, без оглед кога и пристапиле на Договорот, плаќаат ист придонес по единица.
4) Во случај износот на резервниот фонд да го помине предвидениот плафон, вишокот средства периодично ќе биде поделен помеѓу договорните држави, пропорционално според единствената котизација уплатена од страна на секоја од нив, до износот на таа аконтација.
5) Кога во целост ќе се вратат единствените котизаци, Меѓународниот комитет за мостри и модели може да одлучи, државите кои дополнително ќе станат странки во Договорот да не ја плаќаат единствената котизација.

Член 21

1) Се формира Меѓународен комитет за мостри и модели кого го сочинуваат претставниците на сите договорни држави.
2) Овој комитет ги има следните овластувања:
(1) донесува свој правилник за работа;
(2) врши измени и дополнувања на Правилникот за извршување;
(3) го менува највисокиот износ на резервниот фонд од членот 20.;
(4) ја донесува меѓународната класификација на мостри и модели;
(5) ги проучува проблемите во врска со примената и евентуалната ревизија на овој договор;
(6) ги проучува сите други прашања во врска со меѓународната заштитата на мострите и моделите;
(7) го дава своето мислење за годишнитс извештаи за работата на Меѓународното биро и му дава главни насоки на тоа биро за вршење на задачите кои му се ставени во надлежност врз основа на овој договор;
(8) составува извештај за планираните трошоци на Меѓународното биро за секој следен тригодишен период.
3) Одлуките на комитетот се донесуваат со 4/5 мнозинство од неговите присутни членови или членовите кои се застапени а кои гласаат за случаите назначени под броевите (1), (2), (3) и (4), ставот 2), а со обично миозинство на гласови во другите случаи. Воздржувањето не се смета за гласање.
4) Директорот на Меѓународното биро го свикува Комитетот:
(1) најмалку еднаш годишно секои три годиии;
(2) во секое време на барање од 1/3 од договорните држави или, во случај на потреба, на предлог на директорот на Меѓународиото биро или на Владата на Швајцарската Конфедерација.
5) Трошоците на патувањето и сместувањето иа членовите на Комитетот паѓаат на товар на нивните влади.

Член 22

1) Измените и дополнувањата на Правилникот може да ги врши Комитетот во смисла на членот 21 став 2) (2), или тие можат да се вршат по писмен пат предвиден во ставот 2) подолу.
2) Во случај на примена на писмена постапка, измените и дополнувањата ги предлага директорот иа Меѓународното биро со циркуларно писмо упатено до сите договорни држави. Се смета дека измените и дополнувањата се усвоени ако во рок од една година од денот на нивното соопшување ниту една договорна држава не доставила забелешки за нив.

Член 23

1) Овој договор останува отворен за потпишување до 31 декември 1961 година.
2) Овој договор ќе биде ратифициран, а ратификациониот документ ќе и биде поднесен на Владата на Холандија.

Член 24

1) Државите членки на Меѓународната унија за заштита на индустриската сопственост кои нема да го потпишат овој договор, ќе имаат можност да му пристапат.
2) Тоа пристапување ќе биде соопштено по дипломатски пат на Владата на Швајцарската Конфедерација, а преку неа, на владите на сите договорни држави.

Член 25

1) Секоја договорна држава превзема обврска да обезбеди заштита на мостри и модели за да превземе, согласно овој став, мерки кои се неопходни за да се обезбеди примена на овој договор.
2) Во моментот на поднесување на инструментите за ратификација или пристапување, договорната држава мора да создаде услови, согласно своето национално законодавство, одредбите од овој договор да имаат дејство.

Член 26

1) Овој договор ќе стапи во сила по истекот на рокот од еден месец сметајќи од денот на испраќање на, од страна на Владата на Швајцарската Конфедерација до државите членки, известување за поднесување на десет инструменти за ратификација или пристапување, од кои најмалку се четири држави кои на датата на овој договор не се членки на Договорот од 1925 година ниту на Договорот од 1934 година.
2) Депонирање на документите за ратификација и пристапување, потоа ќе им биде соопштено на договорните држави од страна на Владата на Шајцарската Конфедерација; овие ратификации и пристапувања ќе произведат дејства по истекот на рокот од еден месец сметајќи од датата на испраќање на тоа известување, освен ако, во случај на пристапување, не биде назначена подоцнежна дата во инструментот за пристапување.

Член 27

Секоја договорна држава може во секое време да и соопшти на Владата на Швајцарската Конфедерација дека овој договор се применува на целата територија или на делот од територијата на кој таа ги обезбедува меѓународните односи Владата на Швајцарската Конфедерација за тоа ги известува сите договорни држави, а овој договор се применува на териториите назначени во соопштението еден месец по непраќање на соопштението од страна на Владата на Швајцарската Конфедерација до договорните држави, осве во случај кога во соопштението е назначена подоцнежна дата

Член 28

1) Секоја договорна држава има можност да го откаже овој договор во свое име и во име на сите или дел од териториите кои биле предмет на соопштението од член 27, упатувајќи и соопштение на Владата на Швајцарската Конфедерација. Ова откажување произведува дејство по истек на рокот од една година, сметајќи од неговиот прием од страна на Владата на Швајцарската Конфедерација.
2) Отказот од овој договор од страна иа една договорна држава не ја ослободува истата од обврските кои ги презела со договорот во врска со мострите и моделите кои се меѓународно регистрирани порано во однос на датата кога започнува отказот да произведува дејство.

Член 29

1) Овој договор ќе претрпува повремени измени и дополнувања со цел на подобрување на заштитата која произлегува од меѓународното пријавување на мострите и моделите.
2) Ревизионите конференции ќе бидат свикувани по барање на Меѓународниот комитет за мостри и модели или најмалку на половина од договорните држави.

Член З0

1) Повеќе договорни држави можат во секое време да и соопштат на Владата на Швајцарската Конфедерација, според условите наведени во тоа известување:
(1) дека една заедничка управа ги заменува националните управи на секоја од тие договорни држави;
(2) дека се сметаат како една држава во врска со примената на членовите од 2 до 17 на овој договор.
2) Ова соопштение стапува во сила по истек на 6 месеци од датата на испраќање на известувањето за тоа од страна на Владата на Швајцарската Конфедерација до другите договорни држави.

Член 31

1) Само овој договор ги поврзува државите во нивни взаемни односи, кои се истовремено страни во овој договор како и во Договорот од 1925 година или во Договорот од 1934 година. Сепак, овие држави се должни во нивните меѓусебни односи да ги применуваат одредбите од Договорот од 1925 година или од Договорот од 1934 година, зависно од случајот, на мострите и моделите поднесени до Меѓународното биро пред датата од кога овој договор ги врзува во нивни меѓусебни односи.
2) а) Секоја држава која истовремено е страна во овој договор и во Договорот од 1925 година обврзна е да ги почитува одредбите од Договорот од 1925 година во односите со државите кои се страни само во Договорот од 1925 година, освен ако наведената држава не ја откажала Договорот од 1925 година.
б) Секоја држава која истовремено е страна во овој договор и во Договорот од 1934 година обврзна е да ги почитува одредбите од Договорот од 1934 година во односите со државите кои се страни само во Договорот од 1934 година, освен ако наведената држава не ја откажала Договорот од 1934 година.
3) Државите кои се страни само во овој договор немаат никаква обврска кон државите кои се страни во Договорот од 1925 година или во Договорот од 1934 година, а не се истовремено страни и на овој договор.

Член 32

1) Потпишување и ратифицирање на овој договор или пристапување кон овој договор од страна на држава која на дента на овој договор е страна во Договорот од 1925 година или во Договорот од 1934 година, ќе се смета дека вклучува потпишување и ратифицирање или пристапување кон Протоколот кој е во прилог на овој договор, доколку таа држава не даде изрична изјава за спротивно во време на потпишувањето или депонирањето на овој инструмент за пристапување.
2) Секоја договорна држава која дала писмена изјава од ставот 1) од овој член и секоја друга договорна држава која не е страна во Договорот од 1925 година или во Договорот од 1934 година може да го потпише или да му пристапи на Протоколот кој е во прилог на овој договор. При потпишувањето или депонирањсто на својот инструмент за пристапување, таа може да изјави дека не се смета за обврзана со одредбите од ставот 2) а) или 2) б) од Протоколот во тој случај другите држави страни во Протоколот не се обврзни да ја применуваат во своите односи со државата која ја користела таа исклучителна можност, одредбата која е предмет на таа изјава. Одредбите од членовите 23 до 28 се применуваат само по основ на аналогија.

Член 33

Овој акт ќе биде потпишан само во еден примерок, кој се депонира во архивот иа Владата на Холандија. Оваа влада ќе и достави заверена копија иа владата на секоја држава која ќе ја потпише овој договор или која ќе и пристапи.

ДОПОЛНИТЕЛЕН АКТ ОД СТОКХОЛМ

ОД 14 ЈУЛИ 1967 ГОДИНА

изменет и дополнет на 28 септември 1979 годипа

Член 1

(Дефиниции)

Во смисла на овој дополнителен акт, се смета како:
“Документ од 1934 година”, Документот потпишан во Лондон на 2 јуни 1934 година за Хашкиот договор за меѓународно пријавување на мостри и модели;
“Документ од 1964 година”, Документот потпишан во Хаг на 28 ноември 1960 година за Хашкиот договор за меѓународно пријавување на мостри и модели;
“Дополнителен документ од 1961 година”, Документот потпишан во Монако на 18 ноември 1961 година, како додаток на Документот од 1934 година;
“Организација”, Светската организација за интелектуална сопственост; “Мегународно биро”, Меѓународното биро за интелектуална сопственост;
“Генерален директор”, генералниот директор на Организацијата;
“Посебна унија”, Хашката унија основана со Хашкиот договор од 6 ноемри 1925 година за меѓународно пријавување на творбите од индустриското обликување и одржувана со документите од 1934 и 1960 година, со Документот од 1961 година и со овој дополнителен акт.

Член 2

(Собрание)

(1)(а) Посебната унија има собрание кое се состои од државите кои го ратифицирале овој дополнителен акт или му пристапиле.
(б) Владата на секоја држава представена е со еден делегат, кому можат да му помагаат заменици, советници и експерти.
(в) Трошоците на секоја делегација ги сноси владата која ја именувала.
(2)(а) Собранието:
(i) ги решава сите прашања поврзани со одржување и развој иа Посебната унија и спроведување на нејзиниот договор;
(ii) му дава упатства на Меѓународното биро во врска со подготовките иа ревизионите конференции, земајќи ги предвид сите забелешки на државите на Посебната унија кои не го ратифицирале овој дополнителен акт или кои не му пристапиле;
(iii) го менува Правилникот за извршување и го определува износот на таксите за меѓународно пријавување на мостри и модели;
(iv) ги разгледува и ги одобрува извештаите и активностите на генералниот директор во врска со Посебната унија и му дава посебни упатства во врска со прашањата кои се во надлежност на Посебната унија;
(v) ја утврдува програмата и го усвојува двегодишниот буџет на Посебната укија и ги одобрува нејзините завршни сметки;
(vi) ги усвбјува финансиските прописи на Посебната унија;
(vii) основа комитети на експерти и работни групи за кои смета дека се потребни за остварување на целите иа Посебната унија;
(viii) определува, кои држави кои не се членки на Посебната унија, и кои меѓувладини и меѓуnародни невладини организации ќе присуствуваат на нејзините состаноци како посматрачи;
(ix) усвојува амандмани на членовите од 2 до 5;
(x) ги превзема сите други погодни мерки кои имаат за цел унапредување на целите на Посебната унија;
(xi) врши други соодветни функции согласно овој дополнителен акт.
(б) Во однос на прашањата кои се од интерес и за другите унии со кои управува Организацијата, Собранието ги носи одлуките по советување со Координациониот комитет на Организацијата.
(3) (а) Секоја држава членка на Собранието има еден глас.
(б) Половина од државите членки на Собранието представуваат кворум.
(в) Без оглед на одредбите од ставот (б) погоре, ако на некоја од седниците бројот на застапените држави биде помал од половина, или еднаков на половина или поголем од една третина од бројот на државите, членки на Собранието, Собранието може да донесува одлуки, но, со исклучок на одлуките кои се однесуваат на нејзината сопствена процедура, сите тие одлуки ќе стапат вр сила само ако се исполнат условите изнесени во понатамошниот текст. Меѓународното биро ги проследува тие одлуки до државите членки на Собранието кои не биле представени и ги поканува писмено да го дадат својот глас или да се воздржат од гласањето, во рок од три месеци од датата на дописот. Ако, по истекот на овој период, бројот ;на државите кои вака го дале својот глас или се воздржале од гласање го достигне бројот на државите кои недостигале за да се исполни кворумот на самото заседание, таквите одлуки ќе стапат во сила под услов, сеуште да постои потребното мнозинство.
(г) Со исклучок на одредбите од членот 5 2), одлуките на Собранието се носат до двотретинско мнозинство.
(д) Воздржаните не се сметаат како гласови.
(ѓ) Делегатот може да претставува само една држава и да гласа само во нејзино име.
(е) Државите на Посебната унија кои не се членки на Собранието можат да присуствуваат на состаноците како посматрачи.
(4) (а) Собранието се состанува еднаш секоја втора календарска година на редовно заседание кое го свикува генералниот директор и, освен во исклучителни случаи, во исто време и на исто место како и Генералното собрание на Организацијата.
(б) Собранието одржува вонредно заседание кое го свикува генералниот директор на барање од една четвртина од државите членки на Собранието.
(в) Дневниот ред за секое заседание го подготвува генералниот директор.
(5) Собранието усвојува сопствен деловник за работа.

Член 3

(Мегународно биро)

(1)(а) Работите во врска со меѓународните пријави на мостри и модели, како и сите други управни работи кои се однесуваат на Посебната унија, ги врши Мегународното биро.
(б) Меѓународното биро, особено, ги подготвува состаноците и ги претставува секретаријатот на Собранието и Комитетот на експерти и работните групи кои ги основа Собранието.
(в) Генералниот директор е највисок функционер на Посебната унија и ја представува Посебната унија.
(2) Генералниот директор и сите службеници кои тој ќе ги назначи учествуваат, без право на глас, на сите состаноци на Собранието и на Комитетот на експерти или на работните групи кои ги основа Собранието. Генералниот директор, или службеникот кој тој ќе го определи, по службена должност е секретар на тие тела.
(3)(а) Меѓународното биро, во согласност со упатствата од Собранието, ги извршува подготовките за конференциите за ревизија на одредбите на Договорот.
(б) меѓународното биро може да се консултира со меѓувладини или меѓународни невладини организации во врска со подготовките на ревизионите конференции.
(в) Генералниот директор и лицата кои тој ги именува учествуваат, без право на глас, во дискусиите на тие конференции.
(4) Меѓународното биро ги извршува сите други задачи кои ќе му бидат доверени.

Член 4

(Финанансии)

(1) (а) Посебната унија има буџет.
(б) Буџетот на Посебната унија ги содржи приходите и расходите кои и припаѓаат на Посебната унија, нејзиниот придонес кон буџетот на заедничките расходи на униите, како и во определени случаи, износот кој на буџетот на Конференцијата на Организацијата ќе и биде ставен на располагање.
(в) Расходите кои не можат да и се припишат исклучиво на Посебната унија, туку иа една или на повеќе други унии кои ги води Оргаиизацијата, се сметаат за заеднички расходи на униите. Делот на Посебната унија во таквите заеднички расходи ќе биде сразмерен ка интересот кој Посебната унија го има во нив.
(2) Буџетот на Посебната унија се утврдува водејќи сметка за посебната координација со буџетите на другите унии кои ги води Оргаиизацијата.
(3) Буџетот на Посебната унија се финансира од следнитс извори:
(i) такси за меѓународно пријавување и други такси и давачки врз основа на другите услуги што Меѓународното биро ги пружа во име на Посебната унија;
(ii) продажба на публикации на Меѓународното биро во врска со Посебната унија, или отстапување на правата кои се однесуваат иа нив;
(iii) подароци, оставини и субвенции;
(iv) рента, камата и други различни приходи.
(4)(а) Износите на таксите од ставот (3) (i) ги утврдува Собранието на предлог од генералниот директор.
(б) Тие износи се утврдуваат така што приходите на Посебната унија од такси и други извори треба да бидат најмалку доволни за да се покријат расходите на Меѓународното биро во врска со Посебната унија.
(в) Ако буџетот не биде усвоен пред почетокот на новиот финансиски период, ќе биде на исто ниво како буџетот за претходната година, како што е предвидено со финансиските прописи.
(5) Со исклучок на одредбата од ставот (4) (а), генералниот директор го утврдува износот на таксите и давачките за другите услуги кои ги пружа Меѓународното биро во врска со Посебната унија и за тоа го известува Собранието.
(6)(а) Посебната унија има фонд на обртен капитал кој се конституира од повеќе приходи и, ако таков вишок не е доволен, од еднократна уплата на секоја држава членка на Посебната унија. Ако фондот стане недоволен, Собранието ќе одлучи да го зголеми.
(б) Износот на иницијалната уплата на секоја држава во наведениот фонд или нејзиното учество во неговото зголемување е процент на придонесот на таа држава како членка на Париската унија за заштита на индустриската сопственост на буџетот на наведената унија за годината во која се оснива фондот или се донесува одлука за неговото зголемување.
(в) Процентот и услугата на уплатата ги утврдува Собранието на предлог на генералниот директор и по прибавувањето на мислење од Координациониот комитет на Организацијата.
(7)(а) Во договорот за седиштето, склучен со државата на чија територија Организацијата има свое седиште, ќе биде предвидено, секогаш, кога фондот на обртниот капитал ќе биде недоволен, таа држава да дава позајмица. Износот на тие позајмици и условите под кои се даваат ќе биде, во секој поединечен случај, предмет на посебни спогодби помеѓу таа држава и Организацијата.
(б) Државата наведена во ставот (а) погоре и Организацијата, секоја од своја страна, имаат право да ја откажат обвреката за давање позајмица, по пат иа писмено известување. Откажувањето стапува во сила три години по завршувањето на годината во која известувањето е направено.
(8) Финансиската ревизија на сметката ја вршат една или повеќе држави на Посебната унија или надворешни ревизори, како што е предвидено со финансиските прописи. Нив ги именува, со нивна согласност, Собранието.

Член 5

(Измена и дополнување на член 2 до 5)

(1) Предлозите за измена и дополнување на овој дополнителен акт може да ги иницираат секоја држава членка на Собранието или генералниот директор. Таквите предлози генералниот директор ги проследува на државите членки на Собранието иајмалку шест месеци пред да ги разгледува Собранието.
(2) Собранието ги усвојува измените и дополнувањата наведени во ставот (1). За усвојување се потребни три четвртини од гласовите, а освен што за секоја измена на одредбите од членот 2 и од овој став се потребни четири петини од гласовите.
(3) Сите измени и дополнувања од ставот (1) влегуваат во сила еден месец по приемот на писменото известување за прифаќање од страна на генералниот директор, извршени во согласност со нивната соодветна уставна постапка, од три четвртини држави кои биле членови на Собранието во времето кога тоа ги усвоило измените и дополнувањата. Секоја вака прифатена измена и дополнување ги обврзува сите држави кои се членки на Собранието во времето кога измената и дополнувањето влегле во сила или оние кои подоцна ќе станат негови членки.

Член 6

(Измена и дополнување на Документот од 1934 и Дополнителниот документ

од 1961 година)

(1)(а) Повикувањето, во Документот од 1934 година, на “Меѓународното биро за индустриска сопственост во Берн”, на “Бернското меѓународно биро” или на “Меѓународното биро” се толкува како повикување на Меѓународното биро како што е дефинирано во членот 1 од овој дополнителен акт.
(б) Членот 15 од Документот од 1934 година се укинува.
(в) Секоја измена и дополнување на Правилникот, наведена во членот 20 од Документот од 1934 година се спроведува во согласност со постапката пропишана во членот 2 (2) (а) (ш) и (3) (д).
(г) Во членот 21 од Документот од 1934 година зборовите “ревидиран во 1928 година” се заменуваат со зборовите “за заштита на книжевните и уметничките дела”.
(д) Повикувањето во членот 22 од Документот од 1934 година на член 16, 16 bis и 17 bis од “Општата конвенција” се толкува како повикување на оние одредби од Стокхолмскиот документ на Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост кон во наведениот Стокхолмски документ им одговараат на член 16, 16 bis и 17 bis на поранешните Документи на Париската конвенција.
(2)(а) Сите измени на таксите, наведени во членот 3 од Дополнителниот документ од 1961 година се спроведуваат во согласност со постапката пропишана во член 2 (2) (а) (ш) и (3) (д).
(б) Ставот (1) од членот 4 од Дополнителниот документ од 1961 година и зборовите: “кога резервниот фонд ќе го достигне ова ниво” во ставот (2) од тој член се укинуваат.
(в) Повикувањето во членот 6 (2) од Дополнителниот документ од 1961 годиnа на член 16 и 16 bis од Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост се толкува како повикување на оние одредби од Стокхолмскиот документ од наведената конвенција кои во Стокхолмскиот документ им одговараат на член 16 и 16 bis на поранешните документи на Париската конвенција.
(г) Повикувањето во ставовите (1) и (3) од членот 7 од Дополнителниот документ од 1961 година на Владата на Швајцарската Конфедерација се толкува како повикување на Генералниот директор.

Член 7

(Измени и дополнувања на Документот од 1961 годана)

(1) Повикувањето во Документот од 1960 година на “Бирото на меѓународната унија за заштита на индустриската сопственост” или на “Меѓународното биро” се толкува како повикување на Меѓународното биро онака како што е дефинирано во членот 1 од овој дополнителен акт.
(2) Членовите 19, 20, 21 и 22 од Документот од 1960 година се укинуваат.
(3) Повикувањето во Документот од 1960 година на Владата на Швајцарската Конфедерација се толкува како повикување на генералниот директор.
(4) Во членот 29 од Документот од 1960 година, зборовите: “периодичен” (став (1)) и “Меѓународен комитет за мостри и модели или” (став (2)) се бришат.

Член 8

(Ратификација и пристапување на Дополнителниот акт)

(1) (а) Државите кои пред 13 јануари 1968 година го ратифицирале Документот од 1934 година или Документот од 1960 година и државите кои му пристапиле најмалку на еден од тие документи можат да го потпишат овој дополнителен акт и да го ратифицираат или можат да му пристапат.
(б) Ратификацијата или пристапувањето кон овој дополнителен акт од страна на државата која е обврзана со Документот од 1934 година, а не е исто така обврзана со Дополнителниот документ од 1961 година, автоматски повлекува ратификација или пристапување кон Дополнителниот документ од 1961 година.
(2) Инструментите на ратификација и на пристапување се депонираат кај генералниот директор.

Член 9

(Влегување во сила на Дополнителниот акт)

(1) Во поглед на првите пет држави кои ги депонираат своите инструменти на ратификација или пристапување, овој дополнителен акт ќе влезе во сила три месеци по депонирањето на петтиот таков инструмент на ратификација или пристапување.
(2) Во поглед на секоја друга држава овој дополнителеи акт влегува во сила три месеци по денот кога генералниот директор ќе извести за неговата ратификација или пристапување, доколку во инструментот за ратификација или пристапување не е наведена некоја подоцнежна дата. Во овој последен случај, во поглед на таа држава, овој дополнителен акт ќе влезе во сила на наведената дата.

Член 10

(Автоматско прифаќање на одредени одредби од страна на одредени држави)

(1) Согласно членот 8 и следниот став, секоја држава која не го ратифицирала или не му пристапила на документот од 1934 година станува обврзана со Дополнителниот докумeнт од 1961 година и со член 1 до 6 од овој дополнителен акт од датата кога нејзиното пристапување кон Документот од 1934 година ќе влезе во сила, со тоа што, ако на наведената дата овој дополнителен акт не стапи во сила согласно член 9 (1), таа држава ќе биде обврзама со наведените членови од овој дополнителен акт дури по датата на влегување во сила иа Дополнителниот акт, согласно член 9 (1).
(2) Во согласност со член 8 и со претходниот став, секоја држава која не го ратифицирала или не му пристапила на Документот од 1960 година, станува обврзана со член 1 до 7 од овој дополнителен акт од датата на која нејзината ратификација или шристапување на Документот од 1960 година влегла во сила, со тоа што, доколку на наведената дата овој дополнителен акт не влезе во сила согласно член 9 (1), таа држава ќе биде обврзана со наведените членови од овој дополнителен акт дури по датата на влегување во сила на Дополнителниот акт согласно член 9(1).

Член 11

(Потпишување и др. на Дополнителниот акт)

(1) (а) Овој дополнителен акт е потпишан во еден примерок на француски јазик и ќе биде депониран кај Владата на Шведска.
(б) Званичните текстови ги утврдува генералниот директор по коисултациите со заинтересираните влади, на јазиците кои ги определило Собранието.
(2) Овој дополнителен акт ќе биде отворен за потпишување во Стокхолм до 13 јануари 1968 година.
(3) Генералниот директор ќе достави по две копии, заверени од страна на Владата на Шведска, од потпишаниот текст на овој дополнителен акт до владите на сите држави на Посебната унија и до владата на секоја друга држава на нејзино барање.
(4) Генералниот директор ќе го регистрира овој дополнителен акт кај Секретаријатот на Обединетите нации.
(5) Генералниот директор ги известува владите на сите држави на Посебната унија за потпишувањето, депонирањето на инструментите на ратификација или пристапување, влегувањето во сила и сите други релевантни прашања.

Член 12

(Преодни одредби)

Додека првиот директор не стапи на должност, повикувањето во овој дополнителен акт на Меѓународното биро на Организацијата или на генералниот директор се толкува како повикување на Бирото на Унијата основана со Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост, односно на нејзиниот директор.

Член 13

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

    • May 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Jan    
       12345
      6789101112
      13141516171819
      20212223242526
      2728293031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®