СПОГОДБА ЗА ТРГОВСКИТЕ АСПЕКТИ НА ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ ВО МАРАКЕШ

15 АПРИЛ 1994 ГОДИНА

Членките ,

Co желба да ce спречат нарушувањата и пречките во меѓународната трговија и земајќи ја предвид потребата да ce унапреди делотворната и соодветната заштита на правата од интелектуалната сопственост, и да ce осигури мерките и постапките за остварување на правата од интелектуалната сопственост и самите да не станат пречка за легитимната трговија;

Согледувајќи ја, за таа цел, потребата од нови правила и прописи, во врска со :

(a) применливоста на основните принципи на ГАТТ од 1994 и на соодветните меѓународни спогодби или конвенции за интелектуална сопственост;

(b) обезбедувањето на соодветни стандарди и принципи за достапноста, обемот и користењето на трговските аспекти на правата од интелектуалната сопственост ;

(c) обезбедувањето на делотворни и соодветни средства за остварување на трговските аспекти на правата од интелектуалната сопственост, земајќи ги предвид разликите во националните правни системи;

(d) обезбедувањето на делотворни и експедитивни постапки за мултилатерално спречување на меѓувладини спорови и за нивно решавање; и

(e) преодните аранжмани чија цел e да ce оствари најцелосно учество во резултатите од преговорите;

Согледувајќи ја потребата од мултилатерална рамка за принципите, правилата и прописите што ce однесуваат на меѓународната трговија со фалсификувана стока ;

Согледувајќи дека правата од интелектуалната сопственост ce приватни права;

Согледувајќи ги суштинските цели на јавната политика на националните системи за заштита на интелектуалната сопственост, вклучувајќи ги развојните и технолошките цели;             Свесни, исто така, за посебните потреби на најмалку развиените земји Членки за максималната флексибилност во домашното спроведување на законите и другите прописи, за да им ce овозможи создавање на цврста и одржлива технолошка основа;

Нагласувајќи го значењето на намалувањето на затегнатоста преку постигнување засилени обврски споровите врзани за трговските аспекти на правата од интелектуалната сопственост да ce решаваат по пат на мултилатерални постапки;

Co желба да воспостават однос на заемна поддршка меѓу СТО и Светската организација за интелектуална сопственост (понатамошниот дел на текстот спомнувана и како „WIPO“), како и со другите релевантни меѓународни организации;

Co ова ce согласуваат :

ДЕЛ 1

ОПШТИ ОДРЕДБИ И ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ

Член 1

Природа u обем на обврските

1. Членките ќе ги стават во сила одредбите на оваа Спогодба. Членките можат, но не ce на тоа обврзани, во своите национални закони да спроведат посеопфатна заштита отколку што ce бара со оваа Спогодба , под услов таквата заштита да не e во спротивност со одредбите на оваа Спогодба . Членките ќе бидат слободни самите да го одредат соодветниот начин на спроведување на одредбите на оваа Спогодба во рамките на сопствените правни системи и практика .

2. За потребите на оваа Спогодба изразот „ сопственост “

ce однесува на сите категории на интелектуалната сопственост што ce предмет на одделите 1 до 7 на делот II.

3. Членките ќе им го обезбедат на државјаните на другите Членки третманот предвиден со оваа Спогодба . Во поглед на релевантното правоод интелектуалната сопственост, за државјани на другите Членки ќе ce сметаат оние физички или правни лица што ги исполнуваат критериумите за добивање на заштита предвидени со Париската конвенција (1967), Бернската конвенција (1971), Римската конвенција и Договорот за заштита на интелектуалната сопственост врз интегрираните кола, ако сите Членки на СТО ce потписнички и на овие конвенции. Секоја Членка што ги користи можностите предвидени во ставот 3 од членот 5 или во ставот 2 од членот 6 на Римската конвенција ќе достави до Советот за трговските аспекти на правата од интелектуалната сопственост ( Советот за ТРИПС)

известување за тоа, на начинот опишан во тие одредби .

Член 2

Конвенции за интелектуална сопственост

1. Во поглед на деловите II, III, и IV на оваа Спогодба, Членките ќе ce сообразат со членовите 1 до 12 и со членот 19 од Париската конвенција (1967).

2. Ништо во деловите I до IV на оваа Спогодба нема да отстапува од постојните обврски коишто Членките ги имаат едни кон други врз основа на Париската конвенција, Бернската конвенција, Римската конвенција и Договорот за заштита на интелектуалната сопственост врз интегрираните кола.

Член 3

Национален третман

1. Секоја Членка ќе им обезбеди на државјаните на другите Членки третман што не e понеповолен од оној што им го обезбедува на своите државјани во врска со заштитата на интелектуалната сопственост, со почитување на исклучоците што ce веќе предвидени во Париската конвенција (1967), Бернската конвенција (1971), Римската конвенција или во Договорот за заштита на интелектуалната сопственост врз интегрираните кола. Во поглед на изведувачите, продуцентите на фонограми и радиодифузните организации, оваа обврска ce однесува само на правата предвидени со оваа Спогодба. Секоја Членка која ги користи можностите предвидени во членот 6 од Бернската конвенција (1971) или во ставот l(b) на членот 16 на Римската конвенција ќе достави до Советот за ТРИПС известување за тоа, на начинот предвиден во тие одредби.

2. Членките можат да ги користат исклучоците дозволени врз основа на ставот 1 во судските и во административните постапки, вклучувајќи назначување на услужна адреса или именување на застапник во рамките на јурисдикцијата на определена Членка, само во случаите кога таквите исклучоци ce неопходни за да ce осигури сообразност со законите и прописите кои не ce во спротивност со одредбите на оваа Спогодба и кога таквата практика не ce применува на начин кој би претставувал прикриено ограничување на трговијата.

 Член 4

Третман на најповластена нација

Во однос на заштитата на интелектуалната сопственост, секаква предност, корист, повластица или имунитет што некоја Членка им ги обезбедува на државјаните на која било друга земја, веднаш и безусловно им ce обезбедуваат и на државјаните на сите други Членки. Од овие обврски ce изземени сите предности, користи, повластици или видови имунитет што ги обезбедува некоја Членка:

(a)      кои произлегуваат од меѓународни спогодби за правна помош или за спроведување на законите со општ карактер кои не ce изрично ограничени на заштитата на интелектуалната сопственост;

(b)      обезбедени во согласност со одредбите на Бернската конвенција (1971) или на Римската конвенција, кои допуштаат одреден обезбеден третман да не e во функција на национален третман, туку на третман обезбеден во друга држава;

(c)       во поглед на правата на изведувачите, продуцентите на фонограми и радиодифузните организации што не ce предвидени со оваа Спогодба;

(d)      кои произлегуваат од меѓународни спогодби за заштита на интелектуалната сопственост што стапиле во сила пред стапување во сила на Спогодбата за СТО, под услов за таквите спогодби да e известен Советот за ТРИПС и тие да не претставуваат произволна или неоправдана дискриминација на државјани на другите Членки.

Член 5

Мултилатерални спогодби за стекнување или задржување на заштита

Обврските од членовите 3 и 4 не ce применуваат на постапките коишто ce предвидени со мултилатерални спогодби склучени во рамките на WIPO, кои ce однесуваат на стекнување или задржување на правата од интелектуална сопственост.

Член 6

Престанок на праватa

За потребите на решавањето на споровите врз основа на оваа Спогодба, со резерва кон одредбите од членовите 3 и 4, ништо во оваа Спогодба нема да ce користи за покренување на прашањето за престанок на правата на интелектуална сопственост.

 Член 7

Цели

Заштитата и остварувањето на правата од интелектуалната сопственост би требало да придонесат за унапредувањето на технолошките иновации и за трансферот и ширењето на технологијата, на заемната корист на производителите и корисниците на технолошкото знаење и на начин кој придонесува за општествен и економски развој, како и за постигнување на рамнотежа меѓу правата и обврските.

Член 8

Принципи

1.  При формулирањето или менувањето на своите закони и прописи, Членките може да усвојат мерки што ce неопходни за да го заштитат јавното здравје и исхрана, и за да го унапредат јавниот интерес во секторите од суштинско значење за нивниот општествено – економски и технолошки развој, под услов таквите мерки да ce во согласност со одредбите на оваа Спогодба.

2. Соодветни мерки, под услов да ce во согласност со одредбите на оваа Спогодба, може да бидат потребни за да ce спречи злоупотребата на правата од интелектуалната сопственост од страна на носителите на правата или прибегнувањето кон постапки кои неосновано ја ограничуваат трговијата или негативно влијаат врз меѓународниот трансфер на технологија.

 

ДЕЛ II

СТАНДАРДИ ВО ВРСКА CO ДОСТАПНОСТА , ОБЕМОТ И КОРИСТЕЊЕТО НА ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА

СОПСТВЕНОСТ

Оддел 1 : Авторски и сродни права

Член 9

Однос кон Бернската конвенција

1. Членките ќе ce сообразат со членовите 1 до 2 од Бернската конвенција (1971) и со Додатокот кон истата. Меѓутоа, Членките нема да имаат права ниту обврски врз основа на оваа Спогодба во поглед на правата доделени врз основа на членот 6 bis на таа Конвенција или во поглед на правата што произлегуваат од неа.

2. Заштитата на авторските права го опфаќа изразувањето, a не идеите, постапките, методите на работа или математичките концепти како такви.

Член 10

Компјутерски програми u компилации на податоци

1. Компјутерските програми, било во изворен или во извршен код, ќе ce заштитуваат како книжевни дела врз основа на Бернската конвенција (1971).

2. Компилациите на податоци или на друг материјал, било да ce машински читливи или во друга форма, a кои од причина на нивен избор или уредување на нивната содржина претставуваат интелектуална творба, ќе ce штитат како такви. Таквата заштита, која не ce однесува на самите податоци или материјали, ќе биде без штета по кое било авторско право кое e содржано во податоците или во самиот материјал.

Член 11

Права на изнајмување

Во поглед барем на компјутерските програми и кинематографските дела, Членката ќе им обезбеди на авторите и на нивните наследници право да одобрат или да забранат комерцијално изнајмување за јавноста на оригиналите или на копиите на нивните авторски дела. Членката ќе биде ослободена од оваа обврска во поглед на кинематографските дела, освен кога таквото изнајмување довело до распространето копирање на таквите дела и со тоа материјално го оштетило ексклузивното право на репродукција, кое авторите и нивните наследници го имаат во таа Членка. Во поглед на компјутерските програми, оваа обврска нема да ce применува на изнајмувањата при кои самата програма не e основниот предмет на изнајмување.

Член 12

Рок на заштитата

Во сите случаи кога рокот на заштитата на делата, со исклучок на фотографските дела или на делата на применетата уметност, ce пресметува врз друга основа, a не врз основа на животниот век на физичкото лице, тој рок нема да биде покус од 50 години од крајот на календарската година во која e одобрено објавувањето или, доколку во рокот од 50 години од настанувањето на делото не e дадено такво одобрување, 50 години од крајот на календарската година во која настанало делото.

Член 13

Ограничувања и исклучоци

Членките ќе ги сведат ограничувањата или исклучоците во однос на ексклузивните права на извесни посебни случаи кои не ce во спротивност со нормалната експлоатација на делата и кои не претставуваат неразумна штета по легитимниот интерес на носителот на правото.

Член 14

Заштита на изведувачите, продуцентите на фонограми (звучни записи )и радиодифузните организации

1. Во поглед на снимањето на нивната изведба на фонограм, изведувачите имаат можност да ги спречат следните постапки, кога тие ce преземаат без нивно овластување: снимање на нивните неснимени изведби и репродукција на таквите снимки. Изведувачите, исто така, ќе имаат можност да ги спречат следните постапки кои ce преземаат без нивно овластување: емитување преку безжични средства и јавни преноси на нивните изведби во живо.

2. Продуцентите на фонограми имаат право да дозволат или да забранат директно или индиректно репродуцирање на нивните фонограми.

3. Радиодифузните организации имаат право да ги забранат следните постапки, кога ce преземаат без нивна дозвола: снимање, репродукција на снимки и реемитување на снимки преку безжични средства, како и јавни прикажувања во јавноста на телевизиски снимки на истите. Во случаите кога Членките не им даваат такви права на радиодифузните организации, тие ќе им овозможат на носителите на авторските права во областа на радиодифузни дела да ги спречат горенаведените постапки, под резерва на одредбите од Бернската конвенција (1971).

4. Одредбите на членот 11 во врска со компјутерските програми ce однесуваат mutatis mutandis на продуцентите на фонограми и сите останати носители на права во областа на фонограми , утврдени со законот на Членката. Ако на 15 април 1994 година во некоја Членка бил во сила некој систем на праведен надомест за носителите на правата во поглед на изнајмувањето на фонограми, таа може да го задржи таквиот систем, под услов комерцијалното изнајмување на фонограмите да не поттикнува значителна повреда на ексклузивните права на репродукција на носителите на правата.

5. Заштитата, која врз основа на оваа Спогодба им ce доделува на изведувачите и продуцентите на фонограми ќе трае најмалку до крајот напериодот од 50 години, сметајќи од крајот на календарската година во која e направена снимката или во која ce случила изведбата. Рокот на заштитата предвидена согласно ставот 3, ќе трае најмалку 20 години од крајот на годината во која ce случило емитувањето.

6. Секоја Членка може, во поглед на правата доделени врз основа на ставовите 1, 2 и 3, да пропише услови, ограничувања, исклучоци и резерви, во обем дозволен согласно Римската конвенција. Меѓутоа, на правата на изведувачите и продуцентите на фонограми во однос на фонограмите ќе ce применуваат, mutatis mutandis, и одредбите од членот 18 на Бернската конвенција (1971).

Оддел 2: Трговски марки

Член 15

Предмет на заштита

1. Секој знак, или која било комбинација од знаци, со кои може да ce разликуваат стоките или услугите на една фирма од стоките или услугите на други фирми, можат да бидат подобни да претставуваат трговска марка. Таквите знаци, особено зборовите меѓу кои лични имиња, букви, броеви, фигуративни елементи и комбинации на бои, како и која било комбинација на такви знаци, ce стекнува со право да биде регистрирана како трговска марка. Во случај знаците сами по себе да не овозможуваат разликување на стоките и услугите на кои ce однесуваат, Членките може да го условат регистрирањето и со различноста стекната со користењето. Членките може да бараат, како услов за регистрација, знаците да бидат визуелно воочливи.

2. Ставот 1 нема да ce толкува дека ја спречува Членката да одбие регистрација на трговска марка по друга основа, под услов со тоа да не ce врши отстапување од одредбите на Париската конвенција (1967).

3. Членките може правото на регистрација да го условат со користењето. Меѓутоа, стварното користење на некоја трговска марка нема да биде услов за поднесување на пријава за регистрација. Пријавата нема да ce одбие само врз основа на фактот дека планираното користење не настапило пред истекот на периодот од три години од датумот на поднесувањето на пријавата.

4. Природата на стоките или услугите , врз кои ce применува трговската марка, во никој случај нема да претставува пречка за регистрирање на трговската марка.

5. Членките ќе ја објават секоја трговска марка или пред нејзиното регистрирање или веднаш по регистрирањето, и ќе обезбедат соодветни можности за поднесување на барања за поништување на регистрацијата. Покрај тоа, Членките може да обезбедат можност за поднесување на приговор на регистрирана трговска марка.

 Член 16

Доделени права

1. Носителот на регистрираната трговска марка има исклучиво право да ги спречи сите трети лица кои немаат негова согласност да користат во трговијата идентични или слични знаци за стоки или за услуги, кои ce идентични или слични на оние за кои e регистрирана трговската марка, во случаите кога постои веројатност дека таквото користење би можело да доведе до забуна. Во случај на користење на идентичен знак за идентични стоки или услуги, веројатноста за забуна ce претпоставува. Горенаведените права нема да бидат на штета по кои било постојни претходни права, ниту ќе влијаат врз можноста што ја имаат Членките да ги условат правата со користење.

2. Членот 6 bis од Париската конвенција (1967) ќе ce однесува , mutatis mutandis, и на услугите. При утврдувањето дали некоја трговска марка e позната, Членките ќе го земат предвид знаењето за таа трговска марка во соодветниот дел од јавноста, вклучувајќи го знаењето присутно во Членката за која станува збор стекнато како резултат на промоција на трговската марка.

3. Членот 6 bis на Париската конвенција (1967) ќе ce однесува mutatis mutandis, и на стоките или на услугите кои не ce слични на оние за кои e регистрирана трговската марка, под услов користењето на таа трговска марка во однос на таа стока или услуга да укажува на врската меѓу тие стоки или услуги и носителот на регистрираната трговска марка, и под услов да постои веројатност дека со таквото користење би им ce наштетило на интересите на носителот на правото на регистрираната трговска марка.

Член 17

Исклучоци

Членките може да предвидат ограничени исклучоци за правата кои ce добиваат со трговската марка, какво што e праведното користење на описните изрази, под услов таквите исклучоци да ги земат предвид легитимните интереси на носителот на трговската марка и на третите лица.

Член 18

Траење на заштитата

Првобитната регистрација и секое обновување на регистрацијата на трговската марка ќе биде за период од најмалку седум години. Регистрацијата на трговската марка може бесконечно да ce обновува.

Член 19

Барање за користење

1. Ако ce бара користење заради задржување на одделна регистрација, регистрацијата може да ce поништи само по непрекинат период на некористење на трговската марка од најмалку три години, освен кога носителот на правото на трговска марка ќе приложи валидни причини засновани врз постоењето на пречки за таквата употреба. Како полноважни причини за некористењето на трговска марка ќе ce признаат околностите што ce јавиле независно од волјата на носителот на правото на трговската марка, a кои претставуваат пречка за користењето на трговската марка, какви што ce ограничувањата на увозот или други владини условувања во врска со стоката заштитена со трговската марка.

2. Во случаите кога користењето на одредена трговска марка e под контрола на носителот на правото, нејзиното користење од страна на некое друго лице ќе ce признае како користење на трговската марка за потребите на задржување на регистрацијата.

Член 20

Други услови

Користењето на трговските марки во трговијата нема неоправдано да ce ограничува со посебни барања , какви што ce користење со некоја друга трговска марка, користење во посебен облик, или користење на начин што ја намалува способноста на трговската марка да ја посочува разликата меѓу стоките или услугите на една фирма и оние на други фирми. Ова нема да биде на штета на одреден услов со кој ce пропишува користењето на трговската марка со кое ce идентификува фирмата што ги произведува стоките или услугите заедно со, но без нејзино врзување за, трговската марка по која ce разликуваат конкретните стоки или услуги на таа фирма, за кои станува збор.

Член 21

Издавање на лиценци и пренос на право

Членките може да одредат услови за издавање на лиценци и пренос на право на трговски марки, со тоа што ce подразбира дека нема да биде дозволена задолжителна лиценца за трговски марки и дека носителот на регистрираната трговска марка ќе има право да ја пренесе трговската марка, со или без пренесување на деловните активности на кои им припаѓа трговската марка.

Оддел 3: Географски називи

Член 22

Заштита на географските називи

1. За целите на оваа Спогодба, географски називи ce оние називи коишто посочуваат дека стоката потекнува од територијата на одредена Членка или регион или локалитет на таа територија, во случаите кога даден квалитет, репутација или некоја друга карактеристика на стоката суштински може да му ce припише на нејзиното географско потекло.

2. Во поглед на географските називи, Членките ќе им обезбедат на заинтересираните страни правни средства за спречување на:

(a) користењето на кои било средства при означување или презентирање на стоката што посочуваат или сугерираат дека стоката за која станува збор потекнува од одредено географско подрачје што не e вистинското место на потеклото, на начин кој ја доведува јавноста во заблуда во однос на географското потекло на стоката;

(b) секакво користење што претставува чин на нелојална конкуренција во смисла на членот 10 bis од Париската конвенција (1967).

3. Членката, ex officio доколку нејзиното законодавство го дозволува тоа или на барање од некоја заинтересирана страна, ќе ја одбие или поништи регистрацијата на трговска марка која го содржи или ce состои од географскиот назив за стока која не потекнува од посочената територија, ако користењето на посочувањето во трговската марка за таа стока во таа Членка e од таква природа што може да ја доведе јавноста во заблуда во однос на вистинското место на потекло.

4. Заштитата по основа на ставовите 1, 2 и 3 ќе ce применува на географскиот назив, која иако јазично точна што ce однесува до територијата, регионот или локалитетот од каде потекнуваат стоките, лажно и претставува на јавноста дека стоката потекнува од друга територија.

Член 23

Дополнителна заштита за географските називи на вината u алкохолните пијалаци

1. Секоја Членка ќе им обезбеди на заинтересираните страни правни средства за спречување на користењето на географски назив кој виното го идентификува како вино што не потекнува од местото посочено во тој географски назив или кој алкохолниот пијалак го идентификува како алкохолен пијалак што не потекнува од местото посочено во тој географски назив, дури и во случаите кога e посочено вистинското потекло на стоката или кога географскиот назив ce користи во превод или придружен со изразите какви што ce: „вид“, „тип“, „стил“, „имитација“ или слично.

2. Регистрацијата на трговската марка за вина која го содржи или ce состои од географскиот назив што го идентификува виното, или на трговската марка за алкохолни пијалаци која го содржи или ce состои од географски назив кој ги идентификува алкохолните пијалаци, ќе ce одбие или поништи ex officio, ако тоа e дозволено со домашното законодавство на дадената Членка, или на барање на заинтересираната страна, за вината или алкохолните пијалаци кои не ce co посоченото потекло.

3. Во случај на хомонимни географски називи за вина ќе ce обезбеди заштита на секој назив, подложна на одредбите на членот 22, став 4. Секоја Членка ќе одреди практични услови врз основа на кои хомонимните називи за кои станува збор ќе ce разликуваат еден од друг, земајќи ја предвид потребата да ce осигури рамноправен третман на производителите за кои станува збор и потрошувачите да не ce доведуваат во заблуда.

4. За да ce олесни заштитата на географските називи за вината, во Советот за ТРИПС ќе ce поведат преговори во врска со воспоставување на мултилатерален систем на нотификација и регистрација на географските називи за вината кои ги исполнуваат условите за заштита во оние Членки што учествуваат во системот.

Член 24

Меѓународни преговори : исклучоци

1. Членките ce согласни да влезат во преговори кои имаат цел да ce зголеми заштитата на поединечните географски називи согласно членот 23. Членката нема да ги користи одредбите на ставовите од 4 до 8 подолу за да одбие да води преговори или да склучува билатерални или мултилатерални спогодби. Во контекст на таквите преговори, Членките ќе покажат подготвеност да ги разгледаат можностите за натамошно применување на овие одредби за поединечните географски називи чие користење e предмет на тие преговори.

2. Советот за ТРИПС ќе врши преиспитувања на примената на одредбите на овој Оддел; првото вакво преиспитување ќе ce изврши во рок од 2 години по стапувањето во сила на Спогодбата за СТО. Сите прашања што го засегаат исполнувањето на обврските предвидени со овие одредби може да му ce упатат на Советот кој, на барање на определена Членка, ќе ce консултира со секоја друга Членка, или Членки, во врска со секое прашање за кое не било можно да ce најде задоволувачко решение низ билатерални или плурилатерални консултации меѓу засегнатите Членки. Советот ќе ги преземе сите договорени мерки за да ce олесни функционирањето и да ce унапредат целите на овој Оддел.

3. При спроведување на одредбите од овој Оддел, Членката нема да ја намали заштитата на географските називи што постоела во таа Членка пред стапување во сила на Спогодбата за СТО.

4. Ништо во овој Оддел нема да ја обврзува Членката да спречува континуирано и слично користење на определен географски назив на друга Членка кој ги идентификува вината или алкохолните пијалаци во поврзаност со стоките или услугите што ги обезбедуваат кои било нејзини државјани или резиденти кои тој географски назив го користеле на континуиран начин за истата или за слична стока или услуга на територијата на таа Членка или, (а) најмалку десет години пред 15 април 1994, или, (b) во добра намера пред тој датум.

5. Во случаите кога трговската марка ce користела или била регистрирана во добра намера, или кога правата на трговска марка биле стекнати низ нејзино користење на совесен начин, или:

(a) пред датумот на примената на овие одредби во таа Членка, како што e дефинирано во делот VI; или

(b) пред географскиот назив да биде заштитен во својата земја на потекло, мерките усвоени за спроведување на овој Оддел нема да бидат на штета по подобноста за или правосилноста на регистрацијата на трговска марка, или на правото на користење на трговската марка, врз основа на фактот дека таа трговска марка e идентична со, или слична на, некој географски назив.

6. Ништо во овој Оддел нема да ја обврзува Членката да ги применува одредбите на овој Оддел за некој географски назив на која било друга Членка во однос на стоки или услуги за кои тој назив e идентичен со терминот кој e вообичаен во секојдневниот јазик на територијата на таа Членка како често име за такви стоки или услуги. Ништо во овој Оддел нема да ја обврзува Членката да ги применува одредбите на овој Оддел во врска со географскиот назив на која било друга Членка за винарски производи за кои тој назив e идентичен со вообичаеното име на сортата грозје што постои на територијата на таа Членка на датумот на стапувањето во сила на Спогодбата за СТО.

7. Членката може да предвиди секое барање поднесено врз основа на овој Оддел во врска со користењето или регистрацијата на трговска марка да мора да биде поднесено во рок од пет години откако недозволеното користење на заштитениот назив станало општопознато во таа Членка или од датумот на регистрацијата на трговската марка во таа Членка, под услов трговската марка да e објавена до тој датум, ако тој датум му претходи на датумот на кој недозволеното користење станало општопознато во таа Членка, под услов географскиот назив да не e користен или регистриран со лоша намера.

8. Одредбите на овој Оддел на никој начин нема да бидат на штета по правото на кое било лице да го користи, во нормалниот трговски промет, своето име или името на својот претходник во дејноста што ја врши, освен во случаите кога тоа име ce користи на начин што има цел да ја доведе јавноста во заблуда.

9. Co оваа Спогодба не ce наметнуваат никакви обврски да ce заштитат географски називи кои во земјите на нивното потекло не ce заштитени, или престанале да бидат заштитени, или кои во таа земја престанале да ce користат.

Оддел 4: Индустриски дизајн

Член 25

Услови на заштита

1. Членките ќе обезбедат заштита на независно создаден, нов или оригинален, индустриски дизајн. Членките може да пропишат определен индустриски дизајн да не ce смета за нов или оригинален ако не ce разликува позначително од некој познат индустриски дизајн или од комбинации на карактеристики на некој познат дизајн. Членките може да предвидат таквата заштита да не го опфаќа индустрискиот дизајн што e првенствено диктиран од техничките или функционалните потреби и можности.

2. Секоја Членка ќе осигури условите за стекнување заштита за текстилен дизајн, особено во поглед на можните трошоци, испитувања или објавување, непотребно да не ја попречуваат можноста да ce побара и да ce добие таква заштита. Членките ќе бидат слободни да ја исполнат оваа обврска преку законите за индустриски дизајн или за авторско право.

Член 26

Заштита

1 . Носителот на заштитениот индустриски дизајн ќе има право да спречи трети лица кои ја немаат неговата согласност да произведуваат, да продаваат или да увезуваат стока која содржи или која олицетворува дизајн кој e копија, или во основа копија на заштитениот дизајн, кога таквите дејности ce вршат за комерцијални цели.

2. Членките може да предвидат ограничени исклучоци од заштитата на индустрискиот дизајн, под услов таквите исклучоци да не ce неоправдано во судир со нормалното експлоатирање на заштитените индустриски дизајни и да не ce неоправдано на штета на легитимните комерцијални интереси на носителот на заштитениот индустриски дизајн, земајќи ги предвид легитимните интереси на третите страни.

3. Рокот на заштитата ќе биде најмалку 10 години.

Оддел 5: Патенти

Член 27

Предмет на заштита со патент

1. Согласно одредбите на ставовите 2 и 3 патент може да ce добие за пронајдоци, било да ce работи за производи или за постапки, од сите области на технологијата, под услов да ce нови, да содржат инвентивен придонес и да ce подобни за индустриска примена. Согласно ставот 4 од членот 65, ставот 8 од членот 70 и ставот 3 од овој член, патентите ќе бидат достапни и патентните права ќе може да ce користат без дискриминација во однос на местото на пронајдокот, областа на технологијата и без разлика дали ce работи за увезени или локално произведени производи.

2. Членките може да ги исклучат од патентната заштита оние пронајдоци во однос на кои e неопходно да ce спречи комерцијална експлоатација на нивната територија за да ce заштити јавниот ред или морал, вклучувајќи ја заштитата на животот и здравјето на луѓето, животните или растенијата или за да ce избегне сериозното нарушување на животната средина, под услов исклучувањето да не ce прави само затоа што експлоатацијата e забранета со националниот закон.

3. Членките може да ги исклучат од патентна заштита и:

(a) дијагностичките, терапевтските и хируршките методи на лечење на луѓе или животни;

(b) растенијата и животните, освен микроорганизмите, и суштински биолошките постапки за производство на растенија или животни, освен не – биолошките и микробиолошките постапки. Меѓутоа, Членките ќе предвидат заштита на растителните сорти, било со патенти, или со соодветен ѕш generis систем, или со нивна комбинација. Одредбите од овој потстав ќе ce преиспитаат четири години по стапувањето во сила на Спогодбата за СТО.

Член 28

Доделени права

  1. Патентот ќе му ги дава на својот носител следниве ексклузивни права:

(a) кога предметот на патентот e производ, право да спречува трети лица кои немаат негова согласност да вршат дела на: производство на тој производ, негово користење, нудење на продажба, продажба, или увоз за такви цели;

(b) кога предмет на патентот e постапка, право да спречува трети лица кои немаат негова согласност да вршат дело на користење на постапката, како и дела на: користење, нудење на продажба, продажба или увоз за овие цели барем на производот кој e директно добиен со таа постапка.

2. Носителите на патентот имаат, исто така, право да го префрлат патентот или да го пренесат со наследување, како и да заклучуваат лиценцни договори.

Член 29

Услови што ce однесуваат на подносителите на барањата за патент

1. Членките ќе бараат подносителот на патентната пријава да го открие пронајдокот на начин што ќе биде доволно јасен и целосен за пронајдокот да може да ce реализира од страна на лице што e стручњак во таа област, и може да бараат од подносителот на пријавата да го посочи најдобриот начин за реализација на пронајдокот што му e познат на пронаоѓачот во времето на поднесување на пријавата или, во случај на тврдење за првенство, на датум на првенството на пријавата.

2. Членките може да бараат од подносителот на патентната пријава да достави податоци што ce однесуваат на соодветните странски пријави и регистрирани права.

Член 30

Исклучоци во однос на доделени права

Членките може да пропишат ограничени исклучоци во однос на ексклузивните права доделени со патент, под услов таквите исклучоци да не доаѓаат неоправдано во судир со вообичаената експлоатација на патентот и да не нанесуваат неоправдано штета по легитимните интереси на носителот на

патентот, водејќи сметка за легитимните интереси на трети страни.

Член 31

Други видови користење без дозвола на носителот на правото

Во случаите кога законот на некоја Членка дозволува друг вид користење на предметот на даден патент без овластување на носителот на правото, вклучувајќи користење од страна на владата или на трети страни овластени од владата, ќе ce почитуваат следните одредби:

(a) овластувањето на такво користење да ce разгледува одделно за секој случај;

(b) таквото користење да може да ce дозволи само ако, пред таквото користење, предложениот корисник ce обидел да добие овластување од носителот на правото под прифатливи комерцијални рокови и услови и ако тој напор не вродил со плод во разумен временски период. Овој услов Членката може да го укине во случај на вонредна состојба во земјата или во други исклучителни неодложни околности или во случаи на јавно некомерцијално користење. Во случај на вонредна состојба во земјата или во други исклучителни околности носителот сепак мора веднаш да биде известен, штом практично ќе биде можно. Во случај на јавно некомерцијално користење, кога владата или некое договорно лице, без да го побара патентот, знаат или имаат докажливи основи да знаат дека некој валиден патент ce користи или ќе ce користи од страна на владата или за потребите на владата, носителот на правото ќе биде веднаш известен.

(c) обемот и траењето на таквото користење да e ограничено на целите за кои e добиена дозволата, a во случај на полупроводничка технологија, само на јавно некомерцијално користење или на целите на исправање на постапка за која во судска или управна постапка e утврдено дека e нелојална.

(d) таквото користење да не биде ексклузивно;

(e) таквото користење да e непреносливо, освен во однос на делот на зделката или договорот за кои e дадено право на такво користење;

(f) секое такво користење да ce дозволува главно за снабдување на домашниот пазар на Членката која го овластува користењето;

(g) овластувањето на такво користење да подлежи, согласно соодветната заштита на легитимните интереси на лицата што имаат такво овластување, на можноста да биде укината ако и кога ќе престанат да постојат околностите што довеле до такво овластување и ако e малку веројатно дека повторно ќе ce јават. Надлежниот орган има овластувања да го преиспита, врз основа на образложено барање, продолженото постоење на таквите околности;

(h) на носителот на правото да му ce исплати соодветен надомест според околностите на секој таков одделен случај, земајќи ја предвид економската вредност на овластувањето;

(i) правната важност на која било одлука што ce однесува на овластувањето за такво користење, да подлежи на судско преиспитување или на друго независно преиспитување од страна на посебна повисока инстанца во таа Членка;

(j) секоја одлука што ce однесува на надоместот предвиден за таквото користење да подлежи на судско преиспитување или на друго независно преиспитување од страна на посебна повисока инстанца во таа Членка;

(k) Членките да не ce обврзани да ги применуваат условите утврдени во потставовите (b) и (f), во случаите кога таквото користење e дозволено за да ce исправи постапка за која во судска или административна постапка e утврдено дека e антиконкурентна. При одредувањето на надоместот за такви случаи може да ce земе предвид потребата да ce исправи дадена антиконкурентна постапка. Надлежните органи имаат овластувања да го одбијат укинувањето на овластувањето ако и кога постои можност повторно да настанат околностите што довеле до издавање на таквата дозвола;

(l) кога таквото користење e овластено за да ce овозможи експлоатација на некој патент („втор патент“) кој не може да ce експлоатира без притоа да ce предизвика повреда на некој друг патент („прв патент“), да ce применуваат следните дополнителни услови:

(i)            во пронајдокот на кој ce полага право според вториот патент да станува збор за економски многу значаен, важен технички напредок во однос на пронајдокот од првиот патент;

(ii)          носителот на првиот патент да има право врз основа на вкрстена лиценца под прифатливи услови да го користи пронајдокот од вториот патент; и

(iii)         дозволеното користење на првиот патент да не e преносливо, освен во случај на пренос на вториот патент.

Член 32

Поништување / на правото

Ќе постои можност за судско преиспитување на сите одлуки за поништување или престанок на патент.

Член ЗЗ

Рок на заштита

Рокот на заштита што може да ce одобри не може да заврши пред истекот на период од 20 години сметани од датумот на поднесување на пријавата.

Член 34

Патент за постапка : обврска за докажување

1. За целите на граѓанска постапка во врска со повредата на правата на носителот на патентот од ставот 1 (b) од членот 28, ако предмет на патентот e постапка за добивање на некој производ, судските органи ќе имаат овластување да и наредат на тужената страна да докаже дека постапката за добивање на некој идентичен производ e поинаква од патентираната постапка. Според тоа, Членките ce должни да обезбедат, барем во една од следните околности, кој било идентичен производ, кога e произведен без согласност на носителот на патентот и во отсуство на докази за спротивното, да ce смета за добиен со патентираната постапка:

(a) ако производот добиен со патентираната постапка e нов;

(b) ако постои значителна веројатност дека идентичниот производ бил произведен со таа постапка и дека носителот на патентот не бил во состојба со разумни усилби да утврди која постапка, всушност, била користена.

2. Секоја Членка ќе биде слободна да пропише поднесувањето на доказите наведени во ставот 1 да биде на товар на наводниот прекршител само доколку e исполнет условот предвиден во потставот (а) или ако e исполнет условот за кој ce говори во потставот (b).

3. При наведување на доказите за спротивното, ќе бидат земени предвид легитимните интереси на тужената страна да ги заштити своите производни и деловни тајни.

Оддел 6: Шеми () на интегрирани кола

Член 35

Однос кон Договорот IPIC

Членките ce согласни да обезбедат заштита на шемите (топографиите) на интегрираните кола (натамошниот текст „шеми“) во согласност со членовите 2 до 7 (освен ставот 3 на членот 6), членот 12 и ставот 3 на членот 16 од Конвенцијата за заштита на интелектуалната сопственост на интегрираните кола и, покрај тоа, да ce сообразат со долунаведените одредби.

Член 36

Опфат на зашпштата

Врз основа на одредбите на ставот 1 од членот 37, Членките ќе ги сметаат за незаконски следните постапки, ако ce извршат без дозвола на носителот на правото: увоз, продажба или друг вид дистрибуирање за комерцијални цели на заштитените шеми на интегрираните кола, на интегрирано коло во кое e вградена заштитена шема, или на производ кој вклучува такво интегрирано коло, само доколку продолжи да содржи незаконито репродуцирана шема.

Член 37

Постапки за кои не e потребно овластување од носителот на правото

1. Без оглед на членот 36, ниту една Членка нема да го смета за незаконско вршењето на која било од постапките за кои ce говори во тој Член во однос на некое интегрирано коло кое има вградено незаконито репродуцирана шема, или кој било производ во кој e вградено такво интегрирано коло, во случаите кога лицето кое ги врши или ги нарачуватаквите постапки да не знаело и немало разумна основа да знае, при стекнувањето на интегрирано коло или производот во кој e вградено такво интегрирано коло, дека тоа содржи незаконски репродуцирана шема. Членките ќе пропишат дека, по моментот кога тоа лице ќе стекне доволни сознанија дека шемата e незаконски репродуцирана, тоа лице може да преземе кое било од дејствијата во однос на расположивите резерви или на резервите кои ce нарачани пред тој момент, со тоа што ќе биде должно на носителот на правото да му исплати сума еквивалентна на еден разумен надомест што би требало да му ce плати врз основа на некоја слободно договорена лиценца за таа шема.

2. Условите наведени во потставовите (а) до (k) од членот 31 ќе ce применуваат mutatis mutandis во случај на секое недоброволно издавање на принудна лиценца за шемата или за нејзината употреба од страна на Владата или за Владата, без овластување на носителот на правото.

Член 38

Рок на заштитата

1. Во Членките каде што заштитата e условена со регистрацијата, рокот на заштитата на шемата нема да истече пред истекот на периодот од 10 години сметано од датумот на поднесувањето на барањето за регистрација или од првата комерцијална експлоатација во кој било дел од светот.

2. Во Членките, каде што заштитата не e условена со регистрацијата, шемите ќе бидат заштитени во рок од најмалку 10 години по датумот на првата комерцијална експлоатација во кој било дел од светот.

3. По исклучок на ставовите 1 и 2, Членката може да пропише престанок на заштитата 15 години по создавањето на шемата.

Оддел 7: Заштита на доверливи податоци

Член 39

1. При осигурувањето делотворна заштита од нелојална конкуренција, предвидена со членот 10 bis на Париската конвенција (1967), Членките ќе ги штитат неоткриените податоци во согласност со ставот 2, a податоците доставени до владата или државните органи во согласност со ставот 3.

2. Физичките и правните лица ќе имаат можност да спречат податоците кои според законот ce во нивна надлежност, да бидат откриени на други, да бидат стекнати од страна на други или да ce користат од други, без нивна согласност и на начин кој e спротивен на добрите деловни обичаи, 10 под услов таквите податоци да ce:

(a) тајни, во смисла дека, како целина или според својата прецизна конфигурација и склоп на компоненти, не им ce општопознати, или лесно достапни, на лицата во круговите коишто вообичаено ce занимаваат со тој вид информации;

(b) со комерцијална вредност, затоа што ce тајни; и

(c) предмет на разумни мерки што во дадените околности ги презема лицето што има законска контрола врз податоците, за да ја задржи нивната тајност.

3. Членките, во случаите кога бараат, како услов за одобрување на пуштање во промет на фармацевтски или земјоделски хемиски производи кои содржат нови хемиски соединенија, да ce поднесат неоткриени податоци за тестови или други податоци, кои можат да ce обезбедат само со голем напор, ќе ги штитат таквите податоци од нелојално комерцијално користење. Покрај тоа, Членките ќе ги штитат таквите податоци од откривање, освен во случаите кога нивното откривање e неопходно за да ce заштити јавноста, или кога ce преземени мерки со кои e осигурено таквите податоци да ce заштитени од нелојално комерцијално користење.

Оддел 8: Контрола на нелојална конкуренција во договорните лиценци

Член 40

1. Членките ce согласни дека некои начини на издавање на лиценци, или услови што доминираат во областа на правата од интелектуална сопственост, a кои ја ограничуваат конкуренцијата, може негативно да влијаат врз трговијата и може да го спречуваат трансферот и ширењето на технологијата.

2. Ништо во оваа Спогодба нема да ги спречува Членките да ги специфицираат во своите закони начините или условите на издавањеправата од интелектуална сопственост што предизвикува негативни последици за конкуренцијата на соодветниот пазар. Како што e предвидено понапред, Членката може, во согласност со другите одредби на оваа Спогодба, да усвои соодветни мерки за спречување или за контрола врз таквите постапки, меѓу кои може да ce, на пример, ексклузивни услови за враќање на правото, услови кои го спречуваат оспорувањето на правосилноста и принудно издавање на врзани лиценци, земајќи ги предвид релевантните закони и прописи на таа Членка.

3. Секоја Членка, на барање, ќе влезе во консултации со секоја друга Членка која има причина да смета дека носителот на правото од интелектуална сопственост, кој e државјанин или резидент во Членката до која e упатено барањето за консултација, презема дејности со кои ги крши законите и прописите, во врска со предметот на овој Оддел, на Членката

која бара консултации, и која сака да осигури дека ќе ce изврши сообразување со предметното законодавство, без штета по која било мерка врз основа на законот и по целосната слобода во однос на конечната одлука на која било

од двете Членки. Членката на која и e упатено барањето детално и добронамерно ќе ги разгледа можностите за консултации и ќе обезбеди соодветна можност за консултации со Членката која го упатила барањето, и целосно ќе соработува со неа со тоа што ќе и обезбеди информации што ce достапни за јавноста, a што ce од важност за предметното прашање, како и други информации што и ce достапни на Членката, притоа земајќи ги предвид домашниот закон и склучените заемно задоволувачки спогодби во врска со заштитата на доверливоста на тие податоци од страна на Членката што го поднесува барањето за консултации.

4. На барање, на Членката чии државјани или резиденти ce предмет на правна мерка на друга Членка во врска со наводно кршење на законите и прописите на таа Членка за предметното прашање од овој Оддел, другата Членка ќе даде можност за консултации под истите услови како оние предвидени во ставот 3.

ДЕЛ III

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Оддел 1 : Општи обврски

Член 41

1. Членките ќе осигурат постапките за спроведување на правата, како што ce специфицирани во овој Дел, да бидат достапни во нивните закони за да овозможуваат делотворно дејствување против секаков чин на лиценци кои во одредени случаи може да претставуваат злоупотреба наповреда на правата од интелектуална сопственост опфатени со оваа Спогодба, вклучително ефикасни правни средства за спречување на повреди и правни средства коишто одвраќаат од вршење на натамошни повреди. Овие постапки ќе ce применуваат на начин со кој ќе ce избегнува создавање на пречки за легитимната трговија и ќе обезбедува заштитни мерки против нивната злоупотреба.

2. Постапките кои ce однесуваат на спроведување на правата од интелектуалната сопственост ќе бидат непристрасни и правични. Тие нема да бидат непотребно сложени или скапи, ниту ќе повлекуваат поставување на нереални рокови, или непотребни одлагања.

3. Одлуките за фактите на даден случај e пожелно да бидат во писмена форма и со образложение. Тие ќе им ce дадат на увид барем на страните во постапката без непотребно одлагање. Одлуките за фактите на даден случај ќе ce засновуваат исклучиво врз доказите за кои на странките им било овозможено да ce изјаснат.

4. Страните во постапката ќе имаат можност за преиспитување од страна на судски орган на конечните административни одлуки и, земајќи ги предвид одредбите за судска надлежност во законот на Членката во врска со важноста на предметниот случај, барем и на правните аспекти на првобитните судски одлуки за фактите на дадениот случај. Меѓутоа, не постои обврска да ce обезбеди можност за преиспитување на ослободувачките пресуди во кривичните случаи.

5. Ce подразбира дека овој Дел не создава никаква обврска за воведување на судски систем за спроведување на правото од интелектуална сопственост кој би ce разликувал од системот за спроведување на законите воопшто, и дека нема да влијае врз способноста на Членките да ги спроведуваат своите закони воопшто. Ништо во овој Дел не создава обврска во врска со распределбата на средствата помеѓу спроведување на правата од интелектуалната сопственост и спроведувањето на законите воопшто.

Оддел 2: Граѓански и управни постапки и правни средства

Член 42

Непристрасни u правични постапки

Членките ќе им ги направат достапни на носителите на правото граѓанските судски постапки во врска со спроведувањето на кое било право од интелектуалната сопственост што e опфатено со оваа Спогодба. Тужената страна има право на писмено известување што ќе биде доставено благовремено и ќе содржи доволно поединости, вклучувајќи ги причините врз кои ce темели тужбеното барање. Страните можат да бидат застапувани од независни правни застапници, a постапките нема да наметнуваат прекумерно оптоварувачки барања во врска со задолжителното лично појавување. Сите страни во таквите постапки имаат право да ги образложат своите тврдења и да ги поднесат сите релевантни докази. Постапката ќе обезбеди начини да ce утврдат и заштитат доверливите податоци, освен во случаите кога тоа би било спротивно на постојните уставни барања.

Член 43

Докази

1. Судските органи ќе имат овластувања, во случаите кога некоја од страните ќе изнесе разумно достапни докази што ce доволни за да ги аргументира своите тврдења, и кога посочила докази што ce битни за поткрепување на нејзините барања, a ce под контрола на спротивната страна, да наредат тој доказ да го изнесе спротивната страна, доколку, во соодветните случаи, ce задоволени условите што осигуруваат заштита на доверливите информации.

2. Во случаите кога една страна во постапката самоиницијативно и без оправдана причина одбие да ги стави на увид, или на друг начин не ги обезбеди потребните информации во разумен временски период, или значително попречува некоја постапка во врска со мерка за спроведување

на правото, Членката може да ги овласти судските органи да донесат прелиминарни и конечни одлуки, потврдни или негативни, врз основа на информациите што им ce изнесени, вклучувајќи ги жалбите или тврдењата поднесени од страната која била погодена со одбивањето на увидот во информациите, со тоа што на страните ќе им ce даде можност да ce изјаснат во врска со изнесените тврдења или докази. 

Член 44

Судски забрани

1. Судските органи ќе имаат овластувања да и наложат на страната да престане со вршењето на некоја повреда на правата, inter alia и за да ce спречи влезот во трговските текови, на територијата под нивна јурисдикција, на стоки со кои ce повредува некое право од интелектуална сопственост, веднаш по царинењето на таквата стока. Членките не ce обврзани да дадат такво овластување во поглед на заштитена содржина која некое лице ја стекнало или ја нарачало пред да знае или да има разумни основи да знае дека тргувањето со таа содржина би претставувало повреда на некое право од интелектуална сопственост.

2. По исклучок на другите одредби на овој дел и под услов да ce почитуваат одредбите од делот II, кои изрично ce однесуваат на користењето од страна на владите или од страна на трети лица овластени од некоја влада, a без овластување од носителот на правото, Членките може да ги ограничат достапните правни средства против таквото користење на плаќање на надомест согласно потставот (h) од членот 31. Во други случаи, ќе ce применуваат правните средства врз основа на овој дел или, во случаите кога овие правни средства не ce во согласност со националниот закон на Членката, ќе бидат достапни декларативни пресуди и соодветен надомест.

Член 45

Обесштетување

1. Судските органи ќе бидат овластени да му наложат на прекршителот да му исплати на носителот на правото обесштетување што ќе претставува соодветен надомест за штетата што носителот на правото ја претрпел со повредата на неговото право од интелектуална сопственост причинета од страна на прекршителот кој учествувал во постапката на повреда на правото свесно, или со разумни основи да биде свесен дека прави повреда.

  1. Судските органи, исто така, ќе имаат овластување да му наложат на прекршителот да му ги исплати на носителот на правото трошоците, во кои може да спаѓа и соодветниот хонорар за застапникот. Во соодветни случаи, Членките може да ги овластат судските органи да наложат враќање на профитот и / или исплата на претходно утврдена штета, дури и во случаите кога прекршителот учествувал во постапката на повреда на правото несвесно, или без разумни основи да биде свесен дека прави повреда.

Член 46

Други правни средства

За да ce обезбеди делотворно спречување на повреди на правата, судските органи ќе бидат овластени да наложат стоката за која утврдиле дека претставува повреда на правата, без каков било надомест, да ce повлече од прометот на начин со кој ќе ce избегне да му ce нанесе штета на носителот на правото или, доколку тоа не e спротивно на постојните уставни барања, да ce уништи. Судските органи, исто така, ќе бидат овластени да наложат суровините и опремата кои, главно, биле користени за создавање на стоката со која ce врши повредата на правата, без никаков надомест да ce повлечат од промет на начин со кој опасноста од натамошни повреди ќе ce сведе на најмала можна мерка. При разгледување на таквите барања, ќе ce земе предвид сразмерот меѓу сериозноста на повредата и наложените правни средства, како и интересите на трети лица. Во поглед на фалсификувани стоки со трговска марка , нема да биде доволно едноставно да ce отстрани незаконски ставената трговска марка, освен во исклучителни случаи, за да ce дозволи стоката да ce пушти во промет.

Член 47

Право на информација

Членките може да пропишат судските органи да имаат овластување, доколку тоа не e несразмерно на сериозноста на повредата на правото, да му наложат на прекршувачот да го извести носителот на правото за идентитетот на третите лица вклучени во производство и дистрибуција на стоките и услугите со кои ce врши повредата на правата, и за нивните канали за дистрибуција.

Член 48

Обесштетување на туженото лице

  1. Судските органи ќе бидат овластени да и наложат на страната на чие барање биле преземени мерките и која ги злоупотребила постапките за спроведување на правото, да и обезбеди на страната на која неправедно и била одредена забрана или ограничување соодветен надомест за штетата претрпена како последица на таквата злоупотреба. Судските органи, исто така, ќе бидат овластени да му наложат на подносителот на барањето да му ги плати трошоците на туженото лице, кои може да го вклучуваат и соодветниот хонорар за застапникот.
  2. Во поглед на спроведувањето на кој било закон што ce однесува на заштитата или спроведувањето на правото од интелектуална сопственост, Членките ќе ги ослободат јавните органи и јавните службеници од обврската да обезбедат соодветни правни средства, само во случаите кога дејствијата во текот на спроведувањето на тие закони ce преземени или планирани во добра намера.

Член 49

Административна постапка

Доколку кое било граѓанско правно средство може да ce наложи како резултат на административна постапка во врска со фактите на определен случај, таквата постапка треба да биде сообразна со принципите кои по својата суштина ce еднаквосилни на оние наведени во овој Оддел.

 Оддел 3 : Привремени мерки

Член 50

1. Судските органи ќе бидат овластени да наредат преземање на итни и делотворни привремени мерки:

(a) за да ce спречи да дојде до повреда на кое било право од интелектуална сопственост, a особено за да ce спречи влегување на определена стока во трговскиот промет под нивна јурисдикција, вклучувајќи увезена стока веднаш по царинењето;

(b) за да ce зачува битен доказ за наводна повреда.

2. Судските органи ќе бидат овластени во соодветните случаи да усвојат привремени мерки inaudita altera parte, особено во оние случаи кога секое одлагање може да му предизвика непоправлива штета на носителот на правото, или кога постои докажлива опасност од уништување на докази.

3. Судските органи ќе бидат овластени да побараат од тужителот да ги обезбеди сите разумно достапни докази за да ce уверат со задоволувачки степен на сигурност дека тужителот e вистинскиот носител на правото и дека ce повредени неговите права, или дека постои непосредна опасност да бидат повредени, како и да му наредат на тужителот да даде залог или еднаквосилна гаранција во мера доволна за да ce заштити тужената страна и да ce спречи злоупотребата.

4. Во случаите на усвојување на привремени мерки inaudita altera parte, погодените страни ќе бидат без одолговлекување известени за тоа, најдоцна по извршувањето на мерките. Преиспитувањето, вклучувајќи го правото на изјаснување, ќе ce изврши на барање на тужената страна со цел да ce донесе одлука, во разумен рок по известувањето за мерките, дали мерките ќе ce изменат, повлечат или потврдат.

5. Од тужителот може да ce бара да достави други информации неопходни за идентификација на стоката за која станува збор од страна на органите што ќе ги извршат привремените мерки.

6. Без повреда на ставот 4, привремените мерки преземени врз основа на ставовите 1 и 2 ќе бидат, на барање на тужената страна, отповикани или на некој друг начин ќе престанат да важат, ако судската постапка што води кон донесување на одлука за тежината на случајот не e покрената во разумен период, што ќе го одреди судскиот орган што ги наредил мерките во случаите кога тоа го дозволува законот на Членката, или, во отсуство на такво одредување, ќе бидат отповикани или ќе престанат да важат во рок што не e подолг од 20 работни дена, или 31 календарски ден, кој и да e подолгиот рок.

7. Во случаите кога привремените мерки ќе бидат отповикани или ќе застарат како последица на некоја постапка или пропуст на тужителот, или кога e отпосле утврдено дека немало повреда или опасност од настанување на повреда на право од интелектуална сопственост, судските органи ce овластени да му наредат на тужителот, на барање на тужената страна, да и обезбеди на тужената страна соодветна компензација за евентуалната штета предизвикана со привремените мерки.

8. Доколку некоја привремена мерка може да ce наложи како резултат на административна постапка во врска со тежината на определен случај, таквата постапка треба да биде сообразна со начелата кои по својата суштина ce еднаквосилни на оние наведени во овој Оддел.

Оддел 4: Посебни барања во врска со пограничните мерки

Член 51

Одложување на пуштање во промет од страна на царинските органи

Членките, во согласност со долунаведените одредби, ќе пропишат постапки со кои ќе му овозможат на носителот на правото, кој има основани причини да ce сомнева дека може да дојде до увоз на фалсификувана стока со трговска марка или стока произведена врз основа на незаконско присвојување на авторските дела, да поднесе писмено барање до надлежните управни или судски органи да наредат царинските органи да го одложат пуштањето во промет на таа стока. Членките може да овозможат таквото барање да ce поднесува и во поглед на стоките кај кои станува збор за други видови на повреда на правата од интелектуална сопственост, под услов да ce задоволени барањата од овој Оддел. Членките може, исто така, да предвидат соодветни постапки за одложувањето од страна на царинските органи на пуштањето во промет на стоките со кои ce врши повреда, a кои ce наменети за извоз од нивните територии.

Член 52

Тужба

Секој носител на право кој покренува постапка врз основа на членот 51, ќе биде должен да достави соодветни докази што ќе ги уверат надлежните органи дека, согласно законите на земјата на увозот, prima facie постои повреда на право од интелектуалната сопственост на носителот на правото, и да достави доволно детален опис на стоката што ќе им овозможи на царинските органи лесно да ја препознаат. Надлежните органи во соодветен рок ќе го известат подносителот на тужбата дали го прифатиле покренувањето на постапката и, во случаите кога надлежните органи го одредиле, во кој рокот царинските органи ќе преземат соодветно дејствие.

Член 53

Залог или еднаквосилна гаранција

1. Надлежните органи ce овластени да бараат од тужителот да даде залог или еднаквосилна гаранција што ќе биде доволна за да ce заштитат тужениот и надлежните органи и да ce спречи злоупотреба. Таквиот залог или еднаквосилна гаранција нема неоправдано да одвраќа од прибегнувањето кон овие постапки.

2. Во случаите кога согласно некое барање поднесено врз основа на одредбите во овој Оддел, пуштањето во промет на стока во која станува збор за индустриски дизајн, патенти, шеми на интегрирани кола или доверливи информации, било одложено од страна на царинските органи со одлука која не e одлука на судски или друг независен орган, a рокот предвиден во членот 55 истекол без во него овластениот орган да даде привремено ослободување на стоката, и под услов да ce исполнети сите други услови за увозот, сопственикот, увозникот или примателот на таквата стока ќе има право да ја пушти во промет откако ќе уплати залог во износ доволен да го заштити носителот на правото од какви било повреди. Уплатата на таквиот залог нема да биде на штета по кое било друго правно средство што му e достапно на носителот на правото, со тоа што ce подразбира дека залогот ќе биде вратен ако носителот на правото не го искористи своето право на тужба во соодветниот временски период.

Член 54

Известување за одложување

Увозникот и подносителот на тужбата ќе бидат неодложно известени за одложувањето на пуштање во промет на стоките врз основа на членот 51.

Член 55

Времетраење на одложувањето

Ако во рок што не e подолг од 10 работни дена по доставувањето на дадено известување за одложување до подносителот на барањето, царинските органи не ce известени дека некоја страна која не e тужената страна покренала постапка за донесување одлука во врска со тежината на случајот, или дека прописно овластениот орган презел привремени мерки со кои ce продолжува одложувањето на пуштањето на стоката во промет, стоката ќе биде пуштена во промет, под услов да ce исполнети сите други услови за увоз или за извоз: во соодветни случаи, овој рок може да ce продолжи за дополнителни 10 работни дена. Ако e покрената постапка што треба да доведе до одлука за тежината на дадениот случај, на барањето на тужениот ќе ce изврши преиспитување, под кое ce подразбира и право на сослушување, со цел во разумен рок да ce донесе одлука за тоа дали тие мерки ќе ce изменат, отповикаат или потврдат. По исклучок на горенаведеното, во случај одложувањето на пуштањето во промет да ce извршува или да ce продолжува согласно некоја привремена судска мерка, ќе ce применуваат одредбите од ставот 6 на членот 50.

Член 56

Обесштетување на увозникот и на сопственикот на стоката

Надлежните органи ќе бидат овластени да му наложат на подносителот на барањето да му плати на увозникот, на примателот на стоката и на сопственикот на стоката, соодветен надомест за која било штета што им e предизвикана со неправедното задржување на стоката или со задржувањето на стоката пуштена во промет врз основа на членот 55.

Член 57

Право на инспекција и информирање

Без повреда на заштитата на доверливите податоци, Членките ќе ги овластат надлежните органи да му дадат на носителот на правото доволна можност да обезбеди инспекција на кој било производ кој e задржан од страна на царинските органи, за да ги поткрепи своите барања како носител на правото. Надлежните органи ќе бидат, исто така, овластени и на увозникот да му дадат еднаква можност да обезбеди инспекција на стоката. Во случаите кога e донесена потврдна одлука за тежината на случајот, Членките може да ги овластат надлежните органи да го известат носителот на правото за имињата и адресите на испраќачот на стоката, на увозникот и на примателот на стоката, како и за количеството на стоката за која станува збор.

Член 58

Ex officio дејствија

Во случаите кога Членките бараат од надлежните органи да дејствуваат по службена должност и да одложат пуштање во промет на стоки за кои стекнале prima facie докази дека e повредено некое право од интелектуална сопственост:

(a) надлежните органи можат во кое било време да побараат од носителот на правото податоци што може да им бидат од помош во извршувањето на овластувањата;

(b) увозникот и носителот на правото ќе бидат веднаш известени за одложувањето. Во случаите кога увозникот вложил кај надлежните органи жалба против одложувањето, одложувањето ќе биде подложно на условите, mutatis mutandis, од членот 55;

(c) Членките ќе ги ослободат и јавните органи и нивните службеници од одговорноста да преземат соодветни правни мерки само во случаите кога дејствијата биле преземени или планирани во добра намера.

Член 59

Правни средства

Без повреда на другите права на дејствување што ги има на располагање носителот на правото, и под услов на исполнетост на правото на тужениот да побара преиспитување од страна на судски орган, надлежните органи ќе бидат овластени да наложат уништување или отстранување на стоката со која ce врши повредата, во согласност со принципите изложени во членот 46. Во поглед на фалсификувана стока со трговска марка, надлежните органи нема да дозволат реекспорт во неизменета состојба на

стоката со која ce врши повредата на правата, ниту ќе ја подложат на поинаква царинска постапка, освен во исклучителни околности.

Член 60

De minimis увоз

Членките може да изземат од примената на понапред наведените одредби мали количества стока од некомерцијална природа што ce содржани во личниот багаж на патниците или ce пратени во помали пратки.

Оддел 5: Кривични постапки

Член 6

Членките ќе предвидат кривични постапки и казни што ќе ce применуваат барем во случај на свесно фалсификување на трговска марка или на пиратерија на авторски права, извршени во комерцијални цели. Достапните правни средства ќе вклучуваат казна затвор и / или парични казни што ќе бидат доволно високи за да може да служат како мерка на одвраќање, во доследност со нивото на казните што ce применуваат за кривични дела со слична тежина. Во соодветните случаи, достапните правни средства ќе вклучуваат, исто така, одземање, запленување и уништување на стоката со која ce врши повредата и на сите материјали и инструменти кои биле користени за извршувањето на кривичното дело. Членките може да предвидат кривичните постапки и казните да бидат применувани и во други случаи на повреда на правата од интелектуална сопственост, особено кога повредите ce вршат со намера и во комерцијални цели.

ДЕЛ IV

СТЕКНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ И СООДВЕТНИ INTER-PARTES ПОСТАПКИ

Член 62

1. Членките може да бараат, како услов за стекнување или задржување на правата од интелектуалната сопственост предвидени во одделите 2 до 6 на делот II, придржување кон разумни постапки и формалности. Таквите постапки и формалности ќе бидат во согласност со одредбите на оваа Спогодба.

2. Во случаи кога стекнувањето на правото на интелектуална сопственост e условено со доделување или регистрирање на правото, Членките ќе осигурат постапките за доделување или регистрирање, согласно основните услови за стекнување на правото, да овозможат доделување или регистрација на правото во разумен рок, за да ce избегне неосновано скратување на периодот на заштита.

3. Членот 4 на Париската конвенција (1967) ќе ce применува mutatis mutandis на услужните трговски марки.

4. Постапките за стекнување или задржување на право од интелектуална сопственост и, кога националниот закон предвидува такви постапки, поништување во управна постапка и inter partes постапки какви што ce приговор, поништување и откажување, ќе ce управуваат со општите начела изложени во ставовите 2 и 3 на членот 41.

5. Конечните управни одлуки во која било од постапките за кои ce говори во ставот 4, ќе бидат подложни на преиспитување од страна на судски органи или од страна на орган соодветен на судски орган. Меѓутоа, нема да постојат никакви обврски да ce обезбеди можност за такво преиспитување на одлуките во случаи на неуспешен приговор или поништување во управна постапка, под услов основата за таквите постапки да може да биде предмет на постапки за нивно прогласување за неважечки.

ДЕЛ V

СПРЕЧУВАЊЕ И РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

Член 6З

Транспарентност

1. Законите и прописите, и конечните судски одлуки и управните одлуки со општа примена, донесени од некоја Членка во врска со предметот на оваа Спогодба (достапноста, обемот, стекнувањето, спроведувањето и спречувањето на злоупотребата на правата од интелектуална сопственост), ќе бидат објавени или, во случај објавувањето да не e изводливо, ќе ce дадат на увид на јавноста на националниот јазик, на начин што ќе им овозможи на владите и на носителите на правата да ce запознаат со нив. Спогодбите што ce однесуваат на предметот на оваа Спогодба, кои ce на сила меѓу владата или владина агенција на некоја Членка и владата или владина агенција на друга Членка, исто така ќе бидат објавени.

2. Членките ќе достават до Советот за ТРИПС известување за законите и прописите спомнати во ставот 1, за да му помогнат на Советот при неговото преиспитување на функционирањето на оваа Спогодба. Советот ќе ce обиде да ги сведе оптоварувањата за Членките при извршувањето на оваа обврска на најмала можна мера, и може да одлучи да ја укине обврската за директно известување на Советот за таквите закони и прописи ако бидат успешни преговорите со WIPO за воспоставување на заеднички регистар кој би ги содржел овие закони и прописи. Во врска со ова, Советот ќе ги разгледа и можностите за евентуално дејствие што би било потребно за известувањата согласно обврските врз основа на оваа Спогодба, коишто произлегуваат од одредбите на членот 6 ter на Париската конвенција (1967).

3. Секоја Членка ќе биде подготвена да достави, во одговор на писмено барање од друга Членка, информации од видот за кој ce говори во ставот 1. Членката која има причина да смета дека конкретна судска пресуда или управна одлука или билатерална спогодба од областа на правата од интелектуална сопственост ги погодува нејзините права врз основа на оваа Спогодба, може, исто така, писмено да побара да и ce овозможи увид во тие судски пресуди или управни одлуки или билатерални спогодби или да биде доволно детално информирана за нив.

4. Ништо во ставовите 1 до 3 нема да ги обврзува Членките да откријат доверливи податоци кои би го попречувале спроведувањето на законите или на друг начин би биле спротивни на јавниот интерес или би им наштетиле на легитимните комерцијални интереси на определени претпријатија, јавни или приватни.

Член 64

Решавање на споровите

1. Одредбите на членовите XXII и XXIII на ГАТТ од 1994, онака како што ce разработени и применувани со Договорот за решавање на споровите, ќе ce применуваат на консултациите и решавањето на споровите од оваа Спогодба, освен доколку e поинаку предвидено со оваа Спогодба.

2. Потставовите 1 (b) и 1 (с) на членот XXIII на ГАТТ од 1994 нема да ce применуваат на решавањето на споровите по основа на оваа Спогодба во период од пет години од датумот на стапување во сила на Спогодбата за СТО.

3. Во текот на периодот за кој ce говори во ставот 2, Советот за TRIPS ќе ги испита обемот и начините за жалбите од видот предвиден со потставовите 1(b) и 1 (с) на членот XXIII од ГАТТ од 1994, што ce поднесуваат согласно оваа Спогодба и своите препораки ќе ги испрати до Министетската конференција на одобрување. Секоја одлука на Министерската конференција да одобри такви препораки или да го продолжи периодот од ставот 2, ќе ce донесуваат исклучиво со консензус, a одобрените препораки ќе станат извршни за сите Членки без дополнителен процес на формално усвојување.

ДЕЛ VI

ПРЕОДНИ АРАНЖМАНИ

Член 65

Преодни аранжмани

1. Доколку ce исполнети одредбите на ставовите 2, 3 и 4, ниедна Членка нема да биде обврзана да ги применува одредбите на оваа Спогодба пред истекот на општиот период од една година од денот на стапување во сила на Спогодбата за СТО.

2. Членката земја во развој има право да го одложи за дополнителни четири години датумот на примената, дефиниран во ставот 1, на одредбите на оваа Спогодба, освен кога станува збор за членовите 3, 4 и 5.

3. Koja било друга Членка која e во процес на трансформација од централно планирано кон пазарно стопанство со слободно претприемништво, и која презема структурна реформа на својот систем на интелектуалната сопственост, и ce соочува со посебни проблеми во изготвувањето и спроведувањето на законите и прописите за интелектуалната сопственост, може, исто така, да го користи периодот на одлагање на начинот предвиден во ставот 2.

4. Доколку некоја Членка земја во развој e обврзана со оваа Спогодба патентната заштита да ја прошири на производите од областите на технологијата коишто на нејзината територија не ce заштитуваат на тој начин на општиот датум на примена на оваа Спогодба за таа Членка, како што e дефиниран во ставот 2, таа може да ја одложи примената на одредбите за патентите на производите од одделот 5 на делот II за тие области на технологијата за дополнителен период од пет години.

5. Членката која користи преоден период врз основа на ставовите 1,2, 3 или 4, ќе осигури сите промени во нејзините закони, прописи и практика, што ќе настанат во тој период, да не доведат до помал степен на сообразност со одредбите на оваа Спогодба.

Член 66

Најмалку развиени земји Членки

1. Co оглед на специфичните потреби и барања на Членките најмалку развиени земји, нивните економски, финансиски и административни ограничувања, и нивната потреба за флексибилност за да можат да создадат одржлива технолошка основа, таквите Членки нема да бидат обврзани да ги применуваат одредбите на оваа Спогодба, освен членовите 3, 4 и 5, во период од 10 години од датумот на примената дефиниран во ставот 1 на членот 65. Советот за ТРИПС ќе одобри, по добивањето на добро образложено барање од Членка најмалку развиена земја, продолжување на овој период.

2. Членките развиени земји ќе им обезбедат иницијативи на претпријатијата и институциите на нивните територии за целите на унапредување и поттикнување на трансферот на технологијата во Членките најмалку развиени земји, со кои ќе им ce овозможи да создадат стабилна и одржлива технолошка основа.

Член 67

Техничка соработка

За да ce олесни спроведувањето на оваа Спогодба, Членките развиени земји ќе обезбедат, на барање и под заемно договорени услови и рокови, техничка и финансиска соработка во корист на Членките земји во развој и најмалку развиените земји Членки. Таквата соработка ќе вклучува помош во подготвувањето на законодавството за заштита и спроведување на правото на интелектуална сопственост, како и за спречување на неговата злоупотреба, и поддршка во врска со формирањето или јакнењето на домашите заводи и агенции од значење во оваа област, вклучувајќи и обука на кадри.

ДЕЛ VII

ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ДОГОВОРИ ; ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 68

Совет за трговските аспекти на правата од интелектуалната

сопственост (ТРИПС)

Советот за трговските аспекти на правата од интелектуалната сопственост ќе го следи функционирањето на оваа Спогодба и, особено, исполнувањето од страна на Членките на нивните обврски врз основа на оваа Спогодба, и ќе им обезбедува можност на Членките да ce консултираат за прашањата во врска со трговските аспекти на правата од интелектуалната сопственост. Toj ќе ги извршува и сите други задолженија што ќе му ги назначат Членките, и, особено, ќе ја обезбедува помошта што тие ќе ја побараат од него во контекст на постапките за решавање на споровите. При извршување на своите функции, Советот за TRIPS може да ce консултира и да бара информации од кој било извор што го смета за соодветен. Во консултации со WIPO, Советот ќе настојува да воспостави, во рок од еднагодина по својот прв состанок, соодветни аранжмани за соработка со телата на таа Организација.

 Член 69

Меѓународна соработка

Членките ce согласни меѓусебно да соработуваат со цел да ce елиминира меѓународната трговија со стоки со која ce повредуваат правата од интелектуалната сопственост. За таа цел, тие ќе основаат и ќе нотифицираат контактни пунктови во своите национални управи и ќе бидат подготвени да разменуваат информации за трговијата со стока со која ce врши ваква повреда. Тие, особено, ќе ја поттикнуваат размената на информации и соработката меѓу царинските органи во врска со трговијата со стока со фалсификувана трговска марка и со стока произведена врз основа на незаконски присвоено авторско дело.

Член 70

Заштита на постојни предмети на повреда

1. Од оваа Спогодба не произлегуваат никакви обврски во поглед на дејствијата што ce случиле пред датумот на примена на Спогодбата за Членката за која станува збор.

2. Освен во случаите кога e поинаку пропишано со оваа Спогодба, оваа Спогодба наметнува обврски во однос на секој предмет на повреда што постои на денот на примената на Спогодбата за Членката за која станува збор, и кој e на тој датум заштитен во таа Членка, или ги исполнува или дополнително ќе ги исполни критериумите на заштита врз основа на одредбите на оваа Спогодба. Во поглед на овој став и на ставовите 3 и 4, обврските за авторско право коишто ce однесуваат на постојните дела ќе ce утврдуваат исклучиво врз основа на членот 18 на Бернската конвенција (1971), a обврските во поглед на правата на продуцентите на фонограми и на изведувачите во однос на постојните фонограми ќе ce утврдуваат исклучиво врз основа на членот 18 на Бернската конвенција (1971), чија примена e предвидена со ставот 6 на членот 14 на оваа Спогодба.

3. Нема да постојат обврски за повторно воспоставување на заштита на предметот на повредата кој на датумот на примената на оваа Спогодба за Членката за која станува збор, влегол во јавна употреба.

4. Во поглед на дејствијата во врска со специфични предмети кои вклучуваат заштитен предмет на повреда, кои стануваат постапки на повреда на правото врз основа на законските одредби донесени согласно оваа Спогодба, a кои ce започнати, или за кои ce извршени значајни вложувања, пред датумот на кој таа Членка ја прифатила Спогодбата за СТО, која било Членка може да предвиди ограничување на правните средства што му ce достапни на носителот на правото во поглед на натамошното вршење на таквите постапки по датумот на стапувањето во сила на ова Спогодба за таа Членка. Меѓутоа, во таквите случаи Членките ќе предвидат барем исплата на соодветен надомест.

5. Членката не e обврзана да ги применува одредбите на членот 11 и на ставот 4 од членот 14 во поглед на оригиналите или копиите купени пред датумот на примена на оваа Спогодба за таа Членка.

6. Членката нема да e обврзана да го применува членот 31, или барањето содржано во ставот 1 на членот 27 според кој патентните права може да ce уживаат без дискриминација во однос на областа на технологијата, на користењето без овластување на носителот на правото во случаите кога овластувањето за такво користење било дадено од страна на владата пред објавувањето на датумот на оваа Спогодба.

7. Во случај на права од интелектуална сопственост чија заштита e условена со регистрација, ќе биде дозволено пријавите за заштита што биле во постапка на денот на примената на оваа Спогодба за Членката за која станува збор, да бидат изменети за да може со нив да ce побара подобрената заштита што ce обезбедува со одредбите на оваа Спогодба. Тие измени и дополненија нема да вклучуваат нова материја.

8. Во случаите кога Членката, до стапување во сила на Спогодбата за СТО, нема да ја направи достапна патентната заштита за фармацевтските и земјоделските хемиски производи согласно нејзините обврски врз основа на членот 27, таа Членка:

(a) без оглед на одредбите на делот VI, ќе обезбеди од датумот на стапувањето во сила на Спогодбата за СТО, начин на кој ќе може да ce поднесуваат патентни пријави за таквите пронајдоци;

(b) ќе ги примени на овие пријави, од датумот на примената на оваа Спогодба, критериумите за одобрување на патент изложени во оваа Спогодба, како тие критериуми да ce применувале на датумот на поднесувањето на пријавата во таа Членка или, каде што постои или ce бара признавање на правото на првенство, на датумот на право на првенство на таквата пријава; и

(c) ќе обезбеди патентна заштита во согласност со оваа Спогодба, од признавање на патентот и за преостанатиот период на важност на патентот, сметајќи од датумот на поднесувањето на пријавата во согласност со членот 33 на оваа Спогодба, за ониеод овие пријави што ги исполнуваат критериумите за заштита за кои ce говори во потставот (b).

9. Bo случаите кога некој производ e предмет на патентната заштита во некоја Членка врз основа на ставот 8 (а), ќе ce доделат ексклузивни маркетиншки права, без оглед на одредбите од делот IV, за период од пет години откако во таа Членка ќе биде добиено одобрение за изнесување на стоката на пазарот, или додека патентот за производот ce признае или ce одбие во таа Членка, во зависност кој период e пократок, под услов по стапувањето во сила на Спогодбата за СТО да e поднесена патентна пријава и да e доделен патент за тој производ во друга Членка, и во таа друга Членка да e добиено одобрување за пуштање во промет.

Член 71

Преиспитување и измени

1. Советот за ТРИПС ќе го преиспита спроведувањето на оваа Спогодба по истекот на преодниот период за кој ce говори во ставот 2 на членот 65. Советот, земајќи го предвид искуството стекнато во неговото спроведување, ќе изврши преиспитување 2 години по тој датум, a натамошните преиспитувања ќе ги врши во еднакви временски интервали. Советот може, исто така, да врши преиспитувања со оглед на разните нови случувања кои може да наложат потреба од измена или дополнување на оваа Спогодба.

2. Измените кои служат единствено за потребите на приспособување кон повисоки нивоа на заштита на правата од интелектуалната сопственост што биле направени, и ce во сила во другите мултилатерални спогодби, и кои врз основа на тие спогодби ги прифатиле сите Членки на СТО, може да ce упатат до Министерската конференција за преземање на соодветно дејствие во согласност со ставот 6 на членот X на Спогодбата за СТО, врз основа на предлог на Советот за ТРИПС што ќе биде усвоен со консензус.

Член 72

Резерви

Без согласност на сите Членки не може да ce изјават резерви во однос на која било одредба на оваа Спогодба.

Член 73

Исклучоци од безбедносни причини

Ништо во оваа Спогодба нема да ce толкува:

(a) дека обврзува која било Членка да даде каква било информација чие откривање го смета за спротивно на своите основни безбедносни интереси; или

(b) дека спречува која било Членка да презема дејствија што ги смета за неопходни за заштитата на своите основни безбедносни интереси:

(i) во врска со физиони материи или материи од кои

тие ce добиваат;

(ii) во врска со трговијата со оружје, муниција и воена опрема и со трговија со друга стока и материи што ce врши директно или индиректно за целите на снабдување на воените установи;

(iii) кои ce преземаат во време на војна или на други

вонредни ситуации во меѓународните односи; или

(c) дека спречува која било Членка да презема какво било дејствие за исполнување на своите обврски врз основа на Повелбата на Обединетите нации за одржување на меѓународниот мир и безбедност.

    • April 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Jan    
      1234567
      891011121314
      15161718192021
      22232425262728
      2930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®