СИНГАПУРСКИ ДОГОВОР ЗА ПРАВОТО НА ТРГОВСКА МАРКА

Објавен во “Службен весник на Република Македонија” бр.19/10

Член 1
Скратени изрази

Во овој договор, освен ако не е предвидено поинаку:

(i) „Завод“ значи тело на договорната страна кое е надлежно за регистрирање на трговските марки;

(ii) „регистрација“ значи регистрација на трговските марке од страна на заводот;

(iii) „пријава“ значи пријава за регистрација;

(iv) „поднесок“ значи која било пријава или кое било барање, изјава, допис или друга информација во врска со пријавата или регистрацијата, која се поднесува во заводот;

(v) „повикување на лице“ се толкува како повикување на физичко и правно лице;

(vi) „носител“ значи лице кое во регистарот на трговски марки е регистрирано како носител на регистрацијата;

(vii) „регистар на трговски марки“ значи збирка на податоци што ги води заводот,  која ги вклучува содржините на сите регистрации и сите податоци впишани во врска со регистрациите, без оглед на формата во која овие податоци се чуваат;

(viii) „постапка пред заводот“ значи која било постапка пред заводот во врска со пријавата или регистрацијата;

(ix) „Париска конвенција“ значи Париска конвенција за заштита на индустриската сопственост, потпишана во Париз на 20-ти март 1883 година, ревидирана и изменета;

(x) „Ничанска класификација“ значи класифијација востановена со Ничанскиот договор за меѓународна класификација на производите и услугите за регистрирање трговски марки, потпишана во Ница на 15-ти јуни 1957 година, ревидирана и изменета;

(xi) „лиценца“ значи лиценца за користење трговска марка во согласност со законот на договорната страна;

(xii) „стекнувач на лиценца“ значи лице на кое му е доделена лиценца;

(xiii) „Договорна страна“ значи која било држава или меѓувладина организација која е страна на овој договор;

(xiv) „Дипломатска конференција“ значи состанување на договорните страни заради ревидирање или измена на Договорот;

(xv) „Собрание“ значи Собрание според членот 23;

(xvi) повикувањата на „инструмент на ратификација“ се толкуваат како повикување на инструментите за прифаќање и одобрување;

(xvii) „Организација“ значи Светска организација за интелектуална сопственост;

(xviii) „Меѓународно биро“ значи Меѓународното биро на Организацијата;

(xix) „Генерален директор“ значи генерален директор на Организацијата;

(xx) „Правилник“ значи Правилникот од членот 22 од овој договор;

(xxi) повикувањето на „член“ или „став“, „потстав“ и „точка“ од членот се толкува како повикување на соодветните правила од Правилникот;

(xxii) „ТЛТ 1994“ значи Договор за право на трговска марка склучен во Женева на 27-ми октомври 1994 година.

 

Член 2
 Трговски марки на кои Договорот се применува

(1) [Природата на трговските марки] Секоја договорна страна го применува овој договор на трговските марки што се состојат од знаци, кои може да се регистрираат како трговски марки според нејзиниот закон.

(2) [Видови трговски марки]

(a) Овој договор се применува на трговски марки кои се однесуваат на производи (стоковни марки) или услуги (услужни марки) или истовремено на производи и услуги.

(б) Овој договор не се применува за колективни марки, сертификатни и гарантни марки.

Член 3
Пријава

(1) [Податоци или елементи што се содржат во пријавата или се приложени со неа; такси]

(a) Секоја договорна страна може да бара пријавата да содржи некои или сите следни податоци или елементи:

(i) барање за регистрација;

(ii) име и адреса на подносителот;

(iii) име на државата чиј државјанин е подносителот, ако е државјанин на некоја држава, името на државата во која подносителот има престојувалиште, ако постои такво, и име на државата во која подносителот има стварно и ефективно индустриско или трговско седиште, ако постои такво;

(iv) кога подносителот е правно лице, правниот статус на тоа правно лице и државата,  и кога е можно, територијалната единица во таа држава според чиј закон е организирано правното лице;

(v) кога подносителот има застапник, името и адресата на застапникот;

(vi) кога се бара адресата за услуга според членот 4 став (2)(б), таквата адреса;

(vii) кога подносителот сака да го искористи правото на првенство на претходна пријава, изјава во која се бара право на првенство од таа претходна пријава, заедно со наводите и доказите во прилог на изјавата за првенство, кои може да се бараат во согласност со членот 4 од Париската конвенција;

(viii) кога подносителот сака да искористи некоја заштита којашто произлегува од изложувањето на производите и/или услугите на изложба, изјава за таа цел, заедно со доказ како поткрепа на таа изјава, како што предвидува законот на договорната страна;

(ix) најмалку еден изглед на знакот, како што е пропишано со Правилникот;

(x) кога е можно, назначување, како што е пропишано со Правилникот, во кое ќе се посочи видот на трговската марка, како и сите други услови што се применуваат на тој вид трговски марки;

(xi) кога е можно, назначување, како што е пропишано со Правилникот, во кое се посочува дека подносителот сака трговската марка да биде регистрирана и објавена со користење на стандардните знаци од страна на заводот;

(xii) кога е можно, назначување, како што е пропишано со Правилникот, во кое се посочува дека подносителот сака да побара боја како дистинктивен елемент на трговската марка;

(xiii) транслитерација на трговската марка или на одредени делови од трговската марка;

(xiv) превод на трговската марка или одредени делови на трговската марка;

(xv) имињата на производите и/или услугите за кои се бара регистрација, групирани според класите на Ничанската класификација, со тоа што пред секоја група стои бројот на класата од таа класификација на која групата производи или услуги ú припаѓа, претставени според распоредот на класите на споменатата класификација;

(xvi) изјава за намерата за користење на трговската марка, како што е предвидено со законот на договорната страна.

(б) Подносителот може, наместо или покрај изјава за намерата за користење на трговрската марка од потставот (a)(xvi), да поднесе изјава за вистинското користење на трговската марка и доказ за тоа, како што е предвидено со законот на договорната страна.

(в) Секоја договорна страна може да побара плаќање такси на заводот во врска со пријавата.

(2) [Една пријава за производите и/или услугите во неколку класи] Една иста пријава може да се однесува на неколку производи и/или услуги, без оглед на тоа дали припаѓаат на една класа или на неколку класи од Ничанската класификација.

(3) [Вистинско користење] Кога е поднесена изјава за намерата за користење според ставот (1)(a)(xvi), секоја договорна страна може да бара од подносителот на пријавата, во рокот предвиден со законот на таа договорна страна, во согласност со минималниот временски рок пропишан со Правилникот, да достави до заводот доказ за вистинското користење  на трговската марка, како што е предвидено со тој закон.

(4) [Забрана на други услови] Ниту една договорна страна, во врска со пријавата не може да бара да се исполнат други услови освен оние предвидени во ставовите (1) и (3) и во членот 8. Особено, во врска со пријавата во текот на постапката, не може да се бара следново:

(i) да се достави каква било потврда или извод од трговскиот регистар;

(ii) назначување дека подносителот врши индустриска или трговска дејност, како и да достави доказ за тоа;

(iii) назначување дека подносителот врши дејност која соодветствува со производите и/или услугите наведени во пријавата како и да достави доказ за тоа;

(iv) да достави доказ дека трговската марка е регистрирана во регистарот на трговски марки на друга договорна страна или на држава членка на Париската конвенција, која не е договорна страна, освен кога подносителот поднесува пријава за членот 6quinquies од Париската конвенција.

(5) [Докази] Секоја договорна страна во текот на испитувањето на пријавата може да бара да се достават докази до заводот, кога заводот има основано сомневање за вистинитоста на некој навод или елемент содржан во пријавата.

 

Член 4
Застапување; Адреса за услуга

(1) [Застапници овластени за застапување]

(a) Секоја договорна страна, може да бара застапникот кој е назначен за целите на која било постапка пред заводот,:

(i) да има право, во согласност со законот што се применува, да презема дејствија пред заводот во врска со пријавите и регистрациите и, кога е применливо, да му биде допуштено да застапува пред заводот;

(ii) да ја наведе, како своја адреса, адресата на територијата пропишана од договорната страна.

(б) Дејствието, во врска  со која било постапка пред заводот, преземена од и во врска со застапникот, кој ги исполнува условите предвидени од Договорната страна според потставот (а), нема да има влијание на кое било дејствие преземено од или во врска со подносителот, носителот или друго заинтересирано лице кое го назначило тој застапник.

(2) [Задолжително застапување; Адреса за услугата]

(a) Договорната страна може да бара, за целите на која било постапка пред заводот, кога подносителот, носителот или друго заинтересирано лице нема ниту престојувалиште, ниту стварно и ефективно индустриско или трговско седиште на нејзината територија, да биде застапувано од застапник.

(б) Секоја договорна страна може, освен ако не се однесува на застапување според потставот (а), да бара, за целите на која било постапка пред заводот, кога подносителот, носителот или кое било друго заинтересирано лице, нема ниту престојувалиште, ниту стварно и ефективно индустриско или трговско седиште на нејзина територија, да има адреса за услуга на таа територија.

(3) [Полномошно]

(a) Кога договорната страна дозволува или бара подносителот, носителот или кое било друго заинтересирано лице да биде застапувано пред заводот, таа може да бара да биде назначен застапник со посебен поднесок (во понатамошниот текст: „полномошно“) во кој ќе биде наведено името на подносителот, носителот или друго лице, во зависност од случајот.

(б) Полномошното може да се однесува на една или повеќе пријави и/или регистрации назначени во полномошното или, освен исклучоците наведени од давателот на полномошното, на сите постојни и идни пријави и/или регистрации на тоа лице.

(в) Полномошното може да ги ограничува овластувањата на застапникот на определени дејствија. Договорната страна може да бара полномошното, според кое застапникот има право на повлекување на пријавата или откажување на регистрацијата, да содржи јасно назначување за тоа.

(г) Кога поднесокот е поднесен до заводот од лице кое себеси во поднесокот се нарекува застапник, но заводот во времето на примање на поднесокот не го има потребното полномошно, договорната страна може да бара полномошното да се достави до заводот во рок определен од договорната страна, во согласност со минималниот временски рок пропишан со Правилникот. Секоја договорна страна може да предвиди дека, кога полномошното не било поднесено до заводот во рокот утврден од договорната страна, поднесокот на тоа лице нема да има дејство.

(4) [Повикување на полномошно]  Договорната страна може да бара секој поднесок до заводот од страна на застапник за целите на постапката пред заводот да содржи повикување на полномошно врз основа на кое дејствува застапникот.

(5) [Забрана на други услови] Договорна страна не може да бара да бидат исполнети поинакви услови од оние опфатени со ставовите (3) и (4) и членот 8, во поглед на прашањата од овие ставови.

(6) [Доказ] Договорната страна може да бара да се достави доказ до заводот, кога Заводот има основано сомневање во вистинитоста на некој навод содржан во поднесокот од ставовите (3) и (4).

Член 5
Датум на поднесување

(1) [Дозволени услови]

(a) Во согласност со потставот (б) и ставот (2), договорната страна ќе го впише како датум на поднесување на пријавата датумот на кој заводот ги добил, на јазикот што се бара според членот 8 став (2), следниве наводи и елементи:

(i) јасен или разбирлив навод дека се бара регистрација на трговска марка;

(ii) наводи кои овозможуваат утврдување на идентитетот на подносителот;

(iii) наводи кои овозможуваат подносителот или неговиот застапник, ако има таков, да биде контактиран од страна на заводот;

(iv) доволно јасна репродукција на знакот за кој се бара регистрација;

(v) список на производи и/или услуги за кои се бара регистрација;

(vi) кога се применува членот 3 став (1)(a)(xvi) или (б), изјава од членот 3 став (1)(a)(xvi) или изјава и доказ од членот 3 став (1)(б), како што е предвидено со законот на договорната страна.

(б) Договорната страна може да го утврди како датум на поднесување на пријавата датумот на кој заводот добил само дел, но не и сите наводи и елементи од потставот (а), или ги добил на јазик кој не е јазикот предвиден со членот 8 став (2).

(2) [Дозволени дополнителни услови]

(a) Договорната страна може да предвиди дека нема да го утврди датумот на поднесување додека не се платат пропишаните такси.

(б) Договорната страна може да го применува условот од потставот (а) само ако таквиот го применувала во времето кога станала страна на овој договор.

(3) [Исправки и рокови] Начините и роковите за исправки според ставовите (1) и (2) се утврдени со Правилникот.

(4) [Забрана на други услови] Договорната страна, во врска со датумот на поднесување, не може да бара да бидат исполнети  поинакви услови освен оние предвидени во ставовите (1) и (2).

 Член 6
Единствена регистрација на производи и/или услуги во неколку класи

Кога производите и/или услугите што припаѓаат на неколку класи од Ничанската класификација се содржани во една иста пријава, таквата пријава резултира со една иста регистрација.

 Член 7
Поделба на пријава и регистација

(1) [Поделба на пријава]

(a) Секоја пријава во која се наведени повеќе производи и/или услуги (во понатамошниот текст „претходна пријава“) може:

(i) додека заводот не донесе решение за регистрација на трговската марка,

(ii) за време на постапката по приговор против решението за регистрација на трговската марка,

(iii) за време на постапката по жалба против решението за регистрација на трговската марка,

да биде поделена од страна на подносителот или на негово барање на две или повеќе пријави (во понатамошниот текст: „разделени пријави“) со поделба на производите и/или услугите содржани во претходната пријава помеѓу разделените пријави. Разделените пријави го задржуваат датумот на поднесување на претходната пријава и правото на првенство, ако има такво.

(б) Секоја договорна страна, во согласност со потставот (а) може да постави услови за поделба на пријавата, вклучително и плаќање на таксите.

(2) [Поделба на регистрација] Ставот (1) се применува, mutatis mutandis во поглед на поделбата на регистрацијата. Ваква поделба се дозволува:

(i) за време на која било постапка во која важноста на регистрацијата се оспорува пред заводот од трето лице,

(ii) за време на која било постапка по жалба против одлуката што ја донел заводот за време на претходната постапка,

при што, договорната страна да може да ја исклучи можноста за поделба на регистрациите, ако нејзиниот закон дозволува трети страни да поднесат приговор на регистрацијата на трговската марка пред марката да биде регистрирана.

Член 8
Поднесок

(1) [Средства за пренос и форма на поднесокот] Секоја договорна страна може да ги избере средствата на пренос на поднесокот и дали прифаќа поднесок на хартија, поднесок во електронска форма или некој друг облик на поднесокот.

(2) [Јазик на поднесокот]

(a) Договорната страна може да бара секој поднесок да биде на јазикот дозволен од страна на заводот. Кога заводот дозволува поднесокот да биде поднесен на повеќе од еден јазик, заводот може да бара од подносителот, носителот или друго заинтересирано лице поднесокот да биде поднесен и на друг јазик кој го признава заводот, под услов да не се бара наводите или елементите на поднесокот да бидат поднесени на повеќе од еден јазик.

(б) Договорната страна не може да бара изјава, нотаризација, проверка, легализација или друга потврда на кој било превод на поднесок, освен како што е предвидено со овој договор.

(в) Кога договорната страна не бара поднесокот да биде на јазикот дозволен од нејзиниот завод, заводот може да бара преводот на тој поднесок направен од страна на официјален преведувач или застапник, на јазик дозволен од заводот, да биде поднесен во разумен временски рок.

(3) [Потпис на поднесокот на хартија]

(a) Договорната страна може да бара поднесокот на хартија да биде потпишан од страна на подносителот, носителот или друго заинтересирано лице. Кога договорната страна бара поднесокот на хартија да биде потпишан тогаш договорната страна го прифаќа секој потпис кој ги исполнува условите пропишани во Правилникот.

(б) Ниту една договорна страна не може да бара изјава, нотаризација, проверка, легализација или друга потврда на кој било потпис, освен ако потписот се однесува на откажување од регистрацијата и кога законот на договорната страна го предвидува тоа.

(в) Без оглед на потставот (б), договорната страна може да бара да биде доставен доказ до заводот, кога заводот има основано сомневање во автентичноста на кој било потпис на поднесок на хартија.

(4) [Поднесок во електронска форма или со електронски средства на пренос] Кога договорната страна дозволува поднесување на поднесок во електронска форма или со електронски средства на пренос, може да бара секој ваков поднесок да биде во согласност со условите пропишани во Правилникот.

(5) [Предавање на поднесокот] Секоја договорна страна прифаќа предавање поднесок чија содржина одговара на соодветниот модел на меѓународен образец, ако е таков предвиден со Правилникот.

(6) [Забрана на други услови] Ниту една договорна страна не може да бара да се исполнат условите во поглед на ставовите од (1) до (5), освен оние од овој член.

(7) [Средства за комуникација со застапник] Овој член не ги регулира средствата за комуникација помеѓу подносителот, носителот или друго заинтерсирано лице и неговиот застапник.

Член 9
Класификација на производи и/или услуги

 (1) [Наведување на производи и/или услуги] Во секоја регистрација и во секоја објава извршена од заводот, кои се однесуваат на пријавата или регистрацијата и во кои се наведуваат производите и/или услугите –  производите и/или услугите се наведуваат според нивното име, групирани според класите на Ничанската класифијација, при што пред секоја група стои бројот на класата од Ничанската класифијација на која групата производи и услуги припаѓа и тоа според редоследот на класите во споменатата класификација.

(2) [Производи и услуги во истата класа или во различни класи]

(a) Производите и услугите во која било регистрација или објава на заводот не можат да се сметаат за слични меѓу себе врз основа на тоа што спаѓаат во иста класа на Ничанската класификација.

(б) Производите и услугите во која било регистрација или објава на Заводот не може да се сметаат за различни меѓу себе врз основа на тоа што спаѓаат во различни класи на Ничанската класификација.

Член 10
Промени во имињата или адресите

(1) [Промени во името или адресата на носителот]

(a) Кога нема промена на носителот, но има промена во неговото име и/или адреса, договорната страна ќе го прифати барањето за впишување на промената во регистарот на трговски марки на заводот од страна на носителот со поднесок во кој ќе биде наведен регистарскиот број на регистрацијата и промената што треба да се внесе.

(б) Договорната страна може да бара во барањето да се наведе

(i) името и адресата на носителот;

(ii) кога носителот има застапник, името и адресата на застапникот;

(iii) кога носителот има адреса за услуги, таа адреса.

(в) Договорната страна може да бара, во врска со барањето, да се платат такси на заводот.

(г) Едно барање ќе биде доволно дури и кога промената се однесува на повеќе од една регистрација, под услов регистарските броеви на сите регистрации на кои се однесуваат да бидат наведени во барањето.

(2) [Промена во името или адресата на подносителот] Ставот (1) се применува mutatis mutandis кога промената се однесува на пријава или пријави, или на пријава или пријави и регистрација или регистрации, под услов, кога бројот на пријавата на која било пријава сé уште да не е издаден или не му е познат на подносителот или на неговиот застапник, барањето на друг начин да ја идентификува пријавата како што е пропишано со Правилникот.

(3) [Промена во името или адресата на застапникот или адресата за услуга] Ставот (1) се применува, mutatis mutandis на која било промена во името или адресата на застапникот, ако има таква, и на која било промена поврзана со адресата за услуга, ако има таква.

(4) [Забрана на други услови] Договорната страна не може да бара условите, освен оние од ставовите од (1) до (3) и од членот 8, да бидат исполнети во поглед на барањето од овој член. Посебно не може да се бара поднесување на каков било сертификат во врска со промената.

(5) [Доказ] Договорната страна може да бара да биде поднесен доказ до заводот кога заводот има основано сомневање во вистинитоста на кој било навод од барањето.

Член 11
Промена на носителот

 (1) [Промена на носителот на регистрацијата]

(a) Кога има промена на носителот, договорната страна ќе го прифати барањето за впишување на промената во регистарот на трговски марки кој го води заводот, од страна на носителот или лицето кое станало нов носител (во понатамошниот текст „нов носител“), со поднесок во кој се наведува регистарскиот број на регистрацијата и промената што треба да се впише.

(б) Кога промената на носителот произлегува од договор, договорната страна може да бара во барањето да биде наведен тој факт, и по избор на страната што бара, да се приложи едно од следниве:

(i) копија од договорот, за која може да се бара да биде заверена од нотар или друго надлежно тело дека одговара на оригиналниот договор;

(ii) извадок од договорот кој ја покажува промената на носителот, за кој може да се бара да биде заверен од нотар или друго надлежно тело дека е вистински извадок од договорот;

(iii) непотврден сертификат за преносот изготвен во облик и со содржина како што е пропишано со Правилникот и потпишан од носителот и новиот носител;

(iv) непотврден документ за пренос изготвен во облик и со содржина како што е пропишано со Правилникот и потпишано од носителот и новиот носител.

(в) Кога промената на носителот произлегува од спојување, договорната страна може да бара во барањето да биде наведен тој факт и да биде приложена копија од документ кој е издаден од надлежно тело и докази за спојувањето, како што е копија од трговскиот регистар и од страна на телото кое го издало документот или од страна на нотар или друго надлежно тело да биде потврдено дека копијата одговара на оригиналниот документ.

(г) Кога има промена на лицето на еден или на повеќе, но не и на сите соносители, и таквата промена на носителот резултира со договор или спојување, договорната страна може да бара кој било соносител за кого има промена да ја даде својата јасна согласност за промената во документ потпишан од него.

(д) Кога промената на носителот не резултура со договор или спојување туку од друга основа, на пример, од примена на закон или судска одлука, договорната страна може да бара во барањето да биде наведен тој факт и да биде придружен со копија од документ, кој ја евидентира промената, и таа копија да биде потврдено дека одговара на оригиналниот документ од страна на телото кое го издало документот или од нотар или друго надлежно тело.

(ѓ) Секоја договорна страна може да бара во барањето да биде наведено

(i) името и адресата на носителот;

(ii) името и адресата на новиот носител;

(iii) името на државата чиј државјанин е новиот носител, ако е државјанин на која било држава, името на државата во која новиот носител има живеалиште, ако има таква, и името на државата во која новиот носител има стварно и ефективно индустриско или трговско седиште, ако има такво;

(iv) кога новиот носител е правно лице, правната природа на тоа лице и државата и, кога е можно, територијалната единица во таа држава, според чиј закон е организирано тоа правно лице;

(v) кога носителот има застапник, името и адресата на застапникот;

(vi) кога носителот има адреса за услуга, таа адреса;

(vii) кога новиот носител има застапник, името и адресата на застапникот;

(viii) кога од новиот носител се бара да има адреса за услуга според членот 4 став (2)(б), таа адреса.

(е) Договорната страна може да бара, за барањето да му се плаќаат такси на заводот.

(ж) Едно барање ќе биде доволно кога и промената се однесува на повеќе од една регистрација, под услов носителот и новиот носител да се исти за секоја регистрација и регистарските броеви на сите регистрации да се наведени во барањето.

(з) Кога промената на носителот не се однесува на сите производи и/или услуги наведени во регистрацијата на носителот и законот што се применува дозволува впишување на ваквата промена, заводот прави одделна регистрација која се однесува на производите и/или услугите за кои е извршена промената.

(2) [Промена на подносителот на пријавата] Ставот (1) се применува mutatis mutandis кога промената се однесува на една или повеќе пријави или на една или повеќе пријави и една или повеќе регистрации, под услов, кога бројот на која било пријава сé уште не е издаден или не му е познат на подносителот или неговиот застапник, во барањето на друг начин да се идентификува пријавата како што е пропишано со Правилникот.

(3) [Забрана на други услови] Договорната страна не може да бара да се исполнат поинакви услови во врска со барањето, освен оние од ставот (1) и (2) на овој член и од членот 8. Особено не може да го бара следново:

(i) во согласност со ставот (1)(в), поднесување на каква било потврда или извадок од трговскиот регистар;

(ii) навод за вршење индустриска или трговска дејност на новиот носител, како и поднесување доказ за тоа;

(iii) навод за вршење дејност од страна на новиот носител, во согласност со производите и/или услугите опфатени со промената на носителот како и поднесување доказ за тоа;

(iv) навод дека носителот му го предава целосно или делумно својот бизнис или соодветното бизнис реноме на новиот носител како и обезбедување доказ за тоа.

(4) [Доказ] Договорната страна може да бара да се поднесе доказ или дополнителен доказ до заводот кога се применува ставот (1)(в) или (д), ако заводот основано се сомнева во вистинитоста на кој било навод што се содржи во барањето или во кој било документ во врска со овој член.

Член 12
Исправка на грешка

(1) [Исправка на  грешка во поглед на регистрацијата]

(a) Договорната страна  ќе прифати барање за исправка на грешка која била направена во пријавата или во друго барање доставено до заводот и која е содржана во нејзиниот регистар на трговски марки и/или во каква било објава од страна на заводот – барањето е содржано во поднесок на  носителот во кое е наведен бројот на регистрацијата, грешката што треба да се исправи и исправката што треба да се внесе.

(б) Договорната страна може да бара во барањето да биде наведено:

(i) името и адресата на носителот;

(ii) кога носителот има застапник, името и адресата на тој застапник;

(iii) кога носителот има адреса за услуга, таа адреса.

(в) Договорната страна може да бара, во врска со барањето, да му бидат платени такси на заводот.

(г) Едно барање е доволно дури и кога исправката се однесува на повеќе од една регистрација на истото лице, под услов таа грешка и бараната исправка да се исти за секоја регистрација и регистарските броеви на сите регистрации да се наведени во барањето.

(2) [Исправка на грешка во поглед на пријавата] Ставот (1) се применува mutatis mutandis кога грешката се однесува на една или повеќе пријави или на една или повеќе пријави и една или повеќе регистрации, под услов, кога бројот на која било пријава сé уште не е издаден или не му е познат на подносителот или неговиот застапник, во барањето на друг начин да се идентификува пријавата како што е пропишано со Правилникот.

(3) [Забрана на други услови] Договорната страна не може да бара да бидат исполнети други услови освен оние од ставовите (1) и (2) и од членот 8, во врска со барањето од овој член.

(4) [Доказ] Договорната страна може да бара да биде доставен доказ до заводот кога заводот основано се сомнева дека наводната грешка навистина е грешка.

(5) [Грешки на Заводот] Заводот на договорната страна ги поправа сопствените грешки по службена должност или на барање, без паричен надоместок.

(6) [Непоправливи грешки] Договорната страна нема да биде обврзана да ги применува ставовите (1), (2) и (5) за која било грешка која не може да се исправи според нејзиниот закон.

Член 13
Важење и обновување на регистрацијата

(1) [Наводи или елементи кои се содржат или се приложени со барањето за обновување; такси]

(a) Договорната страна може да бара обновувањето на регистрацијата да биде предмет на поднесување барање и таквото барање да содржи некои или сите од следниве наводи:

(i) навод дека се бара обновување;

(ii) име и адреса на носителот;

(iii) регистарски број на регистрацијата на која се однесува;

(iv) по избор на договорната страна, датумот на поднесување на пријавата која резултирала со соодветна регистрација или датумот на регистрација на соодветната регистрација;

(v) кога носителот има застапник, името и адресата на застапникот;

(vi) кога носителот има адреса за услуга, таа адреса;

(vii) кога договорната страна дозволува обновувањето на регистрацијата да биде само за некои од производите и/или услугите впишани во регистарот на трговски марки и се бара вакво обновување, имињата на впишаните производи и/или услуги за кои се бара обновување или имињата на впишаните производи и/или услуги за кои не се бара обновување, групирани според Ничанската класификација, при што, пред секоја група претходи бројот на класата од таа класифицијација на која групата производи или услуги припаѓа и тоа според редоследот на класите на споменатата класификација;

(viii) кога договорната страна дозволува да се поднесе барање за обновување од лице кое не е носител или неговиот застапник и барањето е поднесено од тоа лице, името и адресата на лицето.

(б) Договорната страна може да бара, во врска со барањето за обновување, на заводот да му бидат платени такси. Откако ќе се платат такси во поглед на првичниот период на регистрацијата или кој било друг период на обновување, не може да се бара дополнително плаќање за одржување на регистрацијата во однос на тој период. Трошоците поврзани со поднесувањето изјава и/или доказ за употреба нема да се сметаат, за целите на овој потстав, за плаќања потребни за одржување на регистрацијата и овој потстав нема да има влијание на нив.

(в) Договорната страна може да бара до заводот да се поднесе барање за обновување и да се плати соодветна такса  според потставот (б), во рокот определен со законот на договорната страна, во согласност со минималните рокови пропишани во Правилникот.

(2) [Забрана на други услови] Ниту една договорна страна не може да бара да бидат исполнети други услови во поглед на барањето за обновување, освен оние од ставот (1) и од членот 8. Особено, не може да се бара следново:

(i) каква било репродукција или друга идентификација на трговската марка;

(ii) поднесување доказ во однос на тоа дека трговската марка е регистрирана или дека нејзината регистрација е обновена во некој друг регистар на трговски марки;

(iii) поднесување изјава и/или доказ за користење на трговската марка.

(3) [Доказ] Договорната страна може да бара поднесување доказ до заводот во текот на испитувањето на барањето за обновување, кога заводот основано се сомнева во вистинитоста на кој било навод или елемент што се содржи во барањето за обновување.

(4) [Забрана на суштинско испитување] Ниту еден завод на договорна страна не може заради обновување да ја испитува регистрацијата суштински.

(5) [Важење] Важењето на првичниот период на регистрација и важењето на секој нареден период на обновување, е 10 години.

Член 14
Олеснителни мерки во случај на незапазување на роковите

(1) [Олеснителна мерка пред истекот на рокот] Договорната страна може да превиди продолжување на рокот за преземање дејствија во постапката пред заводот во врска со  пријавата или регистрацијата, ако за тоа е поднесено барање до заводот, пред истекот на рокот.

(2) [Олеснителни мерки по истекот на рокот] Кога подносителот, носителот или друго заинтересирано лице не го запазило рокот („соодветниот рок“) за преземање дејствија во постапката пред заводот на договорната страна во врска со пријавата или регистрацијата, договорната страна ќе предвиди една или повеќе од следниве олеснителни мерки, во согласност со условите пропишани во Правилникот, ако барање за тоа е поднесено до заводот:

(i) продолжување на соодветниот рок за период пропишан во Правилникот;

(ii) континуиран тек на постапката во однос на пријавата или регистрацијата;

(iii) повторно воспоставување на правата на подносителот, носителот или друго заинтересирано лице во однос на пријавата или регистрацијата, ако заводот утврди дека незапазувањето на рокот се случило и покрај должното внимание што го барале околностите или дека пропустот бил ненамерен, по избор на договорната страна.

(3) [Исклучоци] Од ниту една договорна страна не може да се бара да предвиди олеснителни мерки од ставот (1) во врска со исклучоците пропишани со Правилникот.

(4) [Такси]  Договорната страна може да бара плаќање такси во врска со олеснителните мерки според ставовите (1) и (2).

(5) [Забрана на други услови] Договорната страна не може да бара исполнување на други услови, освен оние од овој член и членот 8, во поглед на какви било олеснителни мерки од ставот (2)

Член 15
Обврска за придржување до Париската конвенција

Договорната страна мора да се придржува кон одредбите на Париската конвенција кои се однесуваат на трговските марки.

Член 16
Услужни марки

Договорната страна ќе ги регистрира услужните марки и на таквите марки ќе ги применува одредбите од Париската конвенција кои се однесуваат на трговските марки.

Член 17
Барање за впишување лиценца

(1) [Услови во врска со барањето за впишување] Кога законот на договорната страна предвидува впишување лиценца во нејзиниот завод, таа договорна страна може да бара барањето за впишување:

(i) да биде поднесено во согласност со условите предвидени во Правилникот, и

(ii) да биде придружено со дополнителни документи пропишани со Правилникот.

(2) [Такси] Секоја договорна страна може да бара, во врска со впишувањето на лиценцата, да бидат платени таксите на заводот.

(3) [Едно барање поврзано со неколку регистрации] Едно барање ќе биде доволно дури и кога лиценцата се однесува на повеќе од една регистрација, под услов во барањето да бидат наведени регистарските броеви на сите регистрации, носителот и лиценцопримачот да се исти за сите регистрации, и во барањето да биде наведен обемот на лиценцата, во согласност со Правилникот, во врска со сите регистрации.

(4) [Забрана на други услови]

(a) Договорната страна не може да бара да бидат исполнети други услови, освен оние од ставовите (1) и (3) и од членот 8, во врска со впишувањето на лиценцата во заводот. Особено не може да бара:

(i) поднесување потврда за регистрација на трговската марка која е предмет на лиценцата;

(ii) поднесување договор за лиценца или превод на истиот;

(iii) навод за финансиските услови на договорот за лиценца.

(б) Потставот (а) е без штетни последици за која било обврска која постои во согласност со законот на договорната страна, во врска со откривање информации за цели кои не се запишување на лиценцата во регистарот на трговски марки.

(5) [Доказ] Договорната страна може да бара да биде поднесен доказ до заводот, кога заводот основано се сомнева во вистинитоста на кој било навод што се содржи во барањето или друг документ наведен во Правилникот.

(6) [Барања поврзани со пријавите] Ставовите од (1) до (5) се применуваат mutatis mutandis на барања за впишување лиценца за пријава, кога законот на договорната страна предвидува такво впишување.

Член 18
Барање за измена или поништување на впишувањето лиценца

(1) [Услови во врска со барањето] Кога законот на договорната страна предвидува впишување лиценца во нејзиниот завод, таа договорна страна може да бара, барањето за измена или поништување на впишувањето лиценца:

(i) да биде поднесено во согласност со условите предвидени во Правилникот, и

(ii) да биде придружено со дополнителни документи предвидени во Правилникот.

(2) [Други услови] Членот 17 став од (2) до (6) ќе се применува mutatis mutandis на барањата за измена или поништување на впишувањето лиценца.

Член 19
Последици од невпишувањето лиценца

(1) [Важност на регистрацијата и заштитата на трговската марка] Невпишувањето лиценца во заводот или во друга овластена институција на договорната страна нема да има негативни последици за важноста на регистрацијата на трговската марка која е предмет на лиценцата или за заштитата на таа марка.

(2) [Одредени права на лиценцопримачот] Договорната страна не може да бара впишувањето на лиценцата да биде услов за кое било право што во согласност со законот на договорната страна може да го има лиценцопримачот за да се приклучи кон постапката за повреда на правата која ја започнал носителот или да добие преку таквата постапка надомест на штета поради повреда на правото на трговската марка која е предмет на таа лиценца.

(3) [Користење на трговска марка кога не е впишана лиценцата] Договорната страна не може да бара впишувањето на лиценцата да претставува услов користењето на трговската марка од страна на лиценцопримачот да се смета дека претставува користење од страна на носителот во постапките за признавање, одржување и спроведување на трговските марки.

Член 20
Назначување на лиценца

Кога законот на договорната страна бара назначување дека трговската марка се користи врз основа на лиценца, целосното или делумното неисполнување на тој услов нема да има влијание на важноста на регистрацијата на трговската марка која е предмет на лиценцата или на заштитата на таа трговска марка и нема да има влијание примената на членот 19 (3).

Член 21
Забелешки во случај на планирано одбивање

Пријавата во согласност со членот 3 или барањето од членовите 7, од 10 до 14, 17 и 18 не може да се одбие во целост или делумно од страна на заводот без да му се даде можност на подносителот или на барателот, во зависност од случајот, да даде забелешка на планираното одбивање во разумен временски рок. Во врска со членот 14, од заводот не може да се бара да даде можност за забелешка кога лицето што бара олеснителни мерки веќе имало можност да поднесе забелешка за фактите на кои се заснова одлуката.

Член 22
Правилник

(1) [Содржина]

(a) Правилникот во прилог на овој договор содржи правила во врска со:

(i) прашањата за кои овој договор јасно предвидува дека „се пропишани во Правилникот“;

(ii) деталите кои се корисни во спроведувањето на одредбите на овој договор; и

(iii) административните барања, прашања или постапки.

(б) Правилникот, исто така, содржи модели на меѓународните обрасци.

(2) [Измена на Правилникот] Предмет на ставот (3), секоја измена на Правилникот бара одобрување со три четвртини од гласовите.

(3) [Услов на едногласност]

(a) Со Правилникот може да се специфицираат одредбите на Правилникот кои може да се изменат само со едногласност.

(б) Секоја измена на Правилникот која резултира со дополнување на одредбите или бришење на одредбите утврдени во Правилникот, во согласност со потставот (а), бараат едногласност.

(в) Во утврдувањето дали е постигната едногласноста, само гласовите кои се дадени ќе бидат земени во предвид. Апстиненциите нема да се сметаат за гласови.

(4) [Неусогласеност помеѓу Договорот и Правилникот] Во случај на неусогласеност помеѓу одредбите на овој договор и оние на Правилникот, се применуваат одредбите од Договорот.

Член 23
Собрание

(1) [Состав]

(a) Договорните страни имаат Собрание.

(б) Секоја договорна страна е претставена во Собранието со еден делегат, кому може да му помагаат заменици-делегати, советници и експерти. Секој делегат може да претставува само една договорна страна.

(2) [Задачи] Собранието

(i) се занимава со прашањата кои се однесуваат на развојот на овој договор;

(ii) го менува Правилникот, вклучително и моделите на Меѓународните обрасци;

(iii) ги определува условите за датумот на пријавата за секој амандман од точката (ii); и

(iv) извршува други вакви функции, за спроведување на одредбите на овој договор.

(3) [Кворум]

(a) Една половина од членовите на Собранието, кои се држави, го сочинуваат кворумот.

(б) Без оглед на потставот (а), ако на некоја седница бројот на членките на државите кои се претставени на Собранието е помал од една половина, но е еднаков или поголем од една третина од државите членки  на Собранието, Собранието може да носи одлуки, но, со исклучок на одлуките кои се однесуваат на неговата сопствена процедура, сите вакви одлуки влегуваат во сила само ако се исполнети условите што се утврдени во понатамошниот текст. Меѓународното биро ги доставува споменатите одлуки до државите членки на Собранието кои не се присутни и ги повикува во писмена форма да го дадат својот глас или да се воздржат од гласање во рок од три месеци од датумот на доставување. Ако, по истекот на овој период, бројот на членовите кои на ваков начин го дале својот глас или се изјасниле како воздржани, го достигне бројот на членовите кој недостасувал за да се постигне кворум за самата седница, ваквите одлуки влегуваат во сила под услов истовремено да се постигне потребното мнозинство.

(4) Донесување одлуки во Собранието]

(a) Собранието по правило донесува одлуки со консензус.

(б) Кога одлуката не може да се донесе со консензус, прашањето за кое станува збор се решава со гласање. Во тој случај,

(i) секоја договорна страна која е држава има еден глас и гласа само во свое име; и

(ii) секоја договорна страна које е меѓувладина организација може да учествува во гласањето на местото на нејзините држави-членки со број на гласови еднакво на бројот на нејзините држави-членки, кои се страни на овој договор. Ниту една таква меѓувладина организација не може да учествува во гласањето ако некоја од нејзините држави-членки го користи своето право на глас и обратно. Покрај ова, ниту една ваква меѓувладина организација не може да учествува во гласањето ако една од нејзините држави-членки, страна на овој договор, е држава-членка на друга ваква меѓувладина организација и таа друга меѓувладина организација учествува во тоа гласање.

(5) [Мнозинства]

(a) Според членот 22 ставови (2) и (3), одлуките на Собранието се донесуваат со двотретинско мнозинство.

(б) При утврдувањето дали е постигнато потребното мнозинство, само гласовите што се дадени се земаат во предвид. Воздржаните не се сметаат за гласови.

(6) [Седници] Собранието се состанува на повик на генералниот директор и, во отсуство на вонредни околности, во текот на истиот период и на истото место како и Генералното собрание на Организацијата.

(7) [Правила на постапката] Собранието воспоставува свои сопствени правила на постапката, вклучително и правила за свикување вонредни седници.

 Член 24
Меѓународно биро

(1) [Административни задачи]

(a) Меѓународното биро ги врши административните задачи во врска со овој договор.

(б) Особено, Меѓународното биро ги подготвува состаноците и обезбедува секретаријат на Собранието, како и такви комитети на експерти и работни групи какви што ќе одреди Собранието.

(2) [Состаноци кои не се седници на собранието] Генералниот директор ги свикува комитетот и работната групи формирана од Собранието.

(3) [Улогата на Меѓународното биро во Собранието и другите состаноци]

(a) Генералниот директор и лицата именувани од генералниот директор ќе учествуваат без право на глас на сите состаноци на Собранието, комитетите и работните групи формирани од Собранието.

(б) Генералниот директор или член на персоналот назначен од генералниот директор е по службена должност секретар на Собранието и на комитетите и работните групи од потставот (а).

(4) [Конференции]

(a) Меѓународното биро, во согласност со насоките на Собранието, ги подготвува ревизиските конференции.

(б) Меѓународното биро може да се консултира во врска со споменатите подготовки со државите-членки на Организацијата, меѓувладини организации и меѓународни и национални невладини организации.

(в) Генералниот директор и лицата именувани од генералниот директор учествуваат без право на глас во дискусиите на ревизиските конференции.

(5) [Други задачи] Меѓународното биро врши и други задачи што му се доделени во врска со овој договор.

Член 25
Измена или дополнување

Овој договор може да се измени или дополни на дипломатска конференција. Одлуката за свикување дипломатска конференција ја донесува Собранието.

 Член 26
Станување страна на Договорот

(1) [Исполнување на условите] Следниве субјекти може да го потпишат и во согласност со ставовите (2) и (3) и членот 28 ставови (1) и (3) да станат страни на овој договор:

(i) Секоја држава-членка на Организацијата во која може да се регистрираат трговски марки во нејзиниот завод;

(ii) Секоја меѓувладина организација која има завод во кој може да се регистрираат трговски марки со важност на територијата на која се применува конститутивниот договор на меѓувладината организација, во сите нејзини држави-членки или во оние држави-членки кои се назначени за ваква цел во соодветната пријава, под услов сите држави-членки на меѓувладината организација да се членки на Организацијата;

(iii) Секоја држава-членка на Организацијата во која може да се регистрираат трговски марки само преку заводот на друга назначена држава која е членка на Организацијата;

(iv) Секоја држава-членка на Организацијата во која може да се регистрираат трговски марки само преку заводот кој го води меѓувладината организација на која таа држава е членка;

(v) ) Секоја држава-членка на Организацијата во која може да се регистрираат трговски марки само преку заводот кој е заеднички за група држави-членки на Организацијата.

(2) [Ратификација или пристапување] Секој субјект од ставот (1) може да депонира

(i) инструмент за ратификацијата, ако го потпишал овој договор, и

(ii) инструмент за пристапувањето, ако не го потпишал овој договор.

(3) [Датум на стапување на сила на депонирањето] Датум на стапување на сила на депонирањето на инструментот на ратификацијата или пристапувањето е:

(i) датумот на кој инструментот на таа држава е депониран, во случај на држава од ставот (1)(i),

(ii) датумот на кој инструментот на меѓувладината организација е депониран, во случај на меѓувладина организација,

(iii) датумот на кој следниот услов е исполнет: инструментот на таа држава е депониран и инструментот на друга, одредена држава е депониран, во случај на држава од ставот (1)(iii),

(iv) датумот кој се применува од горенаведената точка (ii), во случај на држава од ставот (1)(iv), и

(v) датумот на кој инструментите на сите држави-членки на групата се депонирани, во случај на држава-членка на група држави од ставот (1)(v).

 Член 27
Примена на ТЛТ од 1994 и овој договор

(1) [Односи помеѓу договорните страни на овој договор и ТЛТ 1994 ] Овој договор ќе се применува на взаемните односи на договорните страни на овој договор и на ТЛТ 1994.

(2) [Односи помеѓу договорните страни на овој договор и договорните страни на ТЛТ 1994 кои не се страна на овој договор] Секоја договорна страна на овој договор и на ТЛТ 1994 ќе продолжи да го применува ТЛТ 1994 во своите односи со договорните страни на ТЛТ 1994 кои не се дел од овој договор.

 Член 28
Влегување во сила;
Датум на влегување во сила на ратификациите и пристапувањата

(1) [Инструменти кои се земаат предвид] За целите на овој член се земаат во предвид само инструментите за ратификацијата или пристапувањето кои се депонирани од страна на субјектите од членот 26 став (1) и кои имаат датум на влегување во сила според членот 26 став (3).

(2) [Влегување на сила на Договорот] Овој договор влегува во сила три месеци откако десет држави или меѓувладини организации од членот 26 став (1)(ii) ги депонирале своите инструменти за ратификација или пристапување.

(3) [Влегување во сила на ратификациите или пристапувањата по влегување во сила на Договорот] Секој субјект кој не е опфатен со ставот (2) станува обврзан со овој договор три месеци по датумот на кој го депонирал својот инструмент на ратификација или пристапување.

 Член 29
Резерви

(1) [Специјални видови трговски марки] Секоја држава или меѓувладина организација може да прогласи преку резерви дека, наспроти членот 2(1) и (2)(а), секоја од одредбите на членовите 3(1), 5, 7, 8(5), 11 и 13 нема да се применува на асоцијативните марки, дефанзивнитемарки, или на дериватните марки. Вакви резерви ќе се специфицираат во оние претходно споменатите одредби на кои резервите се однесуваат.

(2) [Регистрација во повеќе класи] Секоја држава или меѓувладина организација чија легислатива на датумот на усвојување на овој договор предвидува регистрација во повеќе класи на производите и регистрација во повеќе класи за услугите, може, кога влегува на сила овој договор, да прогласи дека одредбите од членот 6 нема да важат.

(3) [Суштинско испитување во случај на обновување] Секоја држава или меѓувладина организација може да изјави резерва дека наспроти членот 13(4), заводот може, при првото обновување на регистрацијата што ги покрива услугите, да ја испита суштински ваквата регистрација, под услов ваквото испитување да биде ограничено на елиминирање на повеќекратните регистрации врз основа на пријавите поднесени за време на периодот од шест месеци по датумот на стапување на сила на законот на државата или организацијата која ја вовела, пред влегувањето во сила на овој договор, можноста за регистрирање услужни трговски марки.

(4) [Одредени права на  лиценцопримачот] Секоја држава или меѓувладина организација може да изјави резерва дека наспроти членот 19(2), бара впишување на лиценцата како услов за секое право кое лиценцопримачот може да го има според законот на таа држава или меѓувладина организација за приклучување кон постапката за повреда на правото поведена од носителот или во таква постапка да добие надомест на штета како резултат на повредата на правото на трговската марка која е предмет на лиценцата.

(5) [Начини] Секоја резерва од ставовите (1), (2), (3) или (4) се поднесува во изјава која се приложува со документот за ратификација или документот за пристапување на овој договор на државата или меѓувладината организација која ја изјавува резервата.

(6) [Повлекување] Која било резерва од овој договор, од ставовите (1), (2), (3) и (4), може да се повлече во кое било време.

(7) [Забрана на други резерви] Не е дозволена ниту една друга резерва на овој договор, освен резервите дозволени со ставовите (1), (2), (3) и (4).

 Член 30
Откажување на Договорот

(1) [Известување] Секоја договорна страна може да се откаже од Договорот со известување упатено до генералниот директор.

(2) [Датум на влегување во сила] Откажувањето влегува во сила една година од датумот на кој генералниот директор го добил известувањето. Тоа нема да влијае на примената на овој договор на која било пријава во процесот на обработка или на која било трговска марка која за договорната страна е регистрирана во времето на истекување на споменатиот едногодишен период, при што договорната страна што откажува може, по истекот на споменатиот едногодишен период, да ја прекине примената на овој договор на која било регистрација од датумот на кој таа регистрација треба да се обнови.

 Член 31
Јазици на Договорот; Потпис

(1) [Оригинални текстови; официјални текстови]

(a) Овој договор се потпишува во еден оригинал на англиски, арапски, кинески, француски, руски и шпански јазик, при што сите текстови се подеднакво автентични.

(б) Официјалниот текст на јазик кој не е опфатен со потставот (а), а е официјален јазик на договорната страна, го одредува генералниот директор по консултација со споменатата договорна страна и секоја друга заинтересирана договорна страна.

(2) [Рок за потпишувањес] Овој договор ќе остане отворен за потпишување во седиштето на Организацијата една година по неговото усвојување.

 Член 32
Депозитор

Генералниот директор е депозитор на овој договор.

Правилник според Сингапурскиот договор за право на трговска марка

Правило 1
Скратени изрази

(1) [Скратени изрази дефинирани во Правилникот] За целите на овој правилник, освен ако не е предвидено поинаку:

(i) „Договор“ значи Сингапурски договор за правото на трговски марки;

(ii) „Член“ се однесува на одреден член од Договорот;

(iii) „исклучива лиценца“ значи лиценца која му се дава само на еден стекнувач на лиценца и која го исклучува правото на носителот да ја користи трговската марка и да доделува лиценци на друго лице;

(iv) „соло лиценца“ значи лиценца која му се дава само на еден стекнувач на лиценца и која го исклучува правото на носителот да доделува лиценци на друго лице, но не ги исклучува правото на носителот да ја користи трговската марка;

(v) „неисклучиваа лиценца“ значи лиценца која не го исклучува правото на носителот да ја користи трговската марка или да доделува лиценци на друго лице.

(2) [Скратени изрази дефинирани во овој договор] Скратените изрази дефинирани во членот 1 за целите на Договорот имаат исто значење и за целите на овој правилник.

 Правило 2
Начин на наведување на имињата и адресите

 (1) [Имиња]

(a) Кога треба да се наведе името на лицето, секоја договорна страна може да бара:

(i) кога лицето е физичко лице, името што се наведува да биде презиме и име или имиња на тоа лице или името што се наведува, по избор на лицето, да биде името или имињата што вообичаено ги користи споменатото лице;

(ii) кога лицето е правно лице, името што се наведува да биде целосен официјален назив на тоа правно лице.

(б) Кога треба да се наведе името на застапникот кој е фирма или корпорација, секоја договорна страна го прифаќа како навод на името, називот што таа фирма или корпорација најчесто го користи.

(2) [Адреси]

(a) Кога треба да се наведе адресата на лицето, секоја договорна страна може да бара таа адреса да биде наведена на таков начин што ќе ги задоволи вообичаените услови за брза поштенска достава на наведената адреса, во секој случај, да ги содржи сите релевантни административни единици и да го вклучува бројот на куќата или зградата, ако има таков.

(б) Кога дописот до Заводот на договорната страна е во име на две или повеќе лица со различни адреси, таа договорна страна може да бара ваквиот допис да содржи една адреса како адреса за коресподенција.

(в) Наводот на адресата може да содржи телефонски број, број на телефаксимил и и-мејл адреса и, за целите на дописот, адреса која се разликува од адресата наведена според потставот (а).

(г) Потставовите (а) и (в) се применуваат mutatis mutandis на адресата за услуга.

(3) [Други начини на идентификација] Секоја договорна страна може да бара со допис до заводот да биде наведен бројот или другите начини на идентификација, ако ги има, со кои подносителот, носителот, застапникот или друго заинтересирано лице е регистрирано во заводот. Ниту една договорна страна не смее да одбие комуникација врз основа на неисполнување на некој ваков услов, освен за пријавите поднесени во електронска форма.

(4) [Писмо што се користи] Секоја договорна страна може да бара кој било навод од ставовите (1) дo (3) да биде со писмо што го користи заводот.

 Правило 3
Детали во врска со пријавата

(1) [Стандардни знаци] Кога заводот на договорна страна користи знаци (букви и бројки) кои ги смета за стандардни и кога пријавата содржи изјава за тоа дека подносителот сака таа трговска марка да биде регистрирана и објавена со стандардни знаци што ги користи заводот, заводот ќе ја регистрира и објави таа трговска марка со такви стандардни знаци.

(2) [Трговска марка со која се бара боја] Кога пријавата содржи изјава дека подносителот сака да бара боја како дистинктивна карактеристика на трговската марка, заводот може да бара во пријавата да биде наведено името или кодот на таа боја или боите што се бараат и навод, за секоја боја, на главните делови на трговската марка кои се во таа боја.

(3) [Број на репродукции]

(a) Кога пријавата не содржи изјава за тоа дека подносителот бара бојата да биде дистинктивна карактеристика на таа трговска марка, договорната страна не може да бара:

(i) повеќе од пет црно-бели репродукции кога пријавата не може, според законот на таа договорна страна, или не содржи изјава за тоа дека подносителот сака трговската марка да биде регистрирана и објавена со стандардните знаци што ги користи заводот на споменатата договорна страна;

(ii) една црно-бела репродукција на трговската марка, кога пријавата содржи изјава дека подносителот сака трговската марка да биде регистрирана и објавена со стандардните знаци што ги користи Заводот на таа договорна страна.

(б) Кога пријавата содржи изјава за тоа дека подносителот сака да бара боја како дистинктивна карактеристика на трговската марка, договорната страна не може да бара повеќе од пет црно-бели репродукции на таа трговска марка и пет репродукции на трговската марка во боја.

(4) [Тродомензионална трговска марка]

(a) Кога пријавата содржи изјава за тоа дека трговската марка е тродимензионална трговска марка, репродукцијата на трговската марка ќе содржи дводимензионална графичка или фотографска репродукција.

(б) Репродукцијата од подставот (а) може, по избор на подносителот, да се состои од една перспектива на трговската марка или неколку различни перспективи на трговската марка.

(в) Кога заводот смета дека репродукцијата на трговската марка доставена од подносителот според потставот (а) недоволно ги покажува карактеристиките на тродимензионалната трговска марка, тој може да го покани подносителот да достави, во разумен временски рок одреден во поканата, најмногу шест перспективи на трговската марка и/или опис со зборови на таа трговска марка.

(г) Кога заводот смета дека различните перспективи и/или описот на трговската марка од потставот (в) недоволно ги покажуваат карактеристиките на тродимензионалната трговска марка, тој може да го покани подносителот да поднесе, во разумен временски рок одреден во поканата, примерок на трговската марка.

(д) Ставот (3)(a)(i) и (б) се применува mutatis mutandis.

(5) [Холограмска трговска марка, движечка трговска марка, трговска марка во боја, позициска трговска марка] Кога пријавата содржи изјава за тоа дека трговската марка е холограмска трговска марка, движечка трговска марка, трговска марка во боја или позициска трговска марка, договорната страна може да бара една или повеќе репродукции на трговската марка и детали во врска со трговската марка, како што е пропишано со законот на таа договорна страна.

(6) [Трговска марка која се состои од невидлив знак] Кога пријавата содржи изјава за тоа дека трговската марка се состои од невидлив знак, договорната страна може да бара една или повеќе прикази на трговската марка, навод за видот на трговската марка и деталите за трговската марка, како што е пропишано со законот на таа договорна страна.

(7) [Транслитерација на трговска марка] За целите на членот 3 став (1)(a)(xiii), кога трговската марка се состои или содржи букви кои не се букви што ги користи заводот или бројки кои не се бројки што ги користи Заводот, може да се бара транслитерација на буквите и бројките што ги користи заводот.

(8) [Превод на трговска марка] За целите на членот 3 став (1)(a)(xiv), кога трговската марка се состои или содржи збор или зборови на јазик кој не е јазикот, или еден од јазиците, што ги прифатил заводот, може да се бара превод на тој збор или тие зборови на тој или тие јазици.

(9) [Рокови за поднесување доказ за користењето на трговската марка] Рокот од членот 3 став (3) не смее да биде покус од шест месеци сметано од датумот кога е дозволена пријавата од страна на заводот на договорната страна каде што е поднесена пријавата. Подносителот или носителот има право на продолжување на рокот, во согласност со условите предвидени со законот на договорната страна, за периоди од најмалку од по шест месеци, до најмногу две и пол години.

 Правило 4
Детали во врска со застапувањето или адресата на услуга

(1) [Адреса кога е назначен застапник] Кога е назначен застапник, договорната страна ја смета адресата на тој застапник за адреса за услуга.

(2) [Адреса кога не е назначен застапник] Кога не е назначен застапник, а подносителот, носителот или друго заинтересирано лице ја дало како своја адреса адресата на територијата на договорната страна, таа договорна страна ќе ја смета таа адреса за адреса за услуга.

(3) [Рок] Рокот од членот 4 став (3)(г) се смета од датумот на прием на дописот од тој член од страна на заводот на договорната страна и не смее да биде пократок од еден месец кога адресата на лицето во чие име се прави дописот е на територијата на договорната страна и не смее да биде пократок од два месеци кога таквата адреса е надвор од територијата на таа договорна страна.

 Правило 5
Детали во врска со датумот на поднесување

(1) [Постапка во случај на неисполнување на условите] Ако пријавата, во времето на нејзиниот прием од страна на Заводот, не ги исполнува условите од членот 5 став (1) или став (2)(а), Заводот веднаш го поканува подносителот да ги исполни тие услови во рокот наведен во поканата, а тоа е најмалку еден месец од датумот на поканата кога адресата на подносителот е на територијата на договорната страна и најмалку два месеци кога адресата на подносителот е надвор од територијата на договорната страна. Постапувањето по поканата може да подлежи на плаќање специјални трошоци. Дури и ако заводот не ја испрати споменатата покана, условите остануваат непроменети.

(2) [Датум на поднесување во случај на измена] Ако во рокот наведен во поканата подносителот не постапи по поканата од ставот (1) и не го плати потребениот трошок, датумот на поднесување ќе биде датумот на кој сите потребни наводи и елементи од членот 5 (1)(a) се примени од заводот и, кога е можно, потребните трошоци од членот 5(2)(a) му се платени на заводот. Во спротивно, се смета дека пријавата не е поднесена.

 Правило 6
Детали во врска со дописот

(1) [Наводи што го придружуваат потписот на дописот на хартија] Секоја договорна страна може да побара потписот на физичкото лице кое се потпишува да биде придружен со:

(i) навод со букви на презимето и името или имињата на тоа лице, или по избор на тоа лице, името или имињата што тоа лице најчесто ги користи;

(ii) навод за тоа во кое својство се потпишува лицето, кога својството не е очигледно од дописот.

(2) [Датум на потпишување] Секоја договорна страна може да бара потписот да биде придружен со навод за датумот на кој потпишувањето стапува на сила. Кога наводот се бара, но не е поднесен, датумот на кој потпишувањето се смета дека е извршено ќе биде датумот на кој дописот со потписот бил примен од страна на заводот или, ако договорната страна дозволи, датум пред тој подоцнежен датум.

(3) [Потпис на дописи на хартија] Кога дописот до заводот на договорната страна е на хартија и се бара потпис, договорната страна:

(i) прифаќа, предмет на точката (iii), своерачен потпис;

(ii) може да дозволи, наместо своерачен потпис, користење други форми на потпис, како што се испечатен потпис или потпис со печат, или користење на потпис или лого;

(iii) кога физичкото лице кое го потпишува дописот е државјанин на договорната страна и адресата на тоа лице е на негова територија или кога правното лице во името на кое е потпишан дописот е организирано според нејзините закони и има или престојувалиште или стварно и ефективно индустриско или трговско седиште на нејзината територија, може да бара да се користи печат наместо своерачен потпис.

(4) [Потпис на дописи на хартија поднесени преку електронски средства за пренос] Договорната страна која предвидува дописот на хартија да биде поднесен преку електронски средства за пренос, го смета секој ваков допис потпишан ако графичката репродукција на потписот прифатена од таа договорна страна, според ставот (3), се појавува на дописот како што е примен.

(5) [Оригинал на допис на хартија поднесен преку електронски средства на пренос] Договорната страна која предвидува дописот на хартија да биде поднесен преку електронски средства за пренос, може да бара да биде поднесен  оригиналот на таквиот допис:

(i) до заводот заедно со писмо во кое ќе биде идентификуван тој претходен пренос и

(ii) во рок кој нема да биде пократок од еден месец од датумот на кој заводот го добил дописот преку електронско средство за пренос.

(6) [Потврдување на автентичноста на допис во електронска форма] Договорната страна која дозволува поднесување допис во електронска форма може да бара автентичноста на таквиот допис да биде потврдена преку систем на електронско потврдување на автентичноста како што е пропишано од таа договорна страна.

(7) [Датум на прием] Секоја договорна страна има право да ги одреди околностите во кои приемот на документ или плаќањето на трошок ќе се смета дека претставува прием од страна на заводот или плаќање на заводот, во случаи во кои документот е примен или е платен трошокот на:

(i) филијала или канцеларија на заводот,

(ii) национален завод во име на заводот на договорната страна, кога договорната страна е меѓувладина организација од членот 26 став (1)(ii),

(iii) официјална пошта,

(iv) служба за достава или агенција, назначена од договорната страна, и

(v) адреса која не е меѓу назначените адреси на заводот.

(8) [Електронско поднесување] Предмет на ставот (7), кога договорната страна пропишува поднесување допис во електронски форма или преку електронски средства за пренос и дописот е поднесен, датумот на кој заводот на таа договорна страна го добива дописот во таква форма или преку такви средства, претставува датум на прием на дописот.

Правило 7
Начин на идентификација на пријавата без број на пријава

(1) [Начин на идентификација] Кога се бара пријавата да се идентификува по бројот на пријавата, но таквиот број не е сé уште издаден или не му е познат на подносителот или неговиот застапник, таа пријава ќе се смета за идентификувана ако се поднесе следново:

(i) привремен број на пријавата, ако има таков, што го дава заводот, или

(ii) копија на пријава, или

(iii) репродукција на трговска марка, заедно со навод за датумот на кој, според сознанието на подносителот или застапникот, пријавата била примена од страна на заводот и идентификационен број даден на пријавата од страна на подносителот или застапникот.

(2) [Забрана на други услови] Ниту една договорна страна не може да бара да бидат исполнети други услови, освен оние од ставот (1), со цел да се идентификува пријавата кога нејзиниот број на пријава сé уште не е издаден или не му е познат на подносителот или неговиот застапник.

Правило 8
Детали во врска со важењето и обновувањето

За целите на членот 13 став (1)(в), периодот во текот на кој барањето за обновување може да биде поднесено и може да се плати трошок за обновување, започнува најмалку шест месеци пред датумот на кој е предвидено обновувањето и завршува најмалку шест месеци по тој датум. Ако се поднесе барање за обновување и/или се платени трошоци за обновување по датумот кога е предидено обновувањето, секоја договорна страна може да направи прифаќањето на барањето за обновување да подлежи на плаќање доплата.

Правило 9
Олеснителни мерки во случај на незапазување на рокови

(1) [Услови во врска со продолжувањето на роковите од членот14 став (2)(i)] Договорната страна која предвидува продолжување на рокот од членот 14 став (2)(i), го продолжува рокот за разумен временски период од датумот на поднесување на барањето за продолжување и може да бара барањето:

(i) да содржи информации за страната што бара, соодветниот број на пријава или регистрација и соодветниот рок, и

(ii) да биде поднесено во рок кој нема да биде пократок од два месеци до датумот на истекување на рокот.

(2) [Услови во врска со континуиран тек на постапката од членот 14 став (2)(ii)] Договорната страна може да бара барањето за континуиран тек на постапката од членот 14 став (2)(ii):

(i) да содржи идентификација на страната што бара, соодветниот број на пријава или регистрација и соодветниот рок, и

(ii) да биде поднесено во рок кој нема да биде подолг од два месеци од датумот на истекување на соодветниот рок. Пропуштеното дејствие се извршува во истиот рок или, ако предвиди договорната страна, заедно со барањето.

(3) [Услови во врска со повторното воспоставување на првата според членот 14 став (2)(iii)]

(a) Договорната страна може да бара барањето за повторно воспоставување на правата од членот 14 став (2)(iii):

(i) да содржи идентификација на страната што бара, соодветниот број на пријава или регистрација и соодветниот рок, и

(ii) да ги утврди фактите и доказите за поткрепа на причините за пропуштање на роковите.

(б) Барањето за повторно воспоставување на правата се поднесува до заводот во разумен рок, чие траење го одредува договорната страна од датумот на отстранување на причината за пропуштање на рокот. Пропуштеното дејствие се извршува во истиот рок или, ако предвиди договорната страна, заедно со барањето.

(в) Договорната страна може да предвиди максимален временски рок за исполнување на условите според потставовите (а) и (б), не подолг од шест месеци од датумот на истекување на рокот.

(4) [Исклучоци од членот 14 став (3)] Исклучоците од членот 14 став (3) се случаите на незапазување на роковите:

(i) за кои е веќе определена олеснителна мерка според членот 14 став (2),

(ii) за поднесување барање за олеснителна мерка според членот 14,

(iii) за плаќање трошоци за обнова,

(iv) за дејствие пред советот за жалби или друго ревизиско тело во рамките на Заводот,

(v) за дејствие во inter partes постапките,

(vi) за поднесување изјава од членот 3 став (1)(a)(vii) или изјава од членот 3 став  (1)(a)(viii),

(vii) за поднесување изјава со која, според законот на договорната страна, може да се одреди нов датум на поднесување за пријавата, и

(viii) за измена или дополнување на барањето за право на првенство.

Правило 10
Услови во врска со барањето за впишување лиценца или за измена или откажување на впишувањето лиценца

(1) [Содржина на барањето]

(a) Договорната страна може да бара барањето за впишување лиценца според членот 17 став (1) да содржи некои од следниве наводи или елементи:

(i) името и адресата на носителот;

(ii) кога носителот има застапник, името и адресата на тој застапник;

(iii) кога носителот има адреса за услуга, таа адреса;

(iv) името и адресата на лиценцопримачот;

(v) кога лиценцопримачот има застапник, името и адресата на тој застапник;

(vi) кога лиценцопримачот има адреса за услуга, таа адреса;

(vii) името на државата чиј државјанин е лиценцопримачот ако е државјанин на која било држава, името на државата во која лиценцопримачот има живеалиште, ако постои такво, и името на државата во која лиценцопримачот има стварно и ефективно индустриско или трговско седиште, ако има такво;

(viii) кога носителот или лиценцопримачот е правно лице, правната природа на тоа правно лице и државата и, кога е можно, територијалната единица во рамките на таа држава, според законот по кој тоа правно лице е организирано;

(ix) регистарски број на трговската марка која е предмет на лиценцата;

(x) имињата на производите и/или услугите за кои се доделува лиценцата, групирани според класите на Ничанската класификација, при што пред секоја група стои бројот на класата во таа класификација на која групата производи или услуги припаѓа и е претставена според редоследот на класите во споменатата класификација;

(xi) кога лиценцата е исклучива лиценца, неисклучива лиценца или соло лиценца;

(xii) кога е можно, лиценцата да се однесува само на дел од територијата;

(xiii) траење на лиценцата.

(б) Договорната страна може да бара барањето за измени или откажување на впишувањето на лиценцата според членот 18 став (1) да ги содржи некои или сите од следниве наводи или елементи:

(i) наводи од точките (i) до (ix) на потставот (а);

(ii) кога измената или откажувањето се однесува на кои било наводи или елементи од потставот (a), природата и опфатот на измената или откажувањето ќе биде впишана.

(2) [Придружни елементи за впишување на лиценцата]

(a) Договорната страна може да бара барањето за впишување лиценца да биде придружено, по избор на договорната страна, со:

(i) извадок од договор за лиценца во кој се наведени страните и правата што се лиценцираат, потврден од нотар или друго надлежно јавно тело дека е вистински извадок од договор; или

(ii) непотврдена изјава за лиценца, чија содржина одговара на изјавата од образецот за лиценца, како што е предвидено со Правилникот, и потпишана од сопственикот и корисникот на лиценцата.

(б) Секоја договорна страна може да бара кој било сосопственик кој не е страна на договорот за лиценца да даде јасна согласност  за лиценцата во документ потпишан од него.

(3) [Придружни документи за измена на впишувањето на лицденца]

(a) Договорната страна може да бара барањето за измена на впишувањето на лиценца да биде придружено, по избор на страната што бара, со:

(i) документи што ја потврдуваат потребната измена на впишувањето на лиценцата; или

(ii) непотврдена изјава за измената на лиценцата, чија содржина одговара на изјавата за откажување на образецот за лиценца, како што е предвидено со Правилникот, и потпишана од лиценцодавачот и лиценцопримачот.

(б) Секоја договорна страна може да бара кој било сосопственик кој е страна на договорот за лиценца да ја даде својата јасна согласност за измената на лиценцата во документ потпишан од него.

(4) [Придружни елементи за откажување на впишувањето на лиценцата] Договорната страна може да бара барањето за откажување на впишувањето на лиценца да биде придружено, по избор на страната што бара, со:

(i) документи што го потврдуваат потребното откажување на впишувањето на лиценца; или

(ii) непотврдена изјава за откажување на лиценца, чија содржина одговара на изјавата за откажување на образецот за лиценца, како што е предвидено со Правилникот, и потпишана од лиценцодавачот и лиценцопримачот.

    • April 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Jan    
      1234567
      891011121314
      15161718192021
      22232425262728
      2930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®