КОНВЕНЦИЈА ЗА ОСНОВАЊЕ НА СВЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈ ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

ПОТПИШАНА ВО СТОКХОЛМ НА 14 ЈУЛИ 1967 ГОДИНА*

Објавенa во “Службен лист на СФРЈ МД” 31/72

Договорните страни,

Поттикнати од желбата да придонесат за подобар развој и соработка меѓу државите за своја заемна корист и врз основа на почитување на своја суверенитет и еднаквост,

Сакајќи да ја унапредат заштитата на интелектуалната сопственост во светот за да ја поттикнат создавачката активност,

Сакајќи да ја осовременат и да ја направат поефикасна Управата униите основани во областа на заштитата на иднустриската сопственост заштитата на книжевни и уметнички дела, почитувајќи ја во потполност автономијата на секоја унија при тоа,

Се договорија за следното:

Член 1

Основање на организацијата

Со оваа конвенција се основа Светската организација за интелектуалната сопственост.

Член 2

Дефиниции

Во смисла на оваа конвенција:

а)  терминот „организација” ја означува Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС);

б)  терминот „меѓународно биро” го означува Меѓународното биро за интелектуална сопственост;

в)  терминот „Париска конвенција” ја означува Конвенцијата за заштита на индустриската сопственост, потпишана на 20 март 1883 година, заедно со сите нејзини ревидирани акти;

г)  терминот „Бернска конвенција” ја означува Конвенцијата за заштита на книжевни и уметнички дела, потпишана на 9 септември 1886 година, заедно со сите нејзини ревидирани акти;

д)  терминот „Париска унија” ја означува Меѓународната унија основана со Париската конвенција;

ѓ) терминот „Бернска унија” ја означува Меѓународната унија создадена со Бернската конвенција;

е) терминот „унии” ги означува Париската унија, посебните унии и посебните аранжмани во врска со оваа унија, Бернската унија како и секој друг меѓународен аранжман кој за цел ја има интелектуалната сопственост, а чие управување го обезбедува членот 4, или;

ж) терминот „интелектуална сопственост” ги означува правата кои се однесуваат на:

– книжевни, уметнички и научни дела;

–  интерпретации на уметници и интерпретатори и изведувања на уметнички изведувачи, фонограми и радио-емисии;

– пронајдоци во сите области на човечката активност;

– научни откритија;

– индустриски мостри и модели;

–  фабрички, трговски и услужни жигови, како и трговски имиња и трговски називи;

–  заштита од нелојална конкуренција и сите други права поврзани со интелектуалната активност во индустриската, научната, книжевната и уметничката област.

Член 3

Цел на организацијата

Организацијата има за цел

а) да ја унапредува заштитата на индустриската сопственост во светот по пат на соработка меѓу државите, во соработка, ако за тоа има место, со секоја друга меѓународна организација;

б) да обезбедува меѓународна соработка меѓу униите.

Член 4

Функции

За да се оствари целта определена во членот 3 Организацијата, преку своите надлежни органи и со резерва за надлежностите на одредени унии:

а)  настојува да го унапредува усвојувањето на мерки за подобрување на заштитата на интелектуалната сопственост во светот и ускладувањето на националните законодавства од оваа облсат;

б) обезбедува административни служби на Париската унија, посебните унии основани во врска со оваа унија како и Бернската унија;

в) може да ја преземе администрацијата која вклучува спроведување на секоја друга меѓународна обврска која има за цел да ја унапреди заштитата на интелектуалната сопственост или да учествува во оваа администрација;

г) поттикнува прифаќање на секоја меѓународна обврска која има за цел да ја унапреди заштитата на интелектуалната сопственост;

д)  им пружа соработка на државите кои од неа бараат техничко правна помош во областа на иителектуалната сопственост;

ѓ) ги собира и ги распространува сите информации кои се однесуваат на заштитата на интелектуалната сопственост, врши и поттикнува проучувања во оваа област и ги објавува резултатите од тоа;

е)  обезбедува служби кои овозможуваат меѓународна заштита на интелектуалната сопственост и, евентуално, врши регистрирање во оваа област и објавува известувања во врска со тоа регистрирање;

ж) презема останати соодветни мерки.

Член 5

Членови

1.  Секоја држава членка на некоја од униите предвидени со членот 2 е) може да стане членка на Организацијата.

2. Членка на Организацијата исто така може да стане секоја држава која не е членка на некоја од униите, под услов да е:

а)  членка на Организацијата на Обединетите нации, на некоја специјализирана установа на Организацијата на Обединетите нации или на Меѓународната агенција за атомска енергија или на Статутот на Меѓународниот суд на правдата, или

б)  ако Генералното собрание ја повикало да стане членка на оваа конвенција.

Член 6

Генерално собрание

1. а) Се основа Генерално собрание кое го сочинуваат држави членки на оваа конвенција, кои се членки најмалку на една унија.

б)  Владата на секоја држава членка ја претставува еден делегат кому му помагаат заменици, советници и стручњаци.

в)  Трошоците на секоја делегација се на товар на владата која ја определила.

2. Генералното собрание:

а) го именува генералниот директор по предлог на Координациониот одбор;

б) ги прегледува и ги одобрува извештаите на генералниот директор кои се однесуваат на Организацијата и му ги дава сите потребни упатства;

в) ги прегледува и ги одобрува извештаите и работата на Кординациониот одбор и му дава упатства;

г) го усвојува тригодишниот буџет на заедничките трошоци на униите;

д)  ги одобрува мерките кои ги предлага генералниот директор во врска со администрацијата која се однесува на спроведување на меѓународните обврски спомнати во членот 4 в);

ѓ)  го усвојува финансискиот правилник на Организацијата;

е) ги одредува работните јазици на Секретаријатот според практиката на Обединетите нации;

ж) ги повикува во членство на оваа конвенција државите спомнати во членот 5. 2. б);

з) одлучува кои држави, кои не се членки на Организацијата, и кои меѓувладини и меѓународни невладини организации можат да присуствуваат на нејзините заседанија во својство на посматрач;

и) ги извршува сите други корисни задачи во рамките на оваа конвенција.

3. а) Секоја држава, без оглед дали е членка на една или повеќе унии, располага со еден глас во Генералното собрание.

б) Кворум сочинуваат половина од државите членки на Генералното собрание,

в) И покрај одредбите од подставот б), ако на едно заседание бројот на претставените држави е помал од половина, или е еднаков или поголем од третина од државите членки на Генералното собрание, тоа може да донесува одлуки, но одлуките на Генералното собрание, освен оние кои се однесуваат на постапката, стануваат извршни откако ќе се исполнат долу наведените услови. Меѓународното биро ги соопштува промените на одлуките на државите членки на Генералното собрание кои не биле представени, повикувајќи ги писмено, во рок од три месеци сметајќи од денот на тоа соопштение, да гласаат или да се воздржат. Ако по истекот на тој рок, бројот на државите кои така гласале или се воздржале е најмалку еднаков на  бројот  на државите кој недостигал  за да се постигне кворум на заседанието, овие одлуки стануваат извршни под услов истовремено да е постогнато потребното мнозинство.

г)  Со резерва за одредбите под д) и ѓ), Генералното собрание донесува одлуки со двотретинско мнозинство на дадените гласови.

д)  Прифаќање на одредбите во врска со администрацијата која се однесува на меѓународните обврски наведени во членот 4 в) бара мнозинство од три четвртини од дадените гласови.

ѓ) Одобрување на некоја спогодба со Организацијата на Обединетите нации според одредбите од членот 57 и 63 од Повелбата на Обединетите нации, бара мнозинство од деветдесетини од гласовите.

е)  Именување на генерален директор (став 2. а), усвојување на мерките кои ги предлага Генералниот директор во врска со админситрацијата која се однесува на спроведување на меѓународните обврски (став 2. д) и пренесување на седиштето (член 10) го бараат предвиденото мнозинство не само во Генералното собрание, туку и во Собранието на Париската унија и во Собранието на Бернската унија.

ж) Воздржувањето не се смета за гласање.

з) Еден делегат може да претставува само една држава и може да гласа само во нејзино име.

4. а) Генералното собрание се состанува еднаш на секои три години на редовно заседание, на покана од генералниот директор.

б) Генералното собрание одржува вонредно заседание по покана од генералниот директор, по барање од Координациониот одбор или по барање на една четвртина од државите членки на Генералното собрание.

в) Заседанието се одржува во седиштето на Организацијата.

5.  Државите членки на оваа Конвенција кои не се членки на некоја унија можат да присуствуваат на седниците на Генералното собрание во својство на набљудувачи.

6. Генералното собрание донесува свој деловник.

Член 7

Конференција

1. а) Се основа конференција која ги вклучува сите држави членки на оваа конвенција, без оглед на тоа дали се членки на некоја унија.

б) Владата на секоја држава ја претставува еден делегат кому можат да му помагаат заменици, советници и стручњаци.

в) Трошоците на секоја делегација се на товар на владата која ја определила.

2. Конференцијата:

а) дискутира за прашања од општ интерес во областа на интелектуалната сопственост и може да усвои препораки во врска со овие прашања, почитувајќи ги надлежностите и автономијата на унијата;

б) го усвојува тригодишниот буџет на Конференцијата;

в)  утврдува, во границите на овој буџет, тригодишна програма за техничко-правна помош;

г) усвојува измени на оваа конвенција според постапката определена во членот 17;

д) одлучува кои држави, кои не се членки на Организацијата, и кои меѓувладини и меѓународни невладини организации можат да присуствуваат на овие заседанија во својство на посматрачи;

ѓ) ги извршува сите други корисни задачи во рамките на оваа Конвенција.

3. а) Секоја држава членка располага со еден глас во Конференцијата.

б) Една третина од државите членки сочинуваат кворум.

в) Со резерва за одредбите од членот 17, Конференцијата ги донесува своите одлуки со двотретинско мнозинство на гласовите.

г) Висината на придонесот на членките на оваа конвенција кои не се членки на некоја унија се определува со гласање во кое учествуваат единствено делегатите од овие држави имаат право да учествуваат.

д) Воздржувањето не се смета за гласање.

ѓ) Еден делегат може да претставува само една држава и може да гласа само во нејзино име.

4.  а) Конференцијата одржува редовни заседанија на покана од генералниот директор за ист период и на исто место како и Генералното собрание.

б) Конференцијата одржува вонредно заседание по покана од генералниот директор и на барање на мнозинство од државите членки.

5. Конференцијата донесува свој деловник.

Член 8

Координационен одбор

1. а) Се основа Координационен одбор кој ги опфаќа државите членки на оваа конвенција кои се членки на Извршниот одбор на Париската унијана Извршниот одбор на Бернската унија или на овие два извршни одбори. Меѓутоа, ако еден од овие извршни одбори опфаќа повеќе од една четвртина од државите членки на Собранието кое ја избрало, спомнатиот одбор ги определува, меѓу своите членови, државите кои ќе бидат членки на Координациониот одбор, така што нивниот број нема да ја помине горе спомнатата една четвртина, при што се подразбира дека државата на чија територија се наоѓа седиштето на Организацијата, не се зема предвид за пресметување на четвртината.

б)  Владата на секоја држава членка на Координациониот одбор ја претставува еден делегат кому можат да му помагаат заменици, советници и стручњаци.

в) Кога Координациониот одбор ги  разгледува  прашањата кои непосредно се однесуваат на програмата или на буџетот на Конференцијата и на нејзиниот дневен ред, без оглед дали се работи за предлози за измени на оваа конвенција кои  можат да влијаат на правата и  обврските на државите членки на оваа конвенција, кои не се членки на на некоја унија, една четвртина од овие држави учествува на седниците на Координациониот одбор со истите права како и членовите на самиот Одбор. На секое редовно заседание Конференцијата ги бира државите кои се поканети да учествуваат на вакви состаноци.

г) Трошоците за секоја делегација се на товар на владата која ја определила.

2.  Ако другите унии кои се под управа на организацијата сакаат како такви да бидат предводени во Координациониот одбор, нивните претставници треба да бидат определени меѓу државите членки на Координациониот одбор.

3. Координациониот одбор:

а) дава мислење на органите на унијата, на Генералното собрание, на Конференцијата и на генералниот директор за сите административни и финансиски прашања и други прашања од заеднички интерес за две или повеќе унии и за Организацијата, а посебно за буџетот за заедничките трошоци на униите;

б) подготвува нацрт на дневен ред на Генералното собрание;

в) подготовка на нацрт дневниот ред и нацрт програмите и буџетот на Конференцијата;

г) се изјаснува, врз основа на тригодишниот буџет на заедничките трошоци на униите и тригодишниот буџет на Конференцијата, како и за тригодишната програма за техничко правна помош, за соодветните годишни буџети и програми;

д)  по престанок на функцијата на генералниот директор, или во случај на непополнетост на ова место, предлага име на еден кандидат со цел Генералното собрание да го именува; ако Генералното собрание не го именува кандидатот што го предложила Координациониот комитет именува друг кандидат; истата постапка се повторува се додека Генералното собрание не го именува последниот предложен канидат;

ѓ) ги извршува сите други обврски кои ги има во рамките на оваа конвенција.

4. а) Координациониот одбор се состанува еднаш годишно на редовно заседание на повик од генералниот директор. Ова заседание во принцип се одржува во седиштето на Организацијата.

 

б) Координациониот одбор одржува вонредно заседание на повик од генералниот директор, на своја иницијатива или на барање на неговиот претседател или една четвртина од своите членови.

5.  а) Секоја држава, без оглед дали е членка само на еден од двата извршни одбори спомнати во ставот 1 а) или на двата одбора, располага само со еден глас во Координациониот одбор.

б) Половина од членовите на Координациониот одбор сочинуваат одбор.

в)  Еден делегат може да претставува само една држава и може да гласа само во нејзино име.

6.  а) Координациониот одбор го изразува своето мислење и носи одлуки со просто мнозинство гласови. Воздржувањето не се смета за гласање.

б) Дури и ако е постигнато просто мнозинство, секој член на Координациониот одбор може, непосредно по гласањето, да бара да се пристапи кон специјално пресметување на следниот начин: се сочинуваат две одделни листи, со тоа што на едната се имињата на државите членки на Извршниот одбор на Париската унија, а на другата државите членки на Извршниот одбор на Бернската конвенција; гласањето на секоја држава се запишува кај нејзиното име на сите листи каде се наоѓа. Доколку ова специјално пресметување покаже дека на секоја листа не е добиено просто мнозинство, се смета дека предлогот не е усвоен.

7.  Секоја држава членка на Организацијата која не е членка на Координациониот одбор може да биде претставена со посматрачи со право на учество во дискусиите, но без право на глас.

8. Координациониот одбор донесува свој деловник.

Член 9

Меѓународно биро

1. Меѓународното биро го сочинува Секретаријатот на Организацијата.

2.  Со Меѓународното биро раководи генерален директор кому му помагаат двајца или повеќе генерални поддиректори.

3.  Генералниот директор е именуван за определен период, кој не може да биде покус од шест години. Неговото именување може да се обнови за одреден период. Траење на првиот период и евентуалните наредни периоди како и сите други услови на неговото именување ги утврдува Генералното собрание.

4. а) Генералниот директор е највисок функционер во Организацијата.

б) Тој ја претставува Организацијата.

в) Тој поденесува извештаи до Генералното собрание и прима негови директиви во однос на внатрешните и надворешните работи на Организацијата.

5. Генералниот директор подготвува нацрт на буџетот и програмите како и периодични извештаи за работата. Тој им ги доставува на владите на заинтересираните држави и на надлежните органи на униите во Организацијата.

6.  Генералниот директор и секој член од персоналот што тој ќе го определи, без право на глас, учествува на сите заседанија на Генералното собрание, Конференцијата, Координациониот одбор, како и на секој друг одбор или работна група. Генералниот директор или некој член од персоналот кој тој ќе го определи е секретар на овие органи по службена должност.

7.   Генералниот директор ги именува службениците за подобро функционирање  на Меѓународното  биро.  Тој   ги  именува  генералните поддиректори откако Координациониот одбор ќе ја даде својата согласност. Условите за вработување определени се во Статутот за службениците кој мора да биде одобрен од Координациониот одбор, по предлог на Генералниот директор. Неопходноста да обезбеди служби од високо стручни службеници врз основа на нивната ефикасност, компетенции и моралните квалитети треба да бидат главно мерило за регрутирање и определување на условите за вработување на овие службеници. На соодветен начин ќе се води сметка за  потребата да се обезбеди регрутирање на што  е  можно поширока географска основа.

8.  Функцијата на генералниот директор и на службениците е од строго меѓународен карактер. Во вршење на своите функции тие не треба да барат и да примаат инструкции од која и да е влада или друг орган надвор од Организацијата.Тие мора да се воздржат од секој акт кој може да ја доведе во прашање нивната положба на меѓународен службеник. Секоја држава членка се обврзува дека ќе го почитува меѓународниот карактер на функцијата генрален директор и членови на персоналот и дека нема да настојува да влјиае врз нив при вршење на нивните функции.

Член 10

Седиште

1. Седиштето на Организацијата е определено во Женева.

2. За преместување на седиштето може да се донесе одлука доколку настапат околности предвидени со членот 6. 3. г) и е).

Член 11

Финансии

1. Организацијата има два одделни буџети: буџет за заеднички трошоци на униите и буџет на Конференцијата.

2.    а) Буџетот за заедничките трошоци на униите ги содржи предвидените трошоци кои се од интерес на повеќе унии.

б) Овој буџет се финансира од следните извори:

а) од придонесите на униите, со тоа што се подразбира дека висината на придонесите на секоја унија ја утврдува Собранието на таа унија, водејќи сметка за висината за која заедничките трошоци се извршени во интерес на спомнатата унија;

б)  од таксите и износите кои се должат за услугите што ги врши Меѓународното биро, а кои не се во непосредна врска со некоја унија или кои не се наплатени за услугите што ги извршило Меѓународното биро за техничко-правна помош;

в) од приходите од продажбите на публикациите на Меѓународното биро кои не се однесуваат директно на некоја унија и другите права во врска со овие публикации;

г) од подароци, субвенции кои ги користи Организацијата освен оние спомнати во ставот 3 б) г);

д) кирии, камати и други различни приходи на Организацијата.

3.  а) Буџетот на Конференцијата содржи предвидени трошоци за одржување на заседанијата на Конференцијата и програмата за техничко правна помош.

б) Овој буџет се финасира од следните извори:

а) од придонесите на државите членки на оваа конвенција кои не се членки на една од униите;

б) од износите кои униите евентуално ги ставаат на располагање на овој буџет, со тоа што се подразбира дека висината на износите, кои се ставени на располагање на секоја унија ги определува еобранието на таа унија и дека секоја унија може слободно да одлучи да не придонесува кон овој буџет;

в) од износите собрани од услугите што ги пружило Меѓународното биро при техничко-правна помош;

г) од подароци, оставини и субвенции кои Организацијата ги користи за цели спомнати во подставот а).

4.  а) За да се определи висината на придонесот во буџетот на Конференцијата, секоја држава членка на оваа конвенција која не е членка на една од униите подредена е во една категорија и ги плаќа годишните придонеси врз основа на бројот на единиците утврден како следи:

Категорија А 10

Категорија Б 3

Категорија Ц 1

б) Секоја држава во моментот кога извршува некое дејствие предвидено во членот 14. 1, ја наведува категоријата во која сака да биде определена. Таа може да ја промени категоријата, Ако избере пониска категорија, државата за тоа треба да ја извести Конференцијата на првото нејзино редовно заседание. Оваа промена почнува да важи со почеток на календарската година која доаѓа по спомнатото заседание.

в) Годишниот придонес на секоја држава се состои од износот чиј однос спрема вкупната сума придонеси кон буцетот на Конференцијата на сите држави е ист како и односот меѓу бројот на единиците на категоријата во која државата е распределена и вкупниот број единици на сите држави,

г) Придонесите се плаќаат на 1 јануари секоја година.

д) Во случај буцетот да не е усвоен пред почеток на новата финансиска година, важноста на буџетот од претходната година се продолжува на начин предвиден со финансискиот правилник.

5.  Државата членка на оваа конвенција која не е членка ниту на една унија и која врз основа на овој член доцни со плаќање на овој придонес како и државата членка на оваа конвенција која е членка на некоја од униите н која доцни со плаќање на својот придонес на име на таа унија, не може да го користи своето право на глас ниту во еден орган на Организацијата чијачленка е ако износот на овој заостанат дел е еднаков или  поголем од износот на апридонесот кој  го должи за двете  цели претходни години. Меѓутоа, на оваа држава може да и се одобри и понатаму да го користи своето право на глас во спомнатиот орган се додека овој смета дека задоцнувањето е предизвикано под исклучителни и неизбежни околности.

6.  Износот на таксите и сумите кои се должат за услугите кои ги пружило Меѓународното биро за техничко-правна помош ги определува генералниот директор кој го известува Координациониот одбор.

7. Организацијата може, со одобрение на Координациониот одбор, да прима подароци, оставини и субвенции кои потекнуваат директно од влади, јавни или приватни установи, здруженија или поединци.

8. а) Организацијата располага со обртен фонд кој се состои од еднократна уплата која ја вршат униите и секоја држава членка на оваа конвенција која не е членка на некоја од униите. Ако фондот стане недоволен, се носи одлука за негово зголемување.

б) За износот на еднократната уплата на секоја унија и за нејзиното евентуално учество во секое зголемување одлучува нејзиното собрание.

в) Износот на еднократната уплата на секоја држава членка на оваа конвенција која не е членка на некоја од униите и нејзиното учество вО секое зголемување, сразмерни се на придонесот на оваа држава во годината во тек на која фондот е конституиран или е донесена одлука за зголемување. За сразмерот и начинот на уплата одлучува Конференцијата на предлог на генералниот директор и по мислењето на Координациониот одбор.

9. а) Договорот за седиште, склучен со државата на чија територија Организацијата има свое седиште, предвидува, ако обртниот фонд е недо-волен, оваа држава да одобрува позајмица. Износот на оваа позајмица и условите под кои се одобрува во секој случај се предмет на одделнн спогодби меѓу заинтересираните држави и Организацијата. Се додека има обврска да одобри позајмица, оваа држава располага ex officio со едно место во Координациониот одбор.

б) Државата спомната во подставот а) и Организацијата имаат право по пат на писмено соопштение да ја откажат обврската за одобрување на позајмица. Отказот стапува во сила три години по завршеток на годината кога бил соопштен.

10. Прегледот на сметките го обезбедува, зависно од начинот предвиден со финансискиот правилник, една или повеќе држави членки или надворешни контролори кои, со нива согласност, ги определува Генералното собрание.

Член 12

Правна способност: привилегии и имунитети

1. На територија на секоја држава членка, Организацијата ужива, во согласност со законите на таа држава, правна способност неопходна за постигнување на нејзината цел и вршење на нејзините функции.

2. Организацијата склучува спогодба за седиштето со Швајцарската конфедерација и со секоја друга држава во која потоа би можело седиштето да биде определено.

3. Организацијата може да заклучи двострани или повеќестрани спогодби со други држави членки за да си обезбеди себе си и на своите функционери и на представниците на сите држави членки уживање на привилегиите и имунитетот потребни за постигнување на целите и вршење на нејзините функции.

4. Генералниот директор може да преговара и по добивањето согласност од Координациониот одбор, да заклучува и да потпишува во име на Организацијата спогодби спомнати во ставот 2. и 3.

Член 13

Врски со другите организации

1. Ако смета за потребно, Организацијата воспоставува работни односи и соработува со други меѓувладини организации.  Сите општи спогодби со таа цел со организациите ги заклучува генералниот директор, по одобрување на Координациониот одбор.

2.  Организацијата може, за прашања од нејзина надлежност, да ги преземе сите соодветни мерки заради консултирање на меѓународните невладини организации и, со резерва за согласност на заинтересираните влади, со владините или невладините организации како и заради секоја соработка со спомнатите организации. Овие чекори ги презема генералниот директор по одобрување на Координациониот одбор.

Член 14

Начини на кои државите можат да станат членки на

Копвенцијата

1. Државите спомнати во членот 5. можат да станат членки на оваа конвенција и членки на организацијата ако:

а) потпишат без резерви ратификација, или

б) потпишат со резерви ратификација откако ќе ги депонираат ратификационите документи, или

в) депонираат инструмент за пристапување.

2.  Без оглед на секоја друга одредба на оваа конвенција, државата членка  на  Париската  конвенција,  Бернската  конвенција  или  и  двете конвенции може да и пристапи на оваа конвенција само ако истовремено стане или ако порано станала членка, со ратификација или со пристапувањ!е кон Стокхолмскиот акт на Париската конвенција во целина или со единственото ограничување предвидено во членот 20 1 б) на спомнатиот акт, или кон Сткохолмскиот акт на Бернската конвенција во целина или со единствено ограничување предвидено со членот 28. 1. б) од спомнатиот акт.

3. Ратификационите иснтрументи или инструментите за пристапување се депонираат кај генералниот директор.

Член15

 Влегување на Котенцијата во сила

1. Оваа Конвенција влегува во сила три месеци откако десет држави членки на Париската унија и седум држави членки на Бернската унија ќе извршат некој од актите предвидени со членот 14 1., со тоа што секоја држава членка на двете унии се смета во двете групи. Оваа конвенција стапува во сила на тој ден и во однос на другите држави кои, иако не се членки на некоја од овие унии, извршиле некој од актите предвидени со членот 14 1. три или повеќе месеци пред спомнатата дата.

2. За секоја друга држава оваа конвенција стапува во сила три месеци од денот кога оваа држава извршила некој акт предивден со членот 14 1.

Член16

Резерви

Не е дозволено никакво ограничување на оваа конвенција.

Член 17

Измени

1.  Предлог за измена на оваа конвенција може да поднесе секоја држава членка, Координациониот одбор или генералниот директор. Овој последниот ги соопштува овие предлози на државите членки најдоцна шесет месеци пред да и се поднесат на Конференцијата на разгледување.

2.  Сите измени ги усвојува Конференцијата. Ако станува збор за измени кои можат да ги повредат правата и обврските на државите членки на оваа конвенција кои не се членки ниту на една унија, овие држави исто така учествуваат во гласањето. Државите членки на оваа конвенција кои се членки и на една од униите, единствено се овластени да гласаат за сите предлози што се однесуваат на другите измени. Измените се усвојкуваат со просто мнозинство на гласовите, со тоа што Конференцијата гласа само за предлозите на измените што претходно ги усвоило Собранието на Париската унија и Собранието на Бернската унија, според правилата кои тие ги применуваат на измените на административните одредби на нивните соодветни конвенции.

3. Секоја измена стапува во сила еден месец откако генералниот директор ќе прими писмени соопштенија за прифаќање, извршено во согласност со нивните соодветни прописи, од страна на три четвртини од државите кои биле членки на Организацијата и кои имале право н аглас за предложената измена врз основа на ставот 2., во моментот кога Конферен-цијата ја усвоила измената. Секоја вака прифатена измена пи обврзува сите држави кои се членки на Организацијата во моментот кога измената стапува во сила или кои подоцна ќе станат нејзини членки; меѓутоа, секоја измена која ги зголемува финансиските обврски на државите членки ги обврзува само оние кои го соопштиле прифаќањето на спомнатата измена.

Член 18

Откажување

1.  Секоја држава членка може да ја откаже оваа конвенција по пат на соопштение упатено до генералниот директор.

2. Откажувањето стапува во сила шест месеци по денот кога генералниот директор го примил соопштението.

Член 19

Соопштение

Генералниот директор им соопштува на владите на сите држави членки:

а) датата на стапување во сила на Конвенцијата;

б)  потписите и депонирањето на ратификационите инструменти или инструментите за пристапување;

в) прифаќањата на измените на оваа Конвенција и датата кога овие измени стапуваат во сила;

г) отказ на оваа Конвенција.

Член 20

Протоколарни одредби

1.  а) Оваа конвенција е потпишана во еден примерок на англиски, шпански француски и руски јазик, при што сите текстови се еднакво веродостојни; депонирана е кај Шведската влада.

б) Оваа конвенција останува отворена за потпишување во Стокхолм се до 13 јануари 1968 година.

2. Званичните текстови ги издава генералниот директор по консултирањето со заинтересираните влади, на германски, италијански и португалски јазик и на другите јазици кои ги бара Конференцијата.

3. Генералниот директор им доставува два оверени преписи на оваа конвенција и на сите измени кои Конференцијата ги усвојува на владите на државите членки на Париската или Бернската унија, на владата на секоја друга држава кога ќе и пристапи на оваа конвенција и на владата на секоја држава која ќе поднесе барање за пристапувње. Преписите на потпишаниот текст на Конвенцијата кои  им  се доставуваат на владите ги оверува Шведската влада.

4. Генералниот директор ја регистрира оваа конвенција во Секретаријатот на Обединетите нации

Член 21

Преодни одредби

1. Се до стапување на должност на првиот генерален директор, се смета дека повикувањето во оваа конвенција на Меѓународното биро или на генералниот директор се однесува на здружените меѓународни бира за заштита на индустриската, книжевната и уметничката сопственост (именувани како Здружени меѓународни бира за заштита на интелектуалната сопственост (BIRPI), или на нивниот директор.

2.  а) Државите кои се членки на некоја унија, а кои уште не станале членки на оваа конвенција, можат, во тек на пет години сметајќи од денот на нејзиното стапување во сила, да вршат, ако сакааат, исти права како да се нејзини членки. Секоја држава која сака да ги врши овие права дслонира, за таа цел, кај генералниот директор писмено соопштение кое стапува во сила на денот на неговиот прием. Овие држави се сметаат за членки на Генералното собрание и Конференцијата се до истекот на спомнатиот период.

б) По истек на периодот од пет години, овие држави веќе немаат право на глас во Генералното собрание, во Конференцијата или во Координациониот одбор.

в) Откако ќе станат членки на оваа конвенција, спомнатите држави можат повторно да вршат право на глас.

3.  а) Се додека сите држави членки на Париската или Бернската конвенција не станат членки на оваа конвенција, Меѓународното биро и генералниот директор ги вршат и  функциите  кои им се доделени на Здружените меѓународни бира за заштита на иднустриската, книжевната и уметничката сопственост и на нивниот директор.

     б) Персоналот кој се наоѓа на должност во горе спомнатите бироа на денот на влегување во сила на оваа конвенција се смета, за време траење на преодниот период спомнат во подставот а), како да е на должност во Меѓународното биро.

4.  а) Кога сите држави членки на Париската унија станат и членки на Организацијата, правата, обврските и добрата на Бирото на оваа унија преоѓаат во Меѓународното биро на Организацијата.

б) Во случај сите држави членки на Бернската конвенција да станат членки на Организацијата, правата, обврските и имотот на Бирото на оваа унија преминуваат во Меѓународното биро на Организацијата.

Во потврда на ова, долупотпишаните, прописно овластени за таа цел, ја потпишаа оваа конвенција.

Сочинето во Стокхолм, 14 јули 1967 година

ФИНАЛЕН АКТ

1. „Стокхолмската конференција за интелектуална  сопственост, 1967 година”,

Која ја подготвија Владата на Шведска и Здружените меѓународни бира за заштита на интелектуалната сопственост (ВIRPI),

Која ја свика Владата на Шведска,

Одржана во Стокхолм, во Палатата Риксдаг, од 11 јуни до 14 јули 1967 година.

2. Државите членки на Бернската и Париската конвенција и посебните аранжмани на Париската конвенција ги ревидираа спомнатите конвенции и спомнатите  аранжмани,  донесоа различни  одлуки  и усвоија различни препораки,

3.  Конференцијата ја усвои Конвенцијата за основање на Светска организација за интелектуална сопственост.

Во потврда на ова, долупотпишаните, делегати на државите поканети на Конференцијата, го потпишаа овој финален акт.

Сочинето на 14 јули 1967 година, во Стокхолм на француски, англиски, шпански и руски јазик, со тоа што оригиналот ќе биде депониран во архивата на Владата на Шведска.

    • April 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Jan    
      1234567
      891011121314
      15161718192021
      22232425262728
      2930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®