ЗАКОН ЗА ЦАРИНСКИ МЕРКИ

ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

Глава 1

Општи одредби

Член 1

2) е откриена при контрола на стока која се внесува во или се изнесува од царинското подрачје на Република Македонија, која е ставена во постапка на транзит, царинско складирање, увоз за облагородување, преработка под царинска контрола или привремен увоз, или која е ставена во слободна зона или слободен склад во согласност со царинските прописи.

(1) Со овој закон се регулира постапката за преземање дејствија од царинските органи кога постојат оправдани причини за сомневање дека со стоката се повредува право од интелектуална сопственост во случаите кога таа стока:

1) е декларирана за пуштање во слободен промет, извоз или повторен извоз во согласност со царинските прописи;

(2) Со овој закон се определуваат и мерките за заштита на права од интелектуална сопственост кои ги преземаат царинските органи кога со стоката од став (1) на овој член се повредува право од интелектуална сопственост.

Член 2

Овој закон не се применува за:

1) стока заштитена со патент или индустриски дизајн, стока на која стои трговска марка со согласност на носителот на трговската марка, стока на која стои ознака на потекло или географска ознака, стока која е заштитена со авторско право или сродно право и која е изработена со согласност на носителот на правото, а која без негова согласност се нао|а во еден од случаите од член 1 на овој закон.

2) стока од точка 1) на овој член која е изработена под услови спротивни на договорените со носителот на правото.

3) стока која е дел од личниот багаж на еден патник, предмети од некомерцијална природа со мала вредност кои покрај предметите од личниот багаж ги внесува патник од странство и предмети од некомерцијална природа со мала вредност кои повремено се примаат од странство, кои се ослободуваат од пла}ање на увозни давачки согласно царинските прописи, кога не постојат оправдани причини за сомневање дека таквата стока е дел од комерцијален промет.

Член3

Поимите употребени во овој закон го имаат следново зна£ење:

1) “Право од интелектуална сопственост” е право од индустриска сопственост и авторско право и друго сродно право пропишано со закон.

2) “Стока со која се повредува право од интелектуална сопственост” е:

1. “фалсификувана стока”:

а. стока, вклучувај}и го и пакувањето, на која без согласност од носителот на правото стои трговска марка идентична со важечката трговската марка регистрирана за ист вид на стока која е во важност, или која не може да се разликува во суштинските обележја од таквата трговска марка, и со тоа ги повредува правата на носителот на трговската марка согласно закон;

б. секој знак од кој се состои трговската марка (вклучувај}и и: лого (зборови, букви, бројки, слики, цртежи, комбинации на бои, тродимензионални форми); форми на стоката или нејзиното пакување; комбинации на напред наведените знаци; налепница, брошура, упатство за употреба или гарантен документ кои носат таков знак), дури и да се нао|а одделен од стоката, под истите услови како од точка 1. подточка а. на овој став;

в. пакување на кое стои трговска марка на фалсификувана стока, дури и да се нао|а одделено од стоката, под истите услови како од точка 1. подточка а. на овој став;

2. “пиратска стока”, која е направена, или која содржи примероци направени, без согласност на носителот на авторско право или сродно право, ако со нејзина изработка се повредува авторско право или сродно право согласно закон.

3. стока со која се повредува правото на патент, индустриски дизајн, ознака на потекло или географска ознака согласно закон.

Стока со која се повредува право од интелектуална сопственост е и секој калап или матрица посебно дизајнирани или прилагодени за изработка на таков вид на стока, доколку со употребата на таквите калапи или матрици се повредуваат правата на носителот на правата во Република Македонија, средства, производи, компоненти или делови за избегнување или изигрување на заштита (смарт картички, декодери, компјутерски програми, системи за преметнување или друг вид на промена и слично) или на контрола на копирање.

3) “Носител на право” е:

1. секое домашно и странско, правно и физичко лице кое, согласно закон, е носител на правото од патент, индустриски дизајн, трговска марка, ознака на потекло, географска ознака, авторско право или сродно право или

2. секое друго домашно и странско, правно и физичко лице кое има право да користи некое од правата од интелектуална сопственост од точка 1) од овој став или застапник на носителот на правото или на лицето кое има право да користи некое од правата од интелектуална сопственост.

4) “Работен ден” е работен ден на Централната управа на Царинската управа.

5) “Царински орган” е организациона единица на Царинската управа согласно закон.

Член 4

(1) Доколку со овој закон поинаку не е определено, царинскиот орган што ја води постапката го применува Законот за општата управна постапка.

(2) Одредбите од овој закон не ја исклучуваат примената на прописите со кои се регулира заштитата на правата од индустриска сопственост и авторското право и други сродни права.

ГЛАВА 2

Постапување по службена должност и барање за преземање на дејствија од страна на царинските органи

Дел 1

Постапување по службена должност

Член 5

(1) Кога царинските органи, во случаите од член 1 став (1) на овој закон, а пред поднесување на барање од страна на носителот на правото или пред негово прифа}ање кога такво е поднесено, имаат оправдани причини за сомневање дека со стоката се повредува право од интелектуална сопственост го одложуваат пуштањето на стоката или истата ја задржуваат.

(2) За мерката од став (1) на овој член царинскиот орган веднаш го известува носителот на правото, за да може да поднесе барање за преземање на дејствија во согласност со член 6 на овој закон, како и декларантот или лицето кое ја поседува стоката.

(3) Царинските органи, без откривање на други податоци освен податоците за стварната или претпоставената количина и вид на предмети, а пред известувањето на носителот на правото за можната повреда, може од носителот на правото да побараат да им ги даде сите податоци кои им се потребни за потврдување на нивните причини за сомневање.

(4) Доколку во рок од 3 работни дена од известувањето носителот на правото не поднесе барање за преземање на дејствија во согласност со член 6 на овој закон пуштањето на стоката се одобрува или нејзиното задржување престанува под услов да се завршат сите царински формалности.

Дел 2

Поднесување и обработка на барања за преземање на царински дејствија

Член 6

(1) Носителот на право може во писмена форма да поднесе барање до Централната управа на Царинската управа за преземање на царински дејствија од страна на царинските органи за стоката од член 1 став (1) на овој закон.

(2) Барањето за преземање дејствија се изготвува на образец чија форма и содржина ја пропишува министерот за финансии. Барањето мора да ги содржи сите податоци кои се потребни за лесно препознавање на предметната стока од страна на царинските органи, а особено:

1) прецизен и детален технички опис на стоката;

2) секоја посебен податок кој носителот на правото може да го има за видот на измамата;

3) име и презиме и точна адреса и телефонски број на лицето за контакт назначено од страна на носителот на правото.

(3) Кон барањето за преземање дејствија мора да се достави и изјава која барателот е должен да ја даде во согласност со член 7 на овој закон и доказ дека барателот е носител на правото за предметната стока.

(4) Носителот на правото треба исто така да ги достави сите други податоци кои ги има во врска со:

1) царинската вредност во Република Македонија на оригиналната стока;

2) локацијата на стоката или нејзиното одредиште;

3) карактеристики кои ја одликуваат пратката;

4) очекуван датум на пристигнување или поа|ање на стоката;

5) податоци за користените транспортни средства;

6) податоци за увозникот, извозникот или лицето кое ја поседува стоката;

7) земјата или земјите на производство и користените рути на пренесување;

8) техничките разлики, доколку се познати, поме|у оригиналната стока и стоката за која постои сомневање дека е стока со која се повредува право од интелектуална сопственост.

(5) Покрај податоците од ставовите 2, 3 и 4 од овој член царинскиот орган може да побара посебни податоци карактеристични за видот на предметното право од интелектуална сопственост.

(6) Применото барање за преземање на дејствија, Централната управа на Царинската управа }е го обработи и во писмена форма }е го извести подносителот на барањето за својата одлука во рок од 30 работни денови од денот на приемот на барањето.

(7) Царинскиот орган за обработката на барањето наплатува надоместок во износ кој го пропишува министерот за финансии, а кој не смее да биде повисок од стварните трошоци.

(8) Во случаи кога барањето не ги содржи задолжителните податоци од овој член или ако истите не се целосни, Централната управа на Царинската управа со заклучок го отфрла барањето за преземање на дејствија со соодветно образложение. Против заклучокот може да се изјави посебна жалба до министерот за финансии во рок од осум дена од денот на доставу­вањето.

Член 7

Со изјавата од член 6 став (3) носителот на правото презема одговорност кон лицата вклучени во еден од случаите од член 1 став (1) на овој закон кога постапката започната согласно член 10 став (1) е прекината заради дејствие или пропуст на носителот на правото или кога е утврдено дека предметната стока не повредува право од интелектуална сопственост. Со изјавата носителот истотака се согласува да ги поднесе и сите трошоци настанати за чување на стоката под царински надзор согласно овој закон.

Член 8

Член 6 и член 7 се применуваат во целост и за барањата за продолжување на рокот од член 9 на овој закон.

Дел 3

Прифа}ање на барање за преземање дејствија

Член 9

(1) Со прифа}ање на барањето од член 6 на овој закон, Централната управа на Царинската управа го определува рокот во кој се преземаат дејствија, кој не може да биде подолг од една година од денот на прифа}ање на барањето. Пред истекот на определениот рок, доколку претходно е подмирен каков било долг на носителот на правото настанат согласно овој закон, носителот на правото може да побара продолжување на рокот.

(2) Определениот рок може да се продолжи на барање на носителот на правото доколку претходно се подмират долговите кои евенутално може да настанат согласно член 16 на овој закон.

(3) Носителот на правото е должен веднаш да ја извести Централната управа на Царинската управа доколку неговото право престане да важи.

(4) Одлуката за прифа}ање на барањето и одлуката за продолжување на рокот веднаш се испра}а до царинските органи надлежни за преземање дејствија.

(5) По барање на царинските органи носителот на правото }е ги обезбеди сите дополнителни податоци потребни за спроведување на одлуката за прифа}ање на барањето.

ГЛАВА 3

Постапување по барањето за преземање на дејствија од страна на царинските органи

Член 10

(1) Откако царинскиот орган, на кој му е испратена одлука во согласност со член 9 став 4 од овој закон, утврдил дека стоката од еден од случаите од член 1 став (1) на овој закон е стока за која постојат оправдани причини за сомневање дека е стока со која се повредува право од интелектуална сопственост опфатена со таа одлука, го одложува пуштањето на стоката или ја задржува под царински надзор. За своите дејствија царинскиот орган веднаш ја известува Централната управа на Царинската управа.

(2) Царинскиот орган веднаш го известува носителот на правото и декларантот или лицето кое ја поседува стоката за своите дејствија и може да ги информира за стварната или претпоставената количина и вид на стоката чие пуштање било одложено или која била задржана и за можноста да се спроведе поедноставена постапка за уништување на стока согласно член 11 од овој закон.

(3) Царинскиот орган, во согласност со прописите за заштита на лични податоци, деловна тајна и доверливост, може да го извести носителот на правото, на негово барање, за имињата и адресите на примачот на стоката, испра}ачот, декларантот или лицето кое ја поседува стоката и за потеклото на стоката за која постојат оправдани причини за сомневање дека е стока со која се повредува право од интелектуална сопственост, доколку тие се познати, а со цел да утврди дали некое право од интелектуална сопственост е повредено согласно закон.

(4) На барање на носителот на правото и на лицата вклучени во еден од случаите од член 1 став (1) од овој закон царинскиот орган им одобрува преглед на стоката чие пуштање е одложено или која е задражна, како и земање мостри во согласност со важечките прописи исклучиво за анализа и за водење на понатамошна постапка. Овие мостри мора да се вратат по завршување на техничката анализа, а таму каде што е можно, пред пуштањето на стоката или по престанување на нивното задржување.

Член 11

(1) Кога царинскиот орган задржал стока или одложил пуштање на стока за која постојат оправдани причини за сомневање дека е стока со која се повредува право од интелектуална сопственост во еден од случаите од член 1 став (1) на овој закон, која се отстапува за уништување, царинскиот орган може да спроведе поедноставена постапка, која се применува со согласност на носителот на правото, а со која царинскиот орган може да ја уништи стоката под царински надзор, без да се утврди дали некое право од интелектуална сопственост било повредено согласно закон и ако:

– носителот на правото писмено го извести царинскиот орган во рок од 10 работни дена, или 3 работни дена во случај на лесно расиплива стока, од приемот на известувањето од член 10 на овој закон, дека стоката која е предмет на постапката е стока со која се повредува право од интелектуална сопственост од член 3 точка 2 од овој закон и му достави на царинскиот орган писмена согласност од декларантот, лицето кое ја поседува стоката или сопственикот на стоката за отстапување за уништување на стоката и

– уништувањето се врши на трошок и на одговорност на носителот на правото во согласност со царинските прописи за уништување на стока под царински надзор и да биде проследено со земање на мостри кои царинскиот орган ги чува во согласност со царинските прописи и кои може да се користат како докази.

(2) Во врска со правата алинеа од став (1) на овој член декларантот, лицето кое ја поседува стоката или сопственикот на стоката може директно да му достави на царинскиот орган согласност за отстапување за уништување на стоката. Се смета дека декларантот, лицето кое ја поседува стоката или сопственикот на стоката дал согласност за уништување доколку во пропишаниот рок недвосмислено не се спротиставил на уништувањето за кое бил известен. Овој рок може, во зависност од околностите, да се продолжи за уште 10 работни дена.

(3) Царинскиот органи не одговара за штетите кои може да произлезат од уништувањето на стоката во согласност со овој член.

(4) Во останатите случаи, кога не се исполенти условите од став 2 на овој член, се применува постапката од член 13 од овој закон.

Член 12

(1) Носителот на право, добиените податоци од член 10 став (3) од овој закон ги употребува само во постапката за утврдување дали е повредено право од интелектуална сопственост, како и за целите од членовите 11 и 13 став (1) од овој закон.

(2) При употребата на податоците спротивно на став (1) од овој член Централната управа на Царинската управа ја укинува одлуката за прифа}ање на барањето за преземање дејствија, за преостанатиот рок.

(3) Во случај на пове}екратно или особено сериозно прекршување на одредбите од став (1) на овој член, царинскиот орган може да го одбие барањето за продолжување на рокот од член 9 од овој закон.

Член 13

(1) Доколку, во рок од 10 работни дена од приемот на известувањето за одложување на пуштањето или задржувањето на стоката, царинскиот орган не е известен од носителот на правото дека е започната постапка за утврдување дали е повредено право од интелектуална сопственост или не ја примил неговата согласност од член 11 став 1 од овој закон, царинскиот орган }е ја пушти стоката под услов да се завршат сите царински формалности. Овој рок може, во зависност од околностите, да се продолжи најмногу за 10 работни дена.

(2) Во случај на лесно расиплива стока за која постојат оправдани причини за сомневање дека е стока со која се повредува право од интелектуална сопственост, рокот од став 1 на овој член е 3 работни дена и истиот не може да се продолжи.

Член 14

(1) Носителот на правото го известува царинскиот орган дека е започната постапка за утврдување дали е повредено право од интелектуална сопственост со поднесување соодветен доказ од надлежен суд или друг надлежен орган дека постапката е започната.

(2) Со започнување на постапката од став 1 на овој член се продолжува рокот за одложување на пуштањето или задржување на стоката сé додека судот или надлежниот орган не се произнесе за стоката.

Член 15

(1) Декларантот, сопственикот на стоката, лицето кое ја поседува стоката, увозникот или примачот на стоката може да побара од царинскиот орган да се пушти стока за која постои сомневање дека е стока со која се повредува право од индустриски дизајн или патенти, а за која е одложено пуштањето или која е задржана под услов да поднесе гаранција, и доколку:

а) царинскиот орган е известен во согласност со член 13 став (1) од овој закон, дека е започната постапка за утврдување дали е повредено право од интелектуална сопственост согласно закон,

б) надлежен орган нема донесено мерка за привремено одземање на стоката пред истекот на рокот од член 13 став (1) од овој закон и

в) сите царински формалности се завршени.

(2) Гаранцијата од став (1) на овој член мора да биде доволна за да ги заштити интересите на носителот на правото. Пла}ањето на гаранцијата нема да влијае на користењето на други правни лекови кои му се на располагање на носителот на правото.

(3) Во случај на продолжување на рокот од став (1) од член 13 на овој закон , тој може да се продолжи најмногу до 30 работни дена.

(4) Видот, постапка и начинот на поднесување на гаранцијата, нејзината наплата и вра}ање го пропишува министерот за финансии.

Член 16

(1) Чувањето на стоката за време на одложување на пуштањето или задржувањето се спроведува на начин кој е во согласност со одредбите од царинските прописи кои го регулираат привременото чување на стока.

(2) Трошоците за чување и одржување на стоката ги сноси подносителот на барањето за преземање на дејствија.

ГЛАВА 4

Поблиски прописи

Член 17

Поблиските прописи за спроведување на овој закон ги носи министерот за финансии.

ГЛАВА 5

Стока за која е утврдено дека го повредува право од интелектуална сопственост

Член 18

Стоката за која по завршување на постапката од член 10 на овој закон е утврдено дека повредува право од интелектуална сопственост, не смее да се:

– внесе во царинското подрачје на Република Македонија,

– пушти во слободен промет,

– изнесе од царинското подрачје на Република Македонија,

– извезе,

– повторно извезе,

– стави во одложувачка постапка или

– внесе во слободна зона или слободен склад.

ГЛАВА 6

Одговорност на царинските органи и на носителот на правото

Член 19

(1) Прифа}ањето на барање не му дава право за надомест на штета на носителот на правото кога стоката со која се повредува право од интелектуална сопственост не е откриена од царинскиот орган и била пуштена или не е задржана во согласност со член 10 став (1) на овој закон.

(2) Спроведувањето на надлежностите и преземените дејствија од страна на царинскиот орган, во согласност со овој закон, не предизвикуваат одговорност на царинскиот орган за надомест на штета предизвикана на лицата вклучени во случаите од член 1 став (1) на овој закон или лицата од член 5 на овој закон.

ГЛАВА7

Казнени одредби

Член 20

(1) Со парична казна од 60.000 денари }е се казни за прекршок правно лице, ако постапува спротивно на член 9 став 3 на овој закон, така што веднаш не ја извести Централната управа на Царинската Управа за престанокот на неговото право.

(2) Со парична казна од 6.000 денари }е се казни за дејствијата од став 1 на овој член и одговорното лице во правното лице.

(3) Со парична казна од 15.000 денари }е се казни за дејствијата од став 1 на овој член и физичко лице.

Член 21

(1) Со парична казна од 120.000 денари }е се казни за прекршок правно лице, ако постапува спротивно на член 12 став 1 на овој закон, така што добиените податоци од царинскиот орган во смисла на член 11 и член 13 став 1 на овој закон ги употреби надвор од постапката и целите за утврдување на повреда на право од интелектуална сопственост.

(2) Со парична казна од 15.000 денари }е се казни за дејствијата од став 1 на овој член и одговорното лице во правното лице.

(3) Со парична казна од 30.000 денари }е се казни за дејствијата од став 1 на овој член и физичко лице.

Член 22

(1) Со парична казна од 120.000 до 300.000 денари }е се казни за прекршок правно лице, ако постапува спротивно на член 18 на овој закон, така што внесе, пушти во слободен промет, изнесе, извезе, повторно извезе, стави во одложувачка постапка или внесе во слободан зона или слободен склад стока за која во претходно завршена постапка согласно член 10 на овој закон е утврдено дека повредува право од интелектуална сопственост.

(2) Со парична казна од 25.000 до 50.000 денари }е се казни за дејствијата од став 1 на овој член и одговорното лице во правното лице.

(3) Со парична казна од 25.000 до 50.000 денари }е се казни за дејствијата од став 1 на овој член и физичко лице.

ГЛАВА 8

Завршни одредби

Член 23

Со денот на влегување во сила на овој закон престанува да важи член 215 од Законот за индустриска сопственост (“Службен весник на Република Македонија” број 47/2002, 42/2003 и 9/2004) и член 165 од Законот за авторски и други сродни права (“Службен весник на Република Македонија” број 47/96, 3/98 и 98/2002).

Член 24

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

    • November 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Sep    
       123
      45678910
      11121314151617
      18192021222324
      252627282930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®