ЛИСАБОНСКИ ДОГОВОР ЗА ЗАШТИТА НА ОЗНАКИТЕ НА ПОТЕКЛО И НИВНАТА МЕЃУНАРОДНА РЕГИСТРАЦИЈА

Од 31 октомври 1958 година, изменет и дополнет во Стокхлом на 14 јули 1967 година и на 28 септември 1979 година

Објавен во “Службен весник на Република Македонија” бр.77/10

Член 1

Воспоставување Посебна унија; Заштита на ознаката на потекло регистрирана во Меѓународното биро

(1) Земјите во кои се применува овој договор претставуваат посебна унија во рамките на Унијата за заштита на индустриската сопственост.

(2) Тие, во согласност со условите на овој договор, на својата територија преземаат заштита на ознаката на потеклото на производот од другите земји од Посебната унија признаени и заштитени како такви во земјата на потекло и регистрирани во Mеѓународното биро за интелектуална сопственост (во понатамошниот текст: Меѓународно биро или Биро) споменато во Конвенцијата за основање на Светската организација за интелектуална сопственост (во понатамошниот текст: Организација).

Член 2

Дефиниција за oзнаката на потекло и земјата на потекло

(1) Во овој договор “ознака на потекло“ значи географски назив на земјата, регионот или подрачјето, кој служи да се означи производ којшто потекнува од таму и чиј што квалитет или карактеристики исклучиво или битно се резултат на географската средина, вклучително природниот и човечкиот фактор.

(2) Земјата на потекло е земја чиј што назив или земја во која се наоѓа регионот или подрачјето чиј назив претставува ознака на потекло, а на производот му дава реноме односно право на ознака на потекло.

Член 3

Содржина на заштитата

Со заштитата се обезбедува спречување каква било узурпација или имитација, дури и ако е назначено вистинското потекло на производот или ако ознаката е користена во преведена форма или проследена со термините како што се: “вид”,”тип”,”начин”,”имитација” или слично.

Член 4

Заштита врз основа на други текстови

Одредбите на овој договор не ја исклучуваат заштитата со ознаката на потекло во секоја земја на Посебната унија која е веќе признаена во согласност со другите меѓународни инструменти како што се Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост од 20 март 1873 година и нејзините дополнителни измени, Мадридскиот договор за намалување на лажните и измамувачки ознаки на потекло на производот од 14 април 1891 година и неговите дополнителни измени или во согласност со националното законодавство и судските одлуки.

Член 5

Меѓународна заштита; Одбивање и приговори на одбивањето;

Известување; Толерирање на употребата за ограничен период

(1) Регистрирањето на ознаката на потеклото ќе се изврши во Меѓународното биро по барање на надлежниот орган на земјата на Посебната унија, на име  на секое физичко или правно лице, јавно или приватно, кое во согласност со нивното национално законодавство има право да користи таква ознака.

(2) Меѓународното биро без одлагање ќе ги извести надлежните органи на останатите земји на Посебната унија за таквата регистрација и ќе ја објави во периодичната публикација.

(3) Надлежниот орган на секоја земја може да изјави дека не може да обезбеди заштита за ознаката на потекло за чија регистрација е известен, но само ако во рок од една година од приемот на известувањето за односната регистрација достави изјава до Меѓународното биро, заедно со причините, и под услов таквата изјава да не и наштети на земјата на која се однесува во однос на другите форми на заштита на ознаките за кои е овластен нивниот носител, врз основа на членот 4.

(4) Таквата изјава, надлежните органи на земјите од Унијата, не можат да ја поднесат по истекот на рокот од една година, предвиден во претходниот став.

(5) Меѓународното биро во најкраток можен рок го известува надлежниот орган за земјата на потекло за секоја изјава направена од надлежниот орган на друга земја во согласност со условите од ставот (3). Заинтересираната страна кога е известена од својот национален надлежен орган за изјавата направена од друга земја, во таа друга земја може да ги користи сите судски и административно – правни средства што им припаѓаат на граѓаните на таа земја.

(6) Ако ознаката за која во определената земја е признаена заштита, во согласност со известувањето за нејзината меѓународна регистрација, веќе била користена од трети лица во таа земја со датум постар од известувањето, надлежниот орган на таа земја ќе има право да им одобри на тие трети лица во рок кој не смее да биде подолг од две години, да престанат со таквата употреба, под услов за тоа да го извести Меѓународното биро во период од три месеци по истекот на рокот од една година предвиден во ставот (3).

Член 6

Генерички ознаки

Ознаката на која и е признаена заштита во една од земјите на Посебната унија во согласност со постапката од членот 5, не може во таа земја да стане генерична, сé додека е заштитена како ознака на потекло во таа земја.

Член 7

Период на важење на регистрацијата; Такси

(1) Регистрацијата која е извршена во Меѓународното биро во согласност со членот 5 предвидува заштита за целиот период наведен во претходниот член,  без обновување.

(2) За регистрација за секоја ознака на потекло се плаќа такса.

Член 8

Законска постапка

Правните дејствија кои се неопходни за обезбедување заштита за ознаката на потеклото може да бидат преземени во секоја од земјите на Посебната унија во согласност со одредбите на националното законодавство:

1. На барање на надлежниот орган или на барање на јавниот обвинител;

2. Oд секоја заинтересирана страна било од физичко или од правно лице, јавно или приватно.

Член 9

Собрание на Посебната унија

(1) (а) Посебната унија има собрание кое е составено од оние земји кои го ратификувале или пристапиле кон овој акт.

(б) Владата на секоја земја е застапена со еден делегат на кого може да му помагаат заменици, советници и експерти.

(в) Трошоците на секоја делегација се на товар на владата која ја именувала.

(2) (а) Собранието:

(i) се занимава со прашањата што се однесуваат на одржување и развој на Посебната унија и примената на овој договор;

(ii) дава директиви до Меѓународното биро кои се однесуваат на подготовките на конференциите за ревизија, почитувајќи ги и земајќи ги во предвид сите коментари на земјите од Посебната унија кои не го ратификувале овој акт или не му пристапиле.

(iii) го менуваат Правилникот, вклучително и одредувањето на височината на таксите спомнати во членот 7 став (2) и други такси што се однесуваат на меѓународната регистрација;

(iv) ги разгледува и одобрува извештаите и активностите на генералниот директор на Организацијата (во понатамошниот текст: “генерален директор”) што се однесуваат на Посебната унија и ги дава сите неопходни упатства што се однесуваат на прашањата се во надлежност на Посебната унија;

(v) утврдува програма и усвојува двогодишен буџет на Посебната унија и ја одобрува неговата финална пресметка;

(vi) го усвојува финансискиот правилник на Посебната унија;

(vii) формира комитети на експерти и работни групи за кои смета дека се неопходни за остварување на целите на Посебната унија;

(viii) решава кои земји што не се членки на Посебната унија и кои меѓувладини и меѓународни невладини организации можат да присуствуваат на нејзините состаноци како набљудувачи;

(ix) ги  усвојува измените на членовите од 9 до 12;

(x) ги презема сите други соодветни активности насочени кон помагање на целите на Посебната унија;

(xi) извршува и други активности соодветно на предвиденото со Договорот.

(б) Во однос на прашањата кои се од интерес и за други унии со кои управува Организацијата, Собранието своите одлуки ги донесува откако ќе го сослуша мислењето на Координативниот одбор на Организацијата.

(3) (а) Секоја земја членка на Собранието има еден глас.

(б) Една половина од земјите членки на Собранието претставува кворум.

(в) Независно на одредбите на потставот (б), ако на некоја сесија бројот на застапените земји е помал од половина, но еднаков или поголем од една третина на земјите членки на Собранието, Собранието може да донесува одлуки, но со исклучок на одлуките кои се однесуваат на неговата постапка, сите такви одлуки да станат извршни само ако се исполнети подолу наведените услови. Меѓународното биро ги доставува наведените одлуки до земјите членки на Собранието кои не биле застапени, и ги повикува по писмен пат да се изјаснат за својот глас или воздржување во рок од три месеци од денот на доставувањето. Доколку по истекот на овој рок  бројот на земјите кои на таков начин се изјасниле за своето гласање или воздржување, го достигне бројот на земјите кој недостасува за постигнување кворум на самата сесија, таквите одлуки ќе станат извршни под услов во исто време да се одржи и баранато мнозинство.

(г) Покрај одредбите од членот 12 став (2), одлуките на Собранието се донесуваат со двотретинско мнозинство на гласовите.

(д) Воздржувањето не се смета за глас.

(ѓ) Еден делегат може да застапува и гласа само во име на една земја.

(е) Земјите на Посебната унија кои не се членки на Собранието имаат пристап на сесиите како набљудувачи.

(4) (а) Собранието се состанува на редовна сесија еднаш на секои две години на повик на генералниот директор во отсуство на посебни околности во исто време и во исто место како Генералното Собрание на Организјацијата.

(б) Собранието се состанува на вонредна сесија на повик на генералниот директор, на барање на една четвртина на земјите членки на Собранието.

(в) Генералниот директор подготвува дневен ред за секоја сесија.

(5) Собранието го усвојува својот деловодник.

Член 10

Меѓународно биро

(1) (а) Меѓународната регистрација и работите во врска со неа како и сите други административни работи на Посебната унија ги врши Меѓународното биро.

(б) Меѓународното биро, подготвува состаноции и врши работи за секретеријатот на собранието и комитетот на експерти и за работните групи што ги воспоставува Собранието.

(в) Генералниот директор е највисока функција на Посебната унија и

ја претставува истата.

(2) Генералниот директор и секој вработен кој тој ќе го назначи, ќе учествуваат без право на глас на сите сесии на Собранието и комитетите на експерти или работните групи кои Собранието може да ги формира. Генералниот директор или вработениот кој тој ќе го назначи по службена должност е секретар на тие тела.

(3) (а) Меѓународното биро во согласност со упатствата на Собранието подготвува конференции за ревизија на одредбите на Договорот, со исклучок на членовите од 9 до 12.

(б) Меѓународното биро може да се консултира со меѓувладините и меѓународните невладини организации во врска со подготовката за конференција за ревизија.

(в) Генералниот директор и лицата кои тој ќе ги назначи учествуваат без право на глас во дискусиите на тие конференции.

(4) Меѓународното биро ги извршува и сите други должности кои му се доверени.

Член 11

Финансирање

(1) (а) Посебната унија има буџет.

(б) Буџетот на Посебната унија ги опфаќа специфичните приходи и трошоците на Посебната унија, нејзиниот придонес во буџетот на заедничките трошоци на Унијата како и во случај на потреба износот на буџетот ставен на располагање на конференцијата на Организјацијата.

(в) Како заеднички издатоци на Унијата се сметаат издатоците што не ü припаѓаат исклучиво на Посебната унија, туку и на една или на повеќе други унии со кои управува Организацијата. Учеството на Посебната унија во овие заеднички издатоци е соодветно  на добивката што Посебната унија ја има од нив.

(2) Кога се донесува буџетот на Посебната унија, се води сметка за потребата за соработка со буџетите на другите унии со кои управува Организацијата.

(3) Буџетот на Посебната унија се финансира од следниве извори:

(i) Трошоците за меѓународна регистрација наплатена во согласност со членот 7 став (2) како и таксите и износите за услугите кои Меѓународното биро ги дава во име на Посебната унија;

(ii) Приходите од продажба на публикации на Меѓународното биро кои се однесуваат Посебната унија или хонорарите што произлегуваат од тие публикации;

(iii) подароци, наследство и субвенции;

(iv) наемнини, камата и други различни приходи;

(v) придонеси од земјите на Посебната унија во обем во кој приходите од изворите назначени во точките од (i) до (iv) не се доволни да ги покријат трошоците на Посебната унија.

(4) (а) Височината на таксата во членот 7 став (2) ја определува Собранието по предлог на генералниот директор.

(б) Височината на таксата на Посебната унија  е определена така што во нормални услови ќе биде доволна приходот да ги покрие трошоците на Меѓународното биро за одржување на услугите на меѓународната регистрација, без барање за плаќање на придонесите  од ставот (3)(v).

(5) (а) При определувањето на придонесот од ставот (3)(v), секоја земја од Посебната унија ќе припаѓа во истата класа на која и припаѓа во Париската унија за заштита на индустриската сопственост и ќе плаќа годишни придонеси врз основа на бројот на единици кој е одреден за таа класа во таа унија.

(б) Годишниот придонес на секоја земја на Посебната унија се состои од износ чиј однос во вкупната сума на годишни износи на сите земји во буџетот на Посебната унија е ист колкав што е односот помеѓу бројот на единици во класата во која е распоредена земјата во однос на вкупниот број единици на сите земји заедно.

(в) Датумот на достасаните придонеси за плаќање ги определува Собранието.

(г) Земјата која доцни со плаќањето на своите придонеси не може да го користи правото на гласање во кој било орган или тело од Посебната унија ако износот на нејзиниот долг е еднаков или поголем од износот на придонесите кои ги должи во двете изминати години. На таа земја ќе ü биде дозволено да продолжи да го користи своето право на гласање во тој орган ако и сé додека тој орган смета дека доцнењето на уплатите е резултат на посебни неизбежни околности.

(д) Ако буџетот не се усвои пред почетокот на новата буџетска година, тој ќе остане на исто рамниште како буџетот од претходната година, во согласност со финансискиот правилник.

(6) Со исклучок на одредбите од ставот (4)(а), износот на таксите и трошоците за услугите што ги извршува Меѓународното биро во врска со Посебната унија, ги определува генералниот директор и за тоа го информира Собранието.

(7) (а) Посебната унија располага со обртен фонд кој се формира од единечна уплата на секоја земја на Посебната унија. Ако фондот стане недоволен, Собранието одлучува за неговото зголемување.

(б) Износот на почетната уплата на секоја земја во наведениот фонд или нејзиното учество во неговото зголемување е сразмерно на придонесите на таа земја како членка на Париската унија за заштита на индустриската сопственост, на буџетот на таа унија за годината за која фондот е формиран или решението за негово покачување.

(в) Соодносот и условите на плаќање ги определува Собранието по предлог на генералниот директор и откако ќе го прими мислењето на Координативниот комитет на Организацијата.

(8) (а) Во договорот за седиштето, заклучно со земјата на чија територија Организацијата има свое седиште, се предвидува таа земја да дава  аванси доколку обртниот фонд би бил недоволен. Износот на тие аванси и услови под кои тие се одобруваат се предмет за секој посебен случај на одделните договори помеѓу таа земја и Организацијата.

(б) Земјата од потставот (а) и Организацијата имаат одделно свое право, со писмено известување да ја откажат обврската за одобрување аванс. Откажувањето влегува во сила три години од завршувањето на годината кога тоа било соопштено.

(9) Проверувањето на сметките се извршува од една или повеќе земји на Посебната унија на начин предвиден со финансискиот правилник или од надворешни контролори кои со нивна согласност се назначени од Собранието.

Член 12

Измени и дополнувања на членовите од 9 до 12

(1) Предлозите за измени и дополнувања на членовите 9, 10, 11 и овој член може да ги поднесе секоја земја членка на Собранието или генералниот директор. Генералниот директор таквите предлози ги доставува до земјите членки на Собранието најмалку шест месеци пред нивното разгледување во Собранието.

(2) Секоја измена и дополнување на членовите од ставот (1) ги усвојува Собранието. За прифаќање на барањето за измени и дополнувања потребни се три четвртини од дадените гласови; меѓутоа за секоја измена и дополнување на членот 9 и на овој став потребно е мнозинство од четири петтини на гласовите.

(3) Секоја измена на членовите од ставот (1) ќе влезе во сила еден месец од денот кога генералниот директор ќе прими писмени известувања од три-четвртини од земјите кои биле членки на Собранието во моментот кога е усвоена измената, дадени во согласност со нивните соодветни уставни одредби. Секоја така усвоена измена на овие членови ги обврзува сите земји кои се членки на Собранието во моментот кога измената влегува во сила или за оние кои подоцна стануваат членки, меѓутоа секоја промена која ги зголемува финансиските обрврски на земјата на Посебната унија ги обврзува само оние земји кои се изјасниле дека ги прифаќаат таквите промени.

Член 13

Правилник; Ревизија

(1) Деталите за примена на овој договор се предвидени со Правилник.

(2) Овој договор може да биде ревидиран на конференциите одржани со делегатите од земјите на Посебната унија.

Член 14

Ратификување и пристапување; Влегување во сила;

Повикување на членот 24 од Париската конвенција (територијалност);

Пристапување кон актот од 1958 година

(1) Секоја земја од Посебната унија која го потпишала овој акт може да го ратификува, а  ако не го потпишала може да му пристапи.

(2) (а) Секоја земја надвор од Посебната унија која е членка на Париската конвенција за заштита на индустриската сопственост може да пристапи кон овој акт и така да стане членка на Посебната унија.

(б) Известувањето за пристапување само по себе ќе обезбеди бенефиции на територијата на земјата која пристапува, од претходните одредби, за ознаките на потекло кои во моментот на пристапувањето се предмет на меѓународната регистрација.

(в) Меѓутоа секоја земја која ќе пристапи на овој договор во рок од една година треба  да изјави во однос на кои ознаки на потекло кои се веќе регистрирани на меѓународното ниво сака да го користи правото предвидено во членот 5(3).

(3) Инструментите за ратификација и пристапување се депонираат кај генералниот директор.

(4) Врз овој договор се применуваат одредбите од членот 24 од Париската конвенција за заштита на индустриска сопственост.

(5) (а) Во однос на првите пет земји коишто ги депонирале своите инструменти за ратификација или пристапување, овој акт влегува во сила три месеци од депонирањето на петтиот ваков инструмент.

(б) Во однос на секоја друга земја овој акт влегува во сила три месеци по денот кога генералниот директор го примил известувањето за ратификацијата или пристапувањето освен ако во инструментот за ратификација или пристапување е назначен некој подоцнежен датум. Во последниов случај овој акт би влегол во сила во однос на таа земја на точно назначениот ден.

(6) Ратификацијата или пристапувањето по автоматизам повлекува прифаќање на сите одредби и пристап до сите предности на овој акт.

(7) Откако овој акт ќе влезе во сила ниедна земја не може да стане членка на овој договор од 31.10.1958 година, освен ако тоа го направи заедно со ратификување на овој акт или пристапување кон него.

Член 15

Траење на договорот; Откажување

(1) Овој договор ќе остане во сила сé додека има најмалку пет земји членки.

(2) Секоја земја  со известување до генералниот директор може да се откаже од овој акт. Ова откажување едновремено ќе значи и откажување од актот на овој договор од 31 октомври 1958 година и ќе има дејство само во однос на таа земја, а во однос на  другите земји на Посебната унија договорот останува на сила и има дејство.

(3) Откажувањето влегува во сила наредниот ден по истекот на една година откако генералниот директор го примил известувањето.

(4) Правото на откажување може да го исползува секоја земја, но само по истекот на рокот од пет години, сметано од денот кога станала членка на Посебната унија.

Член 16

Акти кои се применуваат

(1)(а) Во односите меѓу земјите на Посебната унија кои го ратификувале или му пристапиле на овој акт, истиот го заменува оригиналниот акт од 31 октомври1958 година.

(б) Секоја земја  на Посебната унија која го ратификувала овој акт или му пристапила е обврзана со актот од 31 октомври 1958 година во односите со земјите на Посебната унија кои не го ратификувале овој акт или не му пристапиле.

(2) Земјите надвор од Посебната унија, кои ќе станат страна на овој акт, го применуваат на меѓународните регистрирации на  ознаките на потекло, направени во  Меѓународното биро на барање на хадлежниот  орган на секоја земја од Посебната унија која не е страна во овој акт, под услов таквите регистрации да ги задоволуваат, во однос на тие земји, условите пропишани со овој акт. Во поглед на меѓународните регистрации направени кај Меѓународното биро на барање на надлежен орган кој е надвор од земјите на Посебната унија, кои станале страна во овој акт, тие земји признаваат дека гореспоменатата земја на Посебната унија може да бара усогласување со условите на актот од 31 октомври 1958 година.

Член 17

Потпис; Јазици; Депонирање

(1) (а) Овој акт е потпишан во единствен примерок на француски јазик и е депониран кај владата на Шведска.

(б) Во консултации со заинтересираните влади, генералниот директор ќе утврди службени текстови на други јазици кои Собранието може да ги определи.

(2) Овој акт ќе остане отворен за потпишување во Стокхолм сé до 13 јануари 1968 година.

(3) Генералниот директор ќе достави две копии, заверени од Владата на Шведска, од потпишаниот текст од овој акт до Владите на сите земји од Посебната унија, а на барање и до Владата на секоја друга земја.

(4) Генералниот директор ќе го регистрира овој акт во Секретаријатот на Организацијата на обединетите нации.

(5) Генералниот директор ќе ја информира Владата на секоја земја на Посебната унија  за потпишувањето, за депонирањето инструменти за ратификување или пристапување, влегување во сила на сите одредби од овој акт, за откажувањата и изјавите, во согласност со членот 14 став (2)(в) и став (4).

Член 18

Преодни одредби

(1) Додека првиот генерален директор не ја преземе функцијата, повикувањето на овој акт на Меѓународното биро на Организацијата или на генералниот директор, се сметаат како повикувања на Бирото на унијата востановена од Париска конвенција за заштита на индустриската сопственост или на нејзиниот директор.

(2)  Земјите од Посебната унија кои не го ратификувале или не му пристапиле на овој акт, во текот на пет години од влегувањето во сила на Конвенцијата за основање на Организацијата, доколку сакаат може да ги ползуваат правата предвидени согласно членовите од 9 до 12 од овој акт како да се обврзани од тие членови. Секоја земја која сака да ги ползува тие права за тоа ќе даде писмено известување до генералниот директор; таквото известување ќе има дејство од денот на неговиот прием. Тие земји ќе се сметаат за земји членки  на Собранието  до истекот на споменатиот период.

    • April 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Jan    
      1234567
      891011121314
      15161718192021
      22232425262728
      2930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®