Закон за селекционерски права (2009)

Службен весник на РМ, бр. 52 од 21.04.2009 година

20090520878

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат

УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЕЛЕКЦИОНЕРСКИ ПРАВА

Се прогласува Законот за селекционерски права, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 16 април 2009 година.

Бр. 07-1876/1
16 април 2009 година

Скопје

Претседател
на Република Македонија, Бранко Црвенковски, с.р.

Претседател
на Собранието на Република Македонија,

Трајко Вељаноски, с.р.

ЗАКОН ЗА СЕЛЕКЦИОНЕРСКИ ПРАВА

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Предмет на уредување

Со овој закон се уредуваат постапката, начинот и условите за доделување, заштита и престанок на селекционерско право.

Член 2

Цел на Законот

Целта на овој закон е доделување и заштита на селекционерско право. Член 3

Национална постапка

Државјаните на членка на УПОВ, или договорни страни на меѓународен договор, чијашто страна е Република Македонија, како и домашни и странски физички лица кои се резиденти и правни лица што имаат регистрирани седишта во рамките на територијата на членка на УПОВ, уживаат еднаков третман во поглед на доделувањето и заштитата на селекционерското право на територијата на Република Македонија со нејзините државјани во согласност со овој закон.

Член 4

Дефиниции

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:
1. “Селекционер” е
– лице кое создава, одгледува и оддржува сорта,
– лицето кое е работодавач на лицето од алинејата 1 на оваа точка или што му ја

доделило работата нему или
– законски наследник на лицата од алинеите 1 и 2 на оваа точка;
2. “Подносител на пријавата” е физичко или правно лице кое има право да поднесе

пријава за добивање на селекционерско право согласно со дефиницијата за “селекционер” утврдена во овој закон;

3. “Селекционерско право” е право на селекционерот предвидено со овој закон;

4. “Сорта” е група растенија во рамките на единствена ботаничка класификација на растенија од најнизок познат ранг чиешто групирање, без оглед на тоа дали условите за доделување на селекционерско право се целосно исполнети и:

– е дефинирана од особините кои произлегуваат од дадениот генотип или комбинација на генотипови,

– се разликува од која било друга група на растенија најмалку по едно од споменатите својства и

– претставува истородна група што се однесува на нејзината можност за размножување без промени;

5. “УПОВ” е Меѓународна организација за заштита на нови сорти на растенија, основана со Меѓународна конвенција за заштита на нови сорти растенија и

6. “Член на УПОВ” е државна институција или договорна страна на Меѓународната конвенција за заштита на нови сорти растенија.

II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕЛЕКЦИОНЕРСКО ПРАВО Член 5

Услови на заштита

(1) Селекционерско право се доделува кога сортата е: 1) нова;
2) различна;
3) еднообразна и

4) стабилна.

(2) Доделувањето на селекционерско право не може да биде предмет на какви било дополнителни или поинакви услови, доколку на сортата и е дадено име во согласност со одредбите од членот 22 на овој закон и доколку подносителот на пријавата ги исполнил условите предвидени во овој закон и ги платил потребните трошоци.

Член 6

Нова сорта

(1) Сортата се смета за нова од датумот на поднесување на пријавата за доделување на селекционерско право, доколку репродуктивниот или одгледуваниот материјал на таа сорта не е продаден или на друг начин не е откриен пред трети лица, со или без согласност на селекционерот, заради одгледување на сортата

– на територијата на Република Македонија не подолго од една година од датумот на поднесување на пријавата и

– на територија надвор од територијата на Република Македонија, не подолго од четири години, а за винова лоза и дрвја не подолго од шест години од датумот на поднесување на пријавата.

(2) Сортата од ставот (1) на овој член се смета за нова иако е отуѓена на еден од следниве начини:

1) продажба или нејзино отуѓување на трети лица со договор за пренос на селекционерско право на законски наследник;

2) продажба или нејзино отуѓување на трети лица со договор каде што лицето размножува репродуктивен материјал на сортата во име на селекционерот каде што во договорот стои дека размножениот материјал останува во сопственост на селекционерот и размножениот материјал не се користи за производство на друга сорта;

3) опити врз сортата што не вклучува нејзина продажба или отуѓување на трети лица заради искористување на сортата;

4) продажба или нејзино отуѓување на трети лица со договор според којшто лицето врши тестирање во поле или лабораториски тестирања, или мали опити, со цел за оценување на сортата и

5) продажба или нејзино отуѓување на трети лица поради законска или административна обврска каде што особено се однесува на биолошката сигурност или внесување на сортата во регистар на сорти кои може да бидат предмет на тргување.

(3) Во случај кога, согласно со членот 10 од овој закон, се применува на родови и видови за кои претходно не важел, сортата која му припаѓа на таков растителен род или вид се смета дека ги исполнуваат условите за нова сорта дефинирани во ставот (1) на овој член дури и кога нејзината продажба или отуѓување на трети лица согласно со ставот (1) на овој член ќе се случи на територијата на Република Македонија во текот на четири години од датумот на поднесување на пријавата или шест години за винова лоза и дрвја.

(4) Одредбата од членот 6 став (3) на овој закон важи само за пријави за заштита на селекционерското право поднесени најдоцна во рок од една година од денот на пријавувањето, откако одредбите од овој закон за односните родови и видови ќе почнат да се применуваат.

Член 7

Различност

Сортата се смета за различна ако јасно се разликува од која било друга сорта чиешто постоење е општо познато во времето на поднесување на пријавата. При поднесувањето на пријава за доделување на селекционерско право или за запишување на некоја сорта во регистар на сорти, во која било земја, таа сорта се смета за општо позната почнувајќи од датумот на поднесувањето на пријавата, доколку врз основа на таа пријава е доделено селекционерско право, односно ако е одобрен упис на таа сорта во регистар на сорти.

Член 8

Еднообразност

Сортата ќе се смета за еднообразна доколку остане доволно еднообразна во нејзините суштински својства и покрај промените што може да се очекуваат од начинот на нејзиното размножување.

Член 9

Стабилност

Сортата ќе се смета за стабилна доколку нејзините суштински својства остануваат непроменети и после повторено размножување или во случај на посебен циклус на одгледување на крајот на секој од тие циклуси.

Член 10

Родови и видови кои треба да се заштитат

(1) Одредбите од овој закон ќе се применуваат за најмалку 15 растителни родови и видови кои ќе ги утврди со листа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на родови и видови кои се од економски интерес за Република Македонија, а на предлог на комисија составена од компетентни лица од областа на растителното производство.

(2) Составот и начинот на работа на комисијата од ставот (1) на овој член ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

III. ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕЛЕКЦИОНЕРСКО ПРАВО

Член 11

Поднесување на пријава

(1) Селекционерот поднесува пријава за доделување на селекционерското право до Управата за семе и саден материјал.

(2) За датум на поднесување на пријавата за доделување селекционерско право ќе се смета датумот на приемот на пријавата, утврдена согласно со прописот од ставот (3) на овој член.

(3) При поднесување на пријавата селекционерот плаќа трошоци за доделување на селекционерското право во висина на стварно направените трошоци потребни за нејзино поднесување.

(4) Формата, содржината и постапката на поднесување на пријавата, како и висината на трошоците за доделување на селекционерското право ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Член 12

Право на првенство

(1) Секој селекционер кој правилно и навремено ја поднел пријавата за доделување на селекционерско право во една од членките на УПОВ (прва пријава) со цел за поднесување на пријава за доделување на селекционерско право за истата сорта до Управата за семе и саден материјал (следна пријава), ќе има право на првенство за максимален период од 12 месеца, сметано од наредниот ден на поднесување на првата пријава.

(2) Со цел за искористување на правото на првенство, селекционерот во следната пријава во Република Македонија ќе може да го бара правото на првенство врз основа на првата пријава. Управата за семе и саден материјал ќе бара од селекционерот во период од три месеца од датумот на поднесувањето на пријавата, да обезбеди копија од документите кои ја сочинуваат првата пријава, заверена како верна копија од страна на овластената институција во која е поднесена пријавата и мостри или други докази дека сортата што е предмет на двете пријави е истата сорта.

(3) На селекционерот ќе му биде дозволен период од две години, по истекот на периодот на право на првенство или во случај кога првата пријава е одбиена или повлечена, во период од една година, да ги обезбеди до Управата за семе и саден материјал сите неопходни податоци, документи или материјал за испитување, според членот 13 од овој закон.

Член 13

Проверка на пријавата

(1) За секоја одлука за доделување на селекционерско право е потребна проверка за усогласеноста со условите утврдени во членовите од 5 до 9 на овој закон. Со цел да се изврши проверка на пријавата, Управата за семе и саден материјал може да ја одгледува сортата или да изврши други потребни тестови, да предизвика одгледувањето на сортата и извршувањето на други потребни тестови, или да ги земе предвид добиените резултати од претходните испитувања или другите опити што биле направени. Заради извршување на проверката, Управата за семе и саден материјал, може да побара од селекционерот да ги достави сите потребни информации, документи или материјал.

(2) За извршените испитувања и проверки од ставот (1) на овој член подносителот на пријавата поднесува трошоци во висина на стварно направените трошоци потребни за извршување на потребните испитувања и проверки.

(3) Потребните информации, документи или материјал од ставот (1) на овој член, како и висината на трошоците од ставот (2) на овој член поблиску ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Член 14

Решение за доделување на селекционерско право

(1) Врз основа на извршената проверка на пријавата и доставените резултати од Управата за семе и саден материјал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение за доделување или одбивање на селекционрско право.

(2) За доделеното селекционерско право носителот на правото е должен да плаќа годишен надоместок за одржување на правото во висина од стварно направените трошоци потребни за нејзино одржување.

(3) Висината на надоместокот од ставот (2) на овој член ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

(4) Решението од ставот (1) на овој член се објавува во “Службен весник на Република Македонија”.

Член 15

Привремена заштита

(1) Република Македонија обезбедува мерки за заштита на интересите на селекционерот во текот на периодот меѓу поднесувањето на пријавата за доделување на селекционерско право и доделувањето на тоа право.

(2) Мерките од ставот (1) на овој член на селекционерот му даваат право на соодветен паричен надомест од кое било лице, кое во текот на наведениот период извршило активности, за кои штом ќе се додели селекционерското право, е потребно овластување согласно со членот 16 од овој закон.

IV. ПРАВА НА СЕЛЕКЦИОНЕРОТ

Член 16

Опфат на правото на селекционерот

(1) Дејствија поврзани со материјалот за размножување се:

а) согласно со членовите 17 и 18 од овој закон материјалот за размножување на заштитена сорта може да се користи само врз основа на добиено овластување од страна на селекционерот во следниве активности:

1) производство или размножување;
2) определување на условите под кои се одгледува сортата;
3) понуда заради продажба;
4) продажба или друг вид на промет;
5) извоз;
6) увоз и
7) складирање заради вршење на активностите од точките 1, 2, 3, 4, 5 и 6 на овој став и
б) селекционерот ги утврдува условите или ограничувањата при давањето на

овластување за користење на селекционерското право.
(2) Дејствија поврзани со одгледаниот материјал согласно со членовите 17 и 18 од овој

закон се активностите утврдени во ставот (1) точка а) на овој член во врска со одгледаниот материјал, вклучувајќи и цели растенија и делови од растенија, стекнати преку неовластено користење на материјалот за размножување на заштитената сорта, потребно е овластување од селекционерот, освен доколку селекционерот дал разумна можност за користење на правото во врска со споменатиот материјал за размножување.

(3) Дејствија поврзани со основни, изведени и некои други сорти се:
а) одредбите на ставовите (1) и (2) од овој член ќе се применуваат и кај:
1) сорти коишто се основно изведени од заштитена сорта, каде што заштитената сорта сама

по себе не е основно изведена сорта;
2) сорти коишто јасно не се разликуваат во согласност со членот 6 од овој закон од заштитената сорта и

3) сорти чиешто производство бара повторена употреба на заштитената сорта; б) сортата се смета за основно изведена од друга сорта (изворна сорта), ако:

1) е претежно изведена од изворната сорта или од сортата којашто претежно е изведена од изворна сорта, а ги задржува суштинските особини што се резултат од генотипот или комбинација на генотипови на изворната сорта;

2) јасно се разликува од изворната сорта и

3) има слични својства со останатите својства на изворната сорта што се резултат од генотипот или комбинација од генотипови на изворната сорта, со исклучок на суштинските разлики што произлегуваат од постапката на создавањето и

в) основно изведени сорти можат да се добијат преку селекција по природна или предизвикана мутација или варијанта преку клонирање на клетка, селекција на една варијанта независна од растенијата на изворната сорта, вкрстување на хибрид со родител или трансформација преку генетски инженеринг.

Член 17

Исклучоци во однос на селекционерското право

(1) Селекционерското право не се однесува на:
1) активности извршени за сопствени и некомерцијални цели; 2) активности извршени за експериментални цели и

3) активности извршени за цел селекција на други сорти и освен во случаи каде што се применуваат одредбите од членот 16 став (3) на овој закон, активности кои се уредуваат со членот 16 ставови (1) и (2) од овој закон, во однос на други такви сорти.

(2) Во однос на сортите кои се вклучени во листата на земјоделски растенија, селекционерското право нема да биде повредено од страна на мали земјоделски производители кои, во рамките на разумни ограничувања и предмет на заштита на законските интереси на селекционерот, ги користат растенијата на сопствените имоти заради размножување, производот од жетвата што тие ја собрале од посеви на сопствените имоти и заштитените сорти или сортите опфатени во членот 15 став (3) точка а) потточка 1 или 2 од овој закон.

(3) Одредбите од ставот (2) на овој член не се однесуваат на сортите од овошни, украсни, градинарски и шумски растенија.

Член 18

Исцрпување на селекционерското право

(1) Селекционерското право не може да се прошири за активности што се однесуваат на кој било материјал од заштитена сорта или сорта која е опфатена со членот 16 став (3) од овој закон, која е продадена или на друг начин пуштена во промет од страна на селекционерот или со негова согласност на територијата на Република Македонија или кој било материјал изведен од наведениот материјал, освен доколку ваквите дејности вклучуваат:

1) натамошно одгледување на сортата или

2) извоз на материјал од сортата што овозможува нејзино одгледување во земја во која нема заштита на растителните родови или видови на кои им припаѓа сортата, освен онаму каде што извезениот материјал е наменет за крајна потрошувачка.

(2) Материјал од одредена сорта во смисла на ставот (1) од овој член претставува:
1) материјал за размножување од каков било вид;
2) одгледан (прибран) материјал, вклучувајќи цели растенија и делови од растенија и 3) производ добиен директно од одгледаниот (прибраниот) материјал.

Член 19

Ограничувања во примената на селекционерското право

(1) Слободното користење на селекционерското право може да се ограничи на територијата на Република Македонија само заради остварување на јавен интерес утврден со закон.

(2) Доколку се примени некое ограничување со кое се овластува трето лице да изврши каква било активност, за која е потребно овластување од селекционерот, селекционерот треба да добие правичен надоместок, определен согласно со закон.

Член 20

Регулаторни мерки за промет

Мерките кои важат за регулирање на производството, сертификацијата и прометот со материјал од сорти или при увоз или извоз на ваков материјал на територијата на Република Македонија, не се однесуваат на селекционерското право заштитено согласно со овој закон.

Член 21

Времетраење на селекционерското право

Селекционерското право се доделува за период од 20 години, а за виновата лоза и дрвја 25 години од датумот на доделување на селекционерското право.

V. ИМЕНУВАЊЕ НА СОРТАТА

Член 22

Име на сортата

(1) Сортата ќе се именува со име кое ќе претставува нејзино генеричко име. Генеричкото име на сортата може да се користи и по истекот на селекционерското право.

(2) Името на сортата мора да овозможи нејзина идентификација и не мора исклучиво да се состои од броеви, освен при востановена пракса за означување на сорти. Името на сортата не смее да доведе до забуна или да предизвика конфузија во врска со особините, вредноста или идентитетот на сортата и идентитетот на селекционерот. Особено името мора да биде различно од кое било друго име дадено на територијата на која било членка на УПОВ, на постоечка сорта од ист растителен вид или од близок вид.

(3) Селекционерот името на сортата го пријавува до Управата за семе и саден материјал. Доколку Управата за семе и саден материјал утврди дека името не ги задоволува барањата од ставот (2) на овој член ќе одбие да го регистрира и ќе бара селекционерот да предложи друго име во рок од шест месеца до една година. Управата за семе и сасен материјал ќе го регистрира името на сортата во исто време кога ќе се додели селекционерското право.

(4) Со употреба на името не смее да се повредат претходни селекционерски права на трети лица. Доколку заради претходно доделено право има забрана за употреба на името за лице кое, според ставот (6) од овој член е обврзано да го користи, Управата за семе и саден материјал ќе побара од селекционерот да даде друго име за сортата во рокот утврден во ставот (3) од овој член.

(5) Сортата мора да се пријави до сите членки на УПОВ под исто име. Управата за семе и саден материјал ќе го регистрира поднесеното име, освен доколку смета дека името не е погодно за користење во Република Македонија. Во овој случај ќе бара од селекционерот да пријави друго име во рокот утврден во ставот (3) од овој член.

(6) Лице кое нуди за продажба или пушта во промет материјал за размножување на заштитена сорта во Република Македонија, е должно да го користи името на таа сорта дури и после истекот на слекционерското право, освен кога согласно со ставот (4) од овој член претходно доделено право ја спречува употребата.

(7) Доколку една сорта се нуди за продажба или за друг вид на промет, може да е проследена со препознатлив заштитен знак, трговско име или сличен знак со регистрираното генеричко име на сортата. Доколку постои поврзаност со ознаката на тој начин, името во секој случај мора да е лесно препознатливо.

VI. ПОНИШТУВАЊЕ И ПРЕСТАНОК НА СЕЛЕКЦИОНЕРСКОТО ПРАВО

Член 23

Поништување на селекционерското право

(1) Селекционерското право ќе се поништи кога:

1) условите утврдени во членовите 6 и 7 на овој закон не се исполнети во времето на доделувањето на селекционерското право;

2) доделувањето на селекционерското право главно било врз основа на информациите и документацијата обезбедена од страна на селекционерот, а условите утврдени во членовите 8 и 9 на овој закон не биле исполнети во времето на доделување на селекционерското право или

3) селекционерското право му е доделено на лице кое нема право на тоа, освен доколку е пренесено на лице кое со тоа го има правото.

(2) Селекционерското право нема да се поништи освен според причини утврдени во ставот (1) од овој член.

(3) Поништувањето на селекционерското право се објавува во “Службен весник на Република Македонија”.

Член 24

Престанок на селекционерското право

(1) Селекционерското право престанува:

а) кога ќе се утврди дека условите утврдени во членовите 8 и 9 од овој закон веќе не се исполнети;

б) откако е побарано да се направи следново во текот на шест месеца кога:

1) селекционерот не доставил до Управата за семе и саден материјал информации, документи или материјали кои се сметаат за неопходни за потврдување дека сортата се одржува;

2) селекционерот не ги платил трошоците за селекционерско право и

3) селекционерот, во случај на поништување на предложеното име по одобрување на селекционерското право, не предложи друго соодветно име.

(2) Селекционерското право не може да престане од никакви други причини, освен од оние наведени во ставот (1) на овој член.

(3) Престанувањето на селекционерското право се објавува во “Службен весник на Република Македонија”.

VII. НАДЛЕЖНА ИНСТИТУЦИЈА

Член 25

Надлежности

(1) Управата за семе и саден материјал е надлежна за водење на Регистар на селекционерски права и објавување на информации од регистрите по однос на поднесено барање.

Управата за семе и саден материјал е должна во “Службен весник на Република Македонија“ да ги објави информациите кои се однесуваат на:

– пријавите за доделување на селекционерски права и – предложените и прифатените именувања на сортите.

Управата за семе и саден материјал е должна на писмено барање на секое лице кое ќе докаже дека има право на тоа да овозможи достапност на својата документација и информациите за поднесени пријави и признаени, односно доделени селекционерски права, а во врска со:

– документи кои се поднесуваат со пријавите и
– документи кои се однесуваат на доделените селекционерски права.
Формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на селекционерски права ги

пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. VIII. ПРИМЕНА НА СЕЛЕКЦИОНЕРСКОТО ПРАВО

Член 26

Правни лекови

(1) Физичко или правно лице кое извршило повреда на селекционреското право е одговорно за надомест за штета согласно со прописите за надомест на штета.

(2) Селеционерот чии права се повредени, покрај надоместокот за штета од ставот (1) на овој член, исто така, може да поднесе барање за забрана за вршење или продолжено вршење на повредата на селекционерското право преку престанок на активноста којашто придонела за таков прекршок и трошоците за постапката за повредата ќе ги сноси физичкото или правното лице кое го прекршило селекционерското право.

(3) Повредите на селекционерското право се однесуваат на активностите спротивни на членот 16 од овој закон.

Член 27

Судска заштита на селекционерското право

(1) Судската заштита на селекционерското право селекционерот може да ја покрене во рок од три години од денот кога дознал за повредата на селекционерското право.

(2) Правото на тужба застарува по истекок на пет години од настанувањето на повредата на селекционерското право.

(3) Тужбата која може да се поднесе согласно со ставот (1) од овој член се поднесува пред надлежен суд.

IX. НАДЗОР

Член 28

Спроведување

Надзорот над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Државниот инспекторат за земјоделство.

Член 29

Надзор на Државниот инспекторат за земјоделство

(1) Надзорот над спроведувањето на одредбите од членовите 16 и 17 на овој закон ги врши Државниот инспекторат за земјоделство преку државни инспектори за земјоделство.

(2) Кога при вршење на надзорот оправдано ќе се посомнева дека е направен прекршок, државниот инспектор за земјоделство привремено ги запленува предметите кои биле употребени или наменети за прекршокот или настанале со прекршокот.

(3) Државниот инспектор за земјоделство ги предава предметите кои привремено ги запленил веднаш со предлогот за поведување на прекршочна постапка.

X. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 30

Глоби

(1) Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност прекршок на правното лице кое:

ќе му се изрече за

– произведува, размножува, пушта во промет, извезува или увезува семенски материјал без претходна дозвола од страна на носителот на селекционерското право (член 16).

(2) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(3) Глоба во износ од 200 до 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Член 31

Глоби

(1) Глоба во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако:

– во спротивност со членот 22 став (2) од овој закон користи име на сорта заштитена со овој закон или, пак, име коешто лесно може да доведе до забуна со друга или слична сорта

и – во спротивност со членот 22 став (6) од овој закон пушти во промет семенски материјал од заштитена сорта, доколку притоа не е наведена регистрираното име на сортата.

(2) Глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на физичко лице.

Член 32

Постапки, порамнување и посредување

(1) Прекршочна постапка за прекршоците предвидени од овој закон ја води надлежниот суд.

(2) Пред поднесување на барања за прекршочна постапка за прекршоци предвидени во овој закон, Министерството води постапка за порамнување согласно со Законот за прекршоците.

XI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 33

Подзаконски акти

Прописите предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 34

Одложна примена

За растителните родови и видови кои не се влезени во листата од членот 10 на овој закон, одредбите на овој закон ќе се применуваат по истекот на период од десет години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 35

Престанување на важење

Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за заштита на нови сорти на земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/2007).

Член 36

Влегување во сила

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

page12image11032

    • April 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Jan    
      1234567
      891011121314
      15161718192021
      22232425262728
      2930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®